|
| | Kamov Ka-50/52 | |
|
+6Legija91 Momak od Gjorce Зоран SIG su50fighter Mrshajnoski 10 posters | |
Автор | Порака |
---|
Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Kamov Ka-50/52 2/1/2013, 17:28 | |
| Камов Ка-50 е руски јуришен борбен хеликоптер. Дизајниран преку 15 години од страна на Kamov company, овој хеликоптер служи во руската армија од 1995 година. Со колапс на Советскиот Сојуз овој модел не успева да биде произведен во големи бројки, иако го надминува својот ривал Mil Mi-28 буквално во сите тестови во конкурсот за нареден јуришен хеликоптер на црвената армија. Машината била замислена како мала, брза и агилна, а дизајнирана да биде издржлива и смртоносна. Стручњаците веруваат дека има супериорни летачки карактеристики споредени со останатите слични летала од советскиот арсенал, меѓутоа инфериорна авионика споредена со конкурентите од западниот свет: AH-64 Apache и Eurocopter Tiger како главни противници. Ова се должи на фактот што за да се добие максимална брзина и агилност, морало да се скрати на тежината и големината, од што, машната станала едносед. Камов по борбите во Авганистан и другите слични воени подрачја, заклучил дека за таквите типични напаѓачки мисии (ниско ниво на лет, појавувачки мети и лансирање на оружје) не е потребно симултано навигирање, маневрирање и пукање, па со добро дизајнирана автоматска подршка еден пилот може да ја изврши целосно мисијата сам. Како и други хеликоптери на Камов, и овој е направен со карактеристички контра-ротирачки роторен систем, кој ја елиминира потребата од мотор опашката, со што директно ги подобрува акробатските квалитети, со поставеноста на брзините во предниот дел (наместо во задниот, што одамна е докажано уште од Виетнам дека ваквата поставеност е смртоносна од напади од земја) прави хеликоптерот да биде мала и тешка мета на оган од земја. Консрукцијата на роторниот систем е направена да издржи погодоци од 23 милиметарска муниција како и останатите витални делови од овој хеликоптер. Во јануари 2001, Ка-50 за прв пат се најде во борбена операција, пукајќи на непријателски позиции во Чеченија. Подоцна ќе изврши повеќе мисии во борбената зона, но не колку побројниот Mil Mi-24 кој е подобро опремен за герилски тип на операции. Овој хеликоптер е првиот кој е опремен со исфрлувачко седиште. Секунди пред да се запали ракетата во седиштето К-37-800, роторните лопатки се исфрлаат од експлозивно полнење во роторниот диск и кабината се исфрла. Исто така постои и двосед верзија назначена како Kamov Ka-52 или "Alligator". Гласините велат дека дел е развиен за специјални операции, а дел од последиците на сомнеж од страна на купувачите поради концептот на еден пилот развиен од Камов. | |
| | | su50fighter
Број на мислења : 144
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 15/3/2013, 12:38 | |
| Moже ли некој да каже кои се шансите Македонија да купи Ка 50? | |
| | | SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 15/3/2013, 13:38 | |
| Исклучително мали, Ка-50 е многу скап хеликоптер...попрво би зеле Ми-28 отколку Ка-50 или 52, башка многу е посложен за одржување... | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 15/3/2013, 14:17 | |
| - Frogfoot напиша:
- Исклучително мали, Ка-50 е многу скап хеликоптер...попрво би зеле Ми-28 отколку Ка-50 или 52, башка многу е посложен за одржување...
Ka-50 ne se proizveduva poveke. | |
| | | Mrshajnoski
Број на мислења : 237
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 16/3/2013, 01:52 | |
| KA50 i 52 NESMEAT DA SE IZVEZUAVAAT OD RUSIJA | |
| | | su50fighter
Број на мислења : 144
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 16/3/2013, 02:03 | |
| е арно де, па Русите пред години им ги нудеа на Турците заедно со Израелците на тендерот за нов борбен турски хеликоптер кога победе италијанскиот Мангуста, од кога пак сега не смее да се изнесуваат. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6108
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 16/3/2013, 02:11 | |
| Точно, имаше една макета, незнам дали ја имам во огромната архива на слики, ама мислам дека ја имам и ќе ја побарам, да го видите каков би требало да биде турскиот Ка-50 , Но беше поразличен од оригиналниот руски, а зошто незнам, можеби некој од колегите знае. Инаку има една поговорка за Камов... а се вика „Мил„ е за масата, а „Камов„ за класата..така да..Мил е за држави ко нас, додека за некој побогати..Камов. | |
| | | su50fighter
Број на мислења : 144
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 16/3/2013, 02:19 | |
| е то де мали зато и прашував. па и Македонија е мала територија, добри се за диверзантски акции, за нашите специјалци како подршка, хм.. и јас ги мислев мали ама ако ги споредиш димезиите според Wikipedia разликата во должина е 1 метар. Ми 28 е 17 м а Ка 50 е 16 м , дијаметар на роторите е 14 Ка 50 а 17 Ми 28 така да не е многу помал за воља на вистината. А Ми 28 Русите го викаат фронтовски и колку шо разбирам јас тој е за подршка на тенковски единици а ние баш и немаме многу тенкој - засега | |
| | | su50fighter
Број на мислења : 144
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 16/3/2013, 02:23 | |
| тој шо го нудеа на турците беше со Израелска електроника и пилотот и операторот седеа еден зад друг како кај Ми 28, Апач.Искрено беше погрд од другите. Беше отфрлен во првата фаза зошто беше најскап мислам заедно со Апачот. Да коку шо гледам околу 20 милиони долари. Хм шо велиш за класата, добро сега ние не купуваме други работи па би можеле Ка 50 да купиме. А за то дека не се произведува мислам дека уште Русите го произведват за нивните десантни бродови, а и за оние шо ги купија од Французите. туку пусти пари..... | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 16/3/2013, 11:42 | |
| - su50fighter напиша:
- тој шо го нудеа на турците беше со Израелска електроника и пилотот и операторот седеа еден зад друг како кај Ми 28, Апач.Искрено беше погрд од другите. Беше отфрлен во првата фаза зошто беше најскап мислам заедно со Апачот. Да коку шо гледам околу 20 милиони долари. Хм шо велиш за класата, добро сега ние не купуваме други работи па би можеле Ка 50 да купиме. А за то дека не се произведува мислам дека уште Русите го произведват за нивните десантни бродови, а и за оние шо ги купија од Французите. туку пусти пари.....
Според некој шпекулаации Ајкулата била нај добар одбиена од политчки причини Нато членка не смее да е зависна од Руски Хардвер. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Kamov Ka-50/52 | |
| |
| | | | Kamov Ka-50/52 | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|