Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 75, 76, 77 ... 88 ... 100  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty10/5/2013, 17:39

Гардава врска нема.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty10/5/2013, 17:42

АРМ - новости - Page 76 18162310151367608051682

АРМ - новости - Page 76 60379510151367607736682

АРМ - новости - Page 76 42875010151367607961682

АРМ - новости - Page 76 94525710151367608031682

АРМ - новости - Page 76 94635310151367607841682
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty11/5/2013, 14:47

Заменик-министерот Димитрев им посака мирна рака и бистро око на учесниците на 7-миот Гран При турнир во стрелаштво

Стрелаштвото го следи човекот од самиот почеток, без разлика дали мотивот за тоа е сопствената безбедност или, пак, како спортска дисциплина. Јас и министерството за одбрана, како и досега имајќи ги предвид своите можности помагаме и ќе ги помагаме активностите на Стрелачката федерација на Македонија. Тоа го истакна заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев, на денешното свечено отворање на 7-миот Меѓународен отворен турнир во стрелаштво, кој се одржува на стрелиштето „Камник“ во Скопје.

Турнирот предизвика голем интерес кај љубителите на стрелаштвото, што може да се види и преку големиот број пријавени лица, околу 340, и тоа од Република Македонија (АРМ, МВР, Судската, Царинската и Шумската полиција), потоа од Германија, Франција, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Учесниците се натпреваруваат во пет дисциплини и тоа: Пиштол на 25m, Пушка на 100m, Снајперска ловна пушка на 100m, Снајперска полуавтоматска тактичка пушка на 100m, Снајперска пушка F-class TARGET на 300m и Снајперска пушка F-class OPEN на 300m.

Како дел од турнирот, своите вештини во ракување со оружје ќе ги прикажат над 40 припадници и припаднички на Армијата на Република Македонија, кои се натпреваруваат во дисциплините пиштол на 25m, пушка на 100m и снајперска пушка на 100m.

АРМ - новости - Page 76 Dsc8254resize1

АРМ - новости - Page 76 Dsc8283resize

АРМ - новости - Page 76 Dsc8321resize

АРМ - новости - Page 76 Dsc8372resize

АРМ - новости - Page 76 Dsc8385resize

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=D506A50CDE2E66471944B71C314AA60E4C90C951&lang=mk#.UY4S6Upugvg
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty11/5/2013, 17:19

Србија набави нови руски авиони, Македонија се крсти во НАТО

Армијата на Србија набави 12 воени авиони „миг-29М2“ од руско производство и дополнително два авиона што се летачки радари, како и уште 12 други летала што ќе пристигнат подоцна. Македонската армија, по воениот конфликт во 2001-та, според договорот со НАТО се обврза своето воено воздухопловство да не го опремува со авиони, туку само со хеликоптери, но за нови летала во буџетот нема пари. Нашето небо ќе ѝ го дадеме на чување на земја-членка на НАТО дури откако ќе влеземе во Алијансата

СОСЕДИТЕ СЕ ВООРУЖУВААТ, НИЕ ЗАОСТАНУВАМЕ

Дузина мултинаменски модерни воени авиони „миг-29М2“ од руско производство и дополнително два авиона што се летачки радари во првата тура и уште 12 други летала во други две тури е најновата набавка на современо вооружување на Балканот, која од скоро во целост ќе биде на располагање на армијата на Србија. Ваквите набавки на најсовремено вооружување се исклучително ретки во армиите од регионот поради мултимилионската сума што треба да ја издвојат државите од опкружувањето.

- Србија ги набави авионите не за да води војна туку да си го чува воздушниот простор, бидејќи ако сте кандидат за ЕУ, имате и обврска да си го чувате својот воздушен простор и да спречите секакви можности за загрозување на вашите граѓани, но и да спречите некој што киднапирал цивилен авион да пролета преку вашата земја. Токму овие обврски мора да се исполнат од секоја земја и треба да одлучите дали тоа ќе го направите со своја или со туѓа авијација - вели воено-политичкиот аналитичар од Белград Мирослав Лазански.

Тој подвлекува дека странските услуги од овој тип за работи што ни се неопходни на сите на Балканот секогаш се многу скапи.

- Пред неколку месеци вицепремиерот и министер за одбрана Александар Вучиќ најави дека Србија ќе ги набави новите руски повеќенаменски борбени авиони „миг-29М2“, а нашите пилоти веќе се наоѓаат на обука за тој тип летала - објаснува аналитичарот.

Прва сериозна набавка по времето на ЈНА

Токму овој политичар, вели Лазански, успеа да влезе во историјата кај нас, како прв човек што по ЈНА, која во октомври 1987 година купи ескадрила од 16 авиони „миг“ од СССР, успеа да издејствува нови набавки на суперсонични авиони за нашата земја.

- Официјално, тогаш СФРЈ платила 16 милиони долари за секој авион, но судејќи според документацијата за која сум имал можност да ја видам, неофицијалните бројки биле многу поголеми и за 16 авиони со сета придружна опрема, ракети и резервни мотори и разни делови, Југославија тогаш платила приближно 105 милиони долари. Но и оваа цифра за тоа време била проценета како исклучително ниска - вели Лазански.
Тој објаснува дека сѐ уште не знае колкава цена платила неговата држава за модерните воздухоплови, но претпоставува дека таа изнесува околу 32 милиони евра по авион.

- Најверојатно овие авиони биле наменети за продажба на Сирија, но поради објективните пречки тие таму не можат да се испорачаат од Москва, а Србија ја зграби шансата и ги купи - вели аналитичарот.
Лазански појаснува дека што се однесува до плаќањето, тоа е најверојатно решено со поволен кредит што Москва му го дала на Белград.

- Во секој случај, Вучиќ реагирал исправно и навремено и тој проценил добро дека ваква можност под вакви поволни услови нема повторно да ни се појави - резимира Лазански.

И на АРМ ѝ требаат нови крила

За разлика од Србија, македонската авијација и противвоздушна одбрана се оскудни во арсеналот на оружје со кое располагаме. Историјатот на македонското воздухопловство почнува две-три години по осамостојувањето. АРМ дури на 28 јуни 1994 година ги доби првите хеликоптери, генерално транспортни, популарниот „хјуи“ од американско и „ми8“ од руско производство. Последните руски модели беа купени од украинското воено воздухопловство. До денес не е објавена сумата што е платена за нив. Според некои шпекулации, дадени се по 500.000 евра за хеликоптер, според други и до два милиона евра.

Како и да е, хеликоптерите беа тука кога изби воениот конфликт, а нивната улога за поддршка на копнените единици беше бесценета. Само во почетокот од конфликтот екипажите беа украински посади, за потоа да бидат заменети со македонски, ништо помалку добри од нивните украински колеги.

Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека недостигот од борбени авиони е комплетно решен со новиот концепт на паметна одбрана на НАТО.

- Во согласност со стратегиската одбрана на НАТО и одбраната на Македонија, нам не ни требаат авиони и авиоодделение, односно воздухопловството ќе се сведува само на противвоздушна одбрана и на хеликоптери. Токму поради тоа и четирите „сухои“ се конзервирани во магацините на АРМ - објаснува Марковски.

Тој е дециден дека, сепак, во натамошниот развој Македонија мора да размислува да ги обнови веќе и онака потрошените ресурси на нашата авијација.

- Токму затоа треба да размислуваме и да набавиме такви летала (хеликоптери) што нам стратегиски ни требаат, иако реално тешко е остварливо тоа, бидејќи знаеме дека буџетот на АРМ е многу мал. Па затоа и не верувам дека во иднина ќе се случи зделка што би личела на онаа што сега ја направи Србија - вели експертот.

Понуди од соседите

Дваесетина години сами го чуваме нашето небо, иако досега сме имале неколку понуди оваа функција да ја преземат бугарски и српски „мигови“ до моментот додека државата стане членка на НАТО. Причина за овие понуди е тоа што нашата армија не располага со свои борбени ловци-авиони, а четирите борбени авиони „сухои“ ни се приземјени засекогаш, бидејќи итно им се потребни поправки. Бугарија и Србија неколку години инсистираат дека се подготвени да испратат цела ескадрила во Скопје, односно меѓу пет и десет воени авиони од типот „миг-29“.

Најмувањето туѓи авиони поевтино од поправката на „сухоите“

За најмените борбени летала и пилоти државата би требало да им плати одредена сума пари на земјите, која би била многу помала отколку да ги поправиме македонските „сухои“ или, пак, да набавиме нови авиони.

Српската понуда за воздушна заштита би важела само до моментот додека не влеземе во НАТО. Тоа е затоа што Белград е воено неутрален и не бара членство во НАТО, по интервенцијата на Алијансата во 1999 година поради косовската криза. Од друга страна, пак, доколку се потпише договор со Софија, чувањето на нашето небо може да продолжи и по влегувањето во НАТО, бидејќи источниот сосед е веќе членка на сојузот.

Станува збор за практика што е дел од интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО - НАТИНАДС, кој се применува кај членки што граничат со нечленки. Дел од овој систем се балтичките држави Летонија, Естонија и Литванија, чиј воздушен простор го обезбедува НАТО. Веднаш по приемот во НАТО, и Словенија побара помош од Алијансата, а како единствена земја за заштита на нејзиното небо се јави Италија.

- Ако ја прифатиме ваквата услуга иако е таа во дебела фаза на завршница од Бугарија или, пак, од Србија, сметам дека потегот би бил финансиски оправдан, но проблематично би бил разбран од граѓаните, бидејќи би го дале суверенитетот на нашата земја на армија на некој сосед - вели полковникот.

Марковски резимира дека сепак со самиот чин во балкански услови ние би дозволиле некоја друга земја да крстосува над нашето небо и практично да прави што сака.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51113819501&id=9&prilog=0&setIzdanie=22876
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty11/5/2013, 17:28

Momak od Gjorce напиша:
[Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека недостигот од борбени авиони е комплетно решен со новиот концепт на паметна одбрана на НАТО.

- Во согласност со стратегиската одбрана на НАТО и одбраната на Македонија, нам не ни требаат авиони и авиоодделение, односно воздухопловството ќе се сведува само на противвоздушна одбрана и на хеликоптери. Токму поради тоа и четирите „сухои“ се конзервирани во магацините на АРМ - објаснува Марковски.

Тој е дециден дека, сепак, во натамошниот развој Македонија мора да размислува да ги обнови веќе и онака потрошените ресурси на нашата авијација.

- Токму затоа треба да размислуваме и да набавиме такви летала (хеликоптери) што нам стратегиски ни требаат, иако реално тешко е остварливо тоа, бидејќи знаеме дека буџетот на АРМ е многу мал. Па затоа и не верувам дека во иднина ќе се случи зделка што би личела на онаа што сега ја направи Србија - вели експертот.

Аман од овој веќе, нека му порасне кичмата. Ебати воениот експерт што заговара анемична и импотентна армија без средства за одбрана. Или бетер... туѓи средства.
Воздухоплови и требаат на Македонија... и тоа ОД СИТЕ видови, како фикснокрилни така и ротокрафтни... па макар првиве биле и во симболична бројка од половина ескадрила (6-8 ).
Каква "паметна одбрана" какви бакрачи, од такви советодавци ептен аир видовме во 2001-ва.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty11/5/2013, 22:03

Ич не ме бендисуваат ставовите негови...некогаш врска нема што зборува.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty11/5/2013, 22:14

На вакви текстови не треба да им се обрнува многу внимание,но поради тоа што се еднинстевени поврзани со армијава ги поставувавме иначе ги имало мал милион вакви...
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty12/5/2013, 11:14

Министерството за одбрана почна да си го полни чекмеџето, војниците покуси и за 6.000 денари


Македонските војници што до скоро земале пари за стан и за превоз од вчера се покуси од 4.000 до 6.000 денари. Наспроти реакциите на војниците, Министерството за одбрана почнало да им ги одбива парите што им ги давало за кирија на оние војници што користеле организиран превоз, поради тоа што со измени во Законот за служба во АРМ, војник не може да зема и закупнина и да користи превоз, велат во Независниот синдикат на професионалните војници.

Откако војниците добиле решенија дека ќе треба да ги вратат парите, голем дел од нив поднесоа жалби, за кои сѐ уште чекаат епилог од Второстепената владина комисија, а некои од нив решија да тужат.

И покрај очекувањата на војниците дека одбивањето на надоместокот од платите ќе биде одложено додека овој нејасен случај не добие судска завршница, тие вчера биле изненадени кога им биле поделени пониски плати. На војниците, како што велат во Независниот синдикат, им се одбиваат од 4.400 до 6.000 денари во зависност од тоа дали закупнината била за самец или за семејство. Неофицијално, околу 160 војници од касарната во Петровец се на списокот на должници за закупнина.

Како што неодамна објавивме, Стамен Филипов, пензиониран потполковник во правната служба на АРМ, кој им помага на војниците што тужат, изјави дека во овој случај се прекршени и Уставот и законите по неколку основи. Повикувајќи се на членот 52, став 4 од Уставот на Република Македонија, Филипов вели дека законите не може да имаат повратно дејство. Измените на Законот за служба во АРМ биле направени во 2011 година, а некои од војниците дури сега (некои во 2013, а некои лани) ги добиле решенијата дека треба да ги вратат парите.

Потоа Филипов посочи дека решението за надоместок за закупнина на стан го донел министерот, а на војниците им било врачено решение дека се укинува тој додаток, донесено од командантот на единицата во која служат.

Такво нешто нема во ниту еден закон – понискиот орган да ги укинува решенијата на повисокиот орган“, предупреди Филипов.

Министерството за одбрана засега е без одговор, иако во минатата недела најави дека ќе ги разјасни сите нејаснотии во врска со закупнината и парите што треба да ги враќаат војниците.

http://www.mkd.mk/97627/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-pocna-da-si-go-polni-cekmedzeto

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Smrtnikot

Smrtnikot


Број на мислења : 1272

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty12/5/2013, 12:00

Срамота е ова што се случува. Полека но сигурно доколку продолжат вака функционалноста на армијата ќе ја сведат еднакво на маргинална, лесно вооружена и аматерски обучена паравоена формација. Авиони немаме, како што гледаме се распродава и оружјето со поголема огнена моќ и ПВО средства, војниците се деградираат на секој можен начин и нивниот морал постепено опаѓа и како врв на сето тоа министер за одбрана ни е поранешен командант на УЧК, кој има два пати има дезертирано, еднаш од ЈНА и еднаш од АРМ. Нормално, тоа не е доволно па заменик - министер за одбрана ни е орален хирург. Епа чорба Македонче. Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty12/5/2013, 12:37

И тоа чкембе.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 76 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 76 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 76 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 39 ... 75, 76, 77 ... 88 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: