Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Единица за Специјални Задачи „Тигар„

Go down 
+47
Цане
darkness
BoyfromKavadarci
Goust
GoranSIR
fantom1
bolee
Rashid
икс
Mrshajnoski
bojan111
losmi
ace89
leopard
Спенсер
makedonija:D
Smrtnikot
BABUN
assasian
ESN
JKD
Panter
Alvar
alexmkd
Legija91
Macedonian Knight
tose
misko alfa
beowulf
shady3
viktor
tigar
IgorM
Zajcef
Momak od Gjorce
Subzero
volcko1
TigerMKD
Wolf
Тигар
Profesionalec
Davormkd
Зоран
Генерал
SIG
Makedon
AlexGreat
51 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 52 ... 100  Next
АвторПорака
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty17/7/2012, 16:50

Генерал напиша:
Јас,
свечено изјавувам
дека како полицаец
ќе и служам на Република Македонија!!!

Господи,
чувај ме од зло
и дај ми сила
да ги одбранам
мојот дом, мојот народ, мојата Македонија.
АМИН!!!

Се колнам
во името на Бога, честа и татковината
дека ќе служам чесно и верно
за слободата на Македонија.
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!!!







Нешто бесценето.....Кога ги слушам и кога го гледам "Tiger dance" срцето ми се исполнува, ѕверови се Twisted Evil
Браво за постот aplauz

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty17/7/2012, 20:57

Генерал напиша:
За прием во ЕСЗ Тигар постојат посебни законски критериуми. Во ЕСЗ Тигар може да биде примен само припадник на МВР ( полицаец ) со најмалку 1 година работно искуство. Исклучок од ова беше 2002 конкурсот „Биди Тигар“ поради загубите во војната 2001. Не е исклучена можност пак да се објави екстерен ( за цивили ) конкурс но засега нема ништо. Инаку мотото на ЕСЗ Тигар беше Македонија е се што имаме.

Колку што се сеќавам јас, мислам дека тоа беше поради недостаток на припадници кои беа најпотребни во тоа време. А за загуби, мислам дека Тигрите немаа многу големи човечки загуби.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty17/7/2012, 21:09

Frogfoot напиша:

За голема жал и наша несреќа во војната во 2001, ништо од ова на видеово не беше применето врз УЧКите. Поправете ме ако грешам, ама јас го мислам тоа. За тоа се криви луѓе кои работеа под команда на некои странски центри на моќ и кои НЕ ИМ ДАДОА Glava v zid одврзани раце на Тигрите, а посебно на Волците да ги покажат своите вештини кои ги вежбаат на тренинзи. Да им дозволеа, војната ќе се скратеше за неколку месеци и УЧКите ќе имаа многу поголеми загуби од што имаа.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty17/7/2012, 21:13

Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
Имам еден текст за специјалните единици во Југославија, од самите почетоци мислам дека се работи,одамна не сум го видел , али е на српски, следниот викенд се надевам ќе имам малце повеќе време па ќе го преведам..

Ќе биде добро да се прочита и тоа. Сепак корените на Македонските специјални единици датираат од тој временски период.

Корените на специјалното војување во Македонија потекнуваат од Комитите, за кои имам читано дека биле прави диверзанти во Турско. А првите терористи кои почнале да користат експлозив биле Солунските Атентатори.
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty17/7/2012, 21:23

HolyTemple напиша:
Генерал напиша:
За прием во ЕСЗ Тигар постојат посебни законски критериуми. Во ЕСЗ Тигар може да биде примен само припадник на МВР ( полицаец ) со најмалку 1 година работно искуство. Исклучок од ова беше 2002 конкурсот „Биди Тигар“ поради загубите во војната 2001. Не е исклучена можност пак да се објави екстерен ( за цивили ) конкурс но засега нема ништо. Инаку мотото на ЕСЗ Тигар беше Македонија е се што имаме.

Колку што се сеќавам јас, мислам дека тоа беше поради недостаток на припадници кои беа најпотребни во тоа време. А за загуби, мислам дека Тигрите немаа многу големи човечки загуби.

Точно така, не беше заради загуби туку заради недостаток од припадници на тој така наречен прв ешалон.

Еве прочитајте што вели Стојанче Ангелов во овој извадок од стар Вест и мислам дека ке се разјасни се.

По избувнувањето на оружжните судири во почетокот на минатата година, Македонија се најде во нова, специфична, за нејзините безбедносни сили дотогаш неискусена состојба. Непријателот се наоѓаше на територијата на Република Македонија, располагаше со завидна количество оружје, муниција и друга воена опрема, во еден дел беше добро организиран, имаше одреден степен на обученост, во неговите редови се наоѓаа инструктори и платеници од странство, а еден негов дел веќе имаше борбено искуство од боиштата на територијата на поранешна Југославија.

Борбата со ваквиот непријател по многу свои обележја беше специфична.

Во некои делови на Македонија воените дејствија се одвиваа на самата гранична линија (која непријателот ја оспоруваше), некаде тоа беше граничниот појас, но во добар дел непријателот веќе се наоѓаше длабоко на македонска територија. Еден дел од непријателот на овие места дојде од надвор (пред се од Косово), но другиот дел всушност таму живееше со години. Иако речиси сите тие населени места биле македонски (населени во најголем број со македонско население) во новонастанатата состојба која беше производ на смислена повеќедецениска вешто водена демографска политика на албанскиот фактор, тие веќе беа етнички чисти, населени исклучиво со албанско население. На овој начин еден територијален појас кој се протегаше со километри во длабочината на македонската територија се најде населен исклучиво со албанско население.

Во ваквата специфична состојба, според Уставот и законите, АРМ беше должна да ја обезбедува границата и да презема борбени дејства во граничниот појас. Но, што со другите делови каде се појавија вооружени лица кои прогласија слободни територии на кои им беше забрането на македонските безбедносни сили да стапнат (а камоли да воспостават правна власт)!?

Кој треба да се справи со домашните и влезени од надвор терористи кои се дрзнаа на територијата на една суверена, меѓународно признаена држава да прогласат слободни територии со намера истите да ги присоединат кон друга држава!?

Според Уставот и законите грижата за одржување на правниот поредок на територијата на Република Македонија беше во надлежност на МВР. Аналогно на тоа, во прво време во некои кругови владееше мислење дека со терористите кои преземаа воени дејства на територијата на Република Македонија треба да се справи МВР. Но, колку беше реално очекувањето МВР само да се справи со напаста која и се закануваше на Македонија. Колку МВР, во тој момент, беше подготвено да излезе во пресрет на таков предизвик?

Во тогашната структура на МВР се наоѓаа управата за безбедност и контраразузнавање, криминалистичката полиција, и униформираната полиција - сите со конкретно определен делокруг на работа и работни обврски. Во тој период во склоп на униформираната полиција од аспект на можно учество во вооружените судири имаше три ешалони: првиот ешалон го сочинуваа припадниците на Единицата за специјални задачи - "Тигар", како единствена специјална единица во МВР; вториот ешалон се состоеше од припадниците на Посебната единица која е во состав на Секторот за посебни единици и која е составена од делумно селектирани (пред се по возраст и работен стаж) припадници кои покрај вршењето на редовните полициски обврски во своите матични полициски станици, изведуваа и посебна обука во која акцентот беше ставен во одржувањето и воспоставувањето на нарушен јавен ред и мир во поголем обем;

третиот ешалон го сочинуваат другите униформирани лица во поголем дел повозрасни лица со подолг стаж во МВР (од кои дел веќе биле во посебната единица), повредени или болни лица како и по некое лице кое од разни причини, иако можело, не влегло во посебната единица.

Карактеристично за сите три ешалони беше немањето искуство со ваква проблематика (учество во вооружени судири од поголеми размери) со исклучок на дел од припадниците на ЕСЗ "Тигар", кои имаа неколку вакви искуства од неспоредливо помал обем (неколку вооружени пресметки).

Поради недостиг на луѓе, на терен се испраќаа припадници на трите ешалони со тоа што се водеше грижа припадниците на третиот ешалон, а колку што беше можно и припадниците на вториот ешалон да не учествуваат во директните борби, посебно оние со напаѓачки карактер. И покрај ангажирањето на сите три ешалони, на теренот повторно се појавуваше проблемот со недоволен број полицајци.

Од разбирливи причини, во ниту еден момент не можеше да се испрати на терен поголемиот дел припадници на вториот и третиот ешалон, а истовремено успешно да се остварува целосната функција на ресорното Министерството. Како алтернативно решение можеше да се прифати дел од вработените во Криминалистичката полиција и Управата за безбедност и контраразузнавање да се пренасочат на терен и да земат учество во активностите на униформираната полиција, но покрај тоа што ваквото пренасочување многу негативно ќе се одразеше врз извршувањето на нивната функција, истото ќе беше проследено со низа слабости поради необученоста, неопременоста и неорганизираноста за преземање вакви дејствија. Поаѓајќи од тоа се наметна потреба од итно наоѓање решение за пополнување на евентуално испразнетите места и проширување на првиот и вториот ешалон во МВР.

Таканаречениот прв ешалон на униформираната полиција се состоеше од припадниците на ЕСЗ-"Тигар". Почетокот на војната ја затекна единицата неподготвена за таков вид војување. Бројноста на единицата беше доволна за мирновременски период, но новата состојба налагаше итно пополнување на евентуално празните места како и нејзино проширување. Во поглед на обуката, последните години упорно се форсираше типично полициска обука пред се обука за решавање на заложничка ситуација, иако во Македонија се уште немало ниеден класичен случај на држење заложници од било кој вид. Ако се направеше една стручна анализа на развојот на настаните на Балканот и ако се погледаа искуствата на сродните единици (воени и полициски) на соседните земји ќе се дојдеше до заклучок дека итно е потребна промена на приодот кон обуката и нејзино проширување со вклучување на типична воено командоска обука иако се работи за полициска единица. Ова оттаму што најголемиот дел од активностите и борбите кои ги имаа припадниците на единицата по речиси сите обележја беа типично воени.

Нареден елемент за успешно реализирање на поставените специјални задачи беше доопремување на единицата со вооружување, техничко-материјални средства и опрема.

Единицата беше релативно добро опремена за реакција во мирновременски период, но новата состојба налагаше итно доопремување со заштитни средства, со потешко вооружување (пушкомитралези, митралези, рачни ракетни фрлачи, фрлачи на гранати и сл.), како и итно набавување оклопни транспортери кои беа од исклучива важност за побезбеден транспорт на лица и опрема како и за давање огнена поддршка. Значајно е да се напомене дека поради лоша процена и неправилен приод кон оклопните возила кои единицата веќе ги поседуваше, тие беа во лоша состојба, со нив речиси и не се изведуваше обука и бројот на припадници на "Тигар" кои знаеја да управуваат со нив беше многу мал. Претходното раководство на единицата беше глуво на редовните укажувања на старешината кој беше одговорен за оклопните возила.

Следниот проблем кој се појави беше несоодветната организација и структура на единицата за успешно излегување во пресрет на новата ситуација. И покрај наброените недостатоци, припадниците на ЕСЗ - "Тигар" многу успешно ги извршуваа поставените задачи.

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty17/7/2012, 22:29

HolyTemple напиша:
Frogfoot напиша:

За голема жал и наша несреќа во војната во 2001, ништо од ова на видеово не беше применето врз УЧКите. Поправете ме ако грешам, ама јас го мислам тоа. За тоа се криви луѓе кои работеа под команда на некои странски центри на моќ и кои НЕ ИМ ДАДОА Glava v zid одврзани раце на Тигрите, а посебно на Волците да ги покажат своите вештини кои ги вежбаат на тренинзи. Да им дозволеа, војната ќе се скратеше за неколку месеци и УЧКите ќе имаа многу поголеми загуби од што имаа.

Па не е баш така затоа што Тигрите го водеа најголемиот дел од војната и својата работа си ја завршија перфектно.Во тој период Тигрите беа момци за се: за апсење на опасни лица, за обезбедување, за чистење на села во кои има припадници на УЧК, за ослободување на население држено како заложници во селата окупирани од УЧК... има уште многу да се набројува,едноставно беа на сите страни, но сепак издржаа. Точно е дека некои акции ги вршеа заедно со Волците и П.Е.П., но голем дел он акциите ги вршеа самостојно, поправете ме ако грешам.Непријателските сили претрпеа огромна загуба од Тигрите.Знам дека само во Матејче убиле околу 30-40 припадници на УЧК, во една акција, а имам и текстови кои ги најдов на интернет од поранешни припадници на Тигрите во кои се зборува за 2001 и за дел од акциите кои ги имаат спроведено Тигрите,ќе ги поставам и нив само треба да ги најдам.Исто така Тигрите имаат спречено повеке заседи, и во неколку наврати имаат успешно извлечено припадници на нашите безбедносни сили кои велат дека ако не дошле Тигрите тие сигурно би биле мртви....А во врска со тие луѓе кои работеа под странска команда (поточно тие луѓе се нашиве политичари), потполно си во право и се сложувам со тебе. Бидејки и покрај се ова што набројав Тигрите не беа максимално искористени, затоа што ако беа се ке беше поинаку, а тоа не му одговараше на некој...Само срамота е што луѓето кои не знаат ништо за Тигрите плукаат по нив,по оние истите кои херојски се бореа и ги даваа животите за нивната слобода.

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Wolf

Wolf


Број на мислења : 115

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty18/7/2012, 00:00

ajde sega poleka da rascistime nekoi raboti, vo 2001 brojot na tigrite iznesuvase okolo 100 luge, a volcite bea mozebi okolo 150, a i dvete edinici bea rastrgnati na site strani, posebno volcite koi od 1994 pa se do 2001 bea rasporedeni na severnata i zapadnata granica i imaa izvedeno mnogu akcii.Glavna udarna sila vo 2001 bea ESN i PEP, vo MVR i vo ESZ imase losa komanda, posebno Toni Mandarovski komandanot na ESZ od 2001 pa se do 2012, po negova odluka 2 pati bea napustani poziciite i Volcite na 2 pati spasuvaa ziva glava toa e vo Vaksince i vo Aracinovo.Glavni akcii na esz bea ubivanjeto na 6-7 teroristi koi planiraa napad na policiskata stanica vo bit pazar eleminiranjeto na eden komandant mu go zabraviv imeto i toa koga si gi spasija kolegite od zaseda na karpalak dve nedeli pred da se sluci ubistvoto na 10 rezervisti.Za matejce ne znam od kaj si cul ali ne e tocno, vo matejce ne bea izveduvani nikakvi specijalni napadi imase frontalna vojna i toa samo preku den.Preku den nasite go zazemaa seloto i nokta se povlekuvaa vo policiskata stanica i vo crkvata gore.Tamu zagina eden pripadnik na ESZ Aleksandar od sveti nikole vecna mu slava.Ne veruvaj na se sto ke procitas na internet.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty18/7/2012, 09:53

Кој е сега командант на ЕСЗ?
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty18/7/2012, 10:13

Wolf напиша:
ajde sega poleka da rascistime nekoi raboti, vo 2001 brojot na tigrite iznesuvase okolo 100 luge, a volcite bea mozebi okolo 150, a i dvete edinici bea rastrgnati na site strani, posebno volcite koi od 1994 pa se do 2001 bea rasporedeni na severnata i zapadnata granica i imaa izvedeno mnogu akcii.Glavna udarna sila vo 2001 bea ESN i PEP, vo MVR i vo ESZ imase losa komanda, posebno Toni Mandarovski komandanot na ESZ od 2001 pa se do 2012, po negova odluka 2 pati bea napustani poziciite i Volcite na 2 pati spasuvaa ziva glava toa e vo Vaksince i vo Aracinovo.Glavni akcii na esz bea ubivanjeto na 6-7 teroristi koi planiraa napad na policiskata stanica vo bit pazar eleminiranjeto na eden komandant mu go zabraviv imeto i toa koga si gi spasija kolegite od zaseda na karpalak dve nedeli pred da se sluci ubistvoto na 10 rezervisti.Za matejce ne znam od kaj si cul ali ne e tocno, vo matejce ne bea izveduvani nikakvi specijalni napadi imase frontalna vojna i toa samo preku den.Preku den nasite go zazemaa seloto i nokta se povlekuvaa vo policiskata stanica i vo crkvata gore.Tamu zagina eden pripadnik na ESZ Aleksandar od sveti nikole vecna mu slava.Ne veruvaj na se sto ke procitas na internet.

Прочитај го текстот горе и види кој биле ударна сила на МВР.Значи не го кажувам тоа јас туку Ген.Стојанче Ангелов.

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Тигар

Тигар


Број на мислења : 29

Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty18/7/2012, 10:36

А за Матејче ке проверам повторно, ама информацијата мислам дека е веродостојна затоа што ми ја кажа припадник на П.Е.П..И уште нешто,дали си сигурен дека тоа се единствените акции на ЕСЗ?И ако знаеш колку загинати припадници има ЕСЗ во 2001та пиши,затоа што сегде се кажува различна бројка ..Вечна му слава на Александар и на сите загинати припадници во 2001.

______________________
Ние не прашуваме КОЛКУ се, туку КАДЕ се!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Единица за Специјални Задачи „Тигар„   Единица за Специјални Задачи  „Тигар„ - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Единица за Специјални Задачи „Тигар„
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 52 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Слики "Единица за специјални задачи ТИГАР"
» САЕ - Специјална Антитерористичка Единица - „Тигар„
» ОМОН - Руска полициска единица за специјални намени
» „Бадем„ (Egoc) и „Единица 504„ - Израелски специјални воени единици
» 1/35 ГАЗ Тигар, Крим 2014. Звезда

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Министерство за Внатрешни Работи - МВР-
Отиди до: