Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 51 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty23/8/2011, 15:11

Армијата првпат ќе маршира низ Скопје

Во строев марш во неколку колони, со знамиња в раце, во свечена комитска униформа, запетлана до грло, и со црвена шапка, македонските гардисти ќе дефилираат по улиците на градот на свеченоста по повод Денот на независноста

АРМ - новости - Page 3 Garda-banskoliev

ВО ЧЕСТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Во строев марш во неколку колони, со знаме в раце, во свечена комитска униформа, на музика од воен оркестар, македонските гардисти ќе дефилираат за 8 Септември во пригодната свеченост што ќе биде организирана на Денот на независноста.

Нивниот офицер, кој ќе биде предводник, ќе ги управува со свечена сабја в раце, додека гардистите со свртен поглед и со пушките во вис ќе ги поздравуваат присутните странски гости, државните претставници и граѓаните.

Припадниците на баталјонот за почести и опслужување први ќе минуваат пред Собранието на Република Македонија, а потоа зад нив најверојатно ќе маршираат и преостанатите родови на македонската армија.

- Маршот или строевиот чекор на воената парада, по кој се препознатливи гардистите, но и сите војници, е олицетворение на моќ, сигурност и цврстина. Најверојатно, за време на прославата единицата на гардистите ќе биде на почетокот, пред сите други армиски родови, ако ги има, и тие ќе го носат националното знаме, што преставува исклучителна чест - објаснува полковникот Мирче Ѓорѓевски.

Баталјонот за воени почести, вели полковникот, се смета за една од елитните единици во македонската армија. Оваа единица е задолжена да присуствува во и пред објектите на највисоките воени и цивилни функционери во Македонија.

Сонцето единствено може да им биде најголемиот непријател на војниците, бидејќи за време на парадата ќе минат долго време на асфалтот околу централното градско подрачје, каде што е закажана главната свеченост.

- Критериумите за прием во гардата се исклучително строги и за некој да стане нејзин дел ќе мора да ги исполни највисоките здравствени психофизички нормативи. Дополнително на сé, во селекцијата на овие луѓе многу влијае и се цени нивниот надворешен изглед и височината - истакнува Ѓорѓевски, кој вели дека сé уште не е познато каде прецизно ќе мине воената парада.

Организаторите на манифестацијата планирале да ги ангажираат и воените авиони, но тоа засега било неможно.

Стројните момци во свечените униформи се дел од редовниот протокол на дочекување и испраќање на највисоките гости на нашата држава. Право на построен баталјон, составен од 100 војници, имаат само претседателите и премиерите.

На сите други им следува само чета до 54 војници. Во протоколот на свеченостите влегува и оркестар, кој ги изведува државната химна и химната на гостинот, појаснува полковникот.

Ова ќе биде прво воено дефиле на Армијата, одржано по градските улици, надвор од објектите на АРМ.
Доколку биде вклучена и армиската механизација - тогаш, според армискиот протокол, ќе имаме парада, исто така, прва во историјата на независноста.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8231186286&id=9&prilog=0&setIzdanie=22363
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty25/8/2011, 16:20

Министерот за одбрана и началникот на ГШ во посета на касарната „Илинден“

Армијата на Република Македонија до крајот на годинава ќе ги добие новите униформи, а со одредени ревидирања, доколку се неопходни, ќе продолжи и реализацијата на проектот „АРМ мој дом“, најави министерот за одбрана Фатмир Бесими при денешната заедничка посета на касарната „Илинден“ со началникот на ГШ Горанчо Котески.

- Целта на посета е да се запознаеме со војниците кои непосредно ги извршуваат функциите во АРМ, а показната вежба на ренџерите е извонредна прилика да видиме како функционира армијата во пракса. Исклучително сум задоволен од она што можев да го видам од аспект на професионалноста и капацитетот што го покажува АРМ, изјави Бесими.

Тој порача дека заедно со началникот на ГШ ќе се заложат за подобрување на стандардот на војниците и за имиџот на армијата.

- Ќе се ангажираме до крајот на годинава војниците да добијат нови униформи, а во наредниот период ќе продолжи и ќе се конкретизира и проектот „АРМ мој дом“. Доколку има потреба некои работи да се ревидираат од проектот тоа ќе се направи, но сепак цврсто стоиме зад него зошто АРМ го заслужува тоа како нашиот најдобар амбасадор за мир во светот, рече Бесими.

Министерот за одбрана порача дека ќе се заложи буџетот за одбрана за идната година да биде поголем од годинашниот за да се исполнат НАТО-критериумите за реформа на АРМ.

- Членството во НАТО е еден од петте приоритети на Владата и секако очекувам сдека тоа ќе се рефлектира во буџетот за одбраната, рече Бесими.

Прашан зошто и покрај препораките на Владата за избегнување на изложување на сонце токму денеска и на толку висока температура се изведува вежбата на ренџерите, министерот Бесими рече дека нашите војници во Авганистан служат во слични, па и полоши услови.

- Ова се истите војници кои служат во Авганистан. Вежбата секако беше планирана за денеска и ќе се одржеше и во многу полоши услови. Присуствуваме само на една редовна вежба на ренџерите и сакавме да бидеме заедно со нив под ова сонце, а не само да седиме во нашите канцеларии, порача Бесими.

Началникот на ГШ на АРМ посочи дека заедно со министерот Бесими планираат да ги посетат и останатите единици на АРМ за непосредно да се запознаат со животот и работата на војниците.

- Ќе продолжиме со посета и на останатите единици за непосредно да се запознаеме со проблемите на војниците и да преземеме мерки за подобрување на нивниот стандард и условите за живот, како и за модернизација на армијата, рече Котески.

Соработката со другите армии Котески ја оцени како многу добра, но сепак кажа дека ќе се обидат уште повеже да ја подобрат.

Покрај денешната посета на касарната „Илинден“, министерот за одбрана Фатмир Бесими имаше средба и со студентите на летната Академија за “НАТО и ЕУ”, а која е во организација на невладина KYATА воспоставена врз темелите на законодавството на Република Косово, чија цел е да промовира мир и стабилност во регионот и истовремено да ги промовира евро атлантските култури и вредности на граѓаните на Косово, посебно младите. Министерот Бесими ги запозна со структурата, тековните и идните активности на Министерството за одбрана, информираше дека Република Македонија е земја која е дел од САД-Јадранската група, чија стратешка определба е влез во НАТО и ЕУ и дека Министерството за одбрана продолжува со реформите во одбраната, кои овозможија достигнување на неопходните стандарди и капацитет за придонес кон меѓународните мировни операции. Воедно, студентите имаа можност да се запознаат и со припадниците од Армијата на Република Македонија (Полкот за специјални операции), и да ја проследат показната вежба

АРМ - новости - Page 3 IMG_0791

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html



Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 26/8/2011, 13:16. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty26/8/2011, 13:16

Новите униформи на АРМ до крајот на годинава

Договор за изработка има само за гардиските униформи, а за другите е купен материјалот, информираат од Министерството за одбрана

Армијата сé уште ги чека своите нови 5.000 униформи, од кои 1.200 треба да бидат маскирни (шумска, урбана и пустинска), а другите 3.800 за деловна употреба. Постапката се влечка уште од 2008 година, а според последните најави, би можела да заврши до крајот на годинава.

Од Министерството за одбрана информираат дека единствено е можно гардиските униформи да бидат ставени во функција бидејќи имало договор за нивно изработување. За сите други униформи единствено бил купен материјалот од кој би се изработиле. Избрани биле комбинациите на бои и шари за двете главни борбени униформи - континентална и универзална. За војниците во операции надвор од Македонија ќе се произведат помали серии на уште две борбени униформи: за операции во урбани места и за пустински операции.

- Досега е објавен тендер што би ги изработувал униформите, а собрани се понуди од 5 претпријатија што би ги шиеле униформите според бараните нормативи - објасни портпаролката Селвет Барути.

Таа објаснува дека сега се проверува која компанија има најевтина понуда, а откога ќе биде утврдено тоа, во согласност на процедурата ќе се потпише договор за изработка на новите армиски униформи.

- Ќе се ангажираме до крајот на годинава да ги искористиме максималните капацитети на Министерството за војниците да добијат нови униформи, бидејќи оваа ситуација не е решена подолг период - изјави вчера министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Новите униформи, доколку се воведат, ќе се разликуваат многу од досегашните што ги користи АРМ. Се планира да се воведат плик-капи, слични на „титовките“, и на тие што се користат во американската армија, кои ќе ги заменат сегашните маслинести баретки на старешините, а трупите ќе добијат нови борбени униформи со автентична т.н. дигитална шара. Во моментов сопствени униформи со таква шара имаат поголем дел од земјите што членуваат во НАТО.

Според најавите, откога ќе се изработат униформите, АРМ веднаш ќе ги воведе новите ознаки за чинови. Со новата уредба, АРМ воведува борбена, службена и свечена униформа, која ќе ја добијат само офицерите со чин од потполковник до генерал, воените претставници во странство, подофицерите-аѓутанти и членовите на Воениот оркестар. Тоа ќе биде единствената униформа што ќе се носи со шапка.
Аѓутантите, музичарите и аташеата ќе носат и триплетен златен гајтан од рамото до градите.

Новата службена униформа на АРМ ќе биде со темносина и петролејно-зелена боја и ќе се носи со плик-капа, наместо со маслинеста баретка или шапка. Со новата уредба, беретки ќе носат единствено припадниците на силите за специјални операции и на воената полиција.

Новите борбени униформи треба да имаат сосема нова, автентична маскирна шара, дизајн и боја. За разлика од досега, АРМ ќе има сопствена спецификација за составот, кројот и бојата на униформата.
Новите ознаки за чинови за офицери ќе бидат со ѕвездички, наместо досегашните линии на металните чинови за работна и за теренска униформа. Чиновите на подофицерите ќе се обележуваат со шеврони, како во американската армија. На реверите на униформата ќе се носи значка со ознака на родот, а на градите плочка со презимето, добиените одликувања и значки за завршените обуки и школи.

АРМ - новости - Page 3 Novi-uniformi-banskoliev1

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82611817137&id=9&prilog=0&setIzdanie=22366
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty17/9/2011, 14:35

Се беше совршено добро!

Ме радува покажаниов ентузијазам... ех кога би било вака почесто.. :cheers:

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty19/9/2011, 17:47

Министерот за одбрана Фатмир Бесими оствари средба со Амбасадорот на Словенија во РМ, Н.Е Алан Бергант

Денес, во просториите на Министерството за одбрана на Република Македонија се реализираше средба меѓу министерот за одбрана на РМ, г-дин Фатмир Бесими и Амбасадорот на Словенија во РМ, Н.Е Алан Бергант.

За време на средбата од страна на министерот Бесими беше упатена голема благодарност за огромната поддршка на Словенија како и задоволство од досегашната одлична билатерална одбранбена соработка. Во тој контекст Министерот Бесими упати на што позасилена соработка и изнаоѓање на идни проекти од заеднички интерес особено на полето на едукацијата, обуката и размена на мислења за новитетите во одбранбениот систем.

Истовремно тој го изрази задоволството од претстојната посета на НГШ на Словенија, напоменувајќи при тоа дека истата ќе биде добра можност за продуцирање на дополнителни моменти на соработка помеѓу двете министерства и армии напомеувајќи при тоа дека одличната армиска соработка ќе ја потврдиме и на претстојната билатерална воена вежба „Предизвик 2011„ која ќе се реализира на АП Криволак.

Амбасадорот Берган споделувајќи го задоволството од досегашната соработка изрази уверување дека Словенија секогаш ќе биде отворена за помош и соработка во сите сфери на општественото живеење особено во делот на одбраната.

АРМ - новости - Page 3 IMG_2718_resize

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty20/9/2011, 13:17

Посета на командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Мајкл Дуби

Од вчера, во тридневна официјална посета на АРМ претстојува висока делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби, на кого официјален домаќин му е началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески.

Целта на посетата на АРМ од страна на командантот на НГ на Вермонт е запознавање со достигнувањата на АРМ во процесот на трансформацијата и разгледување на можностите за унапредување за понатамошната соработка со НГ на Вермонт. Денес, на средбата во ГШ на АРМ, пред гостите од САД беа презентирани: долгорочниот план за развој на АРМ, достигнувањата во процесот на трансфомацијата и новата структура на АРМ, како и учеството во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН. Во оваа прилика, НГШ на АРМ искажа голема благодарност за континуираната поддршка од страна на Армијата на САД, при што тој особено се осврна на долгогодишната плодна соработка со НГ на Вермонт, која за АРМ во подолг период претставува дополнителен импулс за успешно достигнување на стандардите на НАТО. Генералот Дуби не го криеше задоволството од соработката со АРМ и Република Македонија, при што истакна дека е горд што имал прилика да придонесе за успешната трансформација на АРМ. Двајцата генерали се сложија дека успешното заедничко учество на двете армии во наменските сили ,,Феникс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан, кое се реализираше минатата година, како и многуте вежбовни активности, значително го зајакна партнеството помеѓу АРМ и НГ на Вермонт, а научените лекции од нив наоѓаат широка примена во обуката кај припадниците на двете армии.

За време на престојот во МО и ГШ на АРМ, генералот Дуби оствари средба и со Министерот за одбрана, Фатмир Бесими со кого разговараше за можностите за проширување на соработката во доменот на одбраната со НГ на Вермонт. Министерот Бесими изрази задоволство од развојот на билатералната соработка со вооружените сили на САД, како стратешки партнер на АРМ и искажа подготвеност и поддршка од страна на Министерството за одбрана во реализација на планираните заеднички проекти со НГ на Вермонт во иднина.

Инаку, НГ на Вермонт претставува партнер на АРМ со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку познатата воена контакт програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии. Оваа програма се реализира преку различни форми на обука, како што се: семинари кои се реализираат во Република Македонија, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, изведување на заеднички вежби и друго. Воената контакт програма и соработката со НГ на Вермонт, на АРМ во многу & помогна во достигнувањето на стандардите на НАТО во повеќе области. Во прилог на ова укажува фактот дека од 1994 година наваму се реализирани преку 200 активности со учество од над 4000 припадници на АРМ и МО.

За време на посетата, генералот Дуби ќе биде примен од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а планирано е да ги посети новите капацитети на Армискиот полигон ,,Криволак“.

АРМ - новости - Page 3 IMG_6531

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty20/9/2011, 15:16

Абе овој Бесими бил метро и жилет! lol!

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty20/9/2011, 17:35

AlexGreat напиша:
Абе овој Бесими бил метро и жилет! lol!

Метро и кебабче... afro

АРМ - новости - Page 3 File


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 20/9/2011, 17:40. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty20/9/2011, 17:37

Меѓународна вежба на алпинистички тим

Утре, 21-ви септември 2011 година со почеток во 12.00 часот на полигонот за алпинистичка обука кај Демир Капија, ќе се одржи меѓународна показна вежба ,,Пребарување и спасување на повредени лица на непристапен терен и планински простор“, во организација на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. На вежбата покрај алпинистичкиот тим од пСО, ќе учествува инструкторскиот тим од Армијата на Швајцарската конфедерација и припадници на вооружените сили на Република Србија и Република Хрватска.

На полигонот кај Демир Капија, учесниците на вежбата ќе прикажат спасување на повреден со извлекување со помош на витло, префрлување на повредено лице од една на друга точка со помош на јаже и носилка и префрлување на повредено лице на безбедно место за понатамошна евакуација. Во текот на работата ќе бидат демонстрирани алпинистички операции со примена на тактики и техники за премин преку тешко прооден терен со помош на: командо, манки, и исправено со користење на раце. Се очекува, вежбата за чија подготовка припадниците на трите армии изведуваа интензивна обука во изминатите две недели на полигоните кај Матка, Криволак и Демир Капија, да изобилува со атрактивни демонстрации кои од нив бараат висок степен на обученост, стручност и психо-физичка кондиција.

Инаку, алпинистичкиот тим од пСО е дел од декларираните единици на АРМ за операции надвор од Република Македонија, а високиот степен на обученост кој го поседуваат, го достигнаа во изминатите неколку години со сериозна и напорна работа со стручните алпинистички тимови од Швајцарија, така што во моментов инструкторите од пСО на АРМ во повеќе наврати спроведуваа слична обука со вакви тимови на армиите од Јадранската група.

Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери, да присуствуваат и да известуваат за вежбата. За таа прилика, ГШ на АРМ на 21 септември обезбеди организиран превоз до полигонот во Демир Капија, со поаѓање во 10.00 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ.

АРМ - новости - Page 3 Pso

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

AlexGreat


Број на мислења : 277

АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty23/9/2011, 14:54

НОВ КОНЦЕПТ ВО АРМ

Нов концепт за развој и употреба на воената резерва, кој многу ќе се разликува од постојниот, преземен од поранешната ЈНА, развива Македонската армија. Кога концептот ќе биде готов, резервистите ќе личат на националните гради што постојат во сојузните држави на САД. Челниците на Армијата периодов преговараат со нашиот најголем воен сојузник САД за преземање на нивните позитивни искуства.
Полковникот Мирче Ѓорѓоски објаснува дека реформите во воената резерва се во полн ек.

- Концептот предвидува измени во смисла на формирање посовремен модел базиран на досегашните наши искуства, но и на оние на другите армии-сојузници. Моментно на оваа тема трае советување меѓу преставниците на армиите на САД и Македонија - вели Ѓорѓоски.

Според него, концептот предвидува формирање постојана формациска сила, која ќе биде активна и под директна постојана команда. Оние што ќе бидат вклучени во неа ќе мора да имаат завршено воен рок, поминато воена обука, да се воено способни, да ја имаат бараната возраст и да ги исполнуваат сите други правни регулативи од Законот за одбрана.

- Сите резервисти ќе ги имаат законски регулирано своите права и обврски и ќе потпишат договори за финансиски надомест за нивното ангажирање - објаснува Ѓорѓоски.

Тој сé уште не може да потврди дали во оваа воена формација, наречена активна воена резерва, ќе учествуваат и професионалните војници на кои им истекол договорот поради старосната граница.
- За нас придобивките од овој концепт се подобрување на одбраната на земјата, а активните резервисти што ќе потпишат договор ќе бидат должни неколку пати во годината да посетуваат обуки и кондициски вежби - вели полковникот.

Воено-политичкиот аналитичар Петар Шкрбина вели дека самиот назив „активна воена резерва“ е нејасен.
- Иако немам коментар за новиот концепт, сепак заклучувам дека тука не станува збор за воената резерва на државата, односно за реформирање на оние 3-4 илјади луѓе што се воено способни за одбрана на државата, а веќе претходно отслужиле воен рок - вели Шкрбина.

Според него, промените ќе резултираат со формирање дел од армијата што ќе биде многу сличен со националната гарда на Америка.

- Националната гарда е буквално наменска армија, формирана за да задоволи одредени потреби на државата што по многу нешта се разликуваат од досегашната воена резерва на армијата - објаснува Шкрбина.

Сличен модел на американскиот користат и Швајцарците.

- Оваа земја во својата града има мал број наменски добро едуцирани платени војници што се употребуваат за одреден интерес - вели аналитичарот.

За Шкрбина, сепак, воената резерва е сериозен дел од одбраната на земјата.

- Ако во Македонија моментно имаме 7.600 члена на АРМ, кои се поделени во сите родови, авијација, артилерија, механизирани единици, тогаш според процените би требало да располагаме само со околу 3.000 војници-борци. Во воени услови за успешна одбрана на земјата на овие луѓе им се приклучуваат резервистите со дополнителни 3-4 илјади борци, со што бројката се дуплира. Затоа е исклучително битно да постои воената резерва - вели Шкрбина.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22388

______________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 3 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 51 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: