Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Единица за Специјални Задачи „Тигар„

Go down 
+47
Цане
darkness
BoyfromKavadarci
Goust
GoranSIR
fantom1
bolee
Rashid
икс
Mrshajnoski
bojan111
losmi
ace89
leopard
Спенсер
makedonija:D
Smrtnikot
BABUN
assasian
ESN
JKD
Panter
Alvar
alexmkd
Legija91
Macedonian Knight
tose
misko alfa
beowulf
shady3
viktor
tigar
IgorM
Zajcef
Momak od Gjorce
Subzero
volcko1
TigerMKD
Wolf
Тигар
Profesionalec
Davormkd
Зоран
Генерал
SIG
Makedon
AlexGreat
51 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
АвторПорака
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty18/7/2012, 10:49

Брест, Танушевци, Тетово, Попова Шапка, Карпалак, Радуша... Сите кризни региони од конфликтната 2001 година се во воената биографија на полковникот Страшо Глигоров, поранешен припадник на полициската Единица за специјални задачи Тигар. Речиси и нема борба со припадниците на ОНА во која Глигоров не го помирисал непријателскиот барут. 42-годишниот магистер и сегашен докторант, кој за време на војната бил инспектор во ЕСЗ Тигар вели дека немал ни еден ден отсуство од воениот конфликт. Горд е што ја бранел Македонија и не жали што животот секојдневно му висел на конец заедно со колегите тигри и сите други бранители. За време на борбите, вели, бил горд и достоинствен, иако била војна, а сега кога е мир место да ги ужива привилегиите што се борел за татковината, вели мора да трпи додека некој му го гази достоинството.
Глигоров после секоја акција водел мал дневник, си го запишувал на парче хартија секој куршум испукан кон ОНА, но и секој куршум што му профучел покрај лицето. Денес кога се присетува на тие мали, а сепак големи воени мемоари, вели се сеќава на тешки моменти кои ги поминувал со колегите и кои ги трошел за татковината. И додава дека, за жал, не може со гордост и на раат да се присетува, оти мислите му ги тишти маката од деградирањето, омаловажувањето и срамот што го трпи.
Неговите воени белешки почнуваат со првото огнено крштавање под тетовското Кале. Од тогаш за Глигоров почнува се да смрди на барутот од 2001.
Првото огнено крштавање во конфликтната 2001 година за поранешниот тигар било при нападот на тетовското Кале. Сеќавањата на тој ден му се свежи како вчера да се случило.
"Бевме во Танушевци кога ни јавија дека треба да се интервенира на тетовското Кале. Во Танушевци врнеше, па кон Калето тргнавме жива вода. На патот веднаш под Калето беше отворен оган врз нас. Дожд од секакви проектили паѓаше врз нас. Беа ранети неколку колеги, но не попуштивме. Сите се држеа невидено храбро. Не попуштивме ни пред огнот, ни кога се изнамачивме да ги свртиме возилата за да продолжиме. Пукаа на нас со тромблони, митралези, автомати. Беше вистински мал фронт. На повлекување непријателот тргна по нас. Тогаш беше најтешкото, но никој од нас не попушти. Никој не чувствуваше ни замор, ни паника, ни страв. Ни се чинеше дека сето тоа трае кусо, а всушност траело можеби и три часа. Припадниците на ОНА се спуштаа се пониско, па еден колега ги запука со тромблони. Тој е многу силен колега, па тромблоните ги испукуваше од рамо. Партали ги направи. Тогаш беа полесно ранети шест тигри", раскажува Глигоров.
Нивната задача била да го исчистат патот кон Шапка и да се излезе над Калето. Напред одел булдожер, по него тенк, па оклопните возила.
"Булдожерот уриваше се пред себе. Ништо не можеше да го запре, а го возеше обичен работник. Неговата храброст беше невидена. Силно газевме се пред нас. ЕСЗ Тигар требаше да нападне од Гајре, па идевме од Шипковица кон Шапка. Се искачивме на одредената позиција и го гледавме Калето под нас. Поставивме црни стрели и почнавме да гаѓаме, а ОНА возвраќаше со истрели од бункери од правец на Селце. Тогаш прв пат го почувствував барутот буквално под нос. Куршум ми прелета покрај лицето. Ама такви работи не не спречуваа во задачите. Сите притиснавме со сета сила. Калето беше опколено. Од една страна, полицијата, од друга, армиските волци. ОНА почна да бега. Калето беше освоено.
"На 23 јули 2001 се разбудив околу шест часот. Ноќта имав лош сон и поради него имав лошо претчувство. И брат ми беше во тигрите, па умот ми одеше на него. Бев старешина во базата. Попладнето околу 17.30 часот добивме информација дека нашите се нападнати во Теарце. Веднаш тргнавме кон Тетово со хермелини и со пинцгауери. Јас бев во последното возило, а брат ми во првото. Јас не носев панцир. Кај Карпалак пак пред очи ми дојде сонот. Си реков, ај да ставам панцир нешто лошо ќе се случи. Само што ја ставив левата рака во панцирот не нападнаа од левата страна со зољи, митралези, бомби, РПГ... Најсилниот оган беше врз првото возило во кое беше брат ми Мите. Му го погодија возилото со зоља и целото чадеше. За среќа, вратата им била отворена и млазот од зољата излегол надвор. Но, се запалија сандаците со муниција. Гледав како гори и се молев да не експлодира. За среќа, специјалците од ЕСЗ се многу спремни. Немаше ни паника ни страв и враќавме на огнот. Брат ми се снашол и со шишиња минерална вода ги полеал запалените сандаци и ја спречил експлозијата на муницијата. Го одбивме нападот. Сите возила ни беа изрешетани, ама продолживме понатаму за Тетово. Тоа се случи 10 дена пред големата трагедија кога кај Карпалак загинаа бранителите. Ние паднавме во заседа, а после никој не го обезбеди местото и се случи трагедија", вели Глигоров.
Нему Карпалак не му е единствениот настан вечно врежан во сеќавањата. Во неговите мисли засекогаш ќе останат и Радуша и Брест и Жилче...
"На 11 август тргнавме за Радуша да ги извлечеме полицајците кои беа под опсада во селото. На пат кон селото постојано не надлетуваа авиони и хеликоптери кои стрелаа кон непријателските линии. На стемнување стасавме во Радуша. Мојата задача беше да се пробијам кај кујната од станицата. Застанавме со хермелинот и кога ја отворивме вратата неколку полицајци од кујната се стрчаа и влегоа во хермелинот. Немаа оружје и ги прашав кај им е личното вооружување, а тие ми одговорија: 'Какви пушки, 18 часа сме на позиција и под оган, не сме јаделе ниту сме биле во тоалет, тргнувај да си одиме'. Тогаш видов дека пред кујната има неколку сандаци и го прашав полицаецот од станицата што има во тие сандаци. Тој ми рече дека внатре има оружје и муниција, но дека тоа сега не е важно, оти треба да се спасуваме. Се налутив, скокнав надвор и ги отворив сандаците. Беа полни со муниција за минофрлачи и со автоматски пушки. Си реков: 'Ова нема да им го оставиме на непријателите'. Им наредив на полицајците што ни влегоа во хермелинот да излезат од возилото за да товарат. Тие не сакаа и првиот што ми беше при рака го грабнав надвор. Немаше место за целото оружје. Им се јавив на командантот и на заменикот да им кажам за ситуацијата. Тука имаше еден камион, но му беше празен акумулаторот, па наредив да го закачат камионот за хермелинот и да го натовариме оружјето. Влегов внатре во кујната и најдов купишта сандаци со оружје и муниција. Тоа мораше да се спаси, за да не го заплени непријателот. Натоваривме се и тргнавме кон Скопје", се сеќава полковникот Глигоров.
Воената 2001 ја завршува како висок старешина, а сега е помлад инспектор за кражби во Куманово, надвор од Скопје каде што живее и далеку од радовишко Конче од каде што потекнува.
"Му се придружив на Здружението 'Достоинство' за да се обидеме сите заедно да си го вратиме тоа што го заслужуваме и да си го обелиме образот што друг ни го оцрни. Омаловажувањето боли повеќе од воените трауми. Кога се смени власта по воениот конфликт, СДСМ ме прогласи за вмровец и од главен инспектор по општа физичка подготовка и боречки вештини во ЕСЗ Тигар ме уназади во помлад инспектор за моторни возила. Кога ВМРО - ДПМНЕ се врати на власт, ме прогласи за сдсмовец и ме прати на работа во Куманово да бидам инспектор по општ криминал. Прв пат вака отворено зборувам и за прв пат некому му ги давам моите воени прибелешки од 2001. Сакам да се знае што им се случува на оние што Македонија им беше пред се и над се", вели Глигоров, поранешен селектор на македонската боречка репрезентација од Олимпијадата во Атина, добитник на две награди "13 Ноември" за тренер на годината, носител на највисоки лиценци за тренер по борење, добитник на бројни награди и признанија за заслуги, на турнири, натпревари, манифестации, спортски работник и најголем поборник за спортските активности во полицијата, магистер по физичка култура, автор на меѓународно признати научни трудови и докторант на ФФК.
Глигоров за крај открива уште една тајна.
"Моите родители не знаат дека сум на работа во Куманово. Сеуште не сум им кажал оти ќе помислат којзнае што сум направил, па ме преместиле. На шега велам дека моето работно место е сегде, демек на тајна задача".

Еве што се слуцува со тие што ни ги бранеа домовите.....

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty18/7/2012, 12:58

esz do sega ima zagubeno 7 pripadnika, vo vojnata 4 mislam deka im zaginaa.Vecna slava.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty18/7/2012, 13:16

Tigar, mislam deka imase poveke delovi od ova intervju so Gligorov, gi imas?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty18/7/2012, 17:25

Тигар напиша:
HolyTemple напиша:
Frogfoot напиша:

За голема жал и наша несреќа во војната во 2001, ништо од ова на видеово не беше применето врз УЧКите. Поправете ме ако грешам, ама јас го мислам тоа. За тоа се криви луѓе кои работеа под команда на некои странски центри на моќ и кои НЕ ИМ ДАДОА Glava v zid одврзани раце на Тигрите, а посебно на Волците да ги покажат своите вештини кои ги вежбаат на тренинзи. Да им дозволеа, војната ќе се скратеше за неколку месеци и УЧКите ќе имаа многу поголеми загуби од што имаа.

Па не е баш така затоа што Тигрите го водеа најголемиот дел од војната и својата работа си ја завршија перфектно.Во тој период Тигрите беа момци за се: за апсење на опасни лица, за обезбедување, за чистење на села во кои има припадници на УЧК, за ослободување на население држено како заложници во селата окупирани од УЧК... има уште многу да се набројува,едноставно беа на сите страни, но сепак издржаа. Точно е дека некои акции ги вршеа заедно со Волците и П.Е.П., но голем дел он акциите ги вршеа самостојно, поправете ме ако грешам.Непријателските сили претрпеа огромна загуба од Тигрите.Знам дека само во Матејче убиле околу 30-40 припадници на УЧК, во една акција, а имам и текстови кои ги најдов на интернет од поранешни припадници на Тигрите во кои се зборува за 2001 и за дел од акциите кои ги имаат спроведено Тигрите,ќе ги поставам и нив само треба да ги најдам.Исто така Тигрите имаат спречено повеке заседи, и во неколку наврати имаат успешно извлечено припадници на нашите безбедносни сили кои велат дека ако не дошле Тигрите тие сигурно би биле мртви....А во врска со тие луѓе кои работеа под странска команда (поточно тие луѓе се нашиве политичари), потполно си во право и се сложувам со тебе. Бидејки и покрај се ова што набројав Тигрите не беа максимално искористени, затоа што ако беа се ке беше поинаку, а тоа не му одговараше на некој...Само срамота е што луѓето кои не знаат ништо за Тигрите плукаат по нив,по оние истите кои херојски се бореа и ги даваа животите за нивната слобода.

Не викам јас дека не ја завршиле перфектно туку викам не им беа дадени доволно одврзани раце за разбивање на терористите бидејќи од овие тактики кои ги има на видеово ни 5 проценти не беа искористени. Луѓе учесници во војната ми кажуваа дека на специјалциве им давале само 120 куршуми на припадник, и со тоа количество морале да ја завршат операцијата. Немале никаков дотур на муниција, па ај некој да видам со 120 куршуми да отиде на прва борбена линија без дотур на нови залихи на муниција да војува. Другиве специјални единици на пример британскиве САС или Делта кога идат во војна секој носи по 450 куршуми ако се користи пушка во калибар 5.56, по 350 куршуми ако се носи пушка ак 47 во калибар 7.62X 39 и по 200 куршуми ако некој носи пушка, снајпер или митралез во калибар 7.62X51 или 7.62x54R. Па за некои политичари и луѓе од врвот на полицијата и армијата зборам дека тие работеа под некои центри на моќ.

Инаку кога спомна дека Тигрите имале извлечено припадници на безбедносните сили, мислам дека една од тие акции е извлекувањето на полициската смена од Радуша по инвазијата на околу 100 тина УЧКи во Радуша.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty18/7/2012, 17:31

Wolf напиша:
ajde sega poleka da rascistime nekoi raboti, vo 2001 brojot na tigrite iznesuvase okolo 100 luge, a volcite bea mozebi okolo 150, a i dvete edinici bea rastrgnati na site strani, posebno volcite koi od 1994 pa se do 2001 bea rasporedeni na severnata i zapadnata granica i imaa izvedeno mnogu akcii.Glavna udarna sila vo 2001 bea ESN i PEP, vo MVR i vo ESZ imase losa komanda, posebno Toni Mandarovski komandanot na ESZ od 2001 pa se do 2012, po negova odluka 2 pati bea napustani poziciite i Volcite na 2 pati spasuvaa ziva glava toa e vo Vaksince i vo Aracinovo.Glavni akcii na esz bea ubivanjeto na 6-7 teroristi koi planiraa napad na policiskata stanica vo bit pazar eleminiranjeto na eden komandant mu go zabraviv imeto i toa koga si gi spasija kolegite od zaseda na karpalak dve nedeli pred da se sluci ubistvoto na 10 rezervisti.Za matejce ne znam od kaj si cul ali ne e tocno, vo matejce ne bea izveduvani nikakvi specijalni napadi imase frontalna vojna i toa samo preku den.Preku den nasite go zazemaa seloto i nokta se povlekuvaa vo policiskata stanica i vo crkvata gore.Tamu zagina eden pripadnik na ESZ Aleksandar od sveti nikole vecna mu slava.Ne veruvaj na se sto ke procitas na internet.

За убиството на Командант Тели во Гази Баба ли се мисли ко бајаги демек ќе влезел со војска во Скопје и ќе го држел под опсада???????
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty19/7/2012, 13:30

Wolf напиша:
esz do sega ima zagubeno 7 pripadnika, vo vojnata 4 mislam deka im zaginaa.Vecna slava.

Вечна им слава!

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty19/7/2012, 13:32

Frogfoot напиша:
Tigar, mislam deka imase poveke delovi od ova intervju so Gligorov, gi imas?

Имам уште неколку интервјуа само незнам дали се со Глигоров, ќе ги поставам и нив.

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty19/7/2012, 13:45

HolyTemple напиша:
Тигар напиша:
HolyTemple напиша:
Frogfoot напиша:

За голема жал и наша несреќа во војната во 2001, ништо од ова на видеово не беше применето врз УЧКите. Поправете ме ако грешам, ама јас го мислам тоа. За тоа се криви луѓе кои работеа под команда на некои странски центри на моќ и кои НЕ ИМ ДАДОА Glava v zid одврзани раце на Тигрите, а посебно на Волците да ги покажат своите вештини кои ги вежбаат на тренинзи. Да им дозволеа, војната ќе се скратеше за неколку месеци и УЧКите ќе имаа многу поголеми загуби од што имаа.

Па не е баш така затоа што Тигрите го водеа најголемиот дел од војната и својата работа си ја завршија перфектно.Во тој период Тигрите беа момци за се: за апсење на опасни лица, за обезбедување, за чистење на села во кои има припадници на УЧК, за ослободување на население држено како заложници во селата окупирани од УЧК... има уште многу да се набројува,едноставно беа на сите страни, но сепак издржаа. Точно е дека некои акции ги вршеа заедно со Волците и П.Е.П., но голем дел он акциите ги вршеа самостојно, поправете ме ако грешам.Непријателските сили претрпеа огромна загуба од Тигрите.Знам дека само во Матејче убиле околу 30-40 припадници на УЧК, во една акција, а имам и текстови кои ги најдов на интернет од поранешни припадници на Тигрите во кои се зборува за 2001 и за дел од акциите кои ги имаат спроведено Тигрите,ќе ги поставам и нив само треба да ги најдам.Исто така Тигрите имаат спречено повеке заседи, и во неколку наврати имаат успешно извлечено припадници на нашите безбедносни сили кои велат дека ако не дошле Тигрите тие сигурно би биле мртви....А во врска со тие луѓе кои работеа под странска команда (поточно тие луѓе се нашиве политичари), потполно си во право и се сложувам со тебе. Бидејки и покрај се ова што набројав Тигрите не беа максимално искористени, затоа што ако беа се ке беше поинаку, а тоа не му одговараше на некој...Само срамота е што луѓето кои не знаат ништо за Тигрите плукаат по нив,по оние истите кои херојски се бореа и ги даваа животите за нивната слобода.

Не викам јас дека не ја завршиле перфектно туку викам не им беа дадени доволно одврзани раце за разбивање на терористите бидејќи од овие тактики кои ги има на видеово ни 5 проценти не беа искористени. Луѓе учесници во војната ми кажуваа дека на специјалциве им давале само 120 куршуми на припадник, и со тоа количество морале да ја завршат операцијата. Немале никаков дотур на муниција, па ај некој да видам со 120 куршуми да отиде на прва борбена линија без дотур на нови залихи на муниција да војува. Другиве специјални единици на пример британскиве САС или Делта кога идат во војна секој носи по 450 куршуми ако се користи пушка во калибар 5.56, по 350 куршуми ако се носи пушка ак 47 во калибар 7.62X 39 и по 200 куршуми ако некој носи пушка, снајпер или митралез во калибар 7.62X51 или 7.62x54R. Па за некои политичари и луѓе од врвот на полицијата и армијата зборам дека тие работеа под некои центри на моќ.

Инаку кога спомна дека Тигрите имале извлечено припадници на безбедносните сили, мислам дека една од тие акции е извлекувањето на полициската смена од Радуша по инвазијата на околу 100 тина УЧКи во Радуша.


Да, да се разбираме, сосема си во право, за тоа и ја напишав предпоследнава реченица, само сакав да пишам што се направија Тигрите за оние што незнаат да се информираат, затоа што Тигрите беа присутни во секоја воооружена акција што се превземаше против терористите во 2001. Ако им се дадеа одврзани раце на Тигрите и на Волците, па и на другите наши припадници на безбедносните сили, учките ќе беа средени за 2 месеци, ама тоа е тоа....грешката не е нивна.Инаку да, една од тие спасувачки акции е и онаа во Радуша. Во текстот што го поставив погоре пишува нешто и за тоа.

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty19/7/2012, 13:52

Тигар напиша:
Wolf напиша:
esz do sega ima zagubeno 7 pripadnika, vo vojnata 4 mislam deka im zaginaa.Vecna slava.

Вечна им слава!

Прашањето ми беше затоа што мислам дека во документарецот "Биди Тигар" велат дека во 2001 имаат 2 загинати, оние во Арачиново мислам, сега и ти ми го кажа Александар и ми испаднаа 3, некои викаат дека во вејце загинале 4ца Волци и 4ца Тигри, што не е тоочно, тоа беа припадници на П.Е.П. и сега ислегува дека на кој како му одговара така си кажува, што не е воопшто во ред..Сепак благодарам на иформацијата навистина ми беше важно.

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty23/7/2012, 15:47

ЕСЗ "Тигар" во акција во воената 2001 година Twisted Evil Twisted Evil

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=213&filename=1255911specialforcesap3

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=515&filename=macedoniaspecialunit14

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=842&filename=l14m

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=151&filename=28517018

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=152&filename=76567359

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=444&filename=14165627

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=507&filename=95337726

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=217&filename=51764371

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=152&filename=4215913798re9

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=850&filename=1650954palpolice300

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=607&filename=39284525071158498442119

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=641&filename=39257325069955831895711

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=210&filename=39257325069954498562510

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=404&filename=39257325069953831895913

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=29&filename=38598425069980165226611

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=84&filename=16691125071084498449516

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=191&filename=300px2001macedoniapolic

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Scaled.php?server=201&filename=3d07

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Единица за Специјални Задачи „Тигар„
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Слики "Единица за специјални задачи ТИГАР"
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» ОМОН - Руска полициска единица за специјални намени
» „Бадем„ (Egoc) и „Единица 504„ - Израелски специјални воени единици
» 1/35 ГАЗ Тигар, Крим 2014. Звезда

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: