Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+34
leopard
Vojdan
Legija91
Smrtnikot
darkness
macko23
kocov
Phalanx
Zajcef
beowulf
Goust
Iko
andrej
Mrshajnoski
Subzero
filip555
Генерал
Зоран
dejand
Alvar
meth
shady3
Makedon
Davormkd
Волчко
tonin
Тачка
Wolf
Desperado
Profesionalec
Momak od Gjorce
1
AlexGreat
SIG
38 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 55 ... 100  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty21/12/2011, 13:51

СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ВОЕНОМЕДИЦИНСКИОТ ЦЕНТАР

Денес, со свеченото отворање на Военомедицискиот центар, како носител на медицинското обезбедување на АРМ чија главна мисија е зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на АРМ беше заокружен и процесот на трансформација на Воената болница.

„Ова е уште еден чекор во подобрувањето на условите на војниците на АРМ, односно чекор напред за нивниот стандард и за нивното здравје. Војската која има здрави војници е успешна војска“, истакна по церемонијата министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Основните цели на ВМЦ, освен примарната и секундарната медицинска и стоматолошка заштита, како што појасни полковникот Андреја Наумовски, командант на ВМЦ, одат во насока и на поддршка на активностите и единиците на терен, поддршка на високи личности и делегации и реализирање на партнерската цел – формирање на РОЛ-2 полска болница за медицинска поддршка на АРМ и на НАТО.

Во структурата на Военомедицинскиот центар кој поседува соодветни работни простории и напредна медицинска опрема се наоѓаат Командата, Центарот за превентивна медицина, Воената амбуланта, Центарот за специјалистичко-консултативна дејност и Центарот за медицинска обука, каде се врши целокупната обука медицинскиот персонал на АРМ за учество во миси предводени од НАТО и од ЕУ.

Во контекст на Центарот за обука, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, изрази очекување дека тој во иднина ќе прерасне во регионален центар за обука на медицински персонал кој ќе биде искористен и од земјите од регионот и пошироко. Во однос, пак, на обученоста на медицинскиот персонал кој засега брои 148 лица, а по обединувањето на ВМЦ со воените амбуланти ќе брои околу 208, генерал-мајорот Котески истакна дека Центарот располага со многу стручен персонал, укажувајќи и на големото искуство кое е стекнато со учеството на припадниците на АРМ во мисијата „Алтеа“ во БИХ и како дел од норвешкиот контингент во силите ИСАФ во Авганистан.

На новинарско прашање поврзано со неодамнешната одлука на Јавното обвинителство, министерот Бесими истакна дека случајот е под целосна надлежност на обвинителството како државна институција, и додаде дека тоа е во најголем интерес на АРМ и на починатите војници кои го жртвувале својот живот за Република Македонија.

Во однос на информациите дека реформскиот процес во МО и во АРМ забавува, министерот Бесими рече: „Ние сме отворени и за коментари и за критики, но официјалните документи на кои се базира евалуацијата – Годишниот извештај на НАТО за прогресот на Република Македонија реформските зафати ги оцени позитивно, односно утврди дека реформите се одвиваат континуирано“.

АРМ - новости - Page 10 Vmc1_
АРМ - новости - Page 10 Vmc2_

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sveceno-otvoren-voenomedicinskiot-centar&lang=mk



Ај нека е ерлија и нешто кај нас да мрдне од мртва точка... jupii
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty21/12/2011, 15:27

Доделување Mедали за храброст - Македонија е среќна што има луѓе подготвени да спасат нечиј живот

Во годинава која изминува прославуваме две децении од независноста на нашата татковина, Република Македонија. А денес, на мое големо задоволство и гордост, се сеќаваме на неколкуте храбри поединци.

Храброста и пожртвуваноста се меѓу основните, но, сепак ретки човечки доблести. Понекогаш толку ретки што некои луѓе се прашуваат дали денес, во овој современ свет, воопшто ги има. Многу сум среќен и горд што луѓето кои ги одликувам денес го дадоа дефинитивниот одговор. Не само што е присутна, туку храброста во македонското општество ја одразува онаа темелна човечност која не познава и не признава етнички, религиски или јазични разлики. А, притоа, единственото нешто што е важно е да им се подаде рака на оние чиишто животи се во опасност.

Храбри граѓани на Република Македонија, сакам да ви кажам дека значењето на вашите дела е дотолку поголемо бидејќи покажавте дека вистинскиот хероизам не произлегува од желбата да се биде подобар од другите и по цена на сопствениот живот. Напротив, вистинскиот хероизам извира од желбата да им се помогне на другите и по цена на сопствениот живот. Со вашата искрена пожртвуваност, направивте големи дела и со тоа давате пример на останатите.

Како врховен командант, горд сум на храброста на припадниците на полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија: потполковник Јордев, мајор Војнески, мајор Велков, постар водник Стоилов, постар водник Ристов и водник Трајков. Сите вие учествувавте во една исклучително опасна мисија, во март минатата година, за извлекување на телото на настраданиот рудар Влатко Илковски. Вие професионално ја извршивте вашата задача, а со тоа ја зацврстивте и довербата на македонските граѓани кон својата армија.

Почитувани,

Исклучително сум среќен што денес со нас е и Сами Нуредини. Уверен дека „човечкиот живот е најсвето нешто “, нашиот храбар Сами без двоумење скокна во студените јануарски води на реката Вардар за да ја спаси младата девојка која се давеше. И тоа не му е прв пат. Верувам дека сите ние се сеќаваме на неговата храброст, на летото 2009 година, кога Сами му го спаси животот на детето кое се давеше во водите на реката Треска во Сарај.

Нашите храбри луѓе на дело покажаа дека човекот не треба да го живее животот само за себе, туку да им помага на оние кои се во неволја.

Затоа, сакам да знаете дека сме ви благодарни за она што го направивте. Бидете уверени дека нашата татковина Македонија е среќна што има вакви храбри луѓе кои се подготвени да спасат нечиј живот. Среќна бидејќи, сè додека Македонија е земја на храбрите, до тогаш ќе биде и земја на чесните, доблесните и човечните, што го ценат животот како дар од Бога.

Поради исклучителната храброст, пожртвуваност и истрајност, вие сте докажани и заслужни чеда на Македонија. Затоа, во знак на нашата длабока почит и благодарност кон сите вас, имам особена чест и задоволство да ве одликувам со Mедал за храброст.

АРМ - новости - Page 10 Medal_hrabrost
АРМ - новости - Page 10 Medal_hrabrost2

http://www.president.gov.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-07-19-10-40-39/976--m-.html
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty21/12/2011, 15:36

ne mi se veruva kako toa javniot obvinitel kaza deka porani neobucenost na pilotot koj upravuval e rpicinata poradi koja se urna helikopterot Evil or Very Mad
neznam ova mi e nerealno i sramota e Sad

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty22/12/2011, 17:46

Средба на Министерот и Началникот на ГШ со пензионираните генерали на АРМ

По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, утре 23-ти Декември (петок) во Домот на АРМ во Скопје со почеток во 12.00 часот, Министерот за одбрана Фатмир Бесими и Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, ќе остварат средба со пензионираните генерали на АРМ.

На средбата е предвидено пензионираните генерали да бидат информирани за степенот на достигнатите реформи во одбраната, учеството во мисиите надвор од Република Македонија, моменталниот статус на единиците, остварените планови и резултати во изминатата година, како и за предизвиците на АРМ во наредната година.

Средбата со пензионираните генерали ќе биде искористена пред нив да биде презентирана новата борбена униформа на АРМ со универзална дигитална шара, од страна на припадници на АРМ кај кои е доставена на употреба првата пратка од оваа униформа.

Се покануваат: новинари, сниматели и фоторепортери, да присуствуваат и да известуваат за настанот.

http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-ministerot-i-nacalnikot-na-gs-so-penzioniranite-generali-na-arm&lang=mk
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty23/12/2011, 16:19

ПРЕДНОВОГОДИШНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА И НАЧАЛНИКОТ НА ГШ СО ПЕНЗИОНИРАНИТЕ ГЕНЕРАЛИ

Министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески денеска ја одржаа традиционалната средба со пензионираните генерали на АРМ по повод претстојните новогодишни и божикни празници.

На средбата, пензионираните генерали ќе бидат информирани за степенот на достигнатите реформи во одбраната, учеството во мисиите, моменталниот статус на единиците, остварените резултати од годинава што поминува и плановите за наредната година. Воедно ќе им биде презентирана и новата борбена униформа на АРМ.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими им порача на пензионираните генерали дека нивниот придонес за Армијата и зачувувањето на мирот не престанува со престанокот на работниот однос.

- Со вашето искуство можете да ни помогнете поуспешно да ги постигнеме целите на одбраната кои ќе ја направат Република Македонија успешна во своите евроатлантски интеграциски процеси. Тоа се целите и на граѓаните на Македонија за воспоставување одржлив мир, стабилност и основа за добар развој не само за земјава, туку и за регионот и пошироко на глобално ниво, рече Бесими во поздравниот говор.

Македонија, нагласи, се претстави како сериозен партнер за мирот и тоа веќе го прави преку АРМ како најдобар амбасадор на светско ниво.

- Тоа не е работа што се прави за еден ден, туку со години и вие сите сте заслужни за тоа, посочи Бесими.

Началникот Котески, заблагодарувајќи се за одвоеното време за денешната средба и за она што го направиле и што го прават за АРМ, им порача на пензионираните генерали дека сакаат со нив да разменат одредени искуства и да им кажат кои се приоритетите во областа на одбраната и развојот на Армијата во 2012 година.

- Имаме чест денеска да ја промовираме новата македонска униформа што пред вас по првпат ја носат нашите војници кои во јануари ќе одат во мисија во Авганистан, рече генерал Котески.

Министерот за одбрана најави дека во наредната година, во која се слави 20-годишнината од формирањето на АРМ, сите војници ќе бидат облечени со нови униформи.

Пензионираниот генерал Илија Николовски изјави дека е задоволен што први можеле да ја видат новата униформа, за која кажа дека изгледа импресивно и оти е направена по стандардите на НАТО.

- Со новата униформа АРМ уште подобро ќе ја претставува земјава во мисиите. Стандардот на војниците може не е на највисоко ниво, но се преземаат мерки и активности за негово подобрување. Зголемување на буџетот на Министерството за одбрана за наредната година мислам дека ќе придонесе за тоа, рече Николовски.

Армијата, истакна, ја дели судбината на останатите граѓани во Република Македонија и не може да биде надвор од општеството поради што може да се случи доцнење на хонорарите.

Прашан за коментар за извештајот за хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, Николовски рече дека не се согласува со констатацијата на јавниот обвинител Љупчо Шврговски дека пилотите биле необучени за летање во сложени временски услови и оти тоа е причината за падот на хеликоптерот во кој загинаа 11 македонски мировници при враќањето од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

- Многу е груба констатацијата дека пилотите се необучени. Јас со тоа не би се согласил, напротив АРМ има високо обучени пилоти, меѓутоа во воздухопловството се случуваат грешки. Иако не сум стручњак за воздухопловството, би рекол дека тоа е грешка на пилотите, а не необученост за летање во сложени временски прилики. Летовите со хеликоптер се поризични од летовите со авион и најмала грешка може да има несогледливи последици, рече Николовски.

АРМ - новости - Page 10 IMG_9449
АРМ - новости - Page 10 Image4_
АРМ - новости - Page 10 Image2_1
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty23/12/2011, 16:28

Што забележувате во левиот долен агол на сликава...борбен ранец во новата каму шара...дали ке има панцири,борбени елеци,шлемови се уште не се знае,но да се надеваме дека ке биде и тоа... Very Happy

АРМ - новости - Page 10 Image4_


На линкот има видео,кое од вестина на Канал 5...на кое може да се види дека има два вида на ранци (два различни типана борбени ранци,борбен и транспортен) и нови чизми...

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=84688
Вратете се на почетокот Go down
Desperado

Desperado


Број на мислења : 70

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty23/12/2011, 20:49

Celo e koga ima se! jupii
Вратете се на почетокот Go down
tonin




Број на мислења : 26

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty26/12/2011, 13:41

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122611855143&id=9&prilog=0&setIzdanie=22465

koga ke se vrati ova sluzenje na vojska na mladite lugje ke cuvaat straza i sve ostalo a
posle toa profesionalcite sto treba ke pravat?
ke dremat u kasarna?

______________________
девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty26/12/2011, 22:15

tonin напиша:
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122611855143&id=9&prilog=0&setIzdanie=22465

koga ke se vrati ova sluzenje na vojska na mladite lugje ke cuvaat straza i sve ostalo a
posle toa profesionalcite sto treba ke pravat?
ke dremat u kasarna?

Преврлање од шупло во празно...нема да се врати тоа кај нас,први се откажавме од редовната војска(иначе јас сум за),како прво немаме пари,повеке од пола касарните не се веке на АРМ,и ред други работи... Smile
Вратете се на почетокот Go down
Волчко

Волчко


Број на мислења : 88

АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty26/12/2011, 22:58

Ова обавезно треба да са направи најважно е одбрана на државата се друго после тоа пари ќе се одвојат али денешна политика е секој за себе никој не гледа за државата убава фасада имат политичарите.Јас ситно бројам идам ќе идам ке се пријавам за доброволно служење а за натака ќе видиме колку ми држи гзот ахахах.

______________________
Success is how high you bounce when you hit bottom.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 10 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 10 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 6 ... 9, 10, 11 ... 55 ... 100  Next
 Similar topics
-
» МВР - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» АРМ - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: