|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/5/2012, 14:25 | |
| АРМ се подготвува за најголемата вежба досега Македонската армија доби можност да покаже дека може да организира, а не само да учествува во воени вежби. Од 19-29 овој месец на армискиот полигон ,,Криволак“ и Центарот за обука ,,Пепелиште“ ќе се одржи најголемата воена вежба досега во Македонија. Вежбата „Кооперативна долга стрела и ласер“ има за цел да го зголеми нивото на интероперабилност и готовност на воените единици, како и да пружи поддршка на индивидуалните планови за развој на единиците на секоја земја учесник, обука на штабниот персонал на НАТО стандарди и процедури. Во најголемата вежба на македонската армија ќе учествуваат 2206 учесници од вкупно 15 земји, од кои две земји се од НАТО, а останатите од Партнерството за мир. http://brkajrabota.mk/vesti/makedonija/15499-arm-se-podgotvuva-za-najgolremata-vezba-dosega ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/5/2012, 15:28 | |
| „Кооперативна долга стрела/лансер 2012“ воена вежба на 15 армии на Криволак „Кооперативна долга стрела/лансер 2012“ е насловена воената вежба која од 19 до 29 мај ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“, Центарот за обука „Пепелиште“ и касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево, во организација на командата на силите на НАТО во Мадрид и Здружената оперативна команда на АРМ. Целта на вежбата, информира денеска началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајот Горанчко Котески, е да се провери обученоста и интероперативноста на штабовите и командите при изведување здружени операции. - Втората цел, за нас многу важна е што се оценуваат нашите декларирани единици првпат на НАТО вежба и тоа средната пешадиска батаљонска група од околу 1.200 припадници на АРМ и четата која учествува во борбената група на ЕУ, заендо со германија, Чешка и Австрија, појасни Котески. Најважно е тоа што ќе се реализира прв пат НАТО оценување ниво 1 на средната пешадиска батаљонска група и НАТО оценување ниво 2 на четата ЕУ-БГ и одделението АБХО, според концептот за оперативни способности. Оценувањето ќе го вршат мешани комисии, составени од претставници од земјите членки на Алијансата и од Република Македонија. На вежбата, за која организационите подготовки ги врши АРМ, за да се покаже меѓу другото, посочи началникот на ГШ на АРМ, дека не сме само способни да учествуваме на вежби кои ги организираат други држави, туку дека и ние сме способни да организираме ваква вежба со ваков капацитет и бројна состојба, ќе учествуваат 15 армии, со вкупно 2.206 учесници, од кои 1.697 припадници од АРМ, 166 од НАТО и 343 припадници од Партнерството за мир. Финансиската конструкција за реализација на вежбата е комбинирана односно од македонскиот одбранбен буџет и од земјите од НАТО, со посебна поддршка од американската Амбасада во Република Македонија. - Финансиската конструкција за рализација на вежбата е планирана во минатогодишниот буџет на конференцијата за обука. Ние ги ги финансираме само трошоците на нашите единици, додека доаѓањето и ангажирањето на другите единици е потпомогнато од НАТО и од Амбасадата на САД, рече кодиректорот на вежбата, полковник Синиша Стаменов. Со реализацијата на вежбата треба да се постигне подобрување на интероперабилноста и борбената готовност, разбирање на современите операции предводени од НАТО, како и доверба помеѓу персоналот од НАТо и партнерството за мир, но и подобрување на компатибилноста на националните системи за командување и контрола со НАТО. Како што појасни полковник Стаменов, ќе се користи целосно измислено сценарио кое е креирано со единствена цел да одговори ан потребите на смата вежба и вклучува змаислена геополитичка ситуација на измислен остров во Атлантскиот океан. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/%E2%80%9Ekooperativna-dolga-strelalanser-2012%E2%80%9C-voena-vezba-na-15-armii-na-krivolak | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/5/2012, 16:23 | |
| Котески: Намалениот буџет нема да ја наруши борбената готовност на АРМ Датумот на одржувањето на воената вежба „Кооперативна долга стрела/лансер 2012“ што ќе се одржи од 19 до 29 мај на армискиот полигон „Криволак“, е чиста случајност што се поклопува со одржувањето на Самитот на НАТО во Чикаго, одговори началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески по денешниот брифинг за вежбата на прашањето дали има некаква симболика и поврзаност. - Ако го поставиме прашањето дали при организација и изведување на вакви вежби де факто сме НАТО членка, не само во мировните операции, тогаш со оваа вежба баш на денот на одржување на НАТО самитот, и тоа ќе го покажеме, рече началникот на ГШ на АРМ. На новинарското прашање дали е задоволен со тоа што со години само де факто сме членка на Алијансата, а покажуваме постојано дека сме подготвени, генерал-мајор Котески дециден: не сум задоволен, но тоа е политичка одлука. Во однос на кратењето на одбранбениот буџет со ребалансот, Котески информира дека се работи за намалување од осум милиони евра, кои оцени, во најголем дел се земени од делот на модернизацијата, но со тоа нема да се доведе во прашање нормалното функционирање на Армијата.
- Мене повеќе ме интересира тоа што е останато во АРМ, тоа што го имаме. Сакам да знам како тие пари што останале се трошат и јас да ги насочувам средствата за она што и потребно на Армијата, појасни генерал-мајор Котески.Тој потенцира дека крајот на минатата година биле преземени пренасочувања на одредени финансиски средства за доведување одредена техника во исправна состојба и зголемување на борбената готовност на единиците. - На борбената готовност не можат да влијаат средствата. Сепак, безбедноста е број еден во државата, ако немате безбедност ќе го изгубите и она што го имате, е пораката од началникот на ГШ на АРМ, Котески. Во делот на модернизацијата се изработени седум главни проекти и тоа за набавка на опрема за пешадијата, потоа набавката на оклопни транспортери за да се зголеми колективната заштита на одредени единици, особено оние кои се испраќаат во Авганистан. Третиот проект е радарот 3Д односно системот за воздушно набљудување и набљудување што е регионално поврзан во рамки на концептот „паметна одбрана“, со што системот на против-воздушна одбрана ќе биде поврзан со соседните земји. Се работи и на проектот за модернизација во делот на телекомуникациите, како и на модернизацијата на артилеријата и во делот на АБХ заштитата. Овие проекти началникот на ГШ на АРМ ги презентирал и пред претседателот на државата и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов. Од АРМ посочуваат дека ќе продолжат да го промовираат АП „Криволак“ во регионален центар, што ќе значи бенефит и за буџетот на Република Македонија, а со тоа и на АРМ. Веќе е изработен ценовник за користење на полигонот од страна на други армии од соседството и од НАТО земјите. Постои можност, најави началникот на ГШ на АРМ, во иднина дел од единиците на НАТО кои се подготвуваат за мировни мисии во странство да се обучуваат на „Криволак. http://kurir.mk/makedonija/vesti/70591-Koteski-Namaleniot-budzet-nema-da-ja-narusi-borbenata-gotovnost-na-ARM-Покрај професионален војник, Котевски е очигледно и друг вид на војник... па за разлика од Стојановски, на овој не му пречат кратењата од буџетот. | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/5/2012, 17:25 | |
| И Н Ф О Р М И Р А Њ Е на граѓаните на Република Македонија за начинот и постапката за доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија Министерството за одбрана, со ова информирање има за цел за да ги информира и запознае граѓаните на Република Македонија за начинот и постапката за доброволно служење на воениот рок во Армијата на Република Македонија (во натамошниот текст:АРМ), и тоа за следното: Согласно член 62 од Законот за одбрана („Службен весник на РМ“ број 185 од 30.12.2011 година) сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за воена служба можат доброволно да се упатат на служење воен рок по наполнување на 18 години, но не подоцна од наполнети 26 години. За доброволно служење воен рок во АРМ како право се поднесува барање и тоа право го има секој државјанин на Република Македонија од машки и женски пол и за поднесување на истото нема определен рок. Барањето за доброволно служење на воен рок во АРМ се поднесува лично од страна на граѓанинот до Министерството за одбрана – Одделението за одбрана во местото на живеалиште односно престојувалиште на граѓанинот, односно каде се води во воената евиденција. Образецот од Барањето за доброволно служење на воен рок во АРМ на Република Македонија може да се подигне од интернет страницата на Mинистерството за одбрана www.morm.gov.mk , од порталот uslugi.gov.mk како и на шалтерите во Одделенијата за одбрана во Република Македонија. По приемот на барањата за добороволно служење на воен рок во АРМ поднесени од граѓаните, Одделенијата за одбрана во Република Македонија формираат евиденција а потоа се организира спроведување на лекарски прегледи и психолошки испитувања за утврдување на оценка за способност за воена служба врз основа на план и списоци донесен и усогласен во делот на термините помеѓу Министерството за одбрана и Воено медицинскиот центар-Военолекарска комисија на Министерството за одбрана. Одделенијата за одбрана во Република Македонија по добивањето планот и списоците со одредени термини за извршување на лекарските прегледи и психолошките испитувања вршат известување, односно повикување на граѓаните кои веќе поднеле барање за извршување на истите на определеното место и термини. Лекарските прегледи и психолошките испитувања се извршуваат во Воено медицинскиот центар во Скопје и вообичаено траат до 2 (два) дена и од страна на Военолекарската комисија по завршување на истите се донесува наод оценка и мислење за способноста за воена служба и оценката може да биде: „исполнува критериум за воена служба“ или „не исполнува критериум за воена служба“. По завршувањето на лекарските пргледи и психолошките испитувања граѓаните кои од страна на Военолекарската комисија на Министерството за одбрана се оценети со оценката „исполнува критериум за воена служба“ веќе се кандидати за доброволно служење воен рок и истите се планираат да бидат упатени на доброволно служење на воен рок во АРМ. Упатувањето на доброволно служење на воен рок во АРМ се врши врз основа на прикажани потреби на Армијата и во случај на надминување на потребниот број во одреден упатен рок, тогаш се применува принципот на редослед на пријавување односно поднесеното барање од страна на граѓаните за доброволно служење воен рок, а останатите граѓани ќе се планираат да бидат упатени во наредниот упатен рок. Упатувањето на кандидатите на доброволно служење на воен рок во АРМ се врши во три упатни рок (Февруари, Јуни и Октомври) во една календарска година, во времетраење од 3 (три) месеци и се служи во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес. Согласно членот 7 од Правилникот за времето и начинот на упатување на граѓаните на отслужување на воениот рок и постапката за прекин на служењето на воениот рок и отпуштање на војниците од АРМ („Службен весник на РМ“ бр.44/2007), кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок, од денот на поднесувањето на барањето до денот на приемот на поканата за упатување на служење на воен рок. Кандидатот на кој му е врачена поканата за упатување на служење на воен рок, може да се откаже од служењето, најдоцна 10 дена од денот на приемот на поканата. Кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок со поднесување на лична изјава за откажување. Се информираат граѓаните на Република Македонија за целосни и навремени информации и одговори на прашања во врска со начинот и постапката за доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија може и треба да ги добијат во Одделенијата за одбрана во Република Македонија во местото на живеење. Со почит, МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА http://www.morm.gov.mk/portal/?oglas=informiranje-za-nacinot-i-postapkata-za-dobrovolno-sluzenje-na-voen-rok-vo-armijata-na-republika-makedonija&lang=mk ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/5/2012, 18:21 | |
| - Alvar напиша:
- Котески: Намалениот буџет нема да ја наруши борбената готовност на АРМ
Покрај професионален војник, Котевски е очигледно и друг вид на војник... па за разлика од Стојановски, на овој не му пречат кратењата од буџетот. Овој Котевски воопшто не ми се допаѓа...многу е размазен некако и воопшто не е човек со цврст став, барем не во работава која може да се види. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/5/2012, 18:27 | |
| И мене ми е тапа. Го памтам уште од времето кога бев гуштер во Илинден. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/5/2012, 12:37 | |
| Конференција „Каде сме денес, а каде треба да бидеме утре?“Унапредувањето на методите во АРМ и во Министерството за одбрана за стратегиско и оперативно донесување одлуки е од голема важност за натамошниот развој на одбранбените способности, како и зголемување на борбената готовност, нагласи министерот за одбрана Фатмир Бесими во обраќањето на првата научно - стручна конференција „MILCON 2012“ што се одржува во Домот на АРМ во Скопје. МО, потенцира тој, ќе аплицира сеопфатен пристап во трансформацијата и модернизацијата на АРМ обезбедувајќи обединување на напорите на национално, регионално и мултилатерално ниво. - Одбранбеното планирање во МО треба да го бара и наоѓа балансот помеѓу способностите за одбрана на државата, развојот на распоредливите способности на АРМ, способностите за учество во колективанта одбрана на НАТО и самостојно делување со сите сценарија на стратегиско опкружување, рече Бесими на конференцијата насловена „Процесот на полнирање и донесвуање одлуки во современите операции-Каде сме денес, а каде треба да бидеме утре?“. Интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, подвлече, остануваат стратегиски приоритети, а вооружените сили природно е да се приспособуваат на современи сваќања на ризикот, предизвиците, заканите на мирот, безбедноста и стабилноста на земјата. - Во услови на недоволен буџет за одбрана процесот на развој на оперативните способности станува уште покомплексен и бара ефикасно менаџирање со сите видови ресурси за да се обезбеди потребното ниво на развој на воените капацитети, посочи Бесими, додавајќи меѓу другото оти во МО е започната изработка на стратегија „паметна одбрана“, со цел да се обезбеди континуиран развој. Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, процесот на планирање и донесување одлуки во современите воени или цивилни операции при кризни состојби, претставува еден од оние базични системски перформанси според кои што се цени зрелоста и капацитетите на институциите на една држава. - Системскиот развој на овој сегмент од институционалното функционирање е приоритет „пар екселанс“, нужно насочен кон негово континуирано одржување во потребна кондиција, со напоредно унапредување и надградување, нагласи Јанкулоска. Таа посочи дека овој процес претпочита интегриран координиран меѓуинституционален пристап, а Република Македонија во изминатиот период крајно сериозно пристапи кон сета оваа проблематика. Во таа насока, конституирани се на ниво на повеќе ресори, но и на меѓуресорско ниво, посебни организациски единици чија примарна задача е токму справување, проценка и планирање операции произлезени од кризни ситуации и состојби. Во МВР, информира, од март лани функционира посебна единица за справување со кризни состојби. За началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески конференцијата е идеална прилика да се согледаат евентуалните недостатоци и потреби за на доградување на воспоставениот процес на донесување на одлуките, кој, подвлече, мора да биде во спрега со военото планирање, кое во иднина ќе добие нова димензија. - Процесот на планирање и донесување на одлуки при справување со новите безбедносни предизвици и загрозување, бараат од нас брзина, мудрост, знаење и техничка поддршка, рече Котески во обраќањето на конференцијата. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/70859-Konferencija-Kade-sme-denes-a-kade-treba-da-bideme-utre | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 15/5/2012, 00:35 | |
| Интервју - Без големи очекувања од самитот во Чикаго Емил Димитриев, заменик-министер за одбрана Буџетот за Армијата и годинава се крати. Како ќе се одрази тоа врз реформите и модернизацијата на АРМ според НАТО-стандардите? Коректно е да се каже дека по извесен период на намалување на буџетот на Министерството за одбрана, за годинава добивме зголемен буџет во процент повисок од вкупното просечно зголемување на буџетот на Македонија. Во пари можеби и не беше многу, но пораката на Владата беше јасна и силна - дека се води сметка за финансирањето на одбраната и во иднина, согласно со долгорочниот план за развој на одбраната до 2020 година донесен од Владата, се предвидува континуиран раст на буџетот на одбрана. Меѓутоа, околностите наложија извесно намалување на буџетите на сите министерства, вклучувајќи го и нашето. Ова намалување малку или воопшто нема да се одрази на реформите, туку ќе влијае на опремувањето, кое нема да го запре, туку можеби ќе влијае на неговата динамика. Некои опремувања и набавки предвидени за оваа година се пролонгираат за наредната година. Македонија, сепак, не е исклучок од светската тенденција на намалување на буџетите. Како во услови на постојано намалување на средствата, во однос на други министерства, планирате да ја одржите мотивираноста на војниците? Мотивацијата на персоналот ни е врвен приоритет и нема никаков простор за сомнеж на кое ниво е таа. Во последните неколку години ги зголемивме платите на вработените во Армијата за над 20 проценти, а платите во мисии и за 100 проценти. Инвестиравме во полигоните за обука, реновиравме неколку објекти од гарнизоните, места во кои секојдневно се извршуваат работните обврски. Повторно работи Воената академија, со Министерството за здравство потпишавме Меморандум за одредени повластувања при медицински услуги на персоналот од АРМ. Почнавме проекти за станбено решавање, почна да се дели новата униформа. Овозможивме законско решение за дополнително зголемување на платите на воздухопловниот и наставно-научниот кадар во Министерството и други мерки со кои ја одржуваме мотивираноста на високо ниво, но секој пат може повеќе и во иднина ќе работиме на тоа. Кои се Вашите очекувања од претстојниот самит на НАТО во Чикаго? Македонија во изминатиот период направи буквално се', дури и повеќе од тоа ако се има предвид нашиот ангажман за решавање на единствениот проблем за наше полноправно членство во НАТО, а тоа е спорот околу името. Сите реформи, опремувања, меѓународен придонес се факти признати од сите НАТО-земји. Самитот е наскоро, но информациите говорат дека не треба да се има големи очекувања, како што е, на пример, добивање покана за членство. Оваа година нашата држава успешно го поминува 13 МАП-циклус, т.е. Акционен план за членство во НАТО, што е своевиден рекорд во историјата на НАТО одреден кандидат за членство го има изодено со високи позитивни оценки. Но, ова нема да не' поколеба и понатаму да чекориме кон нашата цел, членство во НАТО, бидејќи го заслужуваме тоа. Дали Македонија е под закана на тероризмот? Каква е безбедносната состојба на државава? Тероризмот како поим стана доста актуелен во јавноста по петкратното убиство, но не и за институциите директно надлежни за превенција од ова светско зло. Мој впечаток е дека како општество до скоро како да не бевме свесни за таква закана. Треба да бидеме похрабри и да и' кажеме на јавноста дека не сме изземени од плановите на овие организации од географски и од етнички аспект, посебно по испраќањето на првиот македонски војник во операции надвор од земјата и во коалиција на кои одредени структури буквално гледаат како на непријатели. Оттогаш ние де факто избравме страна која и нас не' вбројува во земји-непријатели на одредени терористички организации. Илузорно би било да се залажуваме дека ова не не' тангира. Сметам дека треба да се зајакнува капацитетот на националните институции за справување со ова зло кое и во иднина ќе биде присутно. Новиот Закон за служба во АРМ ги остави незадоволни војниците кои претходно беа отпуштени. Што планирате да направите за нив? Измените на Законот за служба во АРМ се во полза на околу 3.500 професионални војници, околу 150 воздухопловен персонал и 30-ина вработени на Воената академија. Многу ми е жал што опозицијата се обиде да изманипулира 150 лица на кои по сила на закон им престанала службата во АРМ. Министерството за одбрана нема средства за нивно повторно работно ангажирање, но ќе направиме напори да ни се одобрат средства за пополнување на активната резерва во која сметаме на оваа група поранешни припадници на АРМ. http://utrinski.com.mk/?ItemID=2E267510D3DA6F4D932A14108C2E5F3F | |
| | | andrej
Број на мислења : 39
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/5/2012, 18:46 | |
| | |
| | | Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/5/2012, 19:45 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|