Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 50, 51, 52 ... 75 ... 100  Next
АвторПорака
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty29/8/2012, 20:02

Епа сепак ќе има последици за тие идиоти кои се поклонија,денес го слушав Ѓорѓе а и Емил Димитриев кажа што е и како е.
Во најмала рака ќе летаат од работа, конечно се свестуваме дека со ќутење ништо не бива, ќе се навратам на еден човек од историјата:
Војна не се добива со повлекување, туку со борба без разлика какви се условите!!!!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty30/8/2012, 21:49

АРМ - новости - Page 51 314917_10151172736200100_463093920_n
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty31/8/2012, 19:11

„ВЕСТ“: ДУИ ја развласти ВМРО за ОНА

Ми­нис­те­рот за одбрана Фатмир Бесими неделава му ги одзел надлежностите на др­жав­ни­от секретар Петар Есмеров во делот на водење дисциплинска постапка про­тив вработените на ова министерство, објави „Вест“.
Вак­во решение министерот Бесими донел во обид да ги земе под заштита офи­це­ри­те и војниците на АРМ, против кои државниот секретар Есмеров повел дис­цип­лин­ска постапка поради оддавањето на почит на загинатите припадници на ОНА во Слупчане.
Од Министерството за одбрана, официјално, ниту потврдуваат ниту ја негираат ин­фор­ма­ци­ја­та дека Бесими го развластил државниот секретар, но истакнуваат оти си­те одлуки на министерот Бесими се законски. Тие објаснуваат дека, според пос­тој­ни­те закони, министерот одговара за работата на ресорот кој го води.
Инаку, досега, со решение од претходниот министер, за водење дисциплинска постапка бил овластен др­жав­ни­от секретар.
Според извори на весникот во Одбрана, Бесими го развластил Есмеров затоа што, без не­го­во знаење, повел постапка против униформираните лица што се поклонија во Слупчан и не се согласувал со државниот секретар дека офи­це­ри­те сносат каква било одговорност затоа што биле дел од неговата прид­руж­ба.
Од­го­вор­ност за офицерите на АРМ, по појавувањето во Слупчане, побара прет­се­да­те­лот Ѓорге Иванов, како врховен командант на вооружените сили, а заменик - ми­нис­те­рот за одбрана Емил Димитриев вети дека тие ќе бидат казнети за нив­ни­те постапки.
http://www.plusinfo.mk/vest/54712/VEST-DUI-ja-razvlasti-VMRO-za-ONA-

Да видиме дали повисоките инстанци ќе си останат на зборот кога станува збор за санкции или се ќе биде како и досега.
После ова треба да има разрешување на шабанов и срамната одлука да се додели МО на шабаниве да се повлече.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty3/9/2012, 15:56

Купувајќи оружје, бетонираме сојузништва со моќни држави

Поради немање пари, Македонија досега главно добиваше донации на оружје и воена опрема - тенкови од Бугарија, хеликоптери од Украина, теренски возила од Германија. Најмногу оружје купувавме од Украина, тенкови, хеликоптери и авиони, и тоа за време на воената 2001, а направивме и стратегиско партнерство со Израел за модернизација на воздухопловите и за центар за обука на пилоти. Доколку ресурсите ни овозможат да купуваме повеќе оружје и воена опрема, освен од моќните земји на НАТО, пред сѐ Германија и Британија, Македонија треба да набавува и од Кина и Русија

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМ ИЛИ ДРЖАВНА СТРАТЕГИЈА

Македонија треба да купи транспортен авион за трупите што одат на мисии во странство, хеликоптери за транспорт и за специјалните единици, нови џипови за командосите и да обезбеди дигитална опрема за пешадијата за проектот „Војник на 21 век“. Ова го посочуваат експерти, кои додаваат дека кога ќе пазариме оружје треба да се гледаат квалитетот, цената, но и државата од која се купува. Практично со земјата од која би купиле оружје сме на пат да воспоставиме поблиски односи и да ја имаме за поддржувач.

Токму на ваков начин Грција со години „купува“ сојузништва од Франција, Германија, па и Русија. Овие држави, од кои дузина се членки на Европската Унија, во текот на последните две години на Грција ѝ продале оружје за повеќе од една милијарда евра. Оваа набавка ѝ помогна на Атина полесно да го добие првиот спасувачки пакет вреден 110 милијарди евра, како и она за што сѐ повеќе се зборува, а тоа е француската политичка наклонетост околу спорот за името со Македонија.

Во досегашната историја на АРМ, Македонија главно добиваше донации на оружје и опрема. Во почетокот тоа беа стотината тенкови Т-55 од Бугарија, а таква е и донацијата на теренските возила од Германија. Од Чешка се купени школските авиони „злин“. За потребите на АРМ за време на конфликтот од 2001 година купени се 34 тенка - Т-72 од Украина, а претходно се набавени и хеликоптери Ми-24, како и четири авиони „сухои 25“, исто така од Украина. АРМ склучи и договор за модернизирање на хеликоптерите со израелската компанија „Елбит“. Воената соработка со Израел треба да продолжи и со воено-пилотската академија.

Експертите нагласуваат дека доколку ограничените финансиски ресурси ни овозможат во иднина да купуваме повеќе оружје и опрема за потребите на АРМ, освен кон моќните земји на Алијансата, кои можат да бидат на наша страна во отворените политички спорови - како што се Германија и Британија, на пример, на чија наклонетост можеме да се надеваме, Македонија треба да купува оружје и воена опрема и од Кина и Русија, кои стануваат сѐ помоќни играчи на глобалната геополитичка сцена.

Купопродажната цена не е секогаш фактор

- Кога една земја купува оружје во поголем обем и вредност, нормално е да добие и воена и политичка наклонетост од оној од кого се набавува - тврди пензионираниот полковник Благоја Марковски.

Аналитичарот смета дека самата економска зделка за ваква набавка е природен спој што на долг рок ги врзува на пример македонската армија, државата од една и од друга страна, одбранбената индустрија од државата од која ќе одлучиме да ги набавиме средствата кои нам ни се потребни.

- Самиот договор за набавка на воени средства подразбира и долгогодишен анекс-договор за нивен сервис. Потребни се и одредени клаузули, кои ќе обезбедат соодветно образование на кадарот што ќе го користи ова оружје, како на пример фактот дека е потребна соодветна обука на воените лица што ќе ги употребуваат новите средства. Оттука се воспоставува рамка за поголема соработка и доверба. Затоа лесно може да се заклучи дека купувањето на овие средства ги зацврстува и пријателските односи меѓу земјите - вели Марковски.

Повеќе пари за АРМ

Марковски објаснува дека во согласност со своите поставени планови, АРМ се движи напред, но сепак потребни се повеќе пари за да ги исполнува своите цели.

- За жал, многу голем дел од опремата се добива со донации. Средствата што се донираат не се секогаш современи, туку има и случаи кога странските држави ни даваат нешто што веќе самите не сакаат да го користат. Тоа дури и психолошки влијае врз војниците. Токму затоа мораме да собереме сили за постојано да се модернизираме - додава Марковски.

Тој смета дека армијата денес е повеќе концентрирана на активности од второстепена важност, како на учеството во странски мисии, односно вклучувањето во борбата против глобалниот тероризам.

- Првостепената задача на АРМ е одбрана на земјата од евентуална агресија. Занемарувањето на оваа обврска може скапо да нѐ чини и можеби треба малку да бидеме загрижени, иако шансите во скоро време навистина да се случи такво нешто се мали - заклучува Марковски.

ПЛАНОВИ

- Ако се обидеме да дефинираме во кој правец сакаме да ни се движи државата, лесно ќе одредиме каде треба да „маршира“ АРМ, а според тоа и лесно ќе заклучиме од која земја и какво оружје нам ни е потребно да купиме - вели универзитетскиот професор Методи Хаџијанев.

Тој истакнува дека ако се движиме кон НАТО, логично е нашето оружје да го купиме од најмоќните држави во оваа алијанса, бидејќи тоа би било компатибилно со нашата државна стратегија.

- Сепак, Македонија мора да размислува паметно во оваа насока и мораме да имаме план Б, ако би набавиле нови воени средства во иднина - вели Хаџијанев. Професорот смета дека, иако имаме аспирации да се приклучиме кон НАТО, во иднина може да имаме многу повеќе пречки отколку што сме ги имале со Грција до сега.

- Кој нам ни гарантира дека во иднина можеби Бугарија нема да се позиционира себеси со свои барања за ние да влеземе во НАТО. Што ако тие би сакале да се одречеме од нашиот јазик и народ? Дали ние по секоја цена би се одрекле и од народот и јазикот и од името на државата само да се приклучиме во сојузот, чија реална моќ рака на срце опаѓа на меѓународен план - вели професорот.

Тогаш, вели соговорникот, водејќи се по оваа логика, можеби треба да размислиме дали не е подобро оружјето да го купиме од Израел, Русија или, пак, од Кина.

Според него, ако знаеме кои ни се најголемите безбедносни закани по државноста, тогаш лесно би знаеле што би требало Македонија да набави.

- Сметам дека нам ни недостигаат борбени возила од сите типови, кои нам ќе ни обезбедат ефективно спроведување на нашата одбранбена доктрина. Овие возила треба да се мобилни, да користат силен прецизен оган и да се лесно адаптибилни за сите намени. Треба да купиме неколку различни класи хеликоптери за најразлични потреби, пред сѐ за транспорт и за уништување на земјени цели и оклопни возила - вели Хаџијанев.

Малку од буџетот на АРМ се троши за модернизација

Експертите објаснуваат дека сепак малку од парите што ги доби АРМ за 2012 година ќе се потрошат за нова и модерна воена опрема и обука.
Од вкупно 100 милиони евра, колку што доби одбраната, дури 85,6 милиони евра ќе се потрошат на оперативни расходи за вработените во Министерството. Што значи дека во најголем дел вишокот пари наредната година, за разлика од годинава што изминува, ќе се трошат за плати, придонеси и други надоместоци, административни трошоци за струја, вода, парно, за гориво и за поправка на службените возила и тн.
На четирите проекти, односно потпрограми наведени во образложението на буџетот за идната година, Министерството за одбрана ќе потроши само 11,8 милиони евра, или нешто повеќе од 10 отсто од својот вкупен буџет.
Се работи за програмата за модернизација на Министерството, која вклучува набавка на информатичка опрема и нејзино вмрежување, која ќе чини околу 160 илјади евра. Потоа опремување и модернизација во АРМ, што вклучува набавка на нови оружени системи и осовременување на постојните, за што ќе се потрошат 5,5 милиони евра.
За интеграцијата во НАТО, која предвидува набавка на нова опрема компатибилна со стандардите на Алијансата, од буџетот на Министерството за одбрана ќе бидат издвоени 4,7 милиони евра.

Со какво оружје и опрема располага АРМ

­Исклучувањето на Република Македонија од ембаргото за увоз и извоз на оружје на Обединетите нации, во 1996 година ја наметна потребата од опремување на АРМ со современо вооружување и воена техника. Во услови на ограничени финансиски можности, Република Македонија во периодот помеѓу 1992 и 2000 година набави одредени количества оружје и воена опрема. Во тој период АРМ проблемот со недостиг на скапо современо оружје и воена опрема го решаваше низ донации и поволни аранжмани од земјите-членки на НАТО и други пријателски држави. Воените судири што ја зафатија Република Македонија пред 11 години ја принудија нашата земја и покрај лошата економска состојба да пристапи кон набавка на сето оружје и воена опрема што недостигаа.
Копнената војска на АРМ денес поседува повеќе од 300 борбени возила: повеќе од 20 тенка Т-55 и Т-72, 11 борбени возила на пешадијата БМП-2, повеќе од 200 оклопни транспортери ТМ-170 хермелин, БТР-70, БТР-80, М-113 и леонидас.
Армиската македонска артилерија може да се пофали со фактот дека поседува повеќецевни ракетно-лансирни системи БМ-21 град (122 мм) и М-63 пламен (128 мм), 108 хаубици Д-30 (122 мм), 36 хаубици М101А1 (105 мм), ридски топови Б-1 (76 мм), бесповлечни топови М-60 (82 мм) и минофрлачи со калибар 60 мм, 82 мм и 120 мм.
Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ поседуваат четири борбени авиони Су-25 (од Украина), 6 школски авиони злин-242Л, 12 борбени хеликоптери Ми-24В/К, 4 борбено-транспортни хеликоптери Ми-8МТ, 3 транспортни хеликоптери Ми-17 и два повеќенаменски хеликоптери УХ-1Х хјуи.
Единиците за противвоздушна одбрана се опремени со мобилни системи за противвоздушна одбрана стрела-10М, преносни системи за противвоздушна одбрана игла-1 и стрела-2М, како и со противавионски топови со калибар од 20 мм и 40 мм.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9312853181&id=9&prilog=0&setIzdanie=22670

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty5/9/2012, 18:12

ПОСЕТА НА АРМ ОД СТРАНА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ТУРСКОТО ВОЕНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

Деновиве во четиридневна работна посета на АРМ, претстојува воена делегација од воздухоплоството на Република Турција.

Во текот на вчерашниот ден делегацијата од воздухопловството на Република Турција во ГШ на АРМ оствари средба со Заменикот Министер за одбрана Емил Димитриев и Директорот на ГШ на АРМ бригадниот генерал доцент др Димче Петровски. На средбата, гостите беа запознаени со трансформацијата на АРМ, реформите, извршувањето на мисиите и плановите на АРМ за наредниот период со особен акцент на военото воздухопловство.

Примарната цел на оваа посета е размената на информации помеѓу двете воздухопловства како и продолжување и продлабочување на веќе постоечката соработка.

Во текот на денешнот ден делегацијата ќе ја посети касарната „Страшо Пинџур“ каде со претставниците од военото воздухопловство на АРМ ќе имаат неколку работни сесии на теми како што се обука на воени пилоти, логистичка подршка и ПВО.

АРМ - новости - Page 51 IMG_2271
АРМ - новости - Page 51 IMG_2279

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-arm-od-strana-na-delegacija-na-turskoto-voeno-vozduhoplovstvo&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty5/9/2012, 18:13

Наскоро се очекува нов циклус на селекција на кандидати за потребите на Центарот за обука на пилоти

Центарот за обука на пилоти е димензиониран да обезбеди школување на пилоти и обука на симулатори за Министерството за одбрана, но и за Министерството за внатрешни работи кое располага со исти или слични хелихоптери.

Со проектот Центар за обука на пилоти (ЦОП) се обезбедува сопствен капацитет за обука на пилоти кој значително ќе ги подобри вештините, квалитетот и професионализмот на идните пилоти. Се работи за уникатен пристап на обуката базиран врз израелските искуства, по највисоки стандарди компатибилни со оние на НАТО-алијансата. Креирањето на идните пилоти започнува со строгиот систем на селекција, продолжува со елементарната обука на авионите Злин-242Л, како и со базичната обука на хелихоптерите Бел-206Б3 и завршува со напредната обука на истите хелихоптери. Селекцијата е значаен процес кој трае два до три месеци со цел избор на најдобрите кандидати способни да ја совладаат теоретската и летачката обука.

Идните кадети ќе ги изучуваат сите наставни содржини со помош на најсовремени помагала: компјутери, оригинални и заштитени материјали на Авијациската школа на Оксфорд, како и наставни содржини кои се производ на искусни и докажани пилоти на израелското Воено воздухопловство.

Воените пилоти треба да бидат подготвени не само да управуваат со леталото, туку и да извршуваат широк спектар на неборбени мисии, но и во секој момент да бидат подготвени да ги поддржат безбедносните сили во и надвор од границите на РМ, односно да бидат пилоти-борци, подготвени за секоја прилика и ситуација. Со други зборови, менаџментот на Центарот има задача да создаде услови за произведување пилоти за новото време.

Во Центарот за обука на пилоти неодамна започна едукацијата на првата класа на кадети. На официјалниот почеток на првата фаза, од вкупно три фази, претходеше комплексен процес на селекција којашто започна кон крајот на месец aприл, а заврши на почетокот на aвгуст. Селекцијата ја реализираше Воената академија, стручните служби на МО и Центарот за обука на пилоти. Со цел да се избере силна личност, подготвена навремено и брзо да реагира во различни сложени околности, Центарот вклучи и експерти (психолози и инструктори по летање) од Израел, но едуцираше и локални експерти.

Со цел квалитетна и навремена реализација на сите содржини, за кратко време Центарот подготви неопходна инфраструктура, ги стави во функција сите авиони од типот „Злин – 242Л“ со кои располагаше поранешниот ВИНГ и паралелно работи на обезбедување услови за следната, посложена фаза, каде за првпат ќе бидат вклучени наменски хеликоптери од типот „Бел 206Б-3“. Во тек се и подготовките за изградба на новата зграда со сите инфраструктурни и други содржини кои ќе бидат дел од Центарот за обука.

Во Центарот за обука на пилоти, сите граѓани на Република Македонија, без разлика на полот и етничката припадност, имаат еднаква можност за школување, а доказ за тоа е успешниот старт и на една припадничка од понежниот пол, што претставува значаен исчекор во развојот на нашето Воено воздухопловство.

Наскоро ќе биде распишан конкурс за вториот селективен циклус во кој се очекува да земат учество повеќе кандидати. Секој што ги исполнува условите и има желба да лета треба да се вклучи во процесот на селекција, бидејќи селекцијата претставува едно ретко животно искуство кое ќе остане долго во сеќавањето нa секој кандидат, без разлика на крајниот резултат.

АРМ - новости - Page 51 15-
АРМ - новости - Page 51 14-
АРМ - новости - Page 51 12-
АРМ - новости - Page 51 10-
АРМ - новости - Page 51 9-
АРМ - новости - Page 51 8-
АРМ - новости - Page 51 4-
АРМ - новости - Page 51 3-
АРМ - новости - Page 51 2-
АРМ - новости - Page 51 1-
АРМ - новости - Page 51 78
АРМ - новости - Page 51 513

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=naskoro-nov-ciklus-za-kandidati-vo-cop&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty7/9/2012, 12:56

Посета на Центарот за обука на пилоти

Денес, Министерството за одбрана, во соработка со Центарот за обука на пилоти, организираше посета на просториите на Центарот во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Новинарските екипи имаа можност да се запознаат со капацитетите на Центарот, а воедно разговараа со Директорот Јаари Шрага и со кадетите кои беа примени по првиот конкурс.

Инструкторот по летање во Центарот за обука на пилоти Борче Манев кажа дека четворицата кадети, меѓу кои една девојка, од првата генерација кадети – пилоти ја следат наставата без никакви проблеми на англиски јазик.

Директорот Јаари Шрага изрази задоволство од овие доста талентирани идни пилоти со надеж дека наредната година и пол ќе се задржат тука и ќе продолжат како што треба и упати повик до младите да се пријават на конкурсот за втората генерација кадети-пилоти за потребите на Македонското воздухопловство.
„Ќе има напредна конфигурација во однос на симулаторите М17 и М24, кои се подготвуваат од страна на компанија-ќерка на „Елбит“ во Романија. Ќе имаат кабина во која ќе има подобра можност за обука, а ќе има и дополнителни елементи во кабината со цел да им овозможи на претставниците на другите земји, кога во иднина центарот би прераснал во регионален, да ја извршуваат обуката во Центарот и на тој начин да се врати инвестицијата и да се профитира“ – образложи директорот на Центарот, Шрага.
Во теоретската настава вклучени се и пилоти и инструктори, како и кадар од Воената академија. Во почетниот процес на обука се имплементираат стандарди во израелското воздухопловство, а инструкторите се од Македонија и од Израел. Практичната обуката се врши со „Злин“ авиони на МО, додека, пак, во тек е изградбата на двата симулатори и тоа за борбен и за транспортен хеликоптер.

АРМ - новости - Page 51 IMG_2370-
АРМ - новости - Page 51 IMG_2352-
АРМ - новости - Page 51 IMG_2342-
АРМ - новости - Page 51 IMG_2333-
АРМ - новости - Page 51 IMG_2328-
АРМ - новости - Page 51 IMG_2293-

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-centarot-za-obuka-na-piloti&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty7/9/2012, 16:30

Start of Exercise Logical Decision 2012

Hungarian, Polish, Macedonian and Slovak helicopter pilots, AVUM crews and land force units are participating in the tactical air exercise Logical Decision 2012 which started on Tuesday. Brig.-Gen. Imre Lamos, the commander of the HDF 86th Szolnok Helicopter Base welcomed the some 300 participating soldiers, then the nations introduced themselves and held the mission briefings. The cohesion building for the helicopter crews started with a formation flight of 10 aircraft in the afternoon of September 5, then continued with two sorties of different profiles the same day. Next week the crews will conduct air-to-ground gunnery at Táborfalva, and the culmination exercise will take place on September 13.

Brig.-Gen. Imre Lamos told us that most of the missions they have built into the scenario of the exercise are such that as NATO allies, they are tasked with carrying out them jointly in the area of operations. Based on the lessons learned in previous years, we can safely say that helicopters play a decisive role of increasing importance in the support of land force units. This exercise provides an excellent venue for the soldiers of participating nations to get to know each other’s procedures, helicopter types and to get a clear picture of each other’s capabilities in planning the missions to be executed.

Maj. Péter Simon added that in comparison with previous years, a novelty of this year’s exercise is that a dual-level staff element – consisting of a joint force staff and a battalion- level one – is supporting the commanders’ work. The exercise director emphasized that beyond the joint work, the following days will provide the soldiers with an opportunity to get to know each other, so they will meet as friends in the areas of operations. Their mutual trust does not only enhance the individual’s safety but also has a positive influence on the operability and the effectiveness of the organization.

АРМ - новости - Page 51 LD2

АРМ - новости - Page 51 Ab3a4b8786474fe7b098540

АРМ - новости - Page 51 Ld_01_n

http://www.hungariandefence.com/cikk/33619/start-of-exercise-logical-decision-2012
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty7/9/2012, 16:37

Гордоста!
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf


Број на мислења : 765

АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty7/9/2012, 16:41

Ги гледам сликите и не ми е јасно зошто амблемот на Центарот за обука на пилоти е рис. Нели посоодветно ќе беше да одбереа некоја птица. scratch
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 51 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 51 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 51 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 27 ... 50, 51, 52 ... 75 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: