|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/9/2011, 17:34 | |
| Средба на началниците на ГШ на армиите на Македонија и на СловенијаСоработката на македонската и словенечката армија, како и можностите за нејзино проширување, биле тема на денешата средба на началниците на генералштабовите на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Горанчо Котески и на Вооружените сили на Република Словенија генерал-мајор Алојз Штеинер. На средбата како што информира на прес-конференција Котески, покрај разгледувањето на планот за билатерална соработка во 2012 година разговарале и за критериумите и начинот на оценување на декларираните единици кои учествуваа во НАТО мировните операции, како и операциите предводени од Европската унија. Добрата соработка меѓу двете армии, според него, ја покажува и билатералната воена вежба „Предизвик 2011“ која утре ќе почне на армискиот полигон „Криволак“. - Армијата на Република Словенија ќе продолжи да биде наш промотор и во користење на полигонот Криволак како Регионален центар за обука и центар за обука на останатите членки на НАТО алијансата. Силната поддршка за полноправно членство во НАТО и ЕУ кои Република Македонија ја добива од Словенија ја обврзува одличната соработка меѓу двете армии да продолжи и во иднина, истакна Котески. Неговиот словенечки колега Штеинер нагласи дека соработката меѓу двете армии трае 15 години и, според него, тоа не претставува само продавање на идеи и модели кои ги има словенечката војска, туку соработка од која можат двете страни да научат. - Заклучивме дека и двете војски имаат исти предизвици, меѓу другото тоа е модернизацијата на армиите и се надевам дека во иднина и двете војски ќе ги имаат потребните ресурси за оваа цел, додаде Штеинер. Во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија, генерал Штеинер денеска ќе се сретне и со министерот за одбрана Фатмир Бесими. http://www.morm.gov.mk/morm/mk/pr/news/sredba-na-nacalnicite-na-gs-na-slovenija-i-makedonija.html | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/9/2011, 01:31 | |
| Ако не излезат добри слики од оваа вежба од никоја нема да излезат! ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/9/2011, 16:25 | |
| Ден на високи гости на вежбата „Предизвик 2011“„Армијата на Република Македонија е подготвена да го покаже највисокиот професионализам и да го даде својот придонес кон глобалниот мир. Денес на „Криволак“ имавме прилика да видиме вежба која се одвиваше според стандардите на НАТО, вежба на која припадниците на двете армии покажа извонредни резултати“, истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими кој денес присуствуваше на денот за високи гости, во рамките на билатералната воена вежба „Предизвик 2011“ на која од 24 септември учествуваат припадниците на Армијата на Република Македонија и на Вооружените сили на Република Словенија. Министерот Бесими истовремено додаде дека „ова е една можност Република Македонија да го промовира „Криволак“ како центар кој може да се користи и од земјите-членки на алијансата што е еден дополнителен придонес кој Република Македонија може да го даде во рамките на НАТО.“ Во текот на денешната вежба беше извршено гаѓање на цели во воздушниот простор со лесен преносен ракетен систем „Игла“, бомбардирање со борбени авиони „PC-9M“ на словенечката армија и ракетирање со борбени хеликоптери „Ми-24“ на ВИНГ-от на АРМ. Баталјонот за противвоздушна одбрана и ВИНГ-от на АРМ заедно со припадниците на бригадата за воено воздухопловство и ПВО на вооружените сили на Словенија покажаа развиени вештини, знаења како и висока обученост и професионализам. Во тој контекст, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајорот Горанчо Котески им честиташе на двете армии и додаде дека вежбата е успешна, а резултатите се одлични, факт кој покажува дека „припадниците на АРМ ја докажаа својата подготвеност заедно со припадниците на армиите на земјите членки на НАТО да изведуваат боеви вежби кои практично ги применуваат и при изведување на борбени операции и во мировните мисии“. На денот на високи гости на АП „Криволак“ присуствуваа и заменик-командантот на ЗОК, бригадниот генерал Киро Галазовски, началникот на Штабот на командата на силите на ВС на Словенија, бригадниот генерал Војтех Михевц, акредитирани воени аташеи во Република Македонија и високи претставници на МО и на АРМ. Вежбата ,,Предизвик 2011“ е трета по ред од ваков вид која заедно ја изведуваат припадниците на АРМ и Вооружените сили на Република Словенија. На неа деновиве беа реализирани и сложени гаѓања со борбени авиони, со ракетни системи за ПВО и со борбени хеликоптери, потоа обука на тренажери, но и, за прв пат, заедничка обука за контрола на воздушниот простор и наведување. Овој проект претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка помеѓу Република Македонија и Словенија. http://www.morm.gov.mk/morm/mk/pr/news/ ... -2011.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/10/2011, 16:35 | |
| Бесими: Членството во НАТО останува врвен приоритет за МакедонијаМинистерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими на денешниот состанок на Северно-атлантскиот совет со земјите кои не се членки на НАТО, а учествуват во мисијата ИСАФ во Авганистан, потенцира дека членството во Алијансата и понатаму останува врвен приоритет на Владата, исто како и придонесот на припадниците на АРМ во мировните мисии. На средбата со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен, јави дописникот на МИА од Брисел, Бесими го потенцирал значењето за полноправно членство во НАТО и нашите очекувања на престојниот самит на Алијансата, што треба да се одржи во Чикаго, во мај следната година. Македонскиот министер за одбрана изјави дека од страна на своите НАТО колеги добил поддршка за спроведените реформи, но и укажување дека нашите очекувања од Самитот во Чикаго ќе зависат и од други аспекти кои не се директно поврзани со одбраната. На маргините на состанокот на НАЦ со ИСАФ придонесувачите, министерот Бесими оствари средби и со норвешкиот министер за одбрана Грете Фаремо, со министрите за одбрана на Германија и на Франција, Томаз Де Маизер и Зерард Лонгеут, како и со американскиот адмирал одговорен за мировните мисии Џејмс Старвидис. - На сите средби е потенцирано исклучително признание за учеството на Македонија во мировните мисии, со посебен акцент на одбраната на НАТО базата во Кабул, изјави министерот Бесими. http://www.morm.gov.mk/morm/mk/pr/news/mo-besimi-vo-brisel.html | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/10/2011, 22:19 | |
| Кој е овој од лево? ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/10/2011, 13:01 | |
| Свечена заклетва на 41 питомец во Воената академија „Генерал Михауло Апостолски“ во СкопјеВо Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска третата генерација од 41 питомец од првиот циклус студии во учебната 2011-2012 година дадоа свечена заклетва. Министерот за одбрана Фатмир Бесими им посака успех на младите питомци и изрази задоволство од структурата на новата генерација питомци, која ја изразува мултиетничката структура на Република Македонија, базирана врз основа на квалитет и професионализам. - Знаењето е главното оружје за одбрана, мир и успех. Знаењето и слободата одат рамо до рамо, е пораката што им ја упати на питомците Бесими, охрабрувајќи ги идните млади генерации што повеќе да аплицираат за да се создаде се повисок квалитет, како исклучително важно за развојот на АРМ. Тој информира дека од вкупниот број, 31 питомец се за потребите на АРМ и по пет за потребите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Годинава, на Воената академија во Скопје се запишани и четворица питомци од Црна Гора. Од наредната година, најави министерот Бесими, ќе биде отворена можноста и за сите студенти од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Косово и Албанија, со цел „Генерал Михајло Апостолски“ да стане регионален центар со оглед на квалитетот на наставата што се нуди. - Чест и привилегија е што сме овде. Не очекува голема одговорност, но ќе се трудиме да ја водиме нашата држава напред. Знаеме дека овие четири години ќе бидат напорни и тешки, но ќе вложиме голем труд за да станеме офицери, изјавија питомците Мики Гигов и Абдулах Халили. Кристина Кривокапиќ, питомец од Црна Гора, потенцира дека е горда што ја претставува нејзината држава, иако, како што рече, тоа е голема одговорност и затоа максимално ќе се потруди да го направи тоа на најдобар можен начин. http://www.morm.gov.mk/morm/mk/pr/news/svecena-zakletva-vo-voena-akademija.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/10/2011, 14:33 | |
| МИНИСТЕРОТ И НАЧАЛНИКОТ НА ГШ НА АРМ КОТЕСКИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ КОНТИНГЕНТ ВО АВГАНИСТАНМакедонскиот министер за одбрана заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески денеска пристигнаа во Кабул, Авганистан, јави специјалниот известувач на МИА. Посетата е по повод државниот празник 11 октомври, 20 години од осамостување на Република Македонија, 10-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Бесими истакна дека е е задоволен и горд што на денешните средби со комндантот на ИСАФ, генерал Џон Ален, со заменикот на цивилиниот претставник на НАТО во Авганистан, Ендру Стенфилд и со командантот на регионалната команда Вејси Сунал слушнал најдобри зборови за претставниците на македонската армија. - На денешниот состанок со генерал Алан разговаравме и за идната соработка и за понатамошната поддршка и преку ИСАФ мисијата за обезбедиме стабилен мир во Авганистан, како и за нови форми на поддршка на НАТО и на Македонија, наведе македонскиот министер за одбрана. Бесими истакна дека македонските војници ќе бидат вклучени и во нови форми на поддршка пред се во обуки и треннизи „со цел да го дадеме нашиот придонесе за она што е стратешка определба на Република Македонија - придонес кон глобалниот мир“. - Македонија заедно и подеднакво со сите други земји-членки на НАТО го дава својот придонес за мирот и стабилноста во светот. Македонија ги исполнува стандардите за да стане членка на НАТО, посочи Бесими. Началникот на Генералштабот на АРМ, Котески чеситајќи им го денешниот празник 11 октомври на македонските војници истакна оти верува дека успешно ќе ја завршат својата мисија. - Врз база на моите согледувања и со разговорите што денеска ги имавме со високите претставници на НАТО давам оценка дека македонските војници успешно ја обезбедуваат ИСАФ базата во Кабул. Психофизичката и здравената состојба на нашите војници е добро и успешно ќе ги извршат редовните и борбените задачи, наведе Котески. Командантот на ИСАФ, генерал Ален наведе дека ги цени и е среќен што македонските мировници се дел од ИСАФ. - По 13 септември се уверивме дека македонската армија стои рамо до рамо со големите сили. Македонските војници се важен дел од ИСАФ и се одлични и храбри војници. Горд сум на нив, денот ми почнува ракувајќи се со македонски војници, а исто така и ми завршува. Тие добро ја претставуваат својата земја, истакна Алан. http://www.morm.gov.mk/morm/mk/pr/news/MO-Besimi-i-NGS-Koteski-vo-Avganistan.html | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/10/2011, 00:07 | |
| Ај погоди зошто нема панцир Бесими? ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/10/2011, 12:32 | |
| - AlexGreat напиша:
- Ај погоди зошто нема панцир Бесими?
Па никој нема панцир... :o | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/10/2011, 12:23 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- AlexGreat напиша:
- Ај погоди зошто нема панцир Бесими?
Па никој нема панцир... :o Кога Коњановски одеше,одеше со панцир и шлем,има неколку слики,на овој кога би му ставиле панцир би му пукнала кичмата..види го какво џуџе е,закржлаено ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|