Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 20 ... 36, 37, 38 ... 68 ... 100  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty7/5/2012, 22:10

Alvar напиша:
МОРМ претпоставувам ги користи услугите на МИА бидејќи немаат официјална press служба (профи фотограф).
Порано имаа, но човекот почина пред некоја година.

За МОРМ , на аеромитингот сликаа пилотите и копилотите знам, за Битола зборувам.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty8/5/2012, 12:08

Alvar напиша:
МОРМ претпоставувам ги користи услугите на МИА бидејќи немаат официјална press служба (профи фотограф).
Порано имаа, но човекот почина пред некоја година.

Ne ne,slikite jas gi zemav od sajtot na MIA,inaku tie sto bea na sajtot na MORM ne mi vakaa za oko...gi ima na linkot vidi gi i se ke ti bide jasno...
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty9/5/2012, 17:43

МВР ќе купува нови 150 возила

Министерството за внатрешни работи денеска во присуство и на претставници на медиумите го одржа јавното отоворање на понудите за доделување договор за јавна набавка на 150 полициски моторни возила.

Постапката, соопшти денеска МВР, ја спроведуваше Комисија за јавни набавки определена со одлука на министерот за внатрешни работи, а се реализира преку електронскиот систем за јавни набавки.

Од страна на заинтересираните, кои по распишувањето на јавната набавка ја подигнаа тендерската документација, на огласот број 17-05/2012 свои понуди поднесоа два економски оператори, ТД „Порше Македонија“ ДООЕЛ од Скопје и ТД „КА-ДИС“ ДООЕЛ од Скопје.

Понудувачот „Порше Македонија“ од Скопје понуди моторно возило ШКОДА модел ЈЕТИ 2.0 ТДи 4џ4, додека „КА-ДИС“ од Скопје понуди моторно возило СЕАТ, модел АЛТЕА ФРЕЕТРАЦК 2.0 ЦР 4ЊД.

Наредниов период ќе следи сериозна анализа на понудите и нивна евалуација, односно оценување дали истите во целост ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација. Доколку тоа се потврди, заинтересираните ќе бидат известени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена.

МВР кон крајот на март годинава, распиша тендер за набавка на нови полициски возила со кој би се замениле постоечките возила „Крајслер“. Повикот за прибирање на најповолни понуди беше распишан на интернет страницата на Бирото за јавни набавки и со него се планира набавка на 150 моторни возила во полициска изведба со соодветна потребна опрема. Единствен услов за склучување договор е висината на цената, а начинот на кој ќе се одбере најповолната понуда е принципот на јавно електронско наддавање. Во крајната цена треба да биде вкалкулиран вкупниот трошок, односно сумата која ја вклучува и специфичната опрема која е точно дефинирана и подразбира држачи за радиостаници и друга опрема, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи.

Во тендерската спецификација предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина 1900 – 2300 ццм и моќност од 110 до140 КЊ. Начинот за плаќање на возилата е предвидено да биде на 36 месечни рати. Станува збор за купување возила, а не лизинг, така што со потпишување на договорот и испораката на возилата, сопственик на возилата ќе биде МВР.

Со набавката на возилата треба да се обнови возниот парк на МВР во делот на означените полициски возила.

Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години, во 2000 година кога се набавени 210 патнички возила „Крајслер“ и 30 теренски (џипови), сите со бензински мотор. Набавените „Крајслери“ се во голема мера амортизирани. Во просек, секое од овие возила има поминато повеќе од 500.000 километри, а некои и повеќе. Голем дел од нив, околу 20 отсто, веќе се неупотребливи и расходувани (околу 40 „Крајслери“). Годишните трошоци за сервисирање и одржување на крајслерите кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра по возило, бидејќи само една замена на автоматскиот менувач изнесува околу 3.000 евра. Просечната потрошувачка на гориво на овие возила им изнесува над 14 литри на 100 километри.

http://denesen.mk/web/2012/05/09/mvr-ke-kupuva-novi-150-vozila/

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty9/5/2012, 17:55

Дечки, што мислите за изборов на новиве полициски возила? Јас не сум нешто особено импресиониран.
Мислам, да не бидам погршно разбран, колите се ОК доколку сте млад семеен човек... но сепак ми се чини дека изборот за полициско возило требаше да биде друг. Или пак микс од неколку типови на возила. Главнината треба по мене да ја сочинуваат лимузини или каравани, потоа MPV возила, комбиња и теренски возила.
Сепак требаше да се набават и одреден број на возила-пресретнувачи кој би ги користела сообраќајната полиција, а и некој други единици кои имаат потреба од брзи возила.

Друга работа која ме чуди, е тоа што имало само две компании (од ист концерн... VW) кој дале понуди за 150 возила.
И тоа во време кога СИТЕ импортери кукаат дека продажбата на нови автомобили им оди катастрофално лошо. Некако, ми нема логика цела оваа работа.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty9/5/2012, 18:02

Трката ќе се води само помеѓу овие две фирми ?! Па зар не е тука Октавиа, Суперб, Голф или Пассат? хм...вака повеќе би сакал Сеат...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty9/5/2012, 18:49

Момци зашто дискурирате за МВР во тема на АРМ... Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty9/5/2012, 18:57

Momak od Gjorce напиша:
Момци зашто дискурирате за МВР во тема на АРМ... Evil or Very Mad

Моја грешка... scratch Glava v zid Glava v zid

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty10/5/2012, 18:18

Македонија и Бугарија ја продолжуваат соработката во одбраната

Република Македонија и Република Бугарија имаат одлична соработка во одбраната, беше констатирано на денешната средба во Софија на министрите за одбрана на двете земји Фатмир Бесими и Ањо Ангелов.
Во рамки на посетата на Бугарија, беше потпишан Годишен план за соработка меѓу двете министерства. Ова, како што потенцира Бесими, е уште еден знак за одличната досегашна соработка меѓу Македонија и Бугарија.

„И на овој состанок, како и на досегашните што ги имав со колеги од земји-членки на НАТО, соговорниците ги поздравуваат реформите и даваат признание за придонесот на Република Македонија во меѓународни мировни мисии и поддршка за членство во НАТО. Секако, во рамки на принципите на НАТО, со усогласување и надминување на отворените прашања кои сè уште стојат на политички план. Република Македонија и „де факто“ со својот придонес покажува дека е кредибилен партнер за НАТО“, истакна министерот Бесими по средбата.

Министерот Бесими, како што рече, на средбата укажал за значењето на членството на Македонија во НАТО, не само за земјата, туку за целиот регион. Според него, членството на земјите од регионот во НАТО е исклучително важно за мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.

„Република Македонија останува на определбата за членство во НАТО и има поддршка од граѓаните за тој процес. И на Самитот во Чикаго и потоа, на членството во НАТО не гледаме како цел сама по себе, туку тоа е дел од еден подолг процес што во континуитет ние го водиме во рамки на евроатлантските интеграции“, заклучи Бесими.

На средбата станало збор и за неколку значајни регионални проекти во рамки на SEDM-иницијативата, како и за проекти што се однесуваат на концептот „паметна одбрана“ и за регионални проекти и иницијативи што се од Република Бугарија, Република Македонија и од други земји.
Исто така, на средбата се разговарало и за донации и школување на офицери од двете земји и за слични можности, како шти се вежбите на кадети во летниот камп во „Криволак“ и други вежби што нашата држава може да ги овозможи.

АРМ - новости - Page 37 26
АРМ - новости - Page 37 Picture-0061
АРМ - новости - Page 37 Picture-0111
АРМ - новости - Page 37 53

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=makedonija-i-bugarija-ja-prodolzuvaat-sorabotkata-vo-odbranata-maj-2012&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty10/5/2012, 23:17

Сичко хубаво! Фатмир и Бугаринов се един народ. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty10/5/2012, 23:26

един народ а две држави Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 37 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 37 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 37 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 20 ... 36, 37, 38 ... 68 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: