Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Војување во урбана средина

Go down 
+13
JKD
filip555
kocov
Subzero
Зоран
Makedon
Генерал
volcko1
SIG
AlexGreat
Wolf
Тачка
Profesionalec
17 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
АвторПорака
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty10/12/2011, 21:50

URBAN WARFARE - ДИСКУСИЈА

Како попратен дел од современото војување во поновата историја , покрај останатото, е и борба во урбани средини. Историјата покажала дека се повеќе и повеќе се водат и ќе се водат вакви битки и дека времето кога две или повеќе армии ќе се спротивставеле на бојното поле една наспроти друга одамна поминало. Борбата во урбани средини пружи повеќе можности за бранителите и за напаѓачите – кои се предностите , а кои недостатоците ќе откриеме низ дискусија.

Кога зборуваме за борба во населени места обично може да најдете во улога на напаѓач, бранител, одсечена група (опкружена) која планира или изведува пробој и др. Можна е и борбата да ви биде наметната – одреден број на војници или група тргнуваат во извидување на теренот или во изведување на некакво апсење односно изведување на противтерористичка операција но ти била наметната од други (непријателот) со што ве вовлекол во борба.

Можни се и други ситуации, но ова би биле само некои од многуте основни правила кои праксата ги покажала како неопходни за придржување доколку се сака да се постигне успех.

1 . Ако немаш оспособена , претходно обучена и тренирана единица ќе имате озбилни губитоци и мали се шансите да ја извршите задачата. Подобро е да изгубите повеќе време во планирање на операцијата отколку да жртвувате повеќе луѓе.

2 . Настојувај да обезбедиш добри разузнувачки податоци ; и кога ќе ги добиете организирајте сопствено извидување доколку за тоа постојат услови.

3 . Доколку имате средства , извршете извидување од воздух со помош на беспилотни летала или пак хеликоптер.

4 . Пронајдете што е можно „посвежи„ планови на местото, но и планови на поголемите згради (трговски центри,школи,пазари и сл) и посебно проучете ја канализациската мрежа (важи за поголеми градови).
Војување во урбана средина Urban_warfare_02

5 . Бранителот обично подобро го познава градот од напаѓачот и тоа е неговата најголема предност, покрај добро организираната одбрана (доколку ја организира).

6 . Имајте јасна цел што точно сакате да постигнете со бранењето или нападот на одреденото место.

7 . Формирајте јуришни групи со точно дефинирани задачи и добро ускладете ја нивната меѓусебна соработка и содејство.
Војување во урбана средина Urbanovojuvanje3

8 . Без добри предослови за врска (комуникација меѓу единиците) шансите за успех се мали , а доколку за тоа немате услови,односно не поседувате соодветна техника – припремете курири.

9 . Непрекидно пратете ја работата односно содејството на соседните единици и координирај се со нив.
Војување во урбана средина Urbanovojuvanje4

10 . Добро организирајте го содејството со борбените возила (тенкови и ОТ) посебно ако не се од вашиот состав односно единица.

11 . Ако имате истренирани луѓе најмногу дејствувајте ноќе и во рана зора.


12 . Дејствувајте преку најкраткиот пат, не движете се долж улиците него користете околни бавчи,ниви, пробивајте зидови, прескокнувајте огради , дејствувајте странично во однос на улицата или паралелно со неа.
Војување во урбана средина Urbanovojuvanje5
Војување во урбана средина Urbanovojuvanje6

13 . Не користете експлозивни средства без знаење каде ги фрлате ( дозволувате да страдаат многу цивили односно правите колатерална штета)

14 . Припремете постапка со цивилите и заробениците – извршете итна евакуација доколку е тоа можно, извршете итна идентификација на осомничените – евидентирајте ги и земете им отисоци од прстите (ДНК трагови и сл.) и пуштете ги, ако не си сигурен дека се непријатели (но во секој случај евидентирај ги бидејќи подоцна доколку приведуваш соомнителни лица секогаш први провери дали се веќе евидентирани во твојата база на податоци).

15. Извршете припрема на теренот со цел отежнување на напредувањето на непријателските сили.
Војување во урбана средина Urbanovojuvanjeblokada
Војување во урбана средина Urbanovojuvanjeblokada2

16 . Доколку е можно секогаш избегнувајте борба низ населени места (ако сте напаѓач) , на тој начин избегнувате големи жртви.

Војување во урбана средина Urbanovojuvanje2

Ова се само мал дел од правилата за успешно водење на урбана војна, набројте и вие некои!

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Тачка

Тачка


Број на мислења : 48

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty11/12/2011, 18:27

Поради неискуство или пак неодлучност не успеавме да го освоиме Арачиново.
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty11/12/2011, 20:51

Повеќе заради неодлучноста и глупавоста на политичарите.Нити НАТО е крив нити специјалните единици.На АРМ и МВР им беа дадени 2 дена да се освои Арачиново тие 2 дена не беа дадени од НАТО туку од Претседателот, а заради големината на Арачиново и заради фактот што насекаде имаше бункери за 2 дена беше невозможно да се освои Арачиново.За 2 дена едвај стигнаа до џамијата, а мините на патот беа чистени со нож така да за да се освоеше селото ке беа потребни многу повеќе од 2 дена.
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty12/12/2011, 09:09

Wolf , si ja procital SVEDOSTVA od Gen. Pande Petrovski?

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty12/12/2011, 17:19

Wolf напиша:
Повеќе заради неодлучноста и глупавоста на политичарите.Нити НАТО е крив нити специјалните единици.На АРМ и МВР им беа дадени 2 дена да се освои Арачиново тие 2 дена не беа дадени од НАТО туку од Претседателот, а заради големината на Арачиново и заради фактот што насекаде имаше бункери за 2 дена беше невозможно да се освои Арачиново.За 2 дена едвај стигнаа до џамијата, а мините на патот беа чистени со нож така да за да се освоеше селото ке беа потребни многу повеќе од 2 дена.

Јас ја имам прочитано Сведоштва од генерал Панде. Е сега Волф мислам дека имаш пгрешна информација бидејќи тие 3 дена,не 2 туку 3 , беа дадени од НАТО , поточно од Солана или онај другиот англичанец како се викаше Робертсон? значи од горе беа дадени до нашиот преседател односно до нас, и во книгата ако се секјавам убо пишуваше дека доколку ние не сме успееле да го решиме проблемот за 3 дена тогаш тие ке дојделе односно ке интервенирале, значи ни бил даден рок од 3 дена. Во тие 3 дена ние што сакавме можевме да прајме во Арачиново, ние не успеавме тоа е факт. Е после се деси што се деси. Да имавме можности или способности можевме на ражен да ги вртиме терористите во Арачиново за 3 дена. Само последниот ден во 1 часот стигнала наредба да запрат дејствата од Трајковски, наводно биле фатени на радар 6 ловци-бомбардери од Италија кај што идат према Македонија во случај да не застаниме со дејстватата да дејствуваат врз нас а тоа му го соопштил на Петровски , командантот на ВВ и ПВО , по што генералот дал наредба да се преместат хеликоптерите во село Лозово на резервен аеродром.

Сега дилема е како нашите ги фатиле воопшто на радар ловците,или пак имаат добиено информација од Србија или Хрватска,не се знае, ама хеликоптерите биле спремни за последниот напад кој наводно требало да ги докрајчи терористите, и се вееле бели знамиња од кукјите во Арачиново.

Е сега малце е конфузно сево ова бидејки по една верзија одвај сме напредувале,до друга само што не капитулирале терористиве.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty12/12/2011, 17:38

Добро нека биде така, јас ти кажувам затоа што сум бил жив сведок али ај ваљда сум бил на подрум. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty12/12/2011, 20:26

Сакаш да кажеш дека си бил во Арачиново? Види јас не го негирам твоето тврдење само сакам да кажам што вели генералот Петровски.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty13/12/2011, 00:24

Друже пред да почне нападот на Арачиново, беше извршен артилериски напад, буквално со се што имавме, шиптарите се беа така вкопале во секоја куќа така што за 2-3 дена и САС да влегоа немаше да го освојат Арачиново.Плус улиците беа минирани мораше со нож да се чистат знаеш тоа колку мачно и споро оди?А за тоа дека ке не бомбардирале НАТО уште пак дека ние со супер радар сме фатиле бомбардери одалечени на 400-500 км, мало сутра!Македонија во 2001 не беше спремна за војна, кај се видело бе специјални единици да се користат за да дремат на пункт?Волците беа праќани само во патрола а сите гореа од желба за да одат на вистинска задача!Втора голема грешка е на безбедносните служби, па знаете ли дека пред да почне нападот на Тетово или Македонската луља како што беше наречена акцијата од А1 се јави овој стариов со брк како се викаше му го заборавив името и го прашува полковникот Марковски дали е вистина дека ке го нападнеме калето и кога може да се очекува нападот... lol! Што друго да се каже освен дека имаше тотален неуспех на политичарите кои што дозволија и наместија да изгубиме за да сега од ОНА ми седат во собрание и да одлучуваат дали ние да земаме пензија затоа што сме ја бранеле државата...Тоа ни е памет за другпат.
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty13/12/2011, 00:32

Инаку да ви кажам во Арачиново во 2001 имаше околу 3100 објекта не се сеќавам баш и за 3 дена ние имавме заземено околу 15 објекта..
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6108

Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty13/12/2011, 08:15

Se slozuvam so Wolf, i mislam deka mora da se najde sredina pomegju kazuvanjata na Gen. Pande Petrovski i onie od pripadnicite na teren. Vo knigata se spomnuva napreduvanje od povekje pravci i sl. do krevanje na beli znaminja, pa e neophodno da se najde nekoja zlatna sredina. Deka imavme slabo napreduvanje imavme. Ni trebase najmalce 1 nedela da vlezeme vo Aracinovo.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Војување во урбана средина Empty
ПишувањеПредмет: Re: Војување во урбана средина   Војување во урбана средина Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Војување во урбана средина
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 7Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next
 Similar topics
-
» Герилско Војување
» Che Guevara - „Герилско војување„
» Систем за интегрирано војување

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: