Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 73, 74, 75 ... 87 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty31/3/2013, 13:33

Шкотите нека ни донираат од оние нивните фустанчиња и таму ќе отвориме „летеќи аташе„ Laughing Laughing Laughing

АРМ - новости - Page 74 GaelWarn478x400
Вратете се на почетокот Go down
Mrshajnoski

Mrshajnoski


Број на мислења : 237

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty3/4/2013, 16:15

Nerazbiram kako moze da zastare haubica od 120 i 105 mm ne mi e jasno voopsto!!! Igleda blata kniga od MORM ke ni stane crna!!!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty13/4/2013, 20:18

Министерот Џафери во посета на македонските мировници во Авганистан

Денес, министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со делегација од Министерството, во чиј состав е и бригадниот генерал Стојан Димчов, е во посета на мировниците од Армијата на Република Македонија кои се дел од силите ИСАФ, во Авганистан.

Во текот на посетата министерот Џафери, оствари значајна средба со заменик-командантот на ИСАФ, генерал-потполковник Ник Патрик Картер и заменик-најстариот национален претставник на НАТО, Ендру Штајнфилд на која стана збор за прогресот на демократските процеси во Авганистан, за капацитетите на авганистанските безбедносни сили, како и за планот за транзиција на мисијата. Воедно, на средбата, министерот Џафери посочи дека Република Македонија во целост ги поддржува напорите на меѓународната заедница за обезбедување на стабилна и безбедна демократска иднина за Авганистан и истакна дека нашата држава е подготвена во линија со потребите на Алијансата и со домашните капацитети, да учествува во новата мисија и да продолжи да дава несомнен придонес во унапредувањето на авганистанското општество и по 2014 година.

Покрај средбата со заменик командантот на ИСАФ и заменикот најстар цивилен претставник на НАТО, министерот Џафери заедно со делегацијата од Министерството ќе оствари и средба со мировниците на АРМ на која ќе им изрази благодарност за покажаните знаења, вештини и професионалност во извршување на поставените задачи, додека истовремено ќе им даде поддршка тие и понатаму да продолжат да ја градат сликата за Армијата на Република Македонија како еден од темелите на безбедноста и развојот, во глобални рамки.

Во однос на националниот придонес до денес, Република Македонија е еден од најголемите придонесувачи во Авганистан, по глава на жител, со што „де факто“ се потврдува нашата цврста заложба за континуирана демократизација на авганистанското општество, како и за етаблирање на современите вредности на глобално ниво. Во моментов, во рамки на силите ИСАФ, АРМ учествува со вкупно 153 лица распоредени на повеќе должности – обезбедување на Командата во ИСАФ во Кабул, како и обука на Авганистанската национална армија. Контингенти од Армијата на Република Македонија се дел од силите ИСАФ во Авганистан од 2002 година (кога беа испратени 2 офицери во рамките на турскиот контингент). Бројно, досега дел од овие сили беа 2.329 македонски мировници. Учеството на АРМ во ИСАФ беше првиот придонес на Република Македонија кон мирот и стабилноста надвор од сопствените граници.

Ова е прва посета на министерот Џафери на македонскиот контингент во ИСАФ од неговото назначување на функцијата министер за одбрана.
http://morm.gov.mk/content/?ID=5EC5987AD5E2E2BA39580A3AE4CEE10E14E3097A&lang=mk#.UWmg1MpWL30

АРМ - новости - Page 74 6SF0YCU

АРМ - новости - Page 74 BJlfQTk

АРМ - новости - Page 74 4yOZUyd

АРМ - новости - Page 74 JYgUvbl

Цела делегација шпонови (минус Ген. Димчов), таман по вкус на америте/енглезите. Wink

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty13/4/2013, 20:42

Скопје, Македонија, 13.04.2013, Свечено менување на државното знаме

АРМ - новости - Page 74 Hz2qAxS

АРМ - новости - Page 74 SPGEdwn

АРМ - новости - Page 74 7fhp69t

АРМ - новости - Page 74 P5AzV0l

АРМ - новости - Page 74 RIILzC4

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty18/4/2013, 15:23

Одржана финална планирачка конференција за вежбата „Здружен отпор 2013“,

Во периодот од 16 до 18 април, 2013 година во Домот на АРМ, Скопје се одржа Финалната Планирачка Конференција за претстојната вежба „Здружен отпор 2013 “, која е планирана да се реализира во центарот за обука ,,Пепелиште“ и на армискиот полигон ,,Криволак“ во период од 27 мај до 07 јуни годинава.

На конфренцијата покрај домаќинот, Армијата на Република Македонија активно учество зедоа и претставници од вооружините сили на Соединетите Американски Држави, Република Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, како и претставници од Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, и Министерство за здравство. Во улога на кодиректори на вежбата „Здружен отпор 2013“ од страна на АРМ е полковникот Душан Стојановиќ, а од страна на вооружените сили на САД е потполковникот Jeffrey A.Cantor.

Конференција е планска годишна активност на ГШ на АРМ за обука на декларираните единици на АРМ која претставува и завршна фаза од подготовките за изведување на претстојната вежба со цел финализирање на сите плански активности и документи предвидени со процедурите на НАТО. Цел на вежбата е постигнување на интероперабилоста на институциите во услови на хуманитарна цивилно-воена асистенција и одговор на кризи со учество на партнери од регионот. Вежбата ќе биде фокусирана на подобрување на националните безбедносни капацитети и можностите за медицинско распоредување надвор од државата.

Работата на конференцијата беше организирана преку синдикати и тоа за: планирање и операции, цивилно-воена соработка, односи со јавноста, заштита на силите, логистика, врски и финансии, а реализираните активности на неа претставуваат солидна основа за претстојното самооценување Ниво-1 на Лесната Маневарска Болница на АРМ.

АРМ - новости - Page 74 DSC05019

АРМ - новости - Page 74 Logoodvezbata

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=19BA0C717E1E0E35BED7BD9D5614C45EE5236BB5&lang=mk#.UW_JMEos2Uk
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty19/4/2013, 17:12

Џафери договори подобра соработка со Чеку

Министерството за одбрана и Косовските безбедносни сили (КБС) договориле соработка на највисоко ниво и се заложиле таа да се интензивира. Ваков договор имало денеска во Приштина на средбата на министерот Агим Чеку и македонскиот министер Талат Џафери, кој е во прва официјална посета на Косово како министер за одбрана.

Според министерот Џафери, подготвеноста на КБС за билатерална и регионална соработка е уште една потврда во напорите за зближување на двата народа и држави.

- Во сите иницијативи во кои ние учествуваме ќе настојуваме да бидат присутни и претставници од КБС и другите институции, имајќи предвид дека целосната меѓународна институционализација на Република Косово не е довршена - изјави министерот Џафери по средбата.
http://plusinfo.mk/vest/89319/Gzaferi-dogovori-podobra-sorabotka-so-Cheku

................................................................................................

Џафери: Косовските безбедносни сили на обука во Македонија

Македонија и Косово ќе соработуваат во безбедносната област, додека Џафери ветува дека на сите воени и одбранбени средби и состаноци Македонија ќе се заложи и косовските безбедносни сили да имаат свои претставници.

Талат Џафери за првпат како министер за одбрана го посети Косово. Се сретна со домаќинот , косовскиот министер за безбедносни сили Агим Чеку. И двајцата се надеваат дека Косово наскоро ќе има армија и министерство за одбрана според планот на Ахтисари, но тоа ќе зависи и од преговорите меѓу Белград и Приштина. А дотогаш Македонија и Косово ќе соработуваат во безбедносната област, додека Џафери ветува дека на сите воени и одбранбени средби и состаноци Македонија ќе се заложи и косовските безбедносни сили да имаат свои претставници.

Чеку ја истакна добрата соработка на одбранбените институции, како и понудените воени капацитети во Македојнија за обука и образование на припадници на косовските безбедносни сили.

-Ние делиме исти цели како што се евро- интеграциите, добрососедските односи за мир и безбедност во регионот, стратегиските односи со САД. Еден од основните столбови на градењето на одбранбената политика е градење на добрососедски односи како начин за подобрување на регионалниот мир и соработка, рече Агим Чеку, министер на косовските безбедносни сили.

Ниту косовските новинари не го поштедија Талат Џафери од прашање за протестите против негово назначување за македонски министер за одбрана, а тој кратко одговори дека тоа прашање во Македонија веќе е апсолвирано. Џафери се сретна и со претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи. Но неочекувано наспроти досегашната практика на македонските министри за одбрана, Џафери во агендата ја вметна и посетата на меморијалниот дом на загинатиот припадник на ОВК Адем Јашари во селото Преказ. На крај министерот Џафери се сретна со командантот на КФОР, генерал мајор Волкер Халбауер.

Додека судбината на Косово се решава во Брисел на средбите меѓу Дачиќ и Тачи, во Приштина владее исчекување на конечното решение. Можеби и поради тоа изостанаа и коментари за безбедносната состојба во регионот за време на посетата на министерот Џафери на Косово.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=4829

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty21/4/2013, 14:56

Makedonski radaristi na dvotjednoj obuci u Zemuniku u sklopu inicijative BRAAD

АРМ - новости - Page 74 Article-gallery-big-1365690619_715

U Središtu za obuku HRZ i PZO "Rudolf Perešin" u vojarni Zemunik 9. travnja 2013. godine započeo je dvotjedni tečaj Radarska tehnika za pripadnike Oružanih snaga Republike Makedonije. Tečaj se provodi u sklopu BRADD inicijative (Balkan Regional Approach to Air Defence) koja predstavlja multinacionalni pristup zračnoj obrani u regiji.

Inicijativa je osmišljena i pripremljena od strane međunarodnog osoblja NATO-a, a podržavaju je NATO tijela i agencije u čijoj su domeni navedene aktivnosti. Intencija NATO-a usmjerena je na povezivanje Bosne i Hercegovine, Crne Gore, Makedonije i Albanije u područjima razmjene podataka o situaciji u zračnom prostoru, zajedničkom treniranju i osposobljavanju osoblja u cilju postizanja više razine sigurnosti (rano upozorenje) ali i potencijalnih ušteda za sudionike inicijative koju promovira NATO-ov koncept "Pametne obrane".

Polaznici se osposobljavaju u osnovama radio lokacija, radarske tehnike i sklopova, principima rada suvremenih radarskih uređaja te za samostalno korištenje mjernom opremom u radarskoj tehnici i dr.

http://www.defender.hr/republika-hrvatska/oruzane-snage/makedonski-radaristi-na-dvotjednoj-obuci-u-zemuniku.php
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty24/4/2013, 13:30

Балканските воени разузнавачи се собраа во Скопје

Конференција на шефовите на воено-разузнaвачките служби од Западен Балкан (WEBDIAC 3) се одржува деновиве во организација на Министерството за одбрана на Македонија, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

- Безбедносниот систем мора да се перципира како жив организам кој мора постојано да се адаптира на безбедносното опкружување. Од таа причина регионалната соработка помеѓу службите за воена разузнавање е од огромно значење што ќе овозможи да се подобрат безбедносните системи на земјите од Западен Балкан – рече на отворањето на конференцијата државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, ја истакна одличната соработка на полето на одбраната и безбедноста во регионот.
Тој посебно се осврна на соработката во рамките на военото разузнување во услови на постоење современи закани по безбедноста, при што нагласи дека размената на разузнувачки информации ќе помогне во јакнењето на заедничките напори во борбата против сите видови и облици на тероризам и закани против државите, но и во зачувувањето на безбедноста на граѓаните.

Конференцијата на шефовите на воено-разузнувачките служби од Западен Балкан е трета по ред која се одржува во земјите од регионот на Западен Балкан, а годинава покрај претставниците на Министерството за одбрана од Македонија, учествуваат и претставници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Косово, Црна Гора, Словенија, Турција, САД, Штабот на НАТО од Брисел, Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Здружената разузнавачка ќелија на НАТО, Команда на силите на САД во Европа и Националниот разузнавачки Универзитет од Вашингтон.
http://plusinfo.mk/vest/89843/Balkanskite-voeni-razuznavachi-se-sobraa-vo-Skopje

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty26/4/2013, 12:32

Одбележување на помен на загинатите припадници на АРМ во Вејце, 2013

По повод одбележувањето на дванаесет години од трагичното загинување на припадниците на АРМ кај Вејце, полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денес со пригодни активности им оддаде почит на четворицата поранешни припадници на пСО кои на 28-ми април во 2001 година ги загубија животите.

Во чест на загинатите Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, на спомен обележјето пред баталјонот за специјални намени во касарната ,,Илинден“ во Скопје, венци со свежо цвеќе положија делегации на МО и ГШ на АРМ предводени од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, семејствата на загинатите припадници на пСО, делегации од пСО, единиците на АРМ кои се лоцирани во касарната ,,Илинден“, МВР и други.

Во текот на денот, на плоштадот во Македонска Каменица, пред спомен обележјето на Миле Јаневски и основното училиште кое го носи неговото име, припадниците на баталјонот за специјални намени од пСО ќе организираат тактичко-технички збор со приказ на дел од техниката и опремата со која располага единицата.

АРМ - новости - Page 74 IMG_8332

АРМ - новости - Page 74 IMG_8344_1

АРМ - новости - Page 74 IMG_8359

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=CB7477117529F4F3BEFD5F91511240EFC9D75193&lang=mk#.UXotF0oQaUk

Го нема министеро...а да у рвацка е... Ne!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty26/4/2013, 12:57

Македонски војници на обука во Мадрид, шпанските на Криволак

Шпанија ја поддржува Македонија на патот кон НАТО и во тој контекст би сакале да ја зголемиме билатералната соработка во различни области, изјави вчера генерал-адмирал Фернандо Гарсија Санчез по средбата со генерал-мајорот Горанчо Котески во Генералштабот на АРМ. Адмиралот Санчез ја предводи делегацијата на вооружените сили на Кралството Шпанија која е во дводневна официјална посета на Република Македонија и АРМ. Тој апострофираше дека АРМ и вооружените сили на Шпанија соработуваат во неколку различни операции под чадорот на НАТО, ЕУ и ОН, што претставува добар пример дека македонските војници демонстрираат и имплементираат вистински стандарди.

За генерал-мајорот Котески оваа средба ќе даде нов поттик за нова и поуспешна соработка на двете армии со тенденција во иднина да се подобрува со внесување нови содржини.
- На средбата беше разговарано за упатување припадници на АРМ на обука во Мадрид во Центарот за импровизирани експлозивни направи, како и за начинот на остварување на концептот за логистичка поддршка и за начинот за поддршка на единиците во меѓународните мировни мисии, особено на стратегискиот транспорт што се извршува по воден пат. Ние пак, го понудивме армискиот полигон Криволак за вооружените сили на Кралството Шпанија, особено за користење во периодот на предупатна обука во мировни мисии, но и за изведување заеднички вежби, изјави началникот на ГШ на АРМ, Котески, потсетувајќи оти Криволак" во 2013 година ќе биде користен и веќе е потпишан договор со вооружените сили на Кралството на Британија и САД.

Ова е прва официјална посета на АРМ на началник на ГШ на ВС на Кралството Шпанија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A1C2579EC311754783FC87CCA58AAD26
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 74 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 74 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 74 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 73, 74, 75 ... 87 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: