| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/5/2013, 12:59 | |
| - Smrtnikot напиша:
- Срамота е ова што се случува. Полека но сигурно доколку продолжат вака функционалноста на армијата ќе ја сведат еднакво на маргинална, лесно вооружена и аматерски обучена паравоена формација. Авиони немаме, како што гледаме се распродава и оружјето со поголема огнена моќ и ПВО средства, војниците се деградираат на секој можен начин и нивниот морал постепено опаѓа и како врв на сето тоа министер за одбрана ни е поранешен командант на УЧК, кој има два пати има дезертирано, еднаш од ЈНА и еднаш од АРМ. Нормално, тоа не е доволно па заменик - министер за одбрана ни е орален хирург. Епа чорба Македонче.
Мала исправка. Заменик министер е Емил Димитриев, можеби еден од подобрите кадри моментално ( барем од она што го знам ). А специјалистот за орална хирургија е Државен секретар. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/5/2013, 18:19 | |
| Во која смисла „еден од подобрите„ другар Генерал? | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| |
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/5/2013, 15:02 | |
| - Frogfoot напиша:
- Во која смисла „еден од подобрите„ другар Генерал?
Па спроред она што го гледам тој е еден од ретките што се одважува да присуствува на одбележувања на датуми од 2001. Потоа навистина максимално се залагаше за источниот регион ( од каде и самиот потекнува ) со тоа што во доменот на своите можности помагаше на младите да се пронајдат во војничкиот живот. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/5/2013, 16:44 | |
| Македонија ќе испрати офицер во мировна операција во ЛибанДенеска од страна на Собранието на Република Македонија беше усвоена одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на ОН УНИФИЛ во Либан. - Се работи за седма ротација на наш припадник во оваа мировна операција УНИФИЛ во Либан, која е под покровителство на ОН. Нашиот припадник ќе биде испратен овој месец, со мандат од една година. Македонија има свој офицер претставник во оваа мировна операција од 2007 година што е многу знајано за промоција на земјата на глобален план како придонесувач за светскиот мир и безбедност, рече заменик министерот за одбрана Емил Димитриев. На денешната седница на Собранието пратениците го ратификуваа и Договорот меѓу Владата на Република Македонија и НАТО силите на Косово (КФОР) за хеликоптерски операции-медицинска евакуација. Собранието ги усвои и дополнувањата на Законот за данок на добивка, чија основна цел, според предлагачот е пропишување на правен основ за донесување на подзаконски акти со кои ќе се утврдат нормативите за дозволената висина на кало, растур, крш и расипување на стоки, при што од аспект на Законот за данокот на добивка над нормираните износи утврдени за соодветните гранки нема да се признаваат за даночни цели при утврдување на даночната основа на која се пресметува и плаќа данокот на добивка. http://sky.mk/index.php/makedonija/16504-makedonija-kje-isprati-oficer-vo-mirovna-operacija-vo-liban | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/5/2013, 18:29 | |
| | |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/5/2013, 23:36 | |
| Нели ќе ја менуваа свеченава униформа? ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: АРМ - новости 16/5/2013, 21:38 | |
| Посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили на Кралството Норвешка четврток, 16 мај 2013 Началникот на Генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, од денес претстојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, каде домаќин ќе му биде Началникот на ГШ на ВС на Кралството Норвешка, генерал Харалд Сунде. Ова е прва официјална посета на Началник на ГШ на АРМ на ВС на Кралството Норвешка. АРМ има развиено одлична соработка со ВС на Кралството Норвешка која во изминатите години се одвива на повеќе полиња. На средбата во Осло се разговараше за поддршката од ВС на Кралството Норвешка кон АРМ во развојот и формирањето на Балканските Воено-медицински сили при што штабот на овие сили би бил сместен во Република Македонија како дел од проектот „Паметна одбрана“ и поддршката за проектот за полската болница (Role 2) со донација за воено медицинска обука во вредност од околу 2 милиони евра. Вооружените сили на Кралството Норвешка го поддржуваат и развојот на Регионалниот тренинг центар за комуникации и иницијативата за негово прераснување во НАТО/ПзМ центар за обука во медиа тренинг како и продолжување на поддршката за проектот „Лепеза“. Особено е важно да се напомене дека во периодот од 2008 до 2012 година, во рамките на норвешката полска болница во Мејмана, Авганистан која е дел од мисијата ИСАФ, беше распореден хируршки тим на АРМ кој успешно ги извршуваше задачите заедно со норвешките колеги. Вооружените сили на Кралството Норвешка искрено ја подржуваат АРМ во нејзината аспирација за членство во НАТО. Кралството Норвешка на АРМ и донираше една комплетна Лесна маневарска полска болница во вредност од околу 2,5 милиони евра, софистицирана опрема за заштита на телекомуникациските врски, медицински материјал и компјутерска опрема во вредност од 57.000 евра, како и менторирање и финансиска поддршка на проектот ,,Лепеза“. http://morm.gov.mk/content/?ID=8AF6F36212C66E1D43F141F3F8550F2F884E9479&lang=mk#.UZU0s5zaFbU ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 17/5/2013, 18:35 | |
| во посета на ренџерскиот баталјон при обука за преживување„Оваа обука е неопходна бидејќи на припадниците на Полкот за специјални операции им овозможува да се справат со сите потреби во различни временски услови и на различни терени и да се снаоѓаат во природата“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, при денешната посета на Ренџерскиот баталјон кој се наоѓа на повеќедневна обука за преживување во природа на планината Бистра. Воедно, министерот Џафери посочи дека Ренџерите совршено ги имаат совладано своите теоретски предзнаења и техники за снаоѓање и преживување во природа и дека истите целосно ги имаат пренесено и во пракса. Присутните високи лица од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, меѓу кои и заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајот Насер Сејдини и Командантот на Полкот за специјални операции, полковникот Павле Арсовски, имаа можност да се запознаат со условите за престојување во природа, но и да пробаат дел од исхраната припремена од Ренџерите. Оваа обука вклучува поголем број различни елементи, како техники за припрема и поставување на камп, техники за ловење на диви животни и собирање на диви растенија како начин на исхрана и нивно приготвување во природата. http://www.morm.gov.mk/content/?ID=C8DBF328D1D4298CFB14913C1FECFBF249FCF6FA&lang=mk#.UZYxg0pugvgНека објасни како он преживеа 2001... | |
|
| |
Legija91
Број на мислења : 1330
| Предмет: Re: АРМ - новости 17/5/2013, 19:36 | |
| Момциве, ја пречисутваат водата во шишето да можат да ја пијат, а предавников си млати пелистерка.. ______________________ If you're going throw hell, keep going.
| |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
|
| |
| АРМ - новости | |
|