СПЕЦИЈАЛНИ ТИМОВИ НА МОСКОВСКАТА ПОЛИЦИЈА – ЕДИНИЦИ ОД „ГРАДОТ НА ТЕРОРОТ„Овие состави се познато под името ОМОН (
сега официјално КОН ) , што е кратеница за
„Отряд Мобильный Особого Назначения„ – Одред на милицијата за посебни намени. Во својот состав има 121 батаљон со само една разлика - сите делуваат во различни региони и градови. Се работи за ист тип и истоимени единици за специјални намени при Руското МВР.
Покрај ОМОН и СОБР во состав на ОСНАЗ (
одделот за специјални намени),потоа во состав на ОДОН (
Независен Оперативен Директорат за Посебни Намени) кој пак денес се нарекува ЦСНСОР-МВД (
центар за Специјални Намени на Силите за Оперативно Реагирање) постоеа и „Рус„ (
против-терористичка организација) , „Витјаз„ (
единица за специјални операции) , „ВВ-МВД„ (
полициската „војска„ на МВР) , полицискиот „Спецназ„ (
полициски единици составени од армиски специјалци) па ГРУ-МВД (
полициските единици на Воената разузнувачка служба) и други единици кои се расформираа или се преформираа и беа ставени во ОМОН или СОБР, односно во денешен КОН и КСН - што значи дека Русите денеска имаат два типа на „посебни„ полициски единици , едните за специјални намени, а другите за брзи интервенции што им обезбедува далеку поголема ефикасност,мобилност и едноставност.
СЕКОЈДНЕВНИ ЗАДАЧИЛадно, суморно есенско утро во Москва. Три тима специјалци на полициската единица ОМОН , со напнати мускули и нерви, распоредени во возилата на внимателно одбрани точки во една населба во Москва, веќе неколку часа стрпливо исчекуват да се појави „метата„. Заседата е поставена за опасен криминалец Чеченец кој предводи група на крадливци на автомобили. Тишината во возилата само накратко ја прекинуваат кашлања на специјалците и зуењето од радио станиците.
Одеднаш , радио станицата оживеа , што се манифестирало со брз дијалог помеѓу командантите на тимовите. Метата се појавила и започнало „вкрстеното„ пратење, баш како во некој акционен филм, полициската „лада„ со шкрипење на гумите забрзала према комбето во кое се наоѓал опасниот криминалец. Истовремено , со подеднаква брзина „ладата„ со другиот тим на полицајците се испречила и го запрела комбето. Вратите се отвораат и специјалците, со војнички изглед, трчаат према „метата„. Со вперени пиштоли и непробојни штитови, се приближуваат кон комбето, чии врати се откорнати за секунда а за само неколку секунди криминалецот е изваден од возилото од јаките раце на специјалците и „прикован„ за тротоар. На ист начин е „среден„ и неговиот компањон, а се се одиграло молњевито и рутински.
„ВНАТРЕШНА ВОЈСКА„Без пардон, се слушна само звукот на лисиците кои болно и грубо се зарија во зглобовите на рацете на уапсените. Еден од криминалците , младич во пругаста морнарска маица, изрече куп псовки упатени према специјалците непосредно пред да биде внесен на задното седиште на третата патролна кола и испратен во централата на „обработка„ , без многу церемонии.
Така изгледаше,уште една во низот на рутинските акции на специјалните единици на ОМОН на московската полиција. Слично како и нивните колеги од SWAT тимовите или француските RAID , така и руското МВР во овој состав (во оквирот на тнр. „внатрешна војска„ ) располага со врвно обучени и опремени единици за извршување на сложени и опасни задачи.
Овие состави се познати под името ОМОН. Се претпоставува дека вакви единици има во повеќето поголеми руски градови во оквир на полициската команда, а само во московскиот ОМОН се распоредени околу 2000 припадници. Списокот на посебни задачи кои ги извршуваат ОМОН единиците, опфаќа борба против моќната и добро вооружена руска мафија и нивните партнери од другите земји на бившата СССР, апсење на опасни криминалци, противтерористичка борба, ослободување на заложници, сузбивање на побуни во затворени простори, апсење на одбегнати затвореници, обезбедување на фудбалски натпревари и други масовни манифестации и сл.
БЛИСКА БОРБА ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОРВо склад со задачите кои ги извршуваат, но и со трендот во сличните по намена единици во светот, поставен е и строг критериум за избор на кандидатите, специјален програм на обука и посебното вооружување. Во едницата ОМОН може да влезат здрави и способни млади луѓе, претежно спортисти, кои претходно биле вработени во полиција и кои имаат одредено искуство. Меѓутоа, и покрај тоа тие мораат да поминат посебни тестови за проверка на знаењето, психичката стабилност и за кондициската припрема и издржливост.
Потоа се упатуваат на повеќе месечен курс за обука каде што се тренираат со разни вештини и специјалности помеѓу кои и ракување со оружје, а бројните гаѓања во различни амбиенти и ситуации завземаат посебно место. Цела палета на високо квалитетно руско специјално вооружување, како снајперски и автоматски пушки, автомати со пригушувачи, пиштоли со специјална муниција итн. им стои на располагање на припадниците на ОМОН, што им овозможува успешно да се борат против, исто така одлично опремените мафијаши и терористи.
На полигонот и вежбалиштето, кое се наоѓа одма позади нивната команда во Москва, и кое по изгледот и опременост не е толку ексклузивно како кај нивните колеги од Западот, кое популарно го нарекуваат „градот на теророт„ , припадниците на ОМОН вежбаат тимска работа и упад во простории со барикадирани терористи и киднапирани заложници, спуштање со јаже по ѕидовите на високите згради или од хеликоптер, прецизно гаѓање на измешани мети (терористи и заложници) во затемнети простории со поддршка на смртоносен снајперски оган.
Својата ефикасност припадниците на московскиот ОМОН ја демонстрираа (покрај другите кризни ситуации во поново време) и во октомври 1996. кога еден вооружен бандит киднапира автобус со странски туристи пред самиот Кремљ. Киднаперот беше маскиран и бараше 10 милиони долари во готово , оружје, автомобил, како и авион кој требало да биде спремен за полетување по одредена маршута. Во текот на преговорите властите постапиле внимателно поради тврдењата дека е миниран (што се покажало како точно кога е убиен , односно околу себе имал некаква рачно импровозирана експлозивна направа) и дека ако треба ќе се убие и себеси а и заложниците.
После долго убедување, киднаперот ја спуштил цената на откупот дури на милион долари и ги ослободил жените, вкупно 12 патници. После испораката на првиот дел на парите, пуштени се уште десет патници и во автобусот останале уште 4, кои по ослободувањето потврдиле дека киднаперот се опуштил непосредно пред нападот на специјалците.
Меѓутоа во три часот по полноќ настапил пресврт, кој криминалецот немал време да го сфати. Прозорците на автобусот одеднаш се разбиени од од огнено оружје , по што киднаперот рефлексно пробал да пука кон специјалците, но во тој момент од кај задното стакло на автобусот други специјалци веќе влегуваат во автобусот. Установено е дека киднаперот во времето на упадот на специјалците од задниот дел на автобусот, киднаперот веќе бил мртов бидејќи во моментот на општиот напад бил погоден од страна на снајперист, баш како на тренинг во „градот на теророт„.