Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 72, 73, 74 ... 86 ... 100  Next
АвторПорака
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty30/3/2013, 21:01

Дали навистина сакаат да ја модернизираат армијата или само да ја онеспособат и да ја намалат огнената моќ што ќе им одговара на УЧК во случај на потенцијален конфликт. Мене сепак не ми стои дека сакаат да направат модернизација во одредени делови на армијата, а и доколку тоа навистина го сакаат, ова не е начинот на кој што треба да се направи.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty30/3/2013, 21:09

Абе момак ете ... се на се повеќе од 15 милиони нема да земат јас мислам, а ќе ја ослабат дури и премногу огнената моќ на армијата. А со 15 милиони нека купат и 5 Патрии ако се спосопни да испазарат по таа цена, и? Сме продале бубрези за муда.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty30/3/2013, 21:13

Frogfoot напиша:
Абе момак ете ... се на се повеќе од 15 милиони нема да земат јас мислам, а ќе ја ослабат дури и премногу огнената моќ на армијата. А со 15 милиони нека купат и 5 Патрии ако се спосопни да испазарат по таа цена, и? Сме продале бубрези за муда.


Не ќе догураат до 25/27 милиони долари,ама пазарод дома и надвор не е ист,башка кој ке ги купи,дај боже никој...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty30/3/2013, 21:15

Ако ги продадат сите овие средства кој се наведени во написот... фактички и нема да имаме армија, ќе имаме организирана група на луѓе за справување со поплави.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty30/3/2013, 21:16

Alvar напиша:
Ако ги продадат сите овие средства кој се наведени во написот... фактички и нема да имаме армија, ќе имаме организирана група на луѓе за справување со поплави.

И гасење на пожар...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty30/3/2013, 21:36

Па да бе..се сеќавате на МПРИ? Можеби пак ни имаат доставено некоја анализа како треба да изгледа проектот АРМ 2020.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty30/3/2013, 21:39

Е да де, дури откако ги фатија дека шуруваат со УЧК им дадоа нога... но дури откако им пренесоа се и сешто (поклон од нашите "стратешки партнери").
Сегашниве ментори заборавив како се викаат... но ми се чини пак беше некоја приватна американска компанија. Да не беа Буз-Ален-Хамилтон?

Но ако, само нека продолжат да ја градат АРМ по вкус на УЧК, па ќе видиме до каде ќе ја дотераат.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty31/3/2013, 01:01

Наскоро воени аташеи во Русија и во Кина

Одбранбената дипломатија треба да биде дефинирана во закон и да стане составен дел од надворешната политика на Македонија, а тоа го предвидува Стратегијата за зајакнување на воената дипломатија, која беше најавена на крајот на 2010 година од кабинетот на врховниот командант и претседател на државата Ѓорге Иванов

Воената дипломатија работи на сите фронтови

Интензивирањето на активностите на Министерството за одбрана и воопшто на надлежното министерство е да се зајакне воената дипломатија дефинирана во 2010 година како приоритет во Стратегијата за одбранбена дипломатија. Целта е, освен министерот, на оваа државна стратегија да работат и десетина воени аташеи и исто толку цивилни и воени претставници на одбраната.

Овие армиски претставници стратегиски се распоредени на неколку битни локации, и тоа во здружената врховна команда на НАТО во Брисел, во Вашингтон, Турција, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, а во иднина се очекува да бидат поставени воени аташеи во Кина и во Русија.

Според информациите од Министерството за одбрана, армиски лобисти ги убедуваат претставниците на сојузничките армии да лобираат за нашата држава и за нејзино поскоро приклучување кон НАТО. Но притоа се работи на тоа Македонија да има пријателски односи со сите сили на меѓународната сцена.

Одбранбената дипломатија треба да биде дефинирана во закон и да стане составен дел од надворешната политика на Македонија, предвидува стратегијата со која Министерството за одбрана сака да ја развие таа област. Токму оваа армиско-дипломатска акција ги опишува целите, инструментите, дипломатската мрежа и треба да служи како водич во работата на воените аташеи, кои треба да ја промовираат Македонија и нејзините интереси, особено кај земјите-членки на Советот за безбедност и земјите со кои имаме значајна соработка во одбраната.

Промени

Познавачите на оваа проблематика велат дека парите потребни за дипломатските активности на одбраната треба да станат посебна ставка во буџетот на Министерството, а од нив ќе зависат и ротациите на одбранбените аташеи.

Со законски и подзаконски одредби треба се дефинира и начинот на избор и подготовка на воените претставници, кои ќе се обучуваат во соработка со Воената академија и Министерството за надворешни работи.

Стратегијата треба да стане и водич за работа на македонските претставници во меѓународни организации, меѓународни воени и цивилни мисии за поддршка на мирот, воени штабови, команди и мултинационални воени сили предводени од колективните системи за безбедност.

На АРМ ѝ требаат „летачки“ аташеи

Специјални безбедносни експерти, испратени од претседателот или од премиерот, е-дипломатија или зголемување на бројот на нерезидентни аташеи се само некои од идеите од соседството што Македонија може да ги искористи за намалување на трошоците во воената дипломатија. Буџетот на Министерството за одбрана е драстично скратен, а тоа е негативен тренд, кој се задржа во практика веќе неколку години.
За мала земја, како што е нашата, која се стреми кон зачленување во евроатлантските организации, постоењето на воените аташеи е исклучително битно, но истовремено и скапо. Токму затоа е потребно да се направи процена и соодветна ситуација и да се изврши рационализација на сите дипломатски армиски операции, велат познавачите на проблематиката.

Докторот на воено-политички науки Благоја Марковски вели дека, освен резидентните аташеи, Македонија мора да има и нерезидентни воени дипломати, кои ќе се акредитирани во некои земји, но редовно ќе се стационирани во Скопје и оттука ќе ги покриваат кога ќе се јави потреба за тоа или, пак, ќе бидат стационирани во една земја, а оттаму ќе ги покриваат земјите со кои се граничи домаќинот што го примил нашиот воен дипломат.

- Ова треба да се направи како во времето на ЈНА или, пак, можеби како во првите години од нашата независност. Како и да е, и во двата случаја имавме воени дипломати стационирани, на пример, во Унгарија, а оттаму ги „покриваа“ соседните земји - вели Марковски.

Според него, евентуално решение може да биде и т.н. е-дипломатија, односно електронска дипломатија доколку постои разбирање од земјата со која соработуваме по ова прашање. И тој, а и другите познавачи, се едногласни во повикот дека е крајно време идеите да се остварат.

Со него се согласува и пензионираниот генерал Митре Арсовски, кој вели дека Македонија требаше да се реши на ваков чекор многу порано.

- Уште за времето на независноста ние имавме обид, но кратко траеше. Нашите тогашни воени аташеи во Загреб и во Софија, генералите Драган Андреевски и Илија Николовски, со својата работа во услуга на заштеда на финансии ги покриваа сите соседни држави онаму каде што беа стационирани - објаснува генералот.

Генералот смета дека сите мали држави или, пак, оние што имаат послаби буџети на армијата, како нас, не треба да си дозволуваат постојани аташеи (освен онаму каде што е неопходно), туку да си имаат „летачки“ мисии и воени дипломати, кои покриваат од една до неколку земји.

Тој објаснува дека поради кризата дури и најбогатите држави и велесили го намалиле бројот на амбасадите. Ако тоа важи за велесилите, што останува за нас

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31132127286&id=9&prilog=0&setIzdanie=22819

весра е од пред дваесетина дена,ама интерсна,и мислам дека е не објавена...
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty31/3/2013, 12:22

Momak od Gjorce напиша:
Овие армиски претставници стратегиски се распоредени на неколку битни локации, и тоа во здружената врховна команда на НАТО во Брисел, во Вашингтон, Турција, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, а во иднина се очекува да бидат поставени воени аташеи во Кина и во Русија.

Што е толку битна локација Северна Ирска доколку веќе има воено аташе во Велика Британија?

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty31/3/2013, 13:17

Alvar напиша:
Momak od Gjorce напиша:
Овие армиски претставници стратегиски се распоредени на неколку битни локации, и тоа во здружената врховна команда на НАТО во Брисел, во Вашингтон, Турција, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, а во иднина се очекува да бидат поставени воени аташеи во Кина и во Русија.

Што е толку битна локација Северна Ирска доколку веќе има воено аташе во Велика Британија?

Kе донирале од тие нивните гајди за воен оркестар па ке лижат г*с...


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 31/3/2013, 13:34. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 73 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 73 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 73 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 38 ... 72, 73, 74 ... 86 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: