|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/9/2012, 22:33 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/9/2012, 01:16 | |
| ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/9/2012, 18:18 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/9/2012, 16:04 | |
| Котески бара дисциплинска одговорност за СлупчанеНачалникот на Генерал штабот на Армијата генерал-мајор Горанчо Котески бара дисциплинска одговорност за случајот Слупчане. Врз база на насоките од Врховниот командант, личното размислување и насоките од стручните органи, поднесов иницијатива за дисциплинска одговорност за припадниците кои присуствуваа во Слупчане и го следеа министерот за одбрана, истакна денес Котески. Тој додаде дека понатамошната истрага ќе покаже зошто и како припадниците биле присутни. Според првиот човек на македонската армија, место во одбраната и во Армијата на Република Македонија за политика и импровизации нема. http://denesen.mk/web/2012/09/26/koteski-bara-disciplinska-odgovornost-za-slupcane/ | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/9/2012, 19:56 | |
| Ај да видиме сега колкав авторитет имаат другите освен министерот. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/9/2012, 21:52 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/9/2012, 21:47 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/10/2012, 14:03 | |
| БЕСИМИ :ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ПРЕРАСНУВА ВО ИНСТИТУЦИЈА СО РЕГИОНАЛНО ЗНАЧЕЊЕ – СВЕЧЕНА ЗАКЛЕТВА НА ПИТОМЦИТЕ- СТУДЕНТИ ОД ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ„Продолжуваме со стремежот да градиме добрососедски односи, да го повратиме епитетот лидер во регионаланата соработка во одбраната, а со користење на високо квалитетни и усогласени наставни програми образуваме високо професионални кадри кои на еден стандардизиран начин ќе работат рамо до рамо со своите колеги во регионот, а сите зедно во еден колективен безбедносен систем како што е НАТО, денес како офицери на партнерски земји, а утре некои од вас и како офицери на НАТО Алијансата“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фамтир Бесими на денешната свечена заклетва на дваесет и пет питомци-студенти од прв циклус на студии во учебната 2012/2013 година од Македонија, по три од Босна и Херцеговина и Црна Гора и четири од Косово, како и четворица слушатели на курсот за пилоти во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. Со свечената изјава питомците – студенти од прв циклус го почнаа своето четиригодишно школување на студии на Воената академија во Скопје, а по завршувањето ќе станат дел од офицерскиот кор на Армијата на Република Македонија. Четворицата слушатели на курсот по негово завршување ќе станат воени пилоти. Нивната обука се реализира во Центарот за обука на пилоти во кој паралелно заедно работат македонски и израелски инструктори. Во своето обраќање министерот Бесими посочи дека Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ со своите модерни програми прераснува во институција со регионално значење и додаде дека идни проекти за развој се отворањето на третиот циклус студии во нејзините рамки – докторските студии како и иницијативата за основање на Регионален центар за мир со цел промовирање на најдобрите практики за демократските вредности и мировните иницијативи за стабилност и просперитет. Деканот на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ полковникот Росе Смилески, потсетувајќи на досегашните активности, оцени дека Академијата прераснала во регионална, што, според него, е благодет, но истовремено и голема обврска. Студентот Орце Николов од Радовиш нивото на соработка меѓу питомците од земјава и странство ја оцени како одлична. „После четири години се надевам дека ќе станам офицер и заедно со колегите од земјава и од странство ќе го направиме Балканот посигурно и побезбедно место за живеење“, рече Николов. Милош Гдењиќ, студент од Косово во име на останатите колеги се заблагодари за можноста да се образуваат во Воената академија во Скопје и изрази надеж дека по четири години ќе станат офицери во своите армии. Трета година по ред, на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, покрај питомците од Македонија се образуваат и питомци од земјите од регионот. Воедно во текот на свеченоста, а по повод поддршката за етаблирање на Воената академија како и зацврстување на нејзиното значајно место во рамките на образовниот систем, министерот Бесими му врачи плакета – признание за особен придонес во развојот на образованието, поддршката и афирмацијата на Воената академија на претставник на Универзитетот „Гоце Делчев“. http://www.morm.gov.mk/content/?369001D205F39700D4D1ACD79EF33E2F6157E56C | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/10/2012, 14:42 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/10/2012, 18:20 | |
| ПОТВРДА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНОСТА И ОДДАНОСТА ВО ЕТАБЛИРАЊЕТО НА МИРОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА: МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ВО ПОСЕТА НА МИРОВНИЦИТЕ НА АРМ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНАМинистерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими во Сараево, Босна и Херцеговина ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од европската мировна мисија ЕУФОР – АЛТЕА, и оствари средба со Началникот на штабот на ЕУФОР, бригадниот генерал Ernő Péter Siposs. Во текот на средбата со мировниците од АРМ, министерот Бесими го истакнa придонесот и значењето на секој припадник на АРМ кој е во служба на етаблирањето на демократските вредности, мирот и еднаквоста во светски рамки е од исклучителна важност, за Република Македонија, но и за регионот и пошироко. Истовремено министерот Бесими ја поздрави умешноста, одданоста и професионализмот кој нашите мировници го покажуваат во секојдневната работа, како цел од мултинационални сили. Воедно, во текот на посетата министерот положи венец на споменикот во Бутмир и им оддаде почит на загинатите припадници на македонскиот тим во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, близу Скопје во 2008 година. Република Македонија следејќи ја стратегиската определба за поддршка на Заедничката надворешна и безбедносна политика активно придонесува кон цивилните и воените операции во нејзините рамки. Во тој контекст е и учеството во мисијата ЕУФОР- АЛТЕА, со што Република Македонија уште еднаш го потврди фактот дека од корисник стана придонесувач кон зацврстувањето на современите вредности во светски рамки. Учеството на Република Македонија во мисијата во Босна и Херцеговина започна во јули 2006 година со декларирање на хеликоптерски деташман на АРМ, составен од два хеликоптери Ми-8/17 и персонал од 21 лице, придонес кој подоцна беше зајакнат со медицински тим составен од 10 лица за РОЛ-1 медицинска поддршка на кампот во Бутмир и со едно дополнително лице- воен правник- помошник правен советник во главниот штаб на ЕУФОР. По повлекувањето на хеликоптерскиот деташман во јули 2008 година, Република Македонија го продолжи своето учество во мисијата со медициски тим за РОЛ-1 медицинска поддршка и со помошник-правниот советник на кампот во Бутмир. Денеска, дел од ЕУФОР-АЛТЕА се 11 припадници на АРМ – 10 лица во медицинскиот тим и помошник правен советник во кампот во Бутмир. http://www.morm.gov.mk/content/?CBDC6D8E7F83596D33FEFC9B36E6BCE722C41311 | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|