|
|
| АРМ - новости | |
|
+34leopard Vojdan Legija91 Smrtnikot darkness macko23 kocov Phalanx Zajcef beowulf Goust Iko andrej Mrshajnoski Subzero filip555 Генерал Зоран dejand Alvar meth shady3 Makedon Davormkd Волчко tonin Тачка Wolf Desperado Profesionalec Momak od Gjorce 1 AlexGreat SIG 38 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 26/12/2011, 23:26 | |
| - Волчко напиша:
- Ова обавезно треба да са направи најважно е одбрана на државата се друго после тоа пари ќе се одвојат али денешна политика е секој за себе никој не гледа за државата убава фасада имат политичарите.Јас ситно бројам идам ќе идам ке се пријавам за доброволно служење а за натака ќе видиме колку ми држи гзот ахахах.
Aко обавезно се направи ке може да заборавиме на НАТО...додуша и во една рака е но и не толку се добива на безбедност,сепак не е исто кога знаеш дека за таа работа има високо обучени елитни единици и провесионалци што тоа ке го направат на висина на задачата,а од друга страна деца од 17/18 години со 3-месечна обука...но сум за,поради тоа што младинава(во која спаѓам и јас) ке се научи на ред,дисциплина,одговорност,почит кон постари,и ред други работи,нема повеке да бидат мамини и татини мази,туку ке станат способни луѓе кој ке се научат на многу корисни работи (како цепење дрва,презивување во природа,обработка на земјиште,готвење,чистење,и.т.н.)...или што би се рекло во ЈНА "Војската е школо на животот"... | |
| | | tonin
Број на мислења : 26
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/12/2011, 07:58 | |
| pa BOKI 13 e primer za tie sto ne sluzele vojska ! vk ne se sekiraj ke ti drzi gzot ______________________ девојко да не постоеше МАКЕДОНИЈА мојата љубов ќе ти ја дадев на тебе.
| |
| | | Волчко
Број на мислења : 88
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/12/2011, 12:16 | |
| Мене ми е највише за тоа што викаш да не се татини и мамини мази знам другари што беа војска кога се вратија се гледат промените и тоа се на добро можеби ја така рзмислувам бидејќи од мал се играм со униформи по дома ахахаха ______________________ Success is how high you bounce when you hit bottom.
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/12/2011, 18:46 | |
| Средба на министерот Фатмир Бесими со рускиот амбасадор Олег ШчербакМинистерот за одбрана Фатмир Бесими денес оствари протоколарна средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак. За време на средбата Министерот Бесими ги истакна нашите приоритети во насока на полноправно членство во НАТО и ЕУ, учеството во меѓународни мисии, продлабочувањето на регионалната соработка и соработката во рамките на НАТО и на ЕУ. Во однос на продлабочувањето на билатералната соработка со Руската Федерација во областа на одбраната, министерот Бесими го информираше амбасадорот Шчербак дека од наша страна е изработен План за билатерална соработка за 2012 година кој очекуваме да биде одобрен од страна на руското министерство за одбрана. Исто така, на средбата беа разгледани можностите за развивање на воено-техничката соработка помеѓу двете министерства. Амбасадорот Шчербак му достави покана на министерот Бесими за посета на Руската федерација во 2012 година, при што би се остварила средба со неговиот колега Анатолиј Сердјуков. Двајцата соговорници разменија и мислења за актуелните политички случувања во регионот, истовремено потврдувајќи го заедничкиот став дека заемната доверба и соработка се единствениот пат кон успехот и просперитетот. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-ministerot-fatmir-besimi-so-ruskiot-ambasador-oleg-scerbak&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/12/2011, 18:48 | |
| Новогодишен натпревар во крос – кантри трчањеДенес 27 декември во касарната „Илинден“ во Скопје, во организација на Генералштабот на АРМ и Меѓународниот совет за воени спортови на АРМ се одржа петиот по ред Новогодишен крос – кантри во трчање на 10 000 метри за мажи и на 5 000 метри за жени. Оваа спортска манифестација беше отворена од Заменикот на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, а учествуваа припадници од сите единици на АРМ, како и екипи од Атлетската федерација на Македонија. Победник на трката за мажи беше капетан Игор Јакимовски со постигнато време од 33:14, додека во женска конкуренција најдобар резултат постигна водник Јасна Ангеловска од Командата за обука со постигнато време од 25:38. Медалите и дипломите кои беа доделени ги обезбеди Советот на Меѓународниот совет за воени спортови и Генералштабот на АРМ. Првото место во екипна конкуренција мажи го освои екипата на баталјонот за Специјални намени, второто место Ренџерскиот баталјон и третото место баталјонот Воена полиција. Првото место во екипна конкуренција жени го освои екипата на баталјонот за Врски, второто место командата за обука и третото место полкот за Специјални операции. Припадниците на АРМ со масовното учество на кросот уште еднаш покажаа во пракса како се изградува физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на сите задачи. Оваа дисциплина е се повеќе прифатена кај припадниците на АРМ, што придонесува во постигнување на забележителни резултати на учествата на меѓународни атлетски воени првенства и воедно ќе биде искористена за селекција на натпреварувачите од составот на АРМ за претстојните светски првенства. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=novogodisen-natprevar-vo-kros-kantri-trcanje&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/12/2011, 18:50 | |
| Средба на претседателот Иванов со министерот Бесими и македонските воени претставници во странствоПретседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов денеска одржа годишна координативна средба за активностите со македонските одбранбени претставници во странство. На средбата присуствуваа министерот за одбрана Фатмир Бесими, воениот претставник на Армијата на Република Македонија во Мисијата во НАТО во Брисел генерал Бранко Дракалски и македонските одбранбени претставници во Соединетите Американски Држави, Турција, Британија, Германија, Франција, Австрија, Грција и нерезидентниот воен претставник за Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На работната средба како што информира Кабинетот на претседателот, Иванов беше информиран од одбранбените претставници за нивните активности во земјите каде се акредитирани. - Претседателот Иванов на македонските одбранбени претставници им даде насоки за работа во 2012 година, како и насоки во пресрет на претстојниот самит на Северноатланската Алијанса во Чикаго. Претседателот ги изнесе своите очекувања од воената дипломатија, во функција на реализација на стратегиските цели на Република Македонија, и во таа насока побара засилен ангажман, подобра организација и координација во претстојната година, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Република Македонија. Претседателот Иванов, министерот Бесими и другите присутни на средбата, се посочува, заклучија дека е потребно дополнително засилување на одбранбената дипломатска мрежа на Република Македонија. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=sredba-na-pretsedatelot-ivanov-so-ministerot-besimi-i-makedonskite-voeni-pretstavnici-vo-stranstvo&lang=mk | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 27/12/2011, 20:14 | |
| Демонстрација на спорт и пријателствоДенес, во спортската сала „Форца“ беше одржан предновогодишен мини турнир во мал фудбал помеѓу екипата на Министерството за одбрана, предводена од министерот за одбрана Фатмир Бесими, екипата на Генералштабот на АРМ, предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески и екипата на воените аташеи акредитирани во Република Македонија. Министерот Бесими во ова пригода истакна дека најдобриот начин да се прослави крајот на оваа година е токму преку еден ваков пријателски спортски настан кој, впрочем, заврши со победа на екипата на ГШ на АРМ. На новинарско прашање поврзано со реализацијата на активностите во оваа година и плановите за следната министерот Бесими подвлече дека е даден максимумот и дека му е драго што новиот контингент кој ќе замине во Авганистан на почетокот на идната година ќе ја носи новата борбена униформа и воедно истакна дека голем успех претставува фактот дека оваа година може да се увиди и пораст во буџетот за одбраната. Во однос на приоритетите за следната година министерот Бесими ги истакна евро-атлантските интеграции, одржувањето на континуитетот на реформите, учеството во мировните мисии и секако унапредувањето на стандардот на припадниците на Армијата и нејзиното доближување на граѓаните. Следната година, според министерот, ни следува и достоинствено прославување на јубилејот „20 години АРМ“. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=fudbalski-natprevar&lang=mk | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: АРМ - новости 29/12/2011, 16:38 | |
| Чив е малиов бе? Шала на страна, на вести кога видов СЕ СУДРИЈА ПФВ И МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ , а тие што беа делегиацијата останале шокирани, си реков којзнае што се десило,им прекипило на војнициве кога тоа во фудбал... Да се навратам на воениот рок, и јас сум за тоа. Но видете што викаат и пензионираните генерали, да се регрутитраат војници, не како порано, во помал број, за да немора ПФВ да возат коли и слични работи кои се испод нивниот чин,условно кажано. Регрутите би чувале стражи и такви работи а воедно би стекнале обука. Од 3 месеци е тоа таман, и би се правеле 4 ротации годишно, така голем број ќе млади луѓе ќе имаат обука воена, а и општествена нормално. Мислам дека тоа е во ред и МОРМ треба најсериозно да го разгледа. А зошто би требало да заборавиме на НАТО? - И земјите членки на НАТО регрутираат војници колку што знам, а ние пак велам ,нема да имаме 20 000 војска него ќе се регрутираат 2-3000 луѓе и тоа е тоа. ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/1/2012, 21:09 | |
| Посета на Петровец и ИлинденПретседателот на Република Македонија и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, денеска ги посети припадниците на воздухопловниот ВИНГ на АРМ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец кои се на должност за новогодишните празници и со нив имаше заеднички ручек. - Традиционално како врховен командант првиот ден од новата година го поминувам со припадниците на Армијата на Република Македонија. Овој пат тоа се припадниците на воздухопловниот ВИНГ на АРМ. Честитајќи им ја Новата година преку ним упатувам честитки до сите припадници на АРМ, особено до војниците во меѓународните мировни мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан, изјави претседателот Иванов по средбата со пилотите на АРМ. Армијата, нагласи, останува посветена на чувањето на мирот, слободата и демократијата и е одраз на состојбите во нашето општество. Прашан дали очекува годинава да се реши проблемот со името со нашиот јужен сосед, шефот на државата рече дека кога доаѓа Нова година сите се полни со оптимизам. На прашањето дали може да се очекува Македонија годинава официјално да стане членка на НАТО, шефот на државава одговори дека останува на НАТО да одлучи. - Очекуваме пресудата во Хаг да влијае на одлуката за членство во Алијансата на Самитот на НАТО што годинава ќе се одржи во Чикаго, САД, но останува на НАТО да одлучи. Имаме одлука на Самит на НАТО и таа одлука може само нов самит да ја промени, нагласи претседателот Иванов. По посетата на воздухопловниот ВИНГ Министерот Бесими и генералот Котески ги посетија припадниците на полкот за специјални операции на АРМ во касарната ,,Илинден“ во Скопје. Во оваа прилика, тие им ги честитаа новогодишните празници на припадниците на оваа единица кои се на должност за време на празниците. http://www.morm.gov.mk/portal/?mainnews=poseta-na-petrovec-i-ilinden&lang=mk | |
| | | Profesionalec
Број на мислења : 149
| Предмет: Re: АРМ - новости 1/1/2012, 22:06 | |
| Imame mirovnici vo Liban? ______________________ Don't underestimate your enemy!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|