|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 13/12/2011, 00:01 | |
| Свечено отворена галеријата „Нобеловците и АРМ за мирот“„Се надевам дека оваa денешна изложба ќе биде само еден дополнителен чекор и инспирација за нас да направиме повеќе за мирот“, истакна министерот за одбрана, Фатмир Бесими кој заедно со амбасадорот на Кралството Норвешка, Кјетил Полсен, во просториите на Воениот музеј свечено ја отвори поставката-фотогалерија „Нобеловците и АРМ за мирот“. „Пораката за мир е уште поуникатна, во период кога Република Македонија слави 20 години независност, 10 години Рамковен договор и започнува со славење на јубилејот ’20 години АРМ’“, додаде министерот Бесими и посочи дека со ликот и делото на Мајка Тереза може да се поистовети и делото на Армијата на Република Македонија која веќе 10 години активно учествува во меѓународни мировни мисии – обезбедување на мир во целиот свет. Централно место на поставката имаше автентичната копија од дипломата за мир доделена на Мајка Тереза во 1979 година, копија која за првпат се изложува во јавноста. Пред присутните дипломати и воени аташеи, како и високите гости од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, меѓу кои заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, прикажан беше и оригиналниот филм од врачувањето на Нобеловата награда за мир на Мајка Тереза, како и нејзиниот говор пред аудиториумот. Фотогалеријата, како што објасни раководителот на Службата за воена историја – Воен музеј, Александар Стојчев, е 2-ра поставка од овој тип во светски рамки. Воедно, тој истакна дека главната порака која оваа изложба сака да ја испрати е истата како и на Мајка Тереза – „Не ме повикувајте да протестирам против војната, повикувајте ме да го славам мирот“. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sveceno-otvorena-galerijata-nobelovcite-i-arm-za-mirot&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 15/12/2011, 12:26 | |
| МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ СЕ СРЕТНА СО КИНЕСКИОТ КОЛЕГА ЛИАНГ ГУНАГЛИЗајакнување на досегашната позитивна соработка и отворање нови можности за нејзино продлабочување, размена на искуствата во однос на реформите во областа на одбраната и поддршка во меѓународните мировни мисии, беа во фокусот на разговорите на денешните средби на министерот за одбрана Фатмир Бесими со министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Лианг Гунагли и со потпретседавачот на Централниот воен комитет, генерал Гуо Боксиан, во рамки на официјалната посета на Пекинг. Како што јави известувачот на МИА, министерот Бесими по средбите изјави дека било разговарано и за отворање првпат на позицијата воено аташе на Република Македонија во НР Кина, како исклучително важно за зајакнување на билатералните односи на двете министерства за одбрана. - Изразивме благодарност за поддршката на меѓународната сцена односно за признавањето на Република Македонија под уставното име, како и за поддршката во сите процеси на патот кон евроатлантските интеграции, изјави министерот Бесими, подвлекувајќи дека НР Кина е значајна земја на светско ниво, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, како од економски аспект, така и од аспект на одбраната и безбедноста. Според началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котевски, кој го придружува министерот Бесими, средбите во Пекинг се потврда на досегашната соработка, но дoдaваат и нов импулс во понатамошните односи. - АРМ ќе продолжи со соработката со кинеската армија, особено во областа на размена на искуства во мировните операции и во обуката на специјалните единици, изјави началникот на ГШ на АРМ, Котевски. Македонскиот министер за одбрана денеска го посети и Националниот универзитет за одбрана. Делегацијата од МО и ГШ на АРМ, предводена од министерот за одбрана Фатмир Бесими, како што е најавено, утре во Пекинг ќе го посетат Центарот за обука за операции за чување на мирот. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=ministerot-besimi-se-sretna-so-kineskiot-kolega-liang-gunagli&lang=mk | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/12/2011, 00:52 | |
| Со подновувањето на војниците во проектот „Војник на 21 век“, македонската армија може да биде ефективна како израелската, оценуваат домашните познавачи Дигитални маскирни униформи, електронски визири, ласерски нишани, поставени на специјални пушки како во научнофантастичните филмови, наскоро ќе бидат секојдневие за македонските војници. Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев потврдува дека во наредниот период ќе се работи на набавка на специјална опрема за армијата, наречена „Војник на 21 век“. - Станува збор за индивидуална опрема за секој војник, составена од најмодерни визири, ласерски нишани, технолошки модерни средства за лична заштита и друг вид опрема, а снабдувањето на војниците со ваквите средства сега е приоритет на сите модерни сојузнички армии - вели Димитриев. Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека оваа инвестиција на македонската армија, доколку биде остварена, ќе биде одличен потег во вистински момент. - Ова модернизирање со опремата со „Војник на 21 век“ е предуслов со чие остварување АРМ ќе се доближи до стандардите на израелската војска - вели Марковски. На овој проект, вели полковникот, се работи неколку години наназад, а за таа цел првите луѓе на Министерството остварија неколку службени посети на Израел, каде што беа запознаени со предностите на напредната воена техника. - Сите овие средства би овозможиле подобро функционирање на македонските војници во сите временски услови без никаков проблем. И самите војници, снабдени со најмодерната опрема, би се чувствувале многу посигурно и би постигнувале многу подобри резултати - вели Марковски. Наспроти него, балканскиот познавач на безбедносните услови Мирослав Лазански објаснува дека опремувањето на војниците како роботите од холивудските филмови е тренд што симултано се случува изминатиов период во сите земји од поранешна Југославија. - Не сум воодушевен од еуфоријата што ја предизвикува концептот „Војник на 21 век“, иако овој процес почна да се спроведува во Македонија и во земјите од опкружувањето - вели Лазански. Сé што на голема врата наскоро ќе почне да се промовира на Балканот поврзано со модерното опремување на војниците, вели Лазански, за Западот не е ништо ново. - Инфериорноста на армиите од Балканот, со исклучок можеби на Турција и на Грција, во споредба со армиската опременост на развиените земји, ги принуди првите луѓе на министерствата за одбрана да најдат алтернативен метод за промоција на војските во регионот, кои, во суштина, и не се добро опремени. Со овие нови гаџети, униформи и шминка во опремата на војниците, секоја земја поединечно ќе се фали само пред новинарите. Сé е, во суштина, само една голема фарса - истакнува Лазански. Тој е дециден дека на секоја балканска земја најитно и се потребни хеликоптери, авиони, бродови и тенкови за да се поднови арсеналот на вооружување, а овој недостиг се затскрива со минимално инвестирање во добро популизираниот концепт „Воин на 21 век“. - Дигиталните екрани, на кои се гледа нишанот на пушките, земјените радари и џипиес-системите, на пример, во Франција и во Англија ги поседуваат ловџиите, бидејќи и не се некоја инвестиција, а може да се набават во продавниците за електроника. На овој начин, со овие уреди тамошните ловџии убиваат диви свињи по планините - објаснува Лазански. Единственото нешто што ќе го сторат балканските земји со вградувањето на овие уреди во индивидуалната опрема на нивните војници, оценува Лазански, е да ги оспособат во ранг на ловџиите на Западна Европа. - Наместо трошење пари за шминка на војската како во научнофантастичните филмови, препорачувам луѓето што се занимаваат со менаџирање на финансиите на одбраната на балканските земји истите пари да ги пренасочат на купување капитални орудија, кои би ја гарантирале безбедноста на регионот - резимира Лазански. Автор: Александар Србиновски http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121611192637&id=9&prilog=0&setIzdanie=22458 | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/12/2011, 00:57 | |
| | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 18/12/2011, 22:13 | |
| ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ НАЈАВУВААТ НОВ ШТРАЈК Независниот синдикат на професионалните војници најавува нов штрајк доколку набрзо Министерството за одбрана не им ги исполни нивните барања за подобрување на економско социјалниот статус на војниците.Сити од, како што рекоа, прикривање на реалните... Независниот синдикат на професионалните војници најавува нов штрајк доколку набрзо Министерството за одбрана не им ги исполни нивните барања за подобрување на економско социјалниот статус на војниците.Сити од, како што рекоа, прикривање на реалните состојби во кои работат, побараа да им се исплатат заостанатите дневници и патните трошоци кои не ги добиле од август. Нагласуваат дека и покрај бројните барања за средба, досега министерот за одбрана Фатмир Бесими не им излегол во пресрет. Има и видео на... http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=13149 | |
| | | Тачка
Број на мислења : 48
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/12/2011, 00:15 | |
| Na nivnata FB stranica moze da se vidi kako kukaat za plati i sl. mizerija dragi moi prijateli,mizerija! | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/12/2011, 21:55 | |
| Потпишан Планот за билатерална соработка со Холандија за 2012 годинаРаководителот на Секторот за меѓународна соработка, Беким Максути, денес реализираше средба со одбранбеното аташе на Кралството Холандија, потполковник Тон Коедам, на која беа разгледани повеќе актуелни прашања во насока на унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, а воедно беше потпишан и Планот за билатерална соработка за 2012 година. Дополнително, одбранбеното аташе информираше дека поради големото намалување на буџетот на одбраната, Кралството Холандија во 2012 година планира да ги повлече одбранбените аташеи од повеќе земји, меѓу кои и од Република Македонија. За понатамошната соработка со Република Македонија ќе биде акредитиран нерезидентен аташе со седиште во Кралството Холандија, одговорен за Република Македонија, Република Албанија и Република Косово. Во однос на можната посета на холандскиот министер за одбрана на Република Македонија, како и за можноста за посета на НГШ на холандските вооружени сили, аташето истакна дека поради големите реформи кои се во тек, мала е веројатноста за нивна реализација. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=potpisan-planot-za-bilateralna-sorabotka-so-holandija-za-2012-godina&lang=mk | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/12/2011, 21:59 | |
| Со други зборови корпа! Али барем искрен бил човекот. Дај нека фрлат некоја донација... | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 19/12/2011, 22:06 | |
| | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 20/12/2011, 17:04 | |
| Свечено отварање на Воено медицинскиот центар на АРМУтре, 21-ви декември (среда) со почеток во 10.00 часот ќе се одржи церемонија за свечено отварање на Воено медицинскиот центар (ВМЦ) на АРМ. На церемонијата ќе присуствуваат: Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, претставници од МО и ГШ на АРМ, Командата за логистичка поддршка и други високи гости. ВМЦ се наоѓа во организациско-формациската структура на Командата за логистичка поддршка и претставува носител на медицинското обезбедување на АРМ, со главна мисија за зачувување и унапредување на здравјето првенствено на припадниците на АРМ. Својата основна мисија ВМЦ ја извршува низ: спроведување и контрола на превентивно – медицинските активности во командите и единиците на АРМ, примарната и стоматолошка здравствена заштита на припадниците на АРМ, медицинско обезбедување на вежбовните активности на АРМ, ВИП личности и високи делегации. Во структурата на ВМЦ покрај командата се наоѓаат: Центарот за превентивна медицина, Воената амбуланта, Центарот за специјалистичко консултативна дејност и Центарот за медицинска обука. Како што е познато, во рамките на ВМЦ се врши подготовка на целокупниот медицински персонал на АРМ за учество во мисиите предводени од НАТО и ЕУ, како и реализацијата на партнерската цел за формирање на Role-1 и мобилна полска болница за медицинска поддршка на АРМ. Во новите простории на ВМЦ кои се наоѓаат во продолжение на Општата Градска болница ,,8-ми Септември“ (наспроти бул. ,,Илинденска“), ќе биде сместена командата на ВМЦ и ординациите на Центарот за специјалистичко консултативна дејност, кој е опремен со најмодерни медицински апарати за спроведување на систематски специјалистички и здравствени прегледи за: интерна медицина, неврологија, психијатрија, офтамологија, оториноларингологија, рентген дијагностика и стоматологија. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews ... rm&lang=mk ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|