Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty16/8/2011, 00:46

Министерот за одбрана Фатмир Бесими оствaри средба со новиот заменик помошник државен секретар за Јужна и централна Европа Филип Томас Рикер

Министерот за одбрана Фатмир Бесими, денес оствари официјална средба со поранешниот Амбасадор на САД во РМ и сегашниот Заменик Помошник Секретар во американскиот Стејт Департмент, Амбасадорот Филип Томас Рикер.

Заменик помошник секретар во Стејт Департментот му упати честитки на министерот Фатмир Бесими по повод неговото назначување на функцијата министер за одбрана на Република Македонија, искажувајќи увереност дека неговиот потврден капацитет ќе даде дополнителен придонес, кон јакнењето на напредокот во делот на одбраната и во поддршката на севкупните напори на Република Македонија. Истовремено, г-динот Рикер ја истакна благодарноста на САД и признанието за придонес на Република Македонија кон мирот и безбедноста во регионални и глобални рамки.

Министерот Бесими се заблагодари за севкупната поддршка која САД континуирано и интензивно и ја дава на Република Македонија низ сите области на билатералната одбранбена соработка. “ Врвен приоритет на нашето Министерство и на нашата Влада е партнерството во НАТО, сите неопходни реформи, динамиката што ќе гарантира полноправно членство во оваа институција, дека ќе ги продолжиме и зајакнеме тие реформи. Ќе работиме и на зајакнување на досегашната одлична соработка на билатерално ниво со САД и што досега е докажано врз основа на стратешкото партнерство. Соработката во одбраната е клучен момент за стабилноста на земјата и еден значаен момент за подршка на еконмскиот развој на земјата за во една стабилна држава и економија да има нови работни места, инвестиции, подобар стандард за нашите граѓани” изјави министерот Бесими.

На средбата Рикер го истакна придонесот на Република Македонија кон глобалниот мир, за изминатиот придонес кон Ирак, за тековниот придонес кон мировните операции Алтеа, во Либан и особено за извонредниот придонес кон Авганистан. Во тие рамки, Рикер уште еднаш ја потврди благодарноста за заедничкиот придонес на АРМ и Националната Гарда на САД Вермонт кон изминатата деветмесечна мисија во Авганистан, и го поздрави претстојниот придонес на Република Македонија кон заедничките регионални напори во рамките на НАТО Школото за обука во Авганистан, во рамките на кои Република Македонија ќе испрати тројца претставници на АРМ во септември оваа година и потоа до крајот на годината дополнително ќе го зајакне својот придонес.

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty16/8/2011, 13:47

С О О П Ш Т Е Н И Е- Започнува чествувањето на 18-ти август, Денот на АРМ

По повод чествувањето на 18-ти август Денот на АРМ, утре 17.08.2011 година (среда) предвидено е да се одржат следните активности:

- церемонија за полагање на венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски на градските гробишта во Бутел со почеток во 09.00 часот.

Покрај делегацијата од ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, се очекува свежо цвеќе да положат и делегации на: кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, Министерството за одбрана, поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, градоначалникот на Скопје и други.

Во 11.00 часот пред зградата на МО и ГШ на АРМ ќе се одржи свечено постројување на вработените од МО и ГШ на АРМ, на кое пред присутните ќе се обрати Началникот на ГШ на АРМ генерал- потполковник Мирослав Стојановски, а ќе присуствуваат и Министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ, вработените во ГШ на АРМ и МО, а во рамките на оваа свеченост, ќе бидат положени венци со свежо цвеќе и пред спомен обележјето во чест на загинатите бранители од 2001 година пред зградата на МО и ГШ на АРМ. Инаку, во чест на Денот на АРМ, од касарната ,,Илинден“ со почеток во 12.00 часот, ќе се изврши почесна стрелба со испалување на 10 плотуни од 12 артилериски орудиа.

Во текот на денот, со почеток во 09.00 часот на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи изложба на борбени средства, борбени возила, како и дел од вооружувањето техниката и опрема со кои е опремена АРМ. Изложбата ќе можат да ја посетат граѓаните на Скопје и Република Македонија.

Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да ги проследат и да известуваат за настаните на градските гробишта во Бутел, во МО и ГШ на АРМ, како и на воениот стадион во Градскиот парк. Заради запазување на процедурите за влез во кругот на МО и ГШ на АРМ пристигнувањето пред пријавницата, треба да биде најдоцна до 10.45 часот.

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty16/8/2011, 16:59

Министерот за одбрана Фатмир Бесими оствари средба со акредитираните одбранбените аташеа за Република Македонија

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска оствари прва протоколарна средба со Асоцијацијата на одбранбените аташеа акредитирани за Република Македонија по повод денот на АРМ. Средбата беше добра можност за размена на мислења и ставови во поглед на реформите во Министерството за одбрана и АРМ како и за идните можни проекти и заеднички ангажмани неопходни за опстојување на патот кон исполнување на стратегиските цели на Р. Македонија. Исто така на средбата се потврди определбата за транспарентност, соработка и координација по сите важни процеси во одбраната бидејќи делиме заеднички интереси, јакнење на одделните билатерални соработки, поддршката како и континуитет во посветеноста на напорите во одбраната на патот кон полноправно членство на РМ во НАТО и Европската Унија.

Министерот за одбрана истакна дека соработката со аташеата која е на високо ниво ќе се продолжи и истата ќе се зајакне, а, нивната поддршка е од круцијално значење во остварувањето на стратешките приоритети на Република Македонија.

Во име на Асоцијацијата заменик доајенот потполковник Карл Шулер ја поздрави иницијативата на денешнава средба нагласувајќи при тоа дека и во иднина ќе бидат поддржани сите напори на Министерството за одбрана на РМ во поглед на реформите, изнаоѓање на адекватни решенија за сите предизвици и разрешување на сите прашања од заеднички интерес а на заедничко задоволство.

На крајот од денешната прва официјална средба со странските одбранбени аташеа во Република Македонија, министерот Бесими се заблагодари за високиот одзив и искажаната определба за соработка и поддршка, истовремено потврдувајќи ја сопствената подготвеност за традиционално одржување на ваков тип на средби непосредно пред одбележувањето на Денот на АРМ, како и во сите останати, прилика, кои ќе се организираат во рамките на јакнењето на заедничките напори во делот на одбраната.

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 17/8/2011, 22:38. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty16/8/2011, 17:01

Генерал Горанчо Котески нов началник на ГШ на АРМ

Бригадниот генерал Горанчо Котески, досегашен командант на Здружената оперативна команда, е назначен за нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Указите за негово поставување за прв човек на АРМ, како и за унапредување во чин генерал-мајор, денеска во Охрид ги потпиша претседателот на Република Македонија и врховен командант од вооружените сили Ѓорге Иванов.

Котески (46) доаѓа на местото на генерал - потполковник Мирослав Стојановски кој заминува од фунцијата поради истек на мандатот. Toj е единствениот активен генерал кој ги исполнува НАТО стандардите, владее англиски и германски јазик. Дипломирал на НАТО колеџот во Рим, а бил и воено аташе во Германија. Котески ја извршувал функцијата аѓутант на претседателот Иванов, а во март годинава беше назначен за командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ.

Претседателот Иванов по потпишувањето на указот изрази очекување дека генералот Котески ќе ги продолжи реформите на АРМ со цел нејзино натамошно етаблирање како модерна и ефикасна сила и гарант на мирот и стабилноста.

Преходно му заблагодари на генерал - потполковник Стојановски за неговиот професионален ангажман во вршењето на високата должност во Армијата на Република Македонија.

Претседателот Иванов, како што информира неговиот кабинет, денеска потпиша и указ за унапредување на полковникот Методија Величковски во чин бригаден - генерал за командантот на втората механизирана пешадиска бригада.

Свеченото примопредавање на должноста началник на ГШ на АРМ ќе се одржи на Денот на АРМ, 18 август, во Центарот за обука во Охрид.


АРМ - новости - Page 2 &imgSize=300&vId=26795
Генерал Горанчо Котески

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty17/8/2011, 12:31

Армијата ползи кон НАТО-19 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ВОЈСКА

Единствената пречка војниците на АРМ, кои веќе девет години се борат заедно со војниците на НАТО, и формално да станат сојузници е проблемот со името на државата. Другата сфера каде што војската „сочувствува“ со своите граѓани се финансиите

Македонската војска успешно се реформира и сосема е подготвена да стане дел од армиите на НАТО. Тоа е општа оцена и на претставниците на меѓународната заедница и на поранешните министри за одбрана. Но, единствената пречка војниците на АРМ, кои веќе девет години се борат заедно со војниците на НАТО, и формално да станат сојузници е сосема невојничка - проблемот со името. Тука, како и во други области, македонската војска ја дели судбината со државата. Другата сфера каде што војската „сочувствува“ со своите граѓани се финансиите - неколку капитални проекти, меѓу кои и модернизацијата и опремувањето на војската, со години се одложуваат поради намалувањето на буџетот на одбраната.



Два концепта за две децении

Професорот Владо Поповски на двапати беше министер за одбрана. Првиот пат при формирањето на македонската армија по принципот на регрутен контингент, кога таа имала 24 илјади војници во својот полн состав и регрутациска исполнетост од речиси 100 отсто.

- АРМ беше прифатена од сите граѓани на Македонија како институција. Не постоеја предрасуди кон неа. Во нејзиниот состав имаше 24 отсто млади Албанци, што укажува дека беше и интегративен фактор во земјава. Тогаш земјава воспостави контакти во САД на мошне високо ниво, а беа воспоставени и добри односи и соработка со соседните земји - вели Поповски.

По тој период Поповски се враќа во стариот ресор непосредно по конфликтот од 2001 година.

- Настојувавме да се смири ситуацијата. Но веќе во наредната 2002 година АРМ за прв пат учествуваше во мировни мисии во состав на контингентите на германските и силите на САД - потсетува Поповски.

Тогаш почнаа и реформите што произлегуваа како обврска од Партнерството за мир.

- Настапи редукација на АРМ за да се премине кон новиот концепт на професионален состав. Од 11 илјади да се симне на 7.000 војници и старешини, да се направат две бригади во Скопје и во Кичево. Денес реформите во тој дел се завршени и имаме извонредно обучена војска за која доаѓаат пофалби за нејзиното учеството во составот на мировните единици низ светот. Таа е респектирана армија со врвни способности увежбана за учеството во мировни мисии и да реагира при елементарни непогоди и катастрофи - оценува Поповски.



Лидер во реформите

Уште еден поранешен министер за одбрана, Лазар Еленовски, смета дека во периодот од самостојноста на Македонија, АРМ го даде својот печат на македонската државотворност. Ако во првата деценија се градеше како територијална вооружена сила, во втората деценија таа се трансформира во армија која треба да одговори на современите предизвици.

- На тоа влијаеја повеќе фактори - промената на политичката реалност во Македонија со охридскиот Рамковен, надминатите воени конфликти во регионот, а со тоа и надминати воени закани по територијалниот интегритет и доближувањето на Македонија до евро-атлантските структури со преземањето на правата, но и обврските како земја-кандидат. Реформите во одбраната се лидер на реформите во државата. Забрзаното темпо на реформите во одбраната, кое влијаеше на реформите во другите сектори, придонесе на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година, Македонија за прв пат да ги исполни основните критериуми за членство во НАТО - вели Еленовски.

Тој оценува дека и денес пред АРМ има големи предизвици за таа да одговара успешно на современите лесно променливи безбедносни закани.

- Треба да биде професионална, добро обучена, опремена и пред с` распоредлива вооружена сила. Најголемите предизвици се во модернизацијата, како и во обуката на силите. Поради негативниот европски тренд од светската економска криза, кој ја зафати и Македонија, со намалување на воените буџети на европските сојузници, во НАТО еден од главните моментални предизвици е како да се стабилизира с` поголемиот воен јаз меѓу Америка и Европа. Затоа треба скратените воени буџети да се користат што попаметно и поефикасно - истакнува Еленовски.

Колку пари, толку реформи



Реформите и претстојните проекти на одбраната ќе продолжат според расположливиот буџет, кој од 2007 година се намалува. Новиот Долгорочен план за развој на одбраната, донесен во мај, предвидува постепено зголемување на буџетот на одбраната, особено во деловите за модернизација и опремување. Според планот, буџетот, од сегашните 1,3 отсто од бруто-домашниот производ до 2020 треба да се зголеми на 2,1 отсто, колку што изнесуваше пред пет години. При усвојувањето на Долгорочниот план и тогашниот министер Зоран Коњановски рече дека АРМ го завршила усовршувањето на персоналот, а реформите треба да ги надгради со квалитетна опрема.

Поради финансиската криза, АРМ до денес не го опреми со нова опрема Средниот пешадиски баталјон, единица за мисии во странство која требаше да биде целосно опремена до крајот на 2009 година. Единицата беше оценета како подготвена за борбени дејства минатата есен, но со опремата која во моментов ја поседува.

Со буџетот испланиран за следниве девет години АРМ треба да набави оклопни транспортери и комуникациска опрема за единиците за операции надвор од Македонија.

Меѓу проектите кои ги почна Одбраната е и модернизацијата на армискиот полигон Криволак, кој треба да прерасне во регионален центар за обука. Годинава, одбраната и израелски „Елбит“ почнаа проект за школа за пилоти, за кој Македонија ќе плаќа по 5,2 милиони евра во следните 8 години. Школата, која пред с` ќе обучува пилоти за АРМ и другите државни институции, ќе биде најсовремен центар за обука на пилоти во регионот и се очекува да прерасне во регионален центар.

Во Долгорочниот план како приоритет е наведен и проектот за лесна маневарска болница, која е партнерска цел на АРМ и обврска пред НАТО, која треба да се реализира до 2014 година.

АРМ ќе треба да најде решение и за контролата на воздушниот простор, за што, според најавите, се подготвува студија во Брисел.

Откако пред неколку години беше прогласен стечај на наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков, која подоцна беше продадена, АРМ остана и без единствениот македонски производител на муниција.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3CB3B


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 17/8/2011, 22:41. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty17/8/2011, 22:34

Министерот за одбрана, Фатмир Бесими, оствари средба со поранешните министри за одбрана


По повод Денот на АРМ – 18 Август, министерот за одбрана, Фатмир Бесими, денес оствари средба со поранешните министри за одбрана.

Изразувајќи благодарност за придонесот што го дале во изградбата на одбранбениот сектор како поранешни министри за одбрана, министерот Бесими во своето обраќање, меѓу другото истакна: „Во текот на вашите мандати како министри за одбрана, дадовте значен придонес во развојот на одбранбениот сектор. Одбранбениот сектор е еден од најзначајните и најчувствителните сектори во рамките на Владата на РМ. Овој сектор бара голема одговорност, но и целосна посветеност на работата. Тоа, како актуелен министер за одбрана и самиот го почувствував за ова кратко време од преземањето на функцијата“.

Посочувајќи дека врвен приоритет на Министерството за одбрана и на Владата на РМ и во иднина останува партнерството со НАТО, министерот Бесими нагласи дека за исполнувањето на таа цел ќе продолжат и ќе се зајакнат сите неопходни реформи со што ќе се придонесе за полноправно членство во евроатланските структури, место кое, со сето досега неправено на тој план, заслужено ì припаѓа на Република Македонија.

„Вратите на Министерството за одбрана секогаш остануваат отворени за вас, а вашите совети за унапредување на состојбите во ресорот одбрана секогаш се добредојдени бидејќи заедно сме посилни. Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката во одбраната бидејќи тоа претставува клучен момент за стабилноста во регионот и пошироко, а воедно е и значаен момент за поддршка на економскиот развој на земјата за една стабилна држава и економија да има нови работни места, инвестиции и подобар стандард на граѓаните“, потенцираше министертот за одбрана, Фатмир Бесими.

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html


Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty17/8/2011, 22:36

Соопштение - Централна свеченост по повод 18-ти август Денот на АРМ

Утре, 18-ти август (четврток) во Центарот за обука на вода во Охрид, со почеток во 10.00 часот ќе се одржи централната свеченост по повод 18-ти Август – Денот на АРМ.

На свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант г-дин Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Трајко Вељаноски, поранешните претседатели на Република Македонија, Министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите, воените аташеа, високи воени претставници акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

На централната свеченост по повод Денот на АРМ, за прв пат ќе се изврши церемонија за примопредавање на должноста Началник на Генералштабот на АРМ, на која утре, должноста ќе ја прими деветтиот Началник на Генералштабот во историјата на АРМ. Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат: Претседателот на Република Македонија, Министерот за одбрана, досегашниот и новопоставениот Началник на Генералштабот на АРМ. Во текот на централната свеченост, во чест на Денот на АРМ во Охрид ќе се изврши прелет со два борбени хеликоптери Ми-24 од составот на воздухопловниот ВИНГ на АРМ.

Инаку, утре по повод Денот на АРМ со свечен строј и читање на наредби за унапредување во сите единици и касарни на АРМ во Република Македонија припадниците на АРМ ќе го прослават празникот.

Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат и да известуваат за настанот. Заради запазување на процедурите за влез во Центарот за обука на вода во Охрид, пристигнувањето пред пријавницата на центарот, треба да биде најдоцна до 09.30 часот. Поради големиот број на гости и безбедносните мерки, препорачуваме навремено пристигнување

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty19/8/2011, 01:06

Во Центарот за обука на вода во Охрид беше одбележан Денот на Армијата - 18 Август

Со пригодна свеченост и примопредавање на функцијата началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска во Центарот за обука на вода во Охрид беше одбележан Денот на Армијата - 18 Август. Должноста началник на ГШ ја прими генерал-мајор Горанчо Котевски од досегашниот генералот Мирослав Стојановски.

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на воените сили Ѓорге Иванов им оддаде признание на сите досегашни началници на ГШ, офицери, подофицери, војници и цивилни лица во АРМ кои во изминатите 19 години придонесоа во градењето на македонската независност, како и до сите мировници кои вложија труд и посветеност во ангажманите во мисиите во Ирак, Авганистан, БиХ и Либија.

Иванов подвлече дека Република Македонија како партнер и сојузник во антитерористичката коалиција во Авганистан ќе остане се додека е неопходно и ќе го следи трендот на транзиција и предавање на севкупната власт на авганистанскиот народ во согласност со интересите на државата.

- Свесни сме дека влогот во Армијата е влог во европската и евтоатлантската иднина на Македонија. Соочувајќи се со големи предизвици и спроведувајќи темелни реформи, македонската Армија денеска останува да биде еден од предводниците на реформскиот процес на целото македонско општество, рече Иванов.

Според него, АРМ ги исполнила сите критериуми за членство во Алијансата. - Сакам да знаете дека со НАТО ги споделуваме истите вредности, интереси и приоритети. Република Македонија е еднаква по обврските со сите земји-членки на НАТО, но не може да ги ужива правата и привилегиите што ги носи членството во Алијансата, нагласи Ивано. Тој изрази уверување дека ќе дојде денот кога Македонија и формално ќе стане дел од евроатлантското братство на народи посветено на поголема безбедност, демократија и човекови права во светот.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими рече дека АРМ покрај во државата е ценет и почесен партнер и лесно препознатлива во светот. Повтори дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО се врвни приоритети на Владата и на Министерството за одбрана.

- Посветени на исполнувањето на оваа цел ќе ги продолжиме и зајакнеме сите неопходни реформи кои ќе придонесат за полноправно членство во евроатлантските структури, место кое заслужено и припаѓа на Репубилка Македонија, рече Бесими.

Досегашниот началник на Генералштабот Стојановски по предавањето на функцијата истакна дека благодарение на посветеноста кон реформите, лојалноста кон професијата, мотивираноста и високиот морал, Армијата е меѓу најуспешните институции.

Во 19-годишниот развој на Армијата, најсилен белег, според Стојановски, оставиле професионализацијата и формирањето на Единицата за специјални намени како прва професионална единица на АРМ, ангажирањата во кризните периоди на границите со Србија и Албанија, кризата на Косово и хуманитарната катастрофа, конфликтот во 2001 година, започнувањето со трансформација, учеството во мисии надвор од државата,... Посебен белег му оставиле целосната афирмација на АРМ дома и на меѓународен план, доверба и углед кај граѓаните и висок рејтинг пред меѓународната заедница.

- Со спроведувањето на реформските процеси паралелно бевме ангажирани на многу активности и задачи во земјата и надвор од нејзините граници каде заради високите резултати и покажаниот традиционализам Армијата е рамноправен и посакуван партнер на НАТО и ЕУ, рече Стојановски, изразувајќи жалење што во неговиот мандат земјата не доби полноправно членство во Алијансата.

На неговиот следбеник му порача да продолжи да ја негува поврзаноста со цивилното население, граѓаните и институциите, но и да се чуваат и одбележуваат традициите.

- Не е сеедно на кого се остава ова богаство кое се вика Армија на Република Македонија и затоа грижете се за секој човек, борете се за статусот, имиџот и позициите на Армијата. Да не се дозволи атак врз институцијата во која треба да се почитуваат, одржуваат и унапредуваат воспоставените вредности, но и да се трага по нив, рече Стојановски.

Деветтиот началник на ГШ генерал-мајор Горанчо Котевски нагласи дека меѓусебното почитување, одговорноста, професионалноста, дисциплината и лојалноста ќе бидат код во неговата работа која заедно со припадниците на АРМ ќе придонесе за безбедна и просперитетна Република Македонија. Тој изрази уверување дека е целосно подготовен да им се посвети на обврските и задачите што произлегуваат од должноста.

Фокусот и натаму ќе биде на продолжување на реформските процеси во согласност со новите безбедносни предизвици и следење на НАТО-стандардите со цел земјата да стане членка на Алијансата, имплементација на новата структура на силите, подобрување на животниот стандард на припадниците на АРМ, реализација на плановите за долгорочен развој, опремување и модернизација на Армијата, јакнење на лидерството, моралот, единството и сите високи морални вредности во служба на државата и граѓаните, продолжување и јакнење на соработката со партнерите во НАТО и меѓуармиска соработка на билатерален и регионален план...

- Свесен сум дека за остварување на вака поставените приоритети покрај останатото потребна е висока обученост, ред и дисциплина, како и финансиски средства. Не се сомневам дека АРМ има капацитет тоа да се реализира и верувам дека новата генерација која во редовите на Армијата ќе истрае на реформскиот пат и со постигнување на високи резултати ќе дава силен импулс кон полноправното членство на Македонија во НАТО, рече Котевски.

На свеченоста по повод 19. роденден на Армијата меѓу другите присуствуваа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ, пратеници на Собранието, амбасадори, воени аташеа и други гости.

Во чест на Денот на АРМ прелет изведоа два борбени хеликоптери Ми-24 од составот на Воздухопловниот ВИНГ на Армија.

АРМ - новости - Page 2 IMG_0427_

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 19/8/2011, 13:58. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty19/8/2011, 13:58

Министерот за одбрана, г-динот Фатмир Бесими се сретна со америчкиот Адмирал Самуел Локлиер

Министерот за одбрана, г-динот Фатмир Бесими се сретна со америчкиот Адмирал Самуел Локлиер Командантот на заедничките сили на НАТО во Неапол,

Вчера попладне во Охрид, по завршувањето на свечената церемонија за 19-годишнината на денот на Армијата на Република Македонија, министерот за одбрана, г-дин Фатмир Бесими се сретна со Адмиралот Локлиер. Тој му ја честиташе новата функција на министерот Бесими и му посака во неговиот мандат Република Македонија да стане членка на НАТО. Адмиралот се заблагодари за придонесот на Република Македонија за светскиот мир во рамките мировните мисии на НАТО.

Министерот Бесими му се заблагодари за честитките и посетата на Адмиралот во Република Македонија за денот на АРМ. Бесими потври дека НАТО останува врвен приоритет во неговиот мандат и дека посветено ќе работат на спроведување на сите неопходни реформи за постигнување на најновите стандарди и критериуми na NATO. Тој изрази оптимизам за надминување на политичкиот спор и членство на Република Македонија во НАТО.

На состанокот Министерот Бесими и Адмиралот Локлиер разговараа и за безбедносната состојба на регионот и значењето на задржување на мирот.

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty19/8/2011, 14:00

По повод трансфер на авторитет на проектот Логистичко информациски систем (ЛИС) и Глобално комуникациски информациски систем (ГКИС) на МО на РМ

Денеска во Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свеченост по повод трансфер на авторитет на проектот Логистичко информатички систем (ЛИС) и Глобално комуникациски информатички систем (ГКИС) на Министерството за одбрана на Република Македонија. Поголема ефикасност и транспарентност во спроведувањето јавни набавки, заштеди, како и поголема брзина и точност при обработката на документите и податоците за потребите на Министерството за одбрана и АРМ, ќе овозможи новиот систем за логистичка информатичка поддршка што од денеска функционира во Министерството за одбрана.

Овој проект кој е најголема донација во изминативе десет години е финансиран преку ФМФ фондот на Конгресот на САД е во износ од околу 5,8 милиони долари за да се помогнат напорите за трансформација и модернизација на МО и АРМ. Целта на проектот е развој на информатичките и комуникациските системи на Министерството за Одбрана и Армијата на Република Македонија односно развивање на логистички софтвер кој има за цел следење, распоредување и менаџирање со материјалните средства во рамките на министерството и армијата. Во овој проект најкомплексен од овој домен изработен досега директно беа вклучени 70-тина вработени од МО и АРМ од различни хиерархиски нивоа, а бројот на корисниците ќе достигне околу 1000 вработени. Со имплементација на проектот се предвидува годишна заштеда од три до пет милиони евра и поголема транспарентност и ефикасност во исполнувањето на активностите на МО и АРМ.

Според министерот за одбрана Фатмир Бесими, системот опфаќа хардвер, софтвер апликација, како и мрежа на ниво на цела Македонија. Софтверот ќе помогне за поефикасно и потранспарентно спроведување на набавките во МО за потребите на Армијата и логистичкиот систем. Со него ќе бидеме поефикасни во планирањето и управувањето со финансиите што ќе овозможи подомаќинско работење и заштеди кои на годишно ниво би изнесувале околу два милиони евра, рече Бесими на свеченоста по повод примопредавањето на проектот.
Реформите во Армијата, истакна министерот, бараат инвестиции и поради тоа работиме на проекти што овозможуваат заштеди. Во примената на новиот систем, како што информира Бесими, биле вклучени 70 вработени од МО, а ќе го користат над илјада лица во овој ресор.
Заблагодарувајќи се на поддршката од Владата на САД за реализацијата на проектот, истакна дека таа е само дополнителен чекор во постојаната помош што македонската Влада ја добива од САД која во изминатите 15 години во овој ресор надминала 100 милиони долари. - Со примената на ваквите системи сме уште еден чекор поблиску до НАТО, истакна Бесими.
Според заменик-амбасадорот на САД во Македонија Брајан Агелер, спроведувањето на проектот е уште една можност за повторна потврда на врските помеѓу САД и Република Македонија.
- На Македонија со проектот и се обезбедува систем кој е целосно оперативен и интегриран со стандардите на НАТО, оцени Агелер, посочувајќи дека таквите успеси што ги постигнува македонската Армија во реформите што ги спроведува биле поздравени од останатите членки на НАТО, а дел од нив побарале нивно пренесување.
Новиот ЛИС, појасни Агелер, ќе обезбеди компјутерско поврзување на 250 точки меѓу командите и канцелариите во МО, а целата инвестиција треба да се потпира на план за долгорочен развој.
Заменик-амбасадорот на САД оцени дека е јасно оти Бесими како нов министер за одбрана има поголема визија не само од технички аспект. Со оддавањето почит на загинатите бранители од 2001 година, според Агелер, Бесими направил значаен чекор во подобрувањето на меѓуетничките односи и покажал почит кон жртвите.

Примената на ЛИС треба да доведе до промени во извршувањето на секојдневните задачи на вработените во МО и АРМ, а особено на тие што се вклучени во логистичките бизнис-процеси. Документите и податоците кои досега се снимаа рачно и на хартија ќе се чуваат во електронска форма во овој систем со што се промовира поголема брзина и ефикасност, како и можност за многу поголема контрола, ажурност и точност. Со предвидената интегративност и интерактивност со системот се обезбедува и информатичка основа, инфраструктура и јадро и за други автоматизирани системи кои во иднина дополнително треба да ги опфаќаат способностите и функциите на МО и АРМ и да ја зајакнат интероперативноста и компатибилноста со НАТО.

Проектот се реализираше преку компанијата HP Enterprise servises како главен носител, Infinite solutions како локален партнер.

АРМ - новости - Page 2 IMG_5966_

http://www.morm.gov.mk/morm/mk/Ministry.html
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 2 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 100Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 51 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: