А еве и текст како се станува Тигар.
[You must be registered and logged in to see this link.]Да не сте постари од 30 години, да имате најмалку една година полициски стаж, возачка дозвола, да не се плашите од висина и да имате желба. Ова е доволно за влез во специјалната полициска единица „Тигри“, а што се бара со посебните услови за прием во Правилникот на МВР што го регулира работењето на оваа единица. Кога ќе биде примен на ова место, вработениот „тигар“ е должен да остане на работа најмалку седум години или подолго, но не повеќе од 40 или 45 години доколку се наоѓа на некоја раководна функција.
Последниот брутален случај на убиство на 22-годишното момче Мартин Нешоски од страна на припадник на „Тигрите“ повторно ги изнесе на површина сите сомневања околу тоа дека полицијата ни е полна со луѓе буквално донесени од улица, а некои дури и со криминално минато. И додека младите луѓе, кои со денови протестираат по скопските улици, меѓу другото, бараат и распуштање на оваа единица, експертите се многу пореални и попретпазливи, свесни за купиштата пари што се фрлаат за нивна обука и усовршување. Инсистираат на постоги критериуми при изборот и засилена контрола на нивното работење, со цел да се спречат можните злоупотреби, пречекорувањата на полициските овластувања, како и евентуалната бруталност.
Што е потребно за да се стане „тигар“?
Припадниците на единицата за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигар“ имаат статус на полициски службеници со сите права и должности според Законот за полиција, Законот за внатрешни работи и подзаконските акти. Покрај општите услови за работа во полиција, во Правилникот за условите и постапката за распоредување и работа на полициските службеници во единицата за специјални задачи во МВР донесен во мај 2007 година, во член 2 се пропишани и посебните услови потребни за регрутирање „тигри“.
Прв на листата услови се годините, па се бара тие да не бидат помлади од 21 година, а постари од 30 години. Доволно е да имаат најмалку една година работно искуство, како што се наведува, во „ефективно траење на работно место во полиција“, потоа да поседуваат возачка дозвола од најмалку „Б“ категорија. Еден од условите е и да бидат психофизички способни за работа во оваа единица, да положат тестови за физичка способност, страв од височина и психо-тестови“. И на крајот, она што е најважно - да изразат желба за работа.
Подзаконскиот акт ги регулира и правата и обврските на полициските службеници ангажирани во оваа единица, па така тие имаат прво и на 45 отсто зголемена плата на утврдениот износ на плата зголемен за износот на средства наменет за плата за извршување полициски работи. Ним им следуваат и дневници за службени патувања надвор од Скопје, осигурување, перманентно стручно оспособување, право за стекнување дипломи од успешно спроведените семинари, како и за неносење посебни ознаки и симболи. За време на работа во оваа единица, специјалците се должни совесно и професионално да ги извршуваат определените работи и наредби од раководните полициски служебеници.
А, што се однесува, пак, до дилемите што се отворија во јавноста околу тоа дали за нивно ангажирање се потребни само пишани наредби, од Правилникот произлегува дека тие се должни во секое време да бидат на „готовс“. Имено, во член 6 од овој Правнилнк дословно е напишано дека припадникот на „Тигрите“ може во секое време да биде повикан на работа преку дежурната служба на ЕСЗ и во најкраток можен рок што ќе го определи повикувачот да се јави на работното место.
Според професорката Фросина Ташевска-Ременски од Факултетот за безбедност, постојат неколку објективни проблеми во функционирањето на ЕСЗ „Тигар“ и на Единицата за брзо распоредување.
„Прво, тоа е реалната бројка на полициски службеници со кои командуваат старешините наспроти формалната бројка (со решение за распоредување во ЕСЗ, ЕБР), кои фиктивно фигурираат на работно место во овие единици, а извршуваат сосема други задачи“, вели Ременски.
За неа е спорен и начинот на регрутација и селекција на кадрите од аспект на транспарентност и законитост на постапката за вработување и распоредување на работно место во единиците со посебни, специјални задачи. А, во исто време и соодветноста и компетентноста на кадрите во смисла на нивна соодветна наобразба и компетенции за примена на полициските овластувања.
Таа смета дека за нивно нормално функционирање е потребен и континуиран тренинг, контрола и мониторинг на процесот на развој на професионалната етика во постапувањето на припадниците на овие единици. „Една од слабостите е и неможноста за соодветна хиерархиска контрола, надзор и стварно (објективно) командување заради претходно наведените проблеми“, додава професорката.