|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/11/2011, 00:46 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/11/2011, 15:59 | |
| Средба на министерот за одбрана Бесими со неговиот црногорски колега Вучиниќ во ПодгорицаМакедонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими денеска во Подгорица, во рамки на неговата дводневна официјална посета, оствари средба со црногорскиот колега Боро Вучиниќ, на која разговараа за прашања од заеднички интерес од областа на одбраната и евроатланските интеграции на двете земји. Регионалните иницијативи биле во фокусот на разговорите бидејќи заедничка била констатацијата дека регионалната соработка е најдобар пат до остварување на целите за евроатлански интеграции. На средбата е разговарано и за натамошно заедничкото искористување на расположливите ресурси. - Имаме желба нашите пријатели од Македонија да ги надминат проблемите кои ги имаат со својот јужен сосед и да се создадат услови земјата што поскоро да стане полноправен член на НАТО и ЕУ, а во тој поглед ја имаат поддршката од Црна Гора, изјави црногорскиот министер за одбрана на заедничката прес-конференција, по средбата со министерот Бесими. Министерот Вучиниќ изрази благодарност за школувањето на кадети од Црна Гора на Воената академија во Република Македонија, додека пак министерот Бесими изрази задоволство од обуката на тројца македонски пилоти во воздухопловната база во Црна Гора. Како што јави известувачот на МИА од Подгорица, најавени се и можности за обуки од аспект на скијање, нуркање и други активности кои се согласно билатералната соработка. - Евроатланските интеграции се една од најдобрите алтернативи за земјите од регионот, односно членството во НАТО и ЕУ се можност и гаранција за стабилен и долгорочен мир во регионот и можност за негов развој, повеќе инвестиции и отворање работни места, истакна македонскиот министер за одбрана. Тој нагласи дека биле разгледани и нови иницијативи согласно концептот „смарт дефенсе“ (паметна одбрана) на НАТО односно како и на кој начин подобро да се искористат расположливите ресурси. Една од идеите на овој концепт е во текот на следната недела да се одржи средба на министрите за одбрана на групата А5 во Драч, Албанија, каде ќе се предложи иницијатива за еден заеднички пристап во набавките и користење на капацитетите во одбраната меѓу земјите во регионот. За време на посетата, министерот за одбрана Бесими се сретна и со претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, на која исто така е разговарано за евроатланските интеграции, кои позитивно ќе влијаат врз економските аспекти, како и за значењето на билатералната соработка, не само во однос на Македонија и Црна Гора, туку и од аспект на регионот. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-mo-besimi-so-negoviot-crnogorski-kolega-vucinik&lang=mk
Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 2/12/2011, 17:22. Мислењето е променето 2 пати. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/12/2011, 13:50 | |
| Посета на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМУтре, 2-ри декември (петок) Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Н.Е. д-р Ѓорге Иванов ќе оствари работна посета на Министерството за одбрана (МО) и Генералштабот (ГШ) на АРМ. За време на посетата од страна на МО и ГШ на АРМ, Претседателот Иванов ќе биде информиран за новата формациска поставеност и ангажирањето на АРМ во меѓународните мисии во 2012 година, анализата на одбранбената дипломатија, буџетот на одбраната, како и за приоритетите на МО и АРМ за 2012 година. Согласно агендата и протоколот, посетата на Претседателот на Република Македонија на МО и ГШ на АРМ, ќе се одвива по следното: - Свечена церемонија со почести за дочек на платото пред МО и ГШ на АРМ во 12.00 часот; - Средба со Министерот за одбрана и НГШ на АРМ и претставници од МО и ГШ на АРМ во кожна сала во 12.05 часот; - Изјави за медиумите во 13.15 часот. Се покануваат: новинари, сниматели и фоторепортери, да присуствуваат и да известуваат за настанот. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-pretsedatelot-na-mo-i-gs-na-arm&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/12/2011, 17:21 | |
| Работна посета на Претседателот Иванов на МО и на Генералштабот на АРМДенеска, претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, во просториите на Министерството за одбрана оствари работна посета со министерот за одбрана Фатмир Бесими и со Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески. „Во текот на средбата бев информиран за сите состојби, особено детално беше анализирана новата формација на Армијата на Република Македонија и динамиката за нејзино спроведување, а беше покренато и прашањето за воената дипломатија, за тоа како е покриена Армијата со својата дипломатија и како ги користи воените аташеи во функција на нашата Армија и стратешките цели“, истакна претседателот Иванов по средбата. Тој, истовремено, изрази задоволство од зголемувањето на буџетот наменет за Армијата следната година и дополни дека Република Македонија останува посветена на преземените обврски, но и е подготвена да преземе нови. „Нашите мировници продолжуваат да бидат вклучени во мировните мисии, особено во ИСАФ каде и во следната година ќе имаме 161 наш претставник, а предвидено е и АРМ да биде учесник во сите операции во кои можеме да дадеме наш придонес, особено во мисите на ООН каде треба да го зголемиме нашето учество“, додаде претседателот кој изрази и очекување дека јубилејот кој нè очекува идната година, 20 години АРМ, ќе помине онака како што и доликува на една Армија која е подготвена да биде членка на НАТО. На новинарско прашање поврзано со оцената на безбедносната состојба, претседателот истакна дека надлежните институции секојдневно ги следат настаните и дека случувањата во нашиот регион ги смета за изолирани настани, кои сепак, треба да се решаваат со дијалог. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=rabotna-poseta-na-pretsedatelot-ivanov-na-mo-i-na-generalstabot-na-arm&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/12/2011, 18:10 | |
| Средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими со неговиот колега од Босна и Херцеговина Селмо ЦикотиќДенес, министерот за одбрана Фатмир Бесими оствари средба со неговиот колега Селмо Цикотиќ од Босна и Херцеговина. На средбата се дискутирало за досегашната одлична соработка во областа на одбраната помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина. Исто така на денешната средба се потврдило дека Евроатлантските интеграции за нашите земји и за регионот се една од најдобрите алтернативи за одржлив мир во регионот. По средбата, министерот Бесими изјави дека „нашата билатерална соработка се базира и на реформите што во областа на одбраната ги правиме, како и во согласност стандардите на НАТО, така и во однос на учеството во меѓународни мисии“. „Во однос на билатералната соработка, во идниот период, ние разговаравме за искористување на искуството од страна на Република Македонија во однос на техниките и методите на Босна и Херцеговина за деминирање. Од наша страна уште еднаш се даде понуда за обука на питомци и кадети од Босна и Херцеговина на Воената Академија во Република Македонија, за размена на искуство и искористување на регионалните центри за обука и тренинг во Воено-медицинскиот центар, како и на полигонот Криволак“ – истакна министерот Фатмир Бесими. Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Цикотиќ ја потврди добрата соработка помеѓу двете министерства. „Во контекст на глобалните светски и други трендови, просторот на Балканот каде што се наоѓаат Босна и Херцеговина и Македонија може да стане не периферија на Европа, како што е сега случај, туку значајна шанса за Европа“ – истакна министерот Цикотиќ. Тој кажа дека ги прифатиле сите понуди што министерот за одбрана и НГШ им ги понудиле и додаде дека очекуваат соработка во некои позначајни проекти, Македонија да ја продолжи соработката со центарот за мировни операции во Сараево. Исто така, министерот Цикотиќ додаде дека имаат намера да дадат подршка во обука на единицата за деминирање, во изучувањето на англискиот јазик и намера да учествуваат активно во сите иницијативи кои се во заеднички интерес за регионот. Министерот Фатмир Бесими кажа дека во рок од пет месеци имаат остварено три средби со босанската делегација. Тој додаде дека на денешната средба разговарале и за еден концепт на НАТО, а тоа е smart defence или паметна одбрана, да се обезбеди еден потранспарентен, поефикасен начин на модернизација на одбраната во земјите од регионот согласно стандардите на НАТО. На крајот минисерот Цикотиќ му се заблагодари на министерот Бесими за денешната средба и за добрата соработка и ја покани македонската делегација од Министерството за одбрана наскоро да ја посети Босна и Херцеговина. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-ministerot-za-odbrana-fatmir-besimi-so-negoviot-kolega-od-bosna-i-hercegovina-selmo-cikotic&lang=mk | |
| | | Desperado
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/12/2011, 17:45 | |
| За една недела ќе се соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа кај Блаце
За една недела обвинителството ќе ја соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа кај Блаце во која загинаа 11 мировници и ќе се знае дали ќе биде покренато обвинение за овој случај или не.
Обвинителот Љупчо Шврговски потврди дека одлука има, но ќе биде соопштена по една недела. Експертизата за овој случај е преведена од англиски и на македонски.
Обвинителството побара странската експертиза на хеликоптерот откако утврдија контрадикторности во армискиот и владиниот извештај.
Несреќа се случи на 12 јануари 2008 година на брдото кај катлановско Блаце, каде што загинаа 11 мировници на АРМ при враќањето од мисијата во Босна. | |
| | | Desperado
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/12/2011, 17:47 | |
| Vcera.. Воена вежба ги преплаши кумановциГраѓаните на Куманово денеска околу пладне можеа да слушнат поединечни и рафални истрели од огнено оружје, кои доаѓаа од периферијата на градот, јавува порталот Куманово Њус. Вознемирени, бидејќи не знаеле за што се работи, граѓаните побарале објаснување од полицијата. - Кога започна пукањето мислев дека е ганстерска пресметка, бидејќи јасно се слушаа истрели од автоматско оружје, а потоа и од пиштол. Но пукањето не престануваше и помислив дека нешто големо се случува. Се јавив во полиција, и ми кажаа дека во една од касарните најверојатно има вежба - вели граѓанин за порталот. Од СВР Куманово потврдиле дека повеќе исплашени граѓани го пријавиле пукањето, на кои тие им објасниле дека се работи за воена вежба. Кај нив не било пријавено дека ќе има таква активност, па не знаеле точно од која касарна се пука. Од Министерството за одбрана за Куманово Њус објасниле дека станува збор за редовна воена вежба, која се одвивала на полигонот во касарната „Боро Менков“. За активноста биле известени МВР и Центарот за управување со кризи. http://www.plusinfo.mk/vest/25485/Voena ... -kumanovci | |
| | | Desperado
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: АРМ - новости 7/12/2011, 17:49 | |
| Денес на градскиот стадион во Гевгелија се одржува вториот по ред Аеро митинг во чест на загинатиот пилот капетан Игор Ѓорески.На настанот му претходеше прелет на летала од Воздухопловниот Вин на АРМ составен од два авиони и два хеликоптери, кои на ваков начин му одадоа почит на трагично загинатиот колега пилот. Аеро митингот продолжи на градскиот стадион со промоција на вооружувањето и опремата на специјалните единици на АРМ и воздухопловите. Игор Ѓорески загина на 12 јануари 2008 година, во несреќата кај кумановско Блаце, кога заедно со единаесетмина свои членови од Воздухопловниот Вин на АРМ со кои учествуваше во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина, од каде се враќаше, загина при пад на армискиот хеликоптер. Капетан Горески е постхумно одликуван во воен воздухопловен ветаран, прогласен за паднат борец, а 2009 година постхумно стана добитник на општинската награда 7-ми Ноември за животно дело. Здружението на граѓани што го носи неговото име е иницијатор и организатор на одбележување на 6 мај - денот на неговото раѓање. По тој повод пред неговата спомен биста во центарот на Гевгелија беа положени буќети свежо цвеќе од семејството, другарите, пријателите, бројни делегации од општина Гевгелија, од АРМ, колегите од Воздухопловниот Вин, од СВР Гевгелија и бројни граѓани. Покровител на аеро митингот се АРМ, Општина Гевгелија и Фондацијата “Аполонија“. http://www.gevgelijanet.com/2010-04-18-16-43-25/1467-2011-05-08-15-58-16.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/12/2011, 15:05 | |
| Министерот Бесими учествуваше на Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на САД-Јадранската ПовелбаДенес (9 Декември 2011), во Драч, Република Албанија, делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од Министерот г-дин Фатмир Бесими учествуваше на Состанокот на министрите за одбрана од земјите членки на САД – Јадранската повелба (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска и Црна Гора). На состанокот на кој присуствуваа министрите за одбрана на земјите членки од Јадранската група и Амбасадорот на САД во Албанија, во својство на гости присуствуваа и министрите за одбрана на Република Словенија и Република Косово, Адмиралот Ставридис, Врховен командант на НАТО силите, како и претставници на НАТО Агенцијата NC3A . Исто така учествуваа и претставници од Европскaта Команда на САД, РАКВИАК и Советот за регионална соработка. Состанокот беше потврда за дополнителното јакнење на регионалната соработка, и на истиот беа разменети ставовите и искуствата помеѓу земјите членки на НАТО и земјите аспиранти кон НАТО со цел исполнување на обврските и барањата на Алијансата за идното членство. Министрите за одбрана уште еднаш ја поздравија политиката на отворени врати на НАТО и охрабрени од новиот стратешки концепт, заснован на принцип на пристап на вклученост и учество од најголемиот до најмалиот сојузник, го промовираа зајакнувањето на односите помеѓу НАТО и земјите партнери. На состанокот беше разговарано за развој и одржување на регионалните капацитети врз основа на концептот на „smart defense“ (паметна одбрана), со цел здружување и споделување на одбранбените и безбедносни ресурси. „Плодната и интензивна регионална соработка во А-5 формат претставува најдобар наш заеднички придонес кон визијата за целовита, слободна и мирна Европа. Прифаќањето и примента на новиот концепт на НАТО Smart Defence (паметна одбрана) ќе донее нов квалитет во нашата регионална А-5 соработка. Јас сум убеден дека тоа е win-win приод за поуспешна модернизација на нашите вооружени сили и поголем заеднички придонес во меѓународни операции. Како министри за одбрана имаме обврска да создадеме политичка воља, доверба и ресурси да се развијат и остварат заеднички проекти за аквизиција на современа воена опрема“-изјави министерот Бесими на денешната средба. Министрите ја потврдија заедничката декларација за трајно партнерство помеѓу НАТО и Авганистан и ја афирмираа намерата активно да учествуваат во системот за колективна безбедност и да помогнат во процесот на стабилизирање и чување на мирот во Авганистан, како и сеопфатен развој на таа земја. Како и досега, континуитетот за одржување на овие средби и донесените заклучоци беа потврдени со потпишување на Заедничката изјава од страна на министрите за одбрана на земјите членки на САД-Јадранската Повелба. Во изјавата беше повторно потврдена поддршката на земјите членки на Повелбата за полноправно членство на Република Македонија во НАТО што е можно поскоро. Дополнително на состанокот Министрите за одбрана го потпишаа и Писмото за пристап (Letter of Accession) на Босна и Херцеговина кон Меморандумот за разбирање кој се однесува на принципите за контрибуција во Школото за воена полиција во ИСАФ во Авганистан. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-ucestvuvase-na-sostanokot-na-ministrite-za-odbrana-na-zemjite-clenki-na-sad-jadranskata-povelba&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 12/12/2011, 23:59 | |
| Билатерални консултации помеѓу министерствата за одбрана на Република Македонија и Република ГрцијаВрз основа на планот за билатерална соработка во период од 07-09 декември 2011 година во Атина,Р.Грција, се одржаа билатерални консултации помеѓу МО на РМ и МО на Р.Грција. За време на престојот во Р.Грција делегацијата оствари средба со ЗНГШ на грчката армија генерал потполковник Евангелос Турнас на која што на заедничко задоволство беше констатирано дека има потреба и можности за интензивирање на соработката особено во делот на меѓуармиската соработка. Отвореноста за соработка особено во делот на обука и едукација на наши кадри во грчките воени училишта, од страна на ЗНГШ генерал потполковник Турнас беа истакнати како добра можност за продлабочување на пријателството и добрососедските односи што од наша страна беше позитивно прифатено. За време на билатералните консултации помеѓу двете делегации беа разменети мислења за актуелната политичко безбедносна состојба во регионот, а фокусот беше изнаоѓањето на модалитети на што поплодотворна соработка. Анализирајќи ја досегашната билатерална соработка од страна на двете делегации беше истакнато дека истата треба да се надоградува согласно искажаните потреби на двете страни. Во тој контекст од наша страна беше иницирано присуство на делегација од Р.Грција на церемонијата на доделување сертификати на слушатели на јазичната обука по грчки јазик која ќе се одржи во Скопје наредната година, што со задоволство беше прифатена од грчка страна. На крајот беше потпишан план за билатерална соработка за наредната 2012 година, со напомена дека секоја искажана потреба и интерес ќе се реализира навремено. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=bilateralni-konsultacii-pomegju-ministerstvata-za-odbrana-na-republika-makedonija-i-republika-grcija&lang=mk | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|