|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/11/2011, 00:38 | |
| Потврда за одличните односиОдносите помеѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација се на одлично ниво, а успехот во однос на регионалните проекти како Регионалниот тренинг-центар за комуникации и Военомедицинскиот центар, кои се поддржани од Швајцарската Конфедерација е повеќе од евидентен. Тоа беше констатирано на денешната протоколарна средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото, која се одржа во просториите на Министерството за одбрана. Министерот Бесими изрази големо задоволство од континуираната поддршка од Швајцарската Конфедерација во повеќе полиња. Амбасадорот Лазарото, пак, во текот на средбата истакна дека веднаш по изборот на новата Влада на Швајцарската Конфедерација, ќе се разгледаат можните термини за реализација на предвидената официјална посета на министерот за одбрана на Република Македонија на Швајцарската Конфедерација во текот на 2012 година. Во текот на средбата министерот Бесими го информираше амбасадорот Лазарото и за отворањето на галеријата во Воениот музеј по повод 20-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, посветена на добитниците на Нобеловата награда за мир. Галеријата, чија цел е испраќање на силна и недвосмислена порака за мир и стабилност во светот, ќе биде отворена истовремено со одржувањето на церемонијата на доделување на Нобеловата награда. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=potvrda-za-odlicnite-odnosi&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 14/11/2011, 20:26 | |
| Целосно посветени кон реформскиот и евроатлантскиот интегративен процес„Ние продолжуваме во процесот на остварување на целите на безбедносната и одбранбена политика на Република Македонија, целосно посветени на интеграцијата во евроатлантските структури како наш императив и најдобра алтернатива за иднината, потоа на нашиот придонес кон зачувувањето на регионалниот и на глобалниот мир и, секако, на негувањето на добрососедските односи со сите земји во регионот.“ Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Министерството за одбрана, по одржувањето на редовните брифинзи со сите воени аташеи акредитирани во Република Македонија. Воедно, министерот Бесими додаде дека со воените аташеи министерството за одбрана има воспоставено редовна и плодна комуникација која има за цел да информира за достигнатиот напредок во реформите на нашиот пат кон евроатлантските структури, но и да овозможи пренос на искуства кои ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста на реформскиот процес. Говерејќи за постигнатиот напредок и за напорната работа за севкупно унапредување на одбранбениот сектор, министерот Бесими на јавноста и претстави неколку базични елементи кои беа во фокусот на вниманието во изминатиот период. „Во однос на членството во НАТО ние дејствуваме во насока на исполнувањето на реформите, додека истовремено во голема мера придонесуваме кон глобалната стабилност, преку придонесот во мировните миси, но и преку визибилноста на државата во меѓународните институции“, рече министерот Бесими. Всушност во пракса тоа може да се изрази преку посетите на делегации од Министерството за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, учеството на Северноатлантскиот совет, но и преку средбите кои директно влијаат на унапредување на регионалната и билатералната соработка. Тука од голема важност е и да се споменат посетите на нашите мировници во операцијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и во мировните сили „ИСАФ“ во Авганистан. Интензитетот во работењето на глобалниот мир и на евроатлантските интеграции се пресликува и на домашен план со втмелување на местото на Армијата на Република Македонија како гарант на стабилноста и на мирот и со континуираното зајакнување на меѓусебната доверба на меѓуетнички и меѓурелигиозен план. Министерот Бесими истакна дека буџетот за одбраната бележи зголемување од 9%, средства кое ќе бидат искористени за исполнување на стандардите на НАТО и модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија, имајќи ја предвид нашата цврста определба за интеграција во северноатлантската алијанса, но и за учеството во мировните мисии и секако подобрување на стандардот на припадниците на Армијата. Внимание во текот на работењето на Министерството за одбрана се посветува на правичната застапеност во Армијата на Република Македонија (на последниот конкурс за професионални војници се примени 23 припадници од етничките заедници, а извршен е и трансфер на 45 нови службеници во рамки на програмата К5 на Владата на Република Македонија) и на еднаквите можности за припадничките на женскиот пол. Министерот Бесими во своето обраќање ги спомена и новите студенти-питомци на Воената академија, потоа работењето на Воениот музеј кој стана член на меѓународната мрежа на музеи за мир и во чии рамки ќе се промовира и галеријата на добитниците на Нобеловата награда за мир, како и учеството на церемониите кои се од голема важност за државата. Во однос на Армијата на Република Македонија како основа на безбедноста посветено се работи за одржување и унапредување на професионалноста и на стандардот на нејзините припадници, но и нејзиното доближување до граѓаните. Притоа, говорејќи за овој суштински елемент, министерот Бесими ги спомена новите униформи за припадниците на АРМ, процесот на вработување на професионални војници (198 по огласот од април оваа година и дополнителни 52 со огласот кој е во тек), модернизацијата и опремувањето (ефикасните системи ЛИС и ГКИС, донацијата од Република Турција и сл.), активностите за обука како дел од проектот „Лепеза“, но и непрекинатиот процес на усовршување на способностите и знаењата на сите вработени. За проектот кој директно влијае на стандардот на припадниците на АРМ, „АРМ – Мој вистински дом“, од страна на општините се комплетира подготовката на деталните урбанистички планови, по што ќе следи подготовката на проектите и започнувањето со изградба на станбените објекти. Следејќи ја максимата дека вежбањето доведува до перфекција, АРМ во изминатиот период одржа и учествуваше на поголем број вежби како „Македонски блесок – 8“, „Предизвик“ (во соработка со вооружените сили на Република Словенија), „Здружени напори“ во Германија, „Сибриз 11“ во Украина и др. Претставувајќи ги плановите за во иднина министерот Бесими посочи дека акцентот ќе биде ставен на сите елементи кои се започнати, односно на сите елементи кои одат во насока на промовирање на подготвеноста на Република Македонија за членство во НАТО, потоа продолжувањето на учеството во мировните мисии (гледано преку донесената одлука на Собранието на РМ за испраќање на нова ротација составена од вкупно 172 припадници на АРМ во рамките на силите ИСАФ во Авганистан и преку 11. ротација во операцијата „Алтеа“ во БиХ), правичната застапеност, етаблирањето на паметната, односно интелигентна одбрана (унапредување на планирањето, рационализацијата на трошоците и модернизацијата) и промоцијата на АРМ, особено одбележувањето на јубилејот – 20 години АРМ. Во однос на стандардот на припадниците на АРМ, министерот Бесими посочи дека, како и досега, неуморно ќе се работи на унапредувањето на условите за работа, на персоналниот менаџмент и обуките, и на реализација на веќе започнатите проекти. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=celosno-posveteni-kon-reformskiot-i-evroatlantskiot-integrativen-proces&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 15/11/2011, 21:13 | |
| Посета на Школата за национална одбрана на Република Хрватска на Министерството за одбрана и ГШ на АРМОд вчера во тридневна официјална посета на Република Македонија се наоѓаат слушателите и дел од персоналот на Школата за национална одбрана на Република Хрватска ,,Бан Јосип Јелачиќ“, предводени од полковникот Антун Чичак. Делегацијата од Школата за национална одбрана на Република Хрватска денес оствари средба со министерот за одбрана Фатмир Бесими и заменикот на НГШ генерал-мајор Насер Сејдини. На средбата во МО пред гостите беше презентирана трансформацијата на АРМ и достигнувањата на Република Македонија во одбранбените реформи. Министерот Бесими го истакна значењето на билатералната соработка на полето на одбраната со Република Хрватска, која се одвива во повеќе сегменти, а особено во делот на воената едукација, заради што АРМ веќе неколку години испраќа офицери и подофицери на школување во високите воени школи на хрватските Вооружени сили. Тој исто така како пример за одличната билатерална воена соработка, го истакна последното заедничко распоредување на припадниците на двете армии во командата на Школата за обука на воената полиција на авганистанските безбедносни сили во Кабул, во рамките на мисијата на НАТО, ИСАФ. Од страна на полковникот Чичак беше искажана благодарност за укажаната можност и поддршка за реализација на посетата на Република Македонија и подготвеност за понатамошно проширување на соработката помеѓу двете армии, особено во образованието и обуката. Согласно програмата, гостите од Република Хрватска ќе ги посетат Воената Академија ,,Михаило Апостолски“, полкот за специјални операции на АРМ и Армискиот полигон ,,Криволак“, а ќе имаат можност и да посетат повеќе културно-историски споменици во Скопје и Охрид. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-skolata-za-nacionalna-odbrana-na-republika-hrvatska-na-ministerstvoto-za-odbrana-i-gs-na-arm&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 21/11/2011, 23:48 | |
| Промоција на „паметната одбрана“ како нов концепт на НАТО„Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и е целосно подготвена за преземање на одговорностите и обврските кои произлегуваат од тоа членство. Во очекување на поканата, ние продолжуваме со следењето и развојот на новите концепти во Алијансата, а во тој дух ќе истакнам дека нам ни е потребна и поширока дебата за иновативниот концепт наречен ’Smart Defence’, односно ’паметна одбрана’“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими на јавната промоција на посочениот концепт која се одржа денеска во Домот на АРМ. На промоцијата во организација на Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија и амбасадите на Обединетото Кралство, на Франција и на Холандија стана збор за основните аспекти на овој нов концепт кој беше најавен од страна на генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен на безбедносната конференција во Минхен на почетокот на оваа година. Министерот Бесими, пред останатите говорници посочи дека во услови на економска криза се јавува можноста за појава на концепти кои ќе овозможат порационално однесување и подобри резултати и во однос на тоа истакна дека во овој случај можеме да говориме за три цели на „паметната одбрана“, односно „3С“ – „capasity“, т.е. развој на поголеми оперативни способности, потоа „connectivity“, посилна поврзаност помеѓу земјите-членки и партнерите и „commitment“, односно силна обврзаност за целосен придонес во евроатлантската безбедност и стабилност. Во контекст на првиот елемент, министерот Бесими рече дека денес 30% од капацитетите на АРМ се интероперативни и распоредливи надвор од територијата на Република Македонија (со тенденција тие да се зголемат до 50%) и додаде дека „барањата на меѓународните операции се најрелевантната анализа за потребите од соодветни воени способности“, истакнувајќи дека на Република Македонија од голема важност и помош и беа научените лекции преку придонесот во силите ИСАФ и во мисијата „Слобода за Ирак“. Соработка која беше евидентна во групата А-3, а се пресликува и во денешната А-5 е пример за тоа како се имплементира вториот елемент од новиот концепт, поврзаноста меѓу земјите-членки и партнерите, во реалноста. Министерот Бесими, додаде дека и механизмите за соработка како што се процесот СЕДМ и СЕЕБРИГ претставуваат бенефит за целокупниот регион. Осврнувајќи се, пак, на третиот елемент, министерот Бесими истакна дека од есенцијално значење е разбирањето дека придонесот кон зацврстување на евроатлантската безбедност претставува инвестирање во националната безбедност, притоа споменувајќи ја континуираната контрибуција на Република Македонија во ИСАФ, поддршката на КФОР, но и логистичката поддршка за контингентите на АРМ од страна на Обединетото Кралство, на САД, на Германија, на Турција, на Грција и на Хрватска. Од останатите говорници, амбасадорите на Обединетото Кралство, на Франција и на Холандија, Кристофер Ивон, Жан Клод Шлумберже и Мариет Шурман од аспект на земјите кои ги претставуваат истакнаа дека имплементирањето на овој концепт претставува ефикасно и ефективно искористување на лимитираните ресурси, или, со еден збор „здраворазумско размислување“. Брзината како и потребата од поефикасно искористување на буџетите беше и основната поента на излагањето на претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Лазар Еленовски. Впрочем, зборовите цитирани од министерот Бесими, искажани од страна на генералниот секретар на НАТО, Расмусен, во целост ја изразуваат суштината на овој концепт, а тоа е заедничко работење со цел поголема ефикасност и ефективност, потоа поставување на стратегиската насока за идентификување на можните начини за кооперација и, секако, размена на најдобрите практики. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=promocija-na-pametnata-odbrana-kako-nov-koncept-na-nato&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 22/11/2011, 12:04 | |
| Учество на припадниците на АРМ во акцијата ,,Ден на дрвото – засади ја својата иднина “Утре, на 23 ноември припадниците на АРМ активно ќе се вклучат во акцијата ,,Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Врз основа на извршената координација со координативното тело на акцијата, одлучено е АРМ да се ангажира на седум пунктови низ Република Македонија, на кои млади стебла ќе засадуваат 200 припадници на АРМ од шест армиски гарнизони, по следното: - во Скопје на пунктот Мршевци; - во Куманово на пунктовите: место викано (м.в.) Краста Старо Нагоричане, м.в. Живкова Карпа и Липковска брана; - во Велес на пунктовите: Новачани во близина на езеро Младост и Општина Чашка м.в. Ограда; - во Штип на пунктот кај Ново Село м.в. Калимерово; - во Тетово на пунктот м.в. Присој, село Милетино; - во Гостивар на пунктот во село Бањица и - во Кичево на локалитет Осломеј. Со организираното приклучување кон оваа најмасовна еколошка акција во Република Македонија, АРМ како и во изминатите акции, ќе го даде својот придонес кон обновувањето на шумскиот фонд на Република Македонија, како и во изградбата на еколошката свест за зачувување на шумите како едно од нашите најголеми богатства. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ucestvo-na-pripadnicite-na-arm-vo-akcijata-den-na-drvoto-zasadi-ja-svojata-idnina-%E2%80%9C&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/11/2011, 15:15 | |
| „Ден на дрвото“ – поддршка за иднината„Денес со оваа активност ја даваме поддршката за иднината на Република Македонија, иднина која значи мир, стабилност и развој, што е и главната порака која ја дадоа сите претставници и аташеите во Република Македонија“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими на денешното засадување на садници во дворот на Министерството, по повод акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Министерот Бесими додаде дека 200 припадници на АРМ и оваа година садат дрва и тоа низ седум региони и 10 локации, дрва кои се „симбол и знак на градењето на иднината на оваа земја“. Придонес кон осмата по ред акција „Ден на дрвото“, која овој пат се одржа под мотото „Садиме денес – пишуваме и праќаме писмо на мирот“ заедно со министерот Бесими дадоа и заменикот на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, воените аташеи во Република Македонија, претставниците на НАТО и други претставници од МО и од АРМ. Со овој настан, Министерството за одбрана несомнено контрибуира кон унапредувањето на животната средина и озеленувањето на Република Македонија, а воедно покажува и дека одржувањето на еколошки чистата средина е дел од неговите врвни приоритети. Со помош на акцијата „Ден на дрвото“ од март 2008 година кога за прв пат беа засадени два милиони садници, заедно со денешната активност, вкупно се засадени 44 милиони садници. Дополнително, на новинарско прашање поврзано со претстојниот самиот на НАТО, министерот Бесими истакна дека главната тема на тој состанок ќе биде воведувањето на концептот на „паметна одбрана“ и реформите во алијансата, но потенцираше дека „со сите напори и реформи согласно стандардите на НАТО и нашиот придонес, покажуваме дека сме подготвени да станеме членка на НАТО и дека ние континуирано и максимално ангажирано работиме на тоа“. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=den-na-drvoto-poddrska-za-idninata&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/11/2011, 19:55 | |
| Средба на министерот Бесими со амбасадорот на Србија, Ѓурин: Взаемната доверба и соработка се единствениот пат кон успехотПотврда за одличната соработка во областа на одбраната, добрососедските односи и довербата помеѓу двете земји и разгледување на можноста за продлабочување на билатералната соработка помеѓу министерствата и армиите, посебно во делот на одбранбената индустрија и користењето на центрите за обука „Криволак“, РТЦК и ВМЦ. Тоа е исходот од денешната средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими со амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, Томислав Ѓурин, во просториите на Министерството. Дополнително, во текот на средбата двете страни искажаа отворена меѓусебна поддршка за евроатлантските интеграции, и тоа преку пренесување на искуства и научени лекции, при што министерот Бесими го истакна значењето на интегративните процеси за Република Македонија како главен приоритет кон кој се стремиме, и во таа насока додаде дека одбранбените реформи и придонесот на Република Македонија кон регионалната и глобалната безбедност ќе продолжат во континуитет. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-mo-besimi-so-ambasadorot-na-srbija-gjurin&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/11/2011, 13:54 | |
| ОГРОМЕН УСПЕХ НА ТИМОТ ОД ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО МЕЃУНАРОДНО ХУМАНИТАРНО И ВОЕНО ПРАВОВо период од 16 до 21 ноември 2011 година во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа деветтата по ред Симулација на суд (Moot Court) по меѓународно хуманитарно и воено право, во организација на Организацијата на Меѓународниот црвен крст. На ова престижно натпреварување кое многумина го нарекуваат и „мини европско натпреварување по Меѓународно хуманитарно и воено право“, учество зедоа студенти од прв, втор и трет циклус на студии по меѓународно право од 11 универзитети од Европа. Меѓу нив иако за прв пат, учество зеде и блесна и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, претставуван од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, како придружна членка. Во духот на зборови на Гоце Делчев кои го красат и Универзитеското знаме „Јас го разбирам светот, единствено, како поле за културен натпревар меѓу народите “ тимот на Воената академија во состав: – доцент д-р Методи Хаџи-Јанев, потполковник, (ментор на тимот) – питомец десетар Саша Смилески (трета година прв циклус на студии), – питомец десетар Селма Биберовиќ (трета година прв циклус на студии) и – питомец Боби Костоски (втора година прв циклус на студии), со асистенција на Весна Попоска магистрант по меѓународно прво и меѓународни односи, одлично се претстави на ова престижно меѓунардоно натпреварување и се пласираше помеѓу 4 најдобри екипи на натпреварувањето (заземајќи го високото 3 место). Дополнително, достигнување за македонскиот тим беше и рангирањето на питомец десетар Селма Биберовиќ како еден од 4 најдобри оратори на натпреварувањето од 40 учесници, што според изјавата на главниот судија е доказ за достигнувањето на целата екипа. Огромната големина на постигнатиот успех на преставниците на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Воената академија „Генерал Михалило Апостолски“ може да се согледа ако се знае дека овој натпревар за многу елитни правни факултети е последен тест пред најпрестижното натпреварување по меѓународно јавно право „Филип Џејсап“, во организација на Правниот факултет од универзитетот „Харврад“ – САД. Воедно, самиот факт што ова престижно натпреварување, се организира како натпреварување на студентите по меѓународно право и во прв и во втор и во трет циклус на студии несомнено го покажува огромниот успех на македонскиот тим составен од питомци во втора и трета година на студии. Посебна илустрација за вложениот труд и покажаното знаење е сознанието дека членовите на тимот на Воената академија се подготвуваше само еден месец и тоа во месец во кој се одвиваше и колоквиумска недела. Мора да се нагласи и фактот дека предметот Меѓународно воено и хуманитарно право питомците досега го немаат изучувано, туку тој е предвиден во наставниот план и програма во четврта година. Комплетната подготовка се реализираше само во слободното време на питомците (попладне и за време на викендите). Посебна заслуга за учеството и постигнатите резултати има Менторот на тимот, Раководител на Катедрата за општествени науки на Воената академија доцент, д-р Методи Хаџи-Јанев, потополковник. Во текот на подготовките, тимот имаше силна морална поддршка од Деканот на Воената академија, истата беше искажана и во текот на траењето на натпреварувањето преку секојдневните контакти од моментот на поаѓањето, па се до враќањето во Македонија. Искрено треба да се нагласи, дека амбиции тимот на почетокот беа само достојно да ја престави Воената академијата на Република Македонија, а со тоа и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, во европски рамки. Но, пласман на трето место, во целост ја надмина нашата скромност и уште еднаш покажа дека доколку тимот максимално се посвети на целта и максимално пожртвувано и искрено ги вложи сите свои капацитети со сигурност ќе ги надмине своите првични очекувања и може да постигне неочекувани резултати. Натпреварувањето се одвиваше со огромна динамика и под голем стрес. Програмата вклучуваше вкупно пет рунди, пласман во финале и финале. Судиите на натпреварувањето беа еминентни научници или судии од областа на меѓународното право. Учесниците добија случај (кој претставуваше или комбинација од постоечки конфликти на меѓународен план, или измислен комплексен случај), и за него подготвуваат аргументација – примена на знаењата од областа на меѓународното јавно право во контекст на меѓународното хуманитарно и воено право. Секој од тимовите поминуваше низ неколку фази, како на пример: страна во судир, претставници на меѓународни организации, претставници на невладини организации, претставници на вооружени групи и сл. Во секоја од улогите тимовите мораа да дефилираат со соодветни аргументи за да оправдаат или обвинат одредено поведение кое беше карактеристично за нивниот случај. Благодарение на овогодишниот висок пласман, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (иако не е институција која образува кадар од областа на меѓународно право) е поканета да учествува и наредната година. Подготовките околу изборот на екипата и работа на случаите ќе започнат веднаш. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ogromen-uspeh-na-timot-od-va-na-internacionalniot-natprevar-po-megunarodno-humanitarno-i-voeno-pravo&lang=mk | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/11/2011, 19:57 | |
| ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/11/2011, 00:32 | |
| Кога заменик командантот на Волците ги учи како нема да бидат најдобри. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|