|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/9/2012, 10:58 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/9/2012, 11:34 | |
| Билатерална вежба „Предизвик 2012“Деновиве по повод вежбата „Предизвик 2012“ во работна посета на АРМ, претстојува тричлена воена делегација- инструктори од вооружените сили на Република Словенија. Вежбата “Предизвик 2012“ е петта по ред од ваков вид која заедно ја изведуваат припадници на АРМ од баталјонот за противвоздушна одбрана од воздухопловната бригада и 9. баталјонот за противвоздушна одбрана од вооружените сили на Република Словенија. Практичниот дел односно тренажирањето на симулаторите, како претходен дел пред кој мора да се заврши пред реализацијата на самата вежба започна на 03.09.2012 година и ќе трае се до 20.09.2012 година. По завршувањето на обуката на симулаторите следува стационарно логорување на АП Криволак кога и започнува самата вежба “Предизвик 2012“. На ден 25.09.2012 година (вторник) од страна на раководството на билатералната вежба “Предизвик 2012“ е планирано да се одржи Ден за високи гости, кога припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана ќе ја покажат својата обученост. Заокружувањето на овој проект претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка на АРМ и ВС на Р. Словенија, но и најдобар начин за промоција на можностите и капацитетите на АП Криволак пред останатите армии – членки на НАТО. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=bilateralna-vezba-%E2%80%9Epredizvik-2012%E2%80%9C&lang=mk
Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 20/9/2012, 11:58. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/9/2012, 12:04 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/9/2012, 12:10 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/9/2012, 11:42 | |
| Во вторникот во многу комплицирани услови, осумнаесет членови на хрватската армија успеале да ги спасат нивните балкански колеги по оружје од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија кога терористите ја нападнале воената база крај Кабул, Авганистан. Двајца загинале во нападот, а неколкумина се повредени, пренесува „Јутарњи лист“. Се претпоставува дека цел на терористите бил принцот Хари што во тој момент бил во базата, но тој не е повреден.
Од македонското МНР велат дека засега немаат информации за идентитетот на еден од повредените за кој се тврди дека е од Куманово.
Весникот „Јутарњи лист“ пишува дека сè започнало во вторникот наутро кога 38 припадници на воената полиција во составот на „Балкански воени сили” требало да пренесат колеги од воена база Џулиен до американската воена база надвор од авганистанскиот главен град. При нападот, хрватските пилоти позајмиле хеликоптер од Авганистанците и извлекле од воена база во Кабул, 38 војници, Хрвати, Македонци, Босанци, Црногорци и Албанци. Ова се случило откако силите на САД процениле дека е премногу ризично да ги ангажираат своите хеликоптери за да ги транспортираат војниците од базата во која биле речиси како во затвор.
Исклучително напната безбедносна ситуација владее во Авганистан деновиве поради протести на локалното население против филмот „Невиноста на муслиманите” и членови на меѓународни сили и нивните бази се постојана цел на терористички напади. Затоа, команда на НАТО во Кабул издадени безбедносни мерки на највисоко можно ниво. Да се заштитат од можни напади, патроли на улиците на Кабул има во исклучително мал број. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/9/2012, 12:12 | |
| Кај нас нема потврда на ваквата вест. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/9/2012, 12:45 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/9/2012, 15:29 | |
| Поциус-Котески: Литванија цврсто ги поддржува аспирациите на Македонија за членство во НАТО Скопје, 18 септември 2012 (МИА) - Интензивирање на соработката и операционализација на Договорот за одбранбена соработка, зголемување на можностите за обучување на високи штабни официри на Балтичкиот одбранбен колеџ, како и размената на искуства од мировните мисии, беа темите во фокусот на денешните разговори на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески со началникот на ГШ на вооружените сили на Република Литванија, Арвидас Поциус, кој е во официјална посета на Република Македонија и АРМ. - Разговаравме и за моделот за заштита на воздушниот простор, односно за моделот што го користат Балтичките земји, прашање кое е многу значајно и за Република Македонија, изјави по средбата со Поциус, чија посета е прва од овој ранг од осамостојувањето на Македонија, началникот на ГШ на АРМ, Котески. На средбата со министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот Поциус потврдил дека Литванија цврсто ги поддржува аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО и изразил задоволство од, како што нагласи, од големиот напредок што земјава го има постигнато со имплементацијата на широк спектар воени реформи. - Се надевам дека споровите кои ја попречуваат одлуката за членство во НАТО наскоро ќе бидат надминати, изјави началникот на ГШ на вооружените сили на Литванија, Поциус, укажувајќи меѓу другото дека Литванија чекала 10 години за позитивна одлука за членство во Алијансата. Тој како исклучително важно го посочи фактот дека Македонија е четврти најголем придонесувач по глава на жител во меѓународните мировни операции. Информирајќи оти литванските војници се активно инволвирани во мировни мисии во овој регион и тоа од 1994 година во рамки на ОН и од 1999 - 2000 година во КФОР, началникот Поциус, истакна дека имаат и понатаму интерес, подвлече, овој Регион да биде безбеден и просперитетен. Началникот на ГШ на вооружените сили на Република Литванија, Арвидас Поциу упати покана до началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Котески да ја посети Литванија во пролет 2013 година. цр/паг/12:40 http://www.mia.com.mk/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/9/2012, 17:22 | |
| Потполковник погоден од куршум, додека стоел на терасата на Домот на АРМ Заталкан куршум го погодил потполковникот Р.М.(41), додека стоел на терасата на Домот на АРМ во Скопје, соопшти полицијата. Инцидентот се случил вчера, кога потполковникот бил погоден од заталкан куршум во пределот на рамото, по што куршумот паднал на плочникот. Р.М. е прегледан во ГОБ-Скопје, при што е констатирано нагмечување и модринка. http://www.sky.mk/ ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/9/2012, 18:03 | |
| И пак ќе кажам, видете го Литванецов, на лева страна одличја со беретка праб генерал, нашиов началник во споредба со него личи на офицер. Најголем парадокс на лева страна носи беџ од НАТО ова као деца коа збиравме беџови и ги закачувавме по блузи, а бре акни тоа одличјата стави беретка, облечи официрски чизми со висок струк да видиш кој друг впечаток ќе го остави!!! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|