|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/10/2011, 17:42 | |
| Министерот за одбрана Фатмир Бесими оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Жан-Клод ШлумбержеМинистерот за одбрана Фатмир Бесими денес оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Жан-Клод Шлумберже. Ова средба се реализираше како потврда на добрата билатерална соработка помеѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за полноправно членство во НАТО и ЕУ на Р. Македонија. Во текот на средбата беа разменети мислења за одличната билатералната соработка која пред се претставува одраз на добрите политички односи помеѓу двете земји, како и за претстојниот состанок на Мешовитата македонско-француска комисија кој треба да се одржи во почетокот на месец декември. Во насока на истакнување на политичката волја за продолжување на поддршката за евроатланските процеси на Република Македонија, како и во насока на продлабочување на билатералната соработка во областа на одбраната, Амбасадорот информираше дека во француското Министерство за одбрана се размислува за повторно воспоставување на Канцеларијата за воени прашања во Амбасадата на Република Македонија во Скопје која беше затворена во месец август 2010 година. Mинистерот Бесими го информираше Амбасадорот за кусата средба со францускиот колега на маргините на состанокот со Северно-атлантскиот совет кој се одржа на 19. октомври 2011 во Брисел, при што му упатил покана за официјална посета на Република Македонија. Во тој контекст Амбасадорот ја истакна својата поддршка за реализација на посетата во знак на добра волја за интензивирање на билатералната соработка во областа на одбраната. За време на средбата Амбасадорот Шлумберже до министерот Бесими упати покана за негово лично присуство на комеморацијата која ќе се одржи на француските гробишта во Битола и германските гробишта во Прилеп на 6. ноември 2011, а е во заедничка организација на Амбасадите на Република Франција и СР Германија во Скопје, во знак на давање почит на загинатите војници во текот на Првата Светска Војна. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-mo-fatmir-besimi-so-ambasadorot-na-francija-vo-rm&lang=mk | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/10/2011, 21:57 | |
| НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА
Колтот го прати калашниковот во пензија
Македонската армија следејќи ги стандардите на НАТО, веќе ја започна скапата инвестиција за исфрлање од употреба на руската автоматска јуришна пушка и нејзина замена со американската помодерна варијанта "колт-М4А2". Од Генералштабот на Амријата објаснуваат дека нашите експерти веќе ја тестирале пушката и одлично се покажала во пракса во мировните мисии на нашите војници во Авганистан
Автоматската пушка калашников АК-47, синоним за советската ера, оружје кое во помодерна верзија се уште се користи во македонската армија - наскоро заминува во историјата. Македонската армија следејќи ги стандардите на НАТО, веќе ја започна скапата инвестиција за исфрлање од употреба на руската автоматската јуришна пушка и нејзина замена со американската помодерна варијанта "колт-М4А2".
Новото оружје со кое се закитија специјалните единици на армијата според најавите наскоро треба масовно да се употреби во сите слоеви на АРМ. Јуришната пушка која отсега, па натаму ќе е синоним за нашата армија, користи калибар на муниција 5,56, што е според стандардите на НАТО. Од Генералштабот на Амријата објаснуваат дека нашите експерти веќе ја тестирале пушката и одлично се покажала во пракса во мировните мисии на нашите војници во Авганистан.
Полковник Мирослав Ѓорѓоски истакнува дека оваа пушка има бројни предности во нејзината употреба за разлика од досега употребуваното оружје. - Оваа американска пушка има оптички електронски нишан, што овозможува прецизно да се користи ноќе. Нејзината тежина е помала од онаа на калашниковотт, но сепак за истакнување е нејзината големата прецизиност при употреба , вели Ѓорѓоски. Тој додаде дека досега употребуваниот калашниковв во редовите на АРМ е од југословенско и бугарско производство и иако се покажувал одличен, но сепак е застарено оружје. Полковникот потцрта дека македонската армијата располага со соодветни резервни делови и муниција за поправка и одржување на новата пушка која во наредните години ќе се користи во АРМ. - За одржување на оружјето и за негов ремонт веќе имаме обучено војници-инженери и мајстор-пушкари што во наредните години ќе се грижат за сервис на овие автомати, резимира Ѓорѓоски. Инаку, јуришната американска пушка "колт-М4А2" е една од најдобрите во својата класа во светот. Првпат во употреба во американската армија е пуштена во 1997 година. Пушката преставува пократка и полесна верзија на ''М16А2'', наследник е на низа истапувања на М-16, која пак настанала од АП-15 со калибар, 7,62 мм. Тешка е 2,8 килограми, што е точно на половина од тежината на рускиот калашниковв. Новото македонско оружје користи калибар на муниција 5,56, според стандардите на НАТО. Единствена лоша страна е високата цена на продажба, која неколку пати ја надминува онаа на рускиот ривал АК-47, кој чини 350 евра. Пред нас на просторите на поранешна Југославија замена на оружјето спроведе единствено Хрватска во средината на деведесеттите. Војниците на хрватската армија што ја користеа пушката М-16 денес користат автоматска пушка од сопствено производство.
Карактеристики на Колтовиот модел М-4 Дострел Максимален ефикасен дострел...... 500 м Максимален дострел на зрното...... 3600 м
Нишани Преден и заден механички (задниот се мести на нишаниски далечини од 200 до 600) Оптички М-68 за блиска борба, ноќен АН/ПСВ-7, ласерски одбележувач, термален нишан
Тежина Празна.......................2.8 кг Со полна рамка........3.2 кг
Должина 839 мм со извлечен кундак 757 мм со вовлечен кундак
Брзина на стрелба - 800 куршуми во минута (варира од 700 до 900) Кога стрелецот нишани, при поединечна стрелба можни се до 45 куршуми во минутра, при ограничен рафал од 3 куршуми може до 90 куршуми со менување на рамка ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 28/10/2011, 18:16 | |
| Испраќање на единаесеттата ротација на АЛТЕАДенес, 28-ми октомври во Командата за логистичка поддршка (КЛП) на АРМ се одржа свеченост по повод упатувањето на единаесеттата ротација на медицинскиот тим на АРМ кој учествува во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. На свеченоста покрај клучниот персонал на КЛП присуствуваа и претставници на Генералштабот на АРМ, Воено-медицинскиот центар и роднините на припадниците на медицинскиот тим. Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамките на мисијата АЛТЕА е обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево. АРМ во мисијата АЛТЕА учествува со еден медицинскиот тим од ноември 2006 година, кој во изминативе пет години, задачи ги извршува беспрекорно, за што најдобра потврда се високите оценки добиени од командата на ЕУФОР. Денес, пред свеченоста медицинскиот тим оствари средба со Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески на која тој беше запознаен со работата и задачите на тимот во рамките на мисијата АЛТЕА. На средбата беше уште еднаш истакнато дека медицинскиот тим на АРМ во изминативе пет години на најдобар начин ги покажа спопосбостите и интероперабилноста на АРМ во рамките на мисијата на ЕУ, но и даде огромен придонес во афирмацијата на АРМ и Република Македонија. Учеството на АРМ во мисијата АЛТЕА како дел од силите на ЕУФОР, е од огромно значење за афирмацијата на Република Македонија, но и за промоција на оперативните способности на АРМ во делот на санитетското обезбедување. Медицинскиот тим на АРМ деновиве ги завршува последните подготовки пред поаѓање за Бутмир, така што редовната ротација е планирано да се изаврши на почетокот од ноември. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=isprakanje-na-edinaesettata-rotacija-na-altea&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/11/2011, 17:17 | |
| Бесими и Котески ја пoсетија тетовската касарна и конфекцијата „Империјал“Министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески денеска ја посетија тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ и текстилната фирма „Империјал“ во Брвеница каде што беа преставени мострите од новите борбени и пустински униформи на армијата. Од командантите на бригадата и на тетовскиот гарнизон Бесими и Котески беа запознаени со мисијата, задачите и моменталната состојба во Првиот механизиран пешадиски баталјон од Втората механизирана пешадиска бригада што во јануари ќе се упати во Авганистан како дел од меѓународната мисија ИСАФ. Во шестмесечната мисија ќе учествуваат 165 војници на АРМ припадници на тетовскиот гарнизон. По тој повод беа посетени дел од просториите за живот и работа на единиците, а беше изведена и вежба на дел од учесниците на новата мисија на АРМ во Авганистан. Подготовките на единиците кои ќе учествуваат во мисијата одат според динмичкиот план кој предвидува користење и на искуствата од претходните учества на другите наши војници во оваа мисија. - Според најавите околу 1.200 од новите униформи армијата треба да ги добие во декември оваа година така што овие војници кои во јануари ќе бидат упатени во Авганистан ќе ги користат, изјави Котески. Вториот дел од посетата се реализира во просториите на конфекциската фирма „Империјал“ во тетовска Брвеница каде беа претставени мострите за новите основни – борбени и универзални – пустински униформи за единиците на АРМ. Платното за униформите според бараните перформански, бидејќи во Македонија немало вакво, е набавено по меѓународен тендер од Бугарија додека изгледот и дизајнот на униформата е автохтон македонски производ. - Следната година Армијата на Македонија одбележува 20 години од своето постоење и очекувам дека јубилејот војниците ќе го дочекаат со нови уникатни по својот дизајн, квалитет и функционалост униформи. Оваа активност е резултат на постојаниот ангажман на комисијата на Министерството и припадниците на Армијата кои постојано ги следеа сите процедури за проверка на квалитетот на мострите, шиењето и се друго поврзано со овој процес. Мислам дека со својот ангажман за гарантирање на безбедноста не само за државата туку и пошироко тие тоа и го заслужуваат, рече Бесими. Според најавите следната година околу 8.000 припадници на АРМ треба да добијат од основната борбена униформа додека униварзалните или пустински униформи ќе се шијат според потребите. http://www.morm.gov.mk/portal/wp-content/uploads/IMG_5789_resize.jpg | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 4/11/2011, 19:15 | |
| Барем нешто,барем нешто ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/11/2011, 14:17 | |
| Министерот за одбрана Фатмир Бесими на Регионален состанок на министри за одбрана во Пеќ, Република КосовоМинистерот за одбрана на Република Македонија г-дин Фатмир Бесими денес зема учество на првиот регионален министерски состанок кој за прв пат се одржува во Република Косово, каде што земаа учество министри и високи преставници од Република Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија како и контра адмиралот Марк Монтгомери од Европската Команда на САД. На состанокот се дискутираше на тема регионална соработка, интеграција и максимално искористување на заедничките можности што резултираше со потпишување на заедничка изјава за понатамошно продлабочување и зајакнување на односите на земјите од регионот. Министрите се залагаа за зголемена соработка на билатерално, регионално и Евроатланско ниво во областа на одбраната како и помош на цивилните структури при елементарните непогоди. Министрите за одбрана како и останатите преставници на земјите од регионот го истакнаа своето задоволство за можноста да присуствуваат на овој прв значаен состанок организиран од страна на Р. Косово посветен на регионалната соработка со цел искористување на заедничките можности да придонесат кон натамошно јакнење на меѓусебниот дијалог и соработка. Министерот Бесими во своето обраќање истакна „Заедно со соработка и партнерство да изградиме доверба како гаранција за одржлив мир и стабилност со помош на дијалог, да гледаме кон иднината, кон прашања кои не обединуваат, наместо оние кои не разединуваат. Да ги претвориме предизвиците во предности, со цел подобра заедничка иднина во НАТО и регионална соработка во интерес на Евро-атланските интеграции и придонесот кон глобалниот мир“. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=mo-fatmir-besimi-na-regionalen-sostanok-na-ministri-za-odbrana-vo-pekj-r-kosovo&lang=mkОдавна се немаат видено(сретнато)... :suspect: | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/11/2011, 14:19 | |
| Свечена заклетва на војниците во велешката касарнаВо касарната „Алексо Демниевски-Бауан‘‘ во Велес во Командата за обука денеска свечена заклетва дадоа младите војници од октомвриската класа на доброволно служење во АРМ. Пред 200-те војници од кои 16 се девојки, нивните родители, роднини и пријатели и старешини на АРМ и други гости од свечената бина, се обрати полковник Љупчо Костовски, камандант на Командата за обука. Честитајќи им ја свечено дадената заклетва потсети дека тие се столбот на АРМ. - Од овие редови потоа се пополнуваат професионалните единици на АРМ. Овие млади војници во својата војничка кариера на која многумина од нив се определуваат потоа со дополнителна обука и усовршување голем дел од нив стануваат и врвни војници и старешини со кои се гордее нашата Армија, потенцира полковник Костовски. Основната воена обука на војниците ќе трае во наредните три месеци. Како и со претходите генерации со војниците ќе работи врвен воено стручен тим старешини на Центарот за индивидуална обука при Командата за обука, сместена во велешкиот гарнизон на АРМ. http://kurir.mk/republika/opstini/48483 | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 5/11/2011, 18:19 | |
| Нека им е со среќа! :cheers: ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/11/2011, 13:39 | |
| Македонија испраќа 172 војници во АвганистанСобранието на Република Македонија на денешната 13. седница донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна мисија во Авганистан во состав на Меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан - ИСАФ. Заменик министерот за одбрана Емил Димитријев појасни дека согласно одлуката во Авганистан ќе бидат испратени 172 припадници на АРМ. Од нив, 150 се припадници на механизирана пешадиска чета, двајца штабни офицери за работа во командите на ИСАФ, пет старешини за работа во Оперативно – менторски тим и тим за врски (ОМЛТ), четири штабни офицери за работа во рамките на Школото за воена полиција и мобилен тим за обука (МТТ) во состав од пет припадници за работа во рамките на Школото за воена полиција. Трошоците за транспорт ги обезбедува НАТО, стратешки партнер или земја контрибутор, додека другите трошоци за плати, надоместоци, придонеси и логистички трошоци ги обезбедува Република Македонија. За припадниците на медицинскиот хируршки тим во состав од шест лица за работа во рамките на норвешки Провинциски тим за реконструкција, трошоците за транспорт, сместување, исхрана, гориво и итна медицинска заштита ги обезбедува Кралството Норвешка, додека другите трошоци за плати, надоместоци и придонеси ги обезбедува Министерството за одбрана на Република Македонија. - Ова е 11. ротација на Механизирана пешадиска чета која се грижи за безбедноста на командата во Кабул. Припадниците на АРМ треба да заминат во Авганистан во декември или почетокот на јануари и таму ќе бидат шест месеци. Ваквата политика на учество на АРМ во мировните мисии и носи голем углед бидејќи се потврдува нашата заложба за полноправно членство во НАТО и ЕУ, рече заменик-министерот Димитриев. http://kurir.mk/makedonija/vesti/48884-Makedonija-ispraka-172-vojnici-vo-Avganistan | |
| | | Desperado
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: АРМ - новости 8/11/2011, 22:37 | |
| Srekno na momcite i neka se vratat zdravi i zivi doma! | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|