Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 74, 75, 76 ... 87 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty26/4/2013, 19:36

14. ротација во АЛТЕА

АРМ - новости - Page 75 Img8407tm

АРМ - новости - Page 75 Img84121

АРМ - новости - Page 75 Img8421xs

АРМ - новости - Page 75 Img8426p
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty28/4/2013, 23:35

Десет години војуваме за туѓи цели и за возврат не добивме ништо

Македонските војници учествуваат во воените мисии на НАТО уште од 2002 година во Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина и во логистичката поддршка на КФОР за Косово. Мисиите нѐ чинат околу 80 милиони евра, војниците се изложени на опасност во борбени дејства, а добивката за Македонија е нашето бескрајно чекање пред портите на НАТО

Мировните мисии на САД и на НАТО не се наши војни

Американската интервенција во Ирак и во Авганистан е мотивот што ги натерал Чеченците, браќата Царнаеви, да го извршат терористичкиот чин на Бостонскиот маратон, во кој три лица загинаа и стотици се повредени. Оваа информација, која ја пренесе „Вашингтон пост“, ја отвори и дилемата во врска со нашето учество во мировните мисии на Блискиот Исток.

Последните терористички напади во САД наметнаа и серија прашања каде е Македонија во оваа приказна. Дали треба да стравуваме дека сличен ваков напад, како оној во Бостон, може да ни се случи, како знак на одмазда од радикалните исламисти, бидејќи и ние сме дел од овие американски интервенции.

Треба ли генералскиот врв во Скопје да бие војна што условно не е наша? Дали АРМ треба и натаму да биде дел од мировните мисии на НАТО во светот, иако и покрај нашите надежи, не ни помогнаа да станеме членка на сојузот.

Мисиите нѐ чинат околу 80 милиони евра

Повеќе од една декада македонската армија учествува во мировни мисии на Алијансата, која, според податоците од сите досегашни буџети на Министерството за одбрана, ја чинело нашата државата околу 80 милиони евра.

За овој период Македонија испрати близу 500 македонски војници што учествуваа во стабилизацијата на Ирак и уште најмалку толку што учествуваат во Авганистан, Босна и во Либан.

Прва мировна мисија во која македонските војници учествуваа е онаа во Авганистан во 2002 година.
Потоа следува мисијата „Слобода за Ирак“, каде што македонските војници помина неколку години. Сега Македонија партиципира во мисијата ИСАФ во Авганистан, потоа во мисијата на Европската Унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и во логистичката поддршка на КФОР за Косово.

Грција на Блискиот Исток само со симболични инженери

Ова е сметката што ја плативме за да добиеме условна покана за членство во НАТО, оптоварена со решавање на спорот за името со Грција.

Од друга страна, пак, попречувачот на нашите евроатлантски амбиции, Грција, како полноправна членка на НАТО и држава што во количество и во квалитет има добиено најмногу бесплатно оружје од САД, во моментов учествува со 140 војници во Авганистан. Според грчко-американскиот неделник „Грик њуз“, дури 120 од нив се обични инженери. Тоа е придонесот од 250-илјадната грчка армија.

Според процентот на војници во борбени операции, Македонија е меѓу водечките земји-учеснички во мисиите во странство, веднаш по САД и Велика Британија. Моментно во странските мисии учествуваат околу четири отсто од вкупниот број македонски војници. Тој просек во НАТО-земјите е малку повеќе од еден отсто од вкупните воени сили.

НАТО го завршува борбениот ангажман во 2014 година

Единаесетгодишната војна во Авганистан веќе е политички товар за повеќето западни лидери, кои се обидуваат да им стават крај на борбените операции. Токму тоа се потврди и на вчерашното пролетно заседание на НАТО во Брисел.

До крајот на годинава илјадници американски војници ќе ги напуштат борбените позиции во Авганистан. Нивните чекори ги следат Франција, Германија и Велика Британија, кои, според најавите, комплетно ќе го повлечат своето воено присуство од оваа земја кон крајот на 2014 година, а досега оттаму веќе комплетно се повлекоа Италија и Шпанија.

Според најавите од Белата куќа, до крајот на годината, во декември, ќе се повлечат 23.000 американски војници од оваа земја. Следни се Французите со масовно повлекување до почетокот на 2015 година, а своја стратегија имаат и Британците. Британскиот премиер Дејвид Камерон нагласи дека британските сили мора да се повлечат од Авганистан до 2015 година, што значи дека за многу краток период вкупно 150.000 припадници на коалициските сили ќе се вратат во своите земји.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле вчера изјави дека иако сојузот си заминува од оваа земја, не сака да дозволи Авганистан да биде препуштен сам на себе и „не сака да остави вакуум“.

Наспроти Вестервеле, неговиот холандски колега Франс Тимерманс изјави дека неговата влада, што се однесува до ова прашање, процесот на донесување одлука ќе го почне откако ќе знае кои се американските планови.

Друг одлучува за нас кога ќе си заминеме

Додека големите земји кројат планови по колку војници да враќаат дома секоја година, Македонија не го прави тоа бидејќи припадниците на АРМ наводно присуствуваат таму во партнерски мисии, па затоа сѐ треба да се реши во договор со партнерите. Поради тоа, Македонија нема подготвено стратегија и план за повлекување. Во Авганистан и во Босна и Херцеговина сега имаме приближно двесте мировници.

- Сите одлуки, па и онаа за повлекување, се регулирани на партнерско ниво. Нашите војници во мировната мисија во Авганистан даваат посебен придонес кон тамошната ситуација. Дел сме од ИСАФ, а одлуката за повлекување оттаму ќе ја има кога сѐ ќе биде договорено со партнерите, што значи дека за сѐ се одлучува тимски - е досега познатиот став на Министерството за одбрана.

Во Авганистан нашите војници вршат обука и менторирање на авганистанските безбедносни сили. Нашето присуство во оваа земја најверојатно ќе биде до моментот додека не се истренира, професионализира и зголеми бројот на оружените сили на таа земја до задоволителни граници.

Ванковска: Заборавивме зошто сме во Авганистан

Универзитетската професорка Билјана Ванковска вели дека со оглед на тоа што Македонија е речиси една деценија присутна во операциите во Авганистан, некогаш и забораваме со која цел и зошто нашите контингенти беа испратени таму.

- Идејата за мировните мисии беше дека треба да се покаже солидарност со САД (и НАТО) и дека со тоа ќе си го забрзаме влезот во Алијансата. За среќа, досега немавме човечки жртви, но факт е дека сѐ уште учествуваме во мисија со сомнителен легитимитет и во содејство со Алијанса што ги сака нашите војници, но не ја сака земјата под име Македонија како своја членка - објаснува Ванковска.

Таа вели дека со оглед на фактот што во Авганистан речиси нема воено злосторство што не е извршено, барем на индиректен, ако не на директен начин, бидејќи сме воено присутни како држава ја носиме одговорноста за сѐ што се случува таму.

- Македонија е на четврто место според бројот на војници во пропорција со вкупната популација, а за возврат не добива ништо, додека вложуваме и повеќе од тоа што реално се може - подвлекува професорката.

Презентирајќи го овој податок, Ванковска го поставува прашањето дали воопшто некој кај нас направил рационална анализа на темата што очекуваме од овие мисии и зошто сме таму.

- За жал, кај нас за една деценија не е направено никакво преиспитување на мисијата во парламентот, одвај некое пратеничко прашање во таа смисла, ниту, пак, имаме стратегија за учество во вакви (наводни) мировни мисии. Нашите министри за одбрана одат на моменти толку далеку што ветуваат дека ние ќе бидеме последната држава од ИСАФ што ќе ја напушти оваа земја - истакнува професорката.
Според неа, изговорот дека ова е колективна одлука за учество е слаб и недоволен.

- Прво, и земјите-членки на НАТО самостојно одлучуваат кога, дали и со колку сили ќе учествуваат (голем број од нив одамна рекоа дека не испраќаат веќе трупи или го намалија нивниот број). Второ, Македонија не е членка на НАТО и има целосна слобода да одлучува за тоа дали и натаму ќе партиципира, а трето, Македонија е постконфликтно општество со длабоки социјални проблеми и учеството во ваква операција не ни помага за нивно решавање - подвлекува Ванковска.

Таа резимира дека, за наша среќа, ако го погледнеме последниот терористички инцидент во Бостон, кој е мотивиран од одмазда поради овие интервенции на Блискиот Исток, ние сме премала и премногу безначајна земја за да се плашиме од одмазднички акции на евентуални терористички групи.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42513847364&id=9&prilog=0&setIzdanie=22865
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty7/5/2013, 13:24

Одбележување на 7 Мај - Денот на баталјонот на Воената полиција

АРМ - новости - Page 75 LaLNkZO

АРМ - новости - Page 75 01HFgxd

АРМ - новости - Page 75 S5neY8F

АРМ - новости - Page 75 JyOOGkh

АРМ - новости - Page 75 HD1Ozig

АРМ - новости - Page 75 VW9XAN3

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty7/5/2013, 13:43

Кобрава коска... ziveli
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty7/5/2013, 14:27

Momak od Gjorce напиша:
Кобрава коска... ziveli
а у комплет.
И фали БМГ ХБ2.
ке биде по убава у комплет.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty7/5/2013, 14:57

Градење и размена на искуства и најдобри практики во областа на јавните набавки во одбраната

Денес и утре (07-08.05) во Скопје се одржува работилница на тема „Аспекти и предизвици на јавните набавки во одбраната“, која се реализира од страна на Министерството за одбрана, во соработка со RACVIAC- Центар за безбедносна соработка, како и TAIEX- Инструментот за техничка помош и размена на информации – Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија.

На денешното свечено отворање на работилницата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, истакна дека воспоставувањето на пазарот за опрема во одбраната е од суштинско значење за зајакнување на технолошката и индустриската база во одбраната како и за развојот на воените способности потребни за спроведување на националниот систем и за усогласување со Европската безбедносна и одбранбена политика. Воедно, државниот секретар порача дека набавките во одбраната заземаат голем дел од јавните набавки на секоја земја и дека токму реализацијата на работилницата претставува несомнена потврда за одделните и заедничките напори и успеси во градењето и одржувањето на безбедноста во регионот и пошироко.

Истовремено, во процесот на воспоставување на пазари за опрема во одбраната и јавните набавки во областа, посочи државниот секретар, голем акцент е ставен на спречувањето на корупцијата и промоцијата на транспарентноста и владеењето на правото.

Претставникот на делегацијата на Европската Унија, Лукас Мелка, истакна дека повеќе од 40 години одбранбените пазари се фрагментирани и дека и денес постојат 27 различни видови потрошувачи и правни рамки во ЕУ, додека како цел го посочи воспоставувањето на единствен сет правила за јавни набавки во рамки на Унијата.

„Еден од условите за креирање на пазарот за опрема е воспоставување на соодветна правна рамка. Во поглед на набавките, вклучени се координирани процедури за доделување на договори со цел исполнување на безбедносните барања и обврски кои што произлегуваат од соодветните правила и договори. Креирањето на ваква правна рамка е клучен дел од процесот на проширување на Европската Унија“, додаде претставникот на RACVIAC, Милан Јанакиевиќ, кој се обрати во името на директорот на Центарот, амбасадорот Бранимир Мандиќ.

Дводневната работилница на која учествуваат 30 претставници од земјите-потписнички на Договорот со RACVIAC, експерти и претставници на МО и други институции во Република Македонија, има за цел да ја зајакне организацијата на набавките во одбраната, со што ќе се поддржи капацитетот на процесот на градење и размена на искуства и најдобри практики во областа на набавките во одбраната. Попрецизно, работилницата ќе обезбеди преглед на европската политика за јавни набавки, ќе овозможи дефинирање на принципите и критериумите за набавки, стимулација на истражувањето и развојот на соодветните законски рамки, потоа ќе претставува можност да се разговара за начините за превенција и откривање на коруптивните елементи во областа и да се изврши размена на антикорупциските политики и стратегии меѓу земјите- кандидати и потенцијалните земји-кандидати во ЕУ.

АРМ - новости - Page 75 DSC_7329_resize_1

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=A900615DF3231D03B70F1E5F90B39498C2A32C0D&lang=mk#.UYj5_kpj9WE
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty7/5/2013, 15:01

Свеченост по повод Денот на баталјонот на воена полиција во касарната ,,Илинден“ во Скопје

Денес, 7-ми маj (вторник) во касарната ,,Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод 7-ми мај, денот на баталјонот на воена полиција (бВП) и денот на полицијата и безбедноста. На свеченоста присуствуваа: Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, Заменикот на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) бригаден генерал Методија Величковски и други високи гости од МО и ГШ на АРМ.

На свеченоста се обрати командантот на бВП потполковник Роберт Тасевски кој ги истакна задачите и редовните обврски на единицата кои секојдневно ги извршува во гарнизоните на теририторијата на Република Македонија, при што истакна дека успесите на баталјонот се должат на високиот морал и професинализмот на неговите припадници. По повод денот на бВП беа прочитани наредби за стимулативни мерки (наградно отсуство и пофалби) од министерот за одбрана, НГШ на АРМ и командантот на ЗОК, а на крајот од свеченоста беше презентиран дел од вооружувањето и опремата со кои е опремена единицата.

Баталјонот на воена полиција е формиран со Указ на Претседателот на Република Македонија на 15 април 1992 година и поголемиот период функционираше како самостојна единица на ГШ на АРМ. Денес, бВП се наоѓа во формацискиот состав на ЗОК, со целосно трансформирана структура и висок степен на компатибилност со вакви единици во армиите на земјите членки на НАТО.

Основната мисија на бВП е обезбедување на објектите на МО, ГШ на АРМ и командите на единиците на АРМ, обезбедување на личности и делегации, како и командни места и објекти од посебно значење на бојното поле во услови на изведување на борбени дејства. Една од редовните задачите на оваа единица е регулирање и контрола на сообраќајот на сите воени моторни возила како и откривање, пронаоѓање и спроведување на припадници на МО и АРМ, кои извршиле криминално дело.

Денот на полицијата и безбедноста, денес го одбележаа и припадниците на службата на военото разузнување и безбедност, кои се наоѓаат во секциите Ј-2 и С-2 во структурата на командите и штабовите на АРМ.

АРМ - новости - Page 75 DSC_7398

АРМ - новости - Page 75 DSC_7576

АРМ - новости - Page 75 DSC_7597

АРМ - новости - Page 75 DSC_7610_1

АРМ - новости - Page 75 DSC_7614

АРМ - новости - Page 75 DSC_7676_1

АРМ - новости - Page 75 DSC_7700

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=3350FB5D23A40FDC65192156BFCAA565D9922403&lang=mk#.UYj6ZUpj9WE
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty8/5/2013, 20:39

Македонската армија најслабо опремена
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=46928AA63191AE4ABDF3262C91F10FD7

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty8/5/2013, 20:45

Цитат :
Македонија има 31 тенк „Т-32“

Што тенк е ова бе... Very Happy

не се точни цивриве на ниедна држава...осен кај нас...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty10/5/2013, 17:27

Церемонијална промена на државните знамиња на Република Македонија


АРМ - новости - Page 75 F87337E6CFB8EC66B25324A7468C5FA0

АРМ - новости - Page 75 1895DE756C115971240AA212C61BEF50

АРМ - новости - Page 75 3A77AC1EC052BDC5050973091128747F

АРМ - новости - Page 75 FE5A36FF292C5CA96382C2EBC1BB6ECA

АРМ - новости - Page 75 745E3258194C60ACD1425937D1ADA3A5

АРМ - новости - Page 75 18FAFDCA08531B12A8917F74368B29B4

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/1483/1?month=5&year=2013&day=10&desc=1
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 75 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 75 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 75 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 74, 75, 76 ... 87 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: