Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty14/10/2011, 17:29

Примопредавање на донација од Република Турција за АРМ

Денес, во Техничко-ремонтниот центар во Скопје, се одржа церемонија по повод примопредавање на средства, во вредност од 900.000 американски долари, донирани од Република Турција наменети за опремување на АРМ.

Амбасадорот на Република Турција, Ѓурол Сокменсуер, во Република Македонија, во својот говор истакна дека соработката во областа на одбраната, во рамките на одличните пријателски односи помеѓу Турција и Македонија, претставува една од најразвиените области во рамките на нашите билатерални односи. До денес помеѓу овие две земји се потпишани вкупно 22 воени договори.

Воената соработка помеѓу двете земји се интензивира особено во областа на школувањето и обуката и во областа на донациите. Од 1998 година па до денес, 82 припадници на АРМ се школувале на Воената академија, воената школа, Воено-медицинската академија и разните родовски школи. Исто така голем број припадници завршиле разни обуки во Центрите за обуки. Од 1998 година до денес, вкупниот износ на донациите од Република Турција, заедно со денешната, направени со цел да и се даде подршка на АРМ, ја надминува цифрата од 16 000 000 американски долари. До крајот на оваа година предвидено е да се потпише уште еден воен договор во висина од 1 350 000 американски долари.

„Јас, како амбасадор на Република Турција, сакам да потенцирам дека на секое ниво и во сè поголем интензитет ќе продолжи сегашната подршка на нашата земја за зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО“ – додаде амбасадорот на Република Турција во Република Македонија.

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими истакна дека му претставува особена чест и задоволство што присуствува на овој настан со нашите пријатели од Република Турција. Тој додаде дека овие две земји имаат одлична соработка од осамостојувањето на Република Македонија, кога Турција уште од првите денови ја даде својата подршка за Македонија, за нејзиниот развој, за развојот на демократијата и економскиот просперитет.

„Турција, како земја членка на НАТО, исто така ја дава својата подршка за идното членство на Република Македонија во оваа алијанса. Подршката на еден пријател значи многу повеќе од пари“ – истакна министерот. Тој додаде дека многу припадници на АРМ имале чест да се школуваат во престижни воени училишта со висок професионализам.

На крајот од својот говор, министерот Бесими, во името на Министерството за одбрана и на АРМ, им се заблагодари на амбасадорот, на Генералштабот и на Владата на Република Турција за подршката што постојано ја даваат на Република Македонија.


АРМ - новости - Page 5 38503015

АРМ - новости - Page 5 80769307

АРМ - новости - Page 5 69110514

АРМ - новости - Page 5 35757841

АРМ - новости - Page 5 92679671

АРМ - новости - Page 5 IMG_4757

АРМ - новости - Page 5 29900780

АРМ - новости - Page 5 51915818

АРМ - новости - Page 5 41783786

АРМ - новости - Page 5 80712995


http://www.morm.gov.mk/morm/mk/pr/news/primopredavanje-na-turska-donacija.html
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty14/10/2011, 20:34

Навистина прекрасно!!! :cheers: :cheers: :cheers:

Едвај чекам да видам од што ке се состои донацијата за Волците! :pirat:

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty17/10/2011, 22:43

Македонија, Н.Е. Скендер Дурмиши
Министерот за одбрана Фатмир Бесими оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, Н.Е. Скендер Дурмиши

17/10/2011

Денес, министерот за одбрана на Република Македонија, г. Фатмир Бесими во просториите на министерството за одбрана оствари средба со Амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, Н.Е. Скендер Дурмиши.

На средбата беше потврдена одличната соработка од областа на одбраната меѓу двете земји, а истовремено беше изразена подготвеноста на Министерството за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија за поддршка во јакнењето на одбранбените институции на Република Косово преку пренесување на искуствата во одбранбените реформи и изработката на стратегиските документи, како и подготвеност за ставање на располагање на нашите национални капацитети кои ги имаме понудено во регионален контекст (Воено медицинскиот центар, Полигонот Криволак, Регионалниот центар за медиуми и комуникации).

На средбата беше дискутирано за претстојната посета на Министерот на Косовските безбедносни сили, г. Агим Чеку, на Република Македонија, планирана на 21. октомври 2011 г. која ќе биде искористена за јакнење на соработката и довербата помеѓу двете соседски земји, како и за понатамошно продлабочување на воспоставените билатерални релации во делот на одбраната.

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=mo-besimi-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-republika-kosovo-durmisi&lang=mk

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty18/10/2011, 11:46

Министерството за Одбрана доби нов веб сајт...
http://www.morm.gov.mk/portal/?lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty18/10/2011, 14:16

Да,сајтот е навистина добар!

Се работи... Twisted Evil

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty20/10/2011, 00:54

МИНИСТРИТЕ ПОПОСКИ И БЕСИМИ НА СОСТАНОК СО СЕВЕРНО-АТЛАНТСКИОТ СОВЕТ ВО БРИСЕЛ

Денес, во седиштето на НАТО во Брисел, делегација на Република Македонија, предводена од министрите за надворешни работи и одбрана, Никола Попоски и Фатмир Бесими, учествуваше на состанок со Северно-атлантскиот совет.

АРМ - новости - Page 5 IMG_6937

Во своите обраќања пред амбасадорите на 28-те земји членки на НАТО, Министрите Попоски и Бесими говореа за постигнатите резултати во рамките на политичките, економски и одбранбени реформски процеси во Република Македонија, воедно реафирмирајќи ја цврстата определба на земјата, како рамноправен партнер да ги споделува заедничките вредности и одговорности на Алијансата.

Земјите членки на Алијансата позитивно ја оценија имплементацијата на дванаесетиот циклус од Акциониот план за членство и на задачите содржани во Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за периодот 2010-2011 година. Притоа, особено ја истакнаа активната контрибуција на Република Македонија во зачувувањето на регионалниот и глобален мир и стабилност, преку учеството во меѓународните мисии и операции предводени од НАТО и другите меѓународни организации.

Амбасадорите на земјите-членки изразија интерес за процесот за надминување на разликите со Грција околу името, како последна пречка за наше полноправно членство во НАТО. Во овој контекст, Министерот Попоски истакна дека Република Македонија постојано ја демонстрира подготвеноста за изнаоѓање заеднички прифатливо решение, изразувајќи уверување дека тоа е можно во колку и двете страни на ова прашање му приоѓаат на прагматичен начин, во согласност со меѓународните принципи. Притоа, подвлече дека Република Македонија ќе продолжи да биде позитивно ангажирана преку конструктивно учество во разговорите под покровителство на ОН, како и во воспоставениот директен дијалог на највисоко ниво.

Министерот Бесими истакна дека членството во НАТО останува врвен стратешки приоритет за Република Македонија, што е исклучително важно за мирот, стабилноста и идниот развој на Република Македонија и регионот во целина. Притоа министерот Бесими подвлече дека ќе продолжат одбранбените реформи и значајниот придонес на Република Македонија кон регионалната и глобална безбедност, придобивка која беше истакната како исклучитлно позитивна од страна на Амбасадорите на земјите членки на НАТО.

Министрите Попоски и Бесими остварија кратка средба со Заменикот-Генерален Секретар на НАТО – Клаудио Бисонјеро, а на покана на Амбасадорот на Холандија во НАТО, имаа и работен ручек со поголем број амбасадори на земји-членки на Алијансата.

Се очекува во текот на денот Министерот Попоски да оствари и средби со неколку пратеници во Европскиот парламент.

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministrite-poposki-i-besimi-na-sostanok-vo-so-severnoatlantskiot-sovet-vo-brisel&lang=mk

Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty20/10/2011, 23:40

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денес во просториите на министерството оствари средба со Амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. Мариет Шурман.

Во текот на средбата се разговараше за одличната билатералната соработка која пред се претставува одраз на добрите политички односи помеѓу двете земји.

Од страна на Амбасадорката беше истакната поддршката за евроатланските процеси на Република Македонија во кои процеси Кралството Холандија има посебна улога бидејќи Амбасадата на Кралството Холандија ја има функцијата на НАТО контакт Амбасада за Република Македонија.

Министерот за одбрана посебно се осврна на успешниот состанок со Северно-атлантскиот совет кој се одржа на 19. октомври 2011 во Брисел при што земјите членки на Алијансата позитивно ја оцениле имплементацијата на дванаесеттиот циклус од Акциониот план за членство и на задачите содржани во Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за периодот 2010-2011 година. Притоа министерот Бесими подвлече дека ќе продолжат одбранбените реформи и значајниот придонес на Република Македонија кон регионалната и глобална безбедност, придобивка која беше истакната како исклучитлно позитивна од страна на Амбасадорите на земјите членки на НАТО.

Министерот Бесими и Амбасадорката Шурман разменија мислења и за актуелните политички случувања во регионот истовремено потврдувајќи го заедничкиот став дека заемна доверба и соработка се единствениот пат кон успех и просперитет.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty21/10/2011, 17:57

Министерот на Косовските Безбедносни Сили во посета на Република Македонија

Министерот за одбрана на Република Македонија, г-дин Фатмир Бесими, денес оствари билатерална средба со својот колега Министерот на Косовските Безбедносни Сили, г-дин Агим Чеку.

Средбата беше искористена за јакнење на соработката и довербата помеѓу двете соседски земји, како и за понатамошно продлабочување на воспоставените билатерални релации во делот на одбраната. Воедно, за време на средбата беа разменети мислења во однос на политичко-безбедносната ситуација во регионот, чија што стабилност за двете земји е од приоритетен интерес.

Во рамките на официјалната посета, министерот Агим Чеку оствари средба и со Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески.

По средбата, Министерот за одбрана, г-дин Фатмир Бесими изјави дека му претставува чест што остварил средба со неговиот колега Агим Чеку и додаде дека Република Македонија и Република Косово имаат одлична соработка и се две пријателски земји. Двајцата министри разговарале како за досегашната, така и за понатамошна соработка во областа на одбраната. „Основа на нашата идна соработка и пријателство е градење на меѓусебна доверба врз основа на конкретни проекти за соработка и градење на стабилни односи за стабилен и развиен регион, и да бидеме модел за останатиот дел од регионот како треба да изгледа соработката и развојот на регионот во иднина“ – истакна министерот Бесими и кажа дека заедничка цел на овие две земји се Евроатланските интеграции, членството во НАТО и ЕУ, и во тој поглед ќе продолжи соработката. Конкретни теми во областа на билатералната соработка се размена на искуства и можноста Република Македонија да ја подржи Република Косово со обуки во Воено-медицинскиот центар, Регионалниот тренинг центар за коминикација, Воена академија, како и полигонот за вежби Криволак. Министерот Бесими додаде дека во областа на регионална соработка Република Македонија ќе ја подржи Република Косово во сите регионални иницијативи.

Министерот на Косовските Безбедносни Сили, г-дин Агим Чеку изјави дека оваа посета е еден чекор понатака во продлабочување на одличните односи кои што ги има меѓу овие две земји. „Посетите на министрите секогаш треба да завршат со конкретни постапки, со конкретни дела, коишто навистина ќе придонесат за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Токму таков беше резултатот на оваа наша средба“ – додаде министерот Чеку. Тој ги информирал Министерот за одбрана и НГШ за развојот на косовските безбедносни сили, за визијата што ја имаат за во иднина и за целите што ги поставиле пред себе за постигнување на оваа визија. „Побарав и добив подршка од Министерот и од останатите членови на делегацијата дека ќе го дадат можниот придонес за Република Косово да го заземе местото што и припаѓа во регионалните иницијативи, меѓутоа притоа да ги сноси и одговорностите коишто доаѓаат со тоа членство“ – истакна министерот Агим Чеку. Тој додаде дека на 3 ноември ќе организираат Меѓународна конференција, неформална, на која ќе бидат присутни министрите за одбрана од регионот и е среќен што Министерот за одбрана Фатмир Бесими го потврди своето присуство. На крајот министерот Чеку изјави дека оваа заедничка соработка не е само за доброто на овие две министерства и на овие две држави, туку за доброто на целиот регион.

АРМ - новости - Page 5 Sredba-besimi-cheku_image2

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-na-kosovskite-besbednosni-sili-vo-poseta-na-makedonija&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty22/10/2011, 00:15

Некако со косовариве си имаме муабет...секој втор ден на кафенце! Evil or Very Mad

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty22/10/2011, 13:49

AlexGreat напиша:
Некако со косовариве си имаме муабет...секој втор ден на кафенце! Evil or Very Mad

Колку што е лошо,толку е и добро... Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 5 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 52 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: