Методско огледна вежба на баталјонот на воената полиција и одделението за крим техника при МВР
среда, 06 март 2013, 14:41
Денес, 6-ти март 2013 година (среда), во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 12.00 часот се изведе методско огледна вежба на тема: „Стандардизирани постапки при увид на место на настан кај сериозни кривични дела“.
Денес, 6-ти март 2013 година (среда), во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 12.00 часот се изведе методско огледна вежба на тема: „Стандардизирани постапки при увид на место на настан кај сериозни кривични дела“. Mетодско огледната вежба ја реализираше баталјонот на воената полиција во соработка со припадниците на МВР и јавното обвинителство на град Скопје.
На вежбата присуствуваа Командантот на Здружената Оперативната Команда (ЗОК) на АРМ бригаден генерал Методија Величковски, Началникот на одделот за посебни единици на МВР генерал Сашо Митевски, Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Јован Цветановски, командантот на полкот за специјални операции, командантите на првопотчинетите единици на ЗОК, високи претставници од МВР, Единицата за брзо распоредување на МВР и други гости.
На вежбата припадниците од баталјонот на воена полиција во соработка со одделението за крим техника при МВР изведоа вежба во која беше прикажан напад на ВИП личности при движење во колона, обезбедувана од припадниците на воената полиција. Беа демострирани стандардните оперативни процедури во вакви ситуации како што се: пружање прва помош од страна на медицинската екипа, интервенирање на единицата на АРМ за брзи интервенции со хеликоптер, како и повикување на одделението за сузбивање на криминал. Особено е важно да се спомене дека во вежбата беа вклучени и припадниците на одделението за крим техника од МВР, постапка која се применува во случај на ранети и повредени странски државјани. За време на вежбата беа употребени современи средства за криминолошка техничка обработка при вршење увид на лице место, кои се користат за: обележување на местото, фотографирање, правење кроки скица, пребарување, подигање и пакување на откриените траги и друго.
На крајот од методско огледна вежба бригадениот генерал Методија Величковски даде изјава за присутните медиуми во која ја потенцираше одличната соработката која АРМ ја има со МВР во справувањето со вакви ситуации.
http://morm.gov.mk/content/?ID=C1CD2E96590ECD932C07F1D6C308038CD98209B0
______________________
Si vis pacem, para bellum