Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 НАТО (North Atlantic Treaty Organization)

Go down 
+9
Генерал
Зоран
Тачка
ragnad
Momak od Gjorce
SIG
Profesionalec
meth
AlexGreat
13 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 7, 8, 9, 10, 11, 12  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty18/5/2012, 20:43

Со сите заслуги на АРМ, началникот Котески ќе оди на Криволак наместо во Чикаго

Зошто првиот човек на АРМ остана дома, наместо заслужено да ја претставува македонската армија во Чикаго, како што е редот и како што било досега?

Горанчо Котески, началник на Генералштабот на АРМ, денеска не летна со авионот за Чикаго и нема да присуствува на долгоочекуваниот самит на НАТО. Началникот на македонската армија, која во изминативе години ги собра сите лаври и сите ордени за заслуги и за покажана храброст во меѓународните мисии, наместо на најголемото заседание на Северноатлантската алијанса, ќе оди на воена вежба што од утре па до 29 мај ќе се одржува на Криволак и Пепелиште. За високиот професионализам и обученост на македонските војници сведочат и овие бројки – од 2.721 војник што учествувале во меѓународните мисии од 2002 година до денес, одликувани се 1.900.

Тогаш, зошто првиот човек на АРМ остана дома, наместо заслужено да ја претставува македонската армија во Чикаго. И како што е редот и како што било досега, заедно со врховниот командант, со министерот за одбрана и со министерот за надворешни работи да биде дел од големото изненадување што се очекува да го приреди пријателска Турција со отворањето на прашањето за членство на Македонија во НАТО.

Го почитува ли протоколот редот? Дознаваме дека планот за составот на делегацијата бил сменет речиси во последен момент – било планирано на Самитот на НАТО да отпатува и началникот Котески, но наместо него утре во Чикаго од Вашингтон ќе отпатува амбасадорот Зоран Јолевски.

Во Генералштабот на АРМ потврдуваат дека протоколот го почитувал редот и дека во составот на делегацијата бил планиран и началникот Котески, но дека по негово барање и во координација со врховниот командант било одлучено сепак тој да остане во Скопје и да биде домаќин на најголемата вежба што се одржува во земјава.

„Согледавме дека во периодот на одржување на Самитот на НАТО во Чикаго има приоритетна задача во земјава – вежба на армискиот полигон Криволак и Центарот за обука Пепелиште. Одлучено е од наша страна началникот, генерал мајорот Горанчо Котески, да присуствува на вежбата, која е од големо значење за Република Македонија“, велат од Генералштабот на АРМ.

Вежбата насловена „Кооперативна долга стрела и лансер“ е една од најголемите што досега се одржала во земјава. Ќе се одвива на армискиот полигон „Криволак“, Центарот за обука „Пепелиште“ и касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево, во организација на командата на силите на НАТО во Мадрид и Здружената оперативна команда на АРМ.

Целта на вежбата, како што неодамна информира началникот Котески, е да се проверат обученоста и интероперативноста на штабовите и командите при изведување здружени операции. Важно е и тоа што ќе се реализира прв пат НАТО оценување ниво 1 на средната пешадиска баталјонска група и НАТО оценување ниво 2 на четата ЕУ-БГ и одделението АБХО, според концептот за оперативни способности. Оценувањето ќе го вршат мешани комисии, составени од претставници од земјите-членки на Алијансата и од Македонија. На вежбата, за која организационите подготовки ги врши АРМ, Македонија, како што изјави Котески ќе покаже дека не сме само способни да учествуваме на вежби што ги организираат други држави, туку дека и ние сме способни да организираме ваква вежба со ваков капацитет – ќе учествуваат 15 армии, со вкупно 2.206 учесници, од кои 1.697 припадници од АРМ, 166 од НАТО и 343 припадници од Партнерството за мир.

Сепак, отсуството на мајорот Котески од македонската делегација во Чикаго е чудно и за познавачите на протоколот за вакви прилики, но и за учесниците во досегашни самити на алијансата.

„Претседателот на државата, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи, како и началникот на Генералштабот се редовно во делегацијата што ја претставувале државата на досегашните самити на НАТО. На двапати сум учествувал на Самитот на НАТО во Прага и во Истанбул и делегацијата ја сочинувале претставниците што ги споменав. Факт е дека во периодот додека се одржува Самитот има многу важна воена вежба во Македонија, но сепак сметам дека началникот на ГШ требало да присуствува на Самитот на НАТО. Штета што не е така, зашто АРМ заслужува да има претставник со оглед на тоа што армијата е нашиот најголем амбасадор и има најголеми заслуги. Од друга страна, пак, нашето учество во ИСАФ-мисијата сè уште е активно и би било добро началникот да е во Чикаго “, вели Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана.

Во делегацијата што патува на Самитот на НАТО се шефот на државата Ѓорге Иванов, министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Фатмир Бесими, како и амбасадорите во САД и во НАТО Зоран Јолевски и Мартин Тренески и членови на кабинетите. Планирано е да има состанокот на претставниците на земјите-учеснички во ИСАФ мисијата, а и средба на шефовите на дипломатиите на НАТО со министрите на четирите земји-аспиранти, меѓу кои е и Македонија. Неизвесно е дали за време на одржувањето на самитот ќе има средба меѓу Иванов и генералниот секретар Андерс Фог Расмусен.

Присуството на амбасадорот Треневски во делегацијата предизвика реакции во македонските медиуми поради тоа што само Треневски од сите учесници во македонската делегација во Чикаго патува со својата сопруга. Како што објави „Утрински весник“, Треневски со сопругата патува на државен трошок. Дознаваме дека амбасадорот Треневски на Самитот е поканет од страна на алијансата како амбасадор на Македонија во НАТО и дека според протоколот, сите НАТО-амбасадори се поканети заедно со нивните сопруги и ќе бидат гости нормално на сметка на алијансата.


[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty20/5/2012, 18:01

Груевски: Македонија ја заслужи поканата за членство, но НАТО нема одговор за ова

Скопје, 20 мај 2012 (МИА) - Македонија неправедно нема да добие покана за прием во Чикагио, која и според меѓународното право, но и според сите морални принципи и достигнувања ја заслужува поради добро познатата блокада од Грција. Но, ова веќе не е само проблем на Македонија и на Грција, туку е суштински проблем и на Алијансата од политичка, морална и меѓународно правна природа, и НАТО нема одговор за ова, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за МИА.

За присуството на Македонија на Самитот, кој почнува за неколку часа смета дека е на повисоко ниво отколку што е потребно, посочувајќи на политиката на двојни стандарди на Алијансата.

- Присуство во Чикаго ќе има од наша страна и тоа многу високо. Повисоко отколку што според мене е нормално, во едни вакви околности, кога на некоја земја и се прави таква неправда, една таква непринципиелност и очигледна политика на двоен стандард, и згора на се, истовремено и се кажува дека треба да се чуствува виновна заради тоа, и да има разбирање кон оној кој ја прави неправдата и да глуми одговорност и достоинство. Пазете ве молам, а не говорат за нивната одговорност и достоинство? Затоа што ова веќе не е само проблем на Македонија, очигледно е проблем и на Алијансата и тоа многу поголем отколку само формален. Ова е суштински проблем, од политичка, морална и меѓународно правна природа, во смисла владеење на право, и НАТО нема одговор за ова. Оттука, не е ова прашање само на Македонија и Грција, туку веќе е прашање и на НАТО, вели премиерот.

Тој говорејќи за Самитот, вели Македонија како земја кандидат само присуствува на овој собир на 28-те члнеки на Алијансата во Чикаго.

- Тоа е самит на земјите членки, ние сме само кандидат, кој кога им е потребен го користат, а кога нам НАТО ни треба, добиваме лекции по политика и по важност на принципот на солидарност и консензус, и тоа во смисла дека во политиката нема правда кога станува збор за односот на помоќниот кон помалку моќниот. Потоа, ние треба да имаме чуство на вина дека тоа не сме го знаеле или разбирање дека така е тоа во политиката, нема правда или неправда има реалност или интереси. Ова е класично извитоперување на суштината и основната цел на политиката, според мене, а тоа е да се создаваат вредности, а не само и по секоја цена да се штитат материјални интереси, посочува Груевски.

И што уште? Дека неправдата требало да ни биде нормална работа во нашите морални вредности, а непочитувањето на меѓународното право од страна на помоќниот нешто што се нарекува политичка реалност. И дека треба да научиме да бидеме онеправдани бидејќи сме помали и помалку моќни. Наместо ние да сме лути, тие нам ни се лутат зошто воопшто се лутиме на неправда, која доаѓа од големите сили, додава шефот на Владата.

Според него, македонската делегација која ја предводи претседателот на државата, а во која, меѓу другите, е и министерот за надворешни работи, е многу висока во услови, вели, на едно такво игнорирање од НАТО во изминат период и сервилност кон Грција.

- Можеби неговиот заменик ќе беше реално наше присуство наспроти очигледната незаинтересираност на најмоќните земји на НАТО кон Македонија, и очигледната нивна заинтересираност по секоја цена да и бидат на услуга на Грција, превземајќи товар, ако воопшто го чуствуваат како товар, на крајно непринципиелно и некоректно однесување кон земја за чие членство ја малтретираат со години, а секогаш ја канат кога им треба, дали тоа е во моменти кога им треба за логистичка база како што беше при интервенцијата во 1999 година кон Србија, или кога требаше да бидеме во Авганистан, во Ирак, и други настани каде им требаат сојузници, им треба нашата војска, нашето присуство, нашето знаме, нашата одлучност, оценува Груевски.

Дволични се и непринципиелни, додава, обраќањата од некои одредени претставници на некои водечки земји членки на НАТО и озборувањата по кулоарите оти сме пропуштиле некаква шанса со Папандреу, оти таква политика на двојни стандарди и оддалечување од вредностите за кои јавно се залагаат, одамна како преседан го нема забележано, како во случајот со Македонија, каде, вели, се надоврза и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, која е недвосмислено во наша корист.

- Знам дека некои политичари и дипломати не ги засега што непринципиелно делуваат, бидејќи сметаат дека се доволно силни за да го прават тоа и никој ништо да не им може. Но има едно правило што секогаш кога некој во континуитет непринципиелно се однесува, со тек на време сите негови сојузници, пријатели и соработници ќе ја загубат довербата во него, смета премиерот заблагодарувајќи се при тоа на земјите, политичари и дипломати кои отворено, искрено и недвосмислено, а некои од нив и јавно не поддржуваат и говорат искрено и принципиелно.

Оценува оти што се однесува до лобирање во НАТО во претходните 7-8 месеци е даден максимумот и оти нема адреса, врата каде не е тропнато, посетени се сите земји членки. Според него, главен виновник за ситуацијата во која земјата се наоѓа е Грција.

- Главниот виновник за нашето не влегување во НАТО има свое име, и се вика Грција. Недвосмислено, тоа е земја која во последните две децении со сите сили го кочи нашиот развој и напредок, вложува огромни ресурси во тоа, троши огромен политички кредит, и прашањето со нас го користи, пред се, во внатрешно-политички цели и популистичка пропаганда. Се со единствена цел, да се смени името на државата, името на нашиот народ, името на нашиот јазик, и севкупно нашиот идентитет. Додека го замајуваа народот во Грција со покажување на мускули кон нас, со загорчување на иднината на два милиони народ, кои се, пред се, луѓе, а потоа и соседи, еве на очиглед на цел свет гледаме што правеле зад сцената, и во каква ситуација ја донеле својата земја, вели премиерот.

За него, вели, само покана за членство може да биде добар или подобар заклучок од Чикаго, оти се што не е покана за членство е незаслужено и нефер.

- Оттука, каков и да извлечеме поинаков заклучок во Чикаго не може да биде ни приближно замена за поканата. Заклучоците се дипломатска игра без граници. На крајот победува интересот и силата. Тоа е ситна утеха на големите сили кога ги обесправуваат помалите. Им даваат некаков заклучок како надеж, и како средство за контролирање на длабоката фрустрација предизвикана од неправдата. И ако мислам дека нема да сменат ништо од формулацијата во Букурешт, еве дури и да остане стариот заклучок од Букурешт, и да смислат нов, со какви и да е фрази, нема ништо да значи, барем додека една, или најмногу две до три земји членки на НАТО, оние најмоќните, не решат и одлучно не се спротистават на политиката на Грција карактеристична за 19-от век, и спротивна на се што говорат, прокламираат и декларираат најважните, најмоќните и клучни земји членки на НАТО. Затоа велам дека каков и да е заклучокот освен покана за членство нема со ништо реално да ја смени ситуацијата. Па потоа ние треба тука да се радуваме и со недели да го дебатираме заклучокот, и на крај да заклучиме дека Америка, Германија, Франција и други ни се големи пријатели, и да сме многу среќни, и уште да се чуствуваме должници за тоа, објаснува Груевски.

Тој прецизира оти, ова не е прашање на пријателство и добри намери, туку е прашање на интерес и класична демонстрација на сила, а за жал, во меѓународната политика очигледно има само интереси. Сепак, додава, овие моќни држави ги смета за наши пријатели, но вели, истите се поголеми пријатели на Грција.

- Така било во изминатите 21 година, и затоа Грција 21 година успева да не малтретира до крајни граници, без да се соочи со сериозни последици. Да беше обратно, на пример, ако Грција не извршеше исполнување на одлука на Меѓународен суд кон Америка, Германија или Франција, ќе се соочеше со санкции на Советот за безбедност. Или пак, ако ние не извршевме одлука во корист на Грција, истото ќе ни се случеше. Па погледнете што се случува во ЕУ, таму просто ја молат Грција да не излезе од еврозоната, посочува премиерот Груевски.

Смета дека меѓународното право се спроведува селективно и оти нашиот пример е еден од најеклатантните.

- Јас длабоко верувам и сигурен сум дека и самиот Барак Обама длабоко во себе е свесен за неправдата која Грција ја прави кон нас, и сигурно се чуди на нејзината политика, но очигледно, во овој момент има други причини заради кои не може ова да го каже, вели Груевски.

На укажувањето оти за прием во НАТО потребен е консензус, вели дека би го уважил како аргумент доколку НАТО го стави приемот на Македонија како точка на дневен ред на самитот, а Грција во ситуација да мора втор пат, и тоа по пресудата во Хаг, да го прекраши меѓународното право да употреби вето, или како што се вели во кулоарите, „да употреби по вторпат врз нас политичка атомска бомба“. Тогаш, вели НАТО нема да има ниту вина ниту неприципиелност. Но, не очекува тоа да се случи, а смета и дека се злоупотребува принципот на солидарност кој владее во НАТО.

- Никаде во актите на НАТО не пишува дека сите земји треба да се солидарни со една земја членка ако крши меѓународно право, ако нанесува неправда на друга земја. Тоа не е солидарност. Зборот солидарност се користи за други прашања. На пример, ако една земја е нападната од надвор, тогаш сите се вклучуваат во нејзината одбрана. И видете, не сакам сега сето ова да изгледа како јас да држам предавања на големите сили или да звучам патетично. Не. Јас сум должен пред својот народ да ја кажам вистината. И вистината е буквално ваква, вели премиерот.

Македонија, посочува, ќе продолжи со реформите, со конструктивно и принципиелно однесување, и со активно барање компромисно решение за името со сите сили.

- Ние ќе продолжиме да се однесуваме принципиелно, и многу поевропски одколку некои земји членки на ЕУ. Ние не само што нема да застанеме со реформите, кои пред се, се важни за нас самите и нашиот народ, туку ќе продолжиме и со активни разговори за барање решение, и се разбира во еден таков амбиент ќе ја чекаме нашата историска шанса. И ќе ја искористиме, појаснува Груевски.

За некои домашни критики оти со некои постапки Грција се иритира, а со оглед на неправдите и штетата што ни ја прави Грција, прашува кој збор да го употреби за она што тие и го прават на Македонија.

- Тоа е комплетно извртување на тезите. И не знам дали некој очекува да се смееме, да се радуваме и да ги поздравуваме нивните чекори? Воопшто не размислувам дали ги иритирам, се додека тие ни го прават ова што ни го прават. Нема поголемо иритирање од 20 годишно блокирање, кочење, негирање, омаловажување, правење огромни финасиски штети на народот и на оваа држава, па дури и тензии. Тоа всушност не е иритирање туку злосторство врз еден народ и една држава. Се додека врз нас се прави овој злочин, нека не очекуваат ние да размислуваме дали нешто ќе ги нервира на дневна основа. Ова што Вие го наведовте како иритирање, е ништо во споредба со теророт од страна на Грција кон Македонија, пред очите на целиот демократски свет. Она што ние го бараме е само правда за да го добиеме тоа што сме го заслужиле. Ниту имаме некакви претензии, ниту нешто некому лошо посакуваме, сакаме само стабилност, напредок и членство во ЕУ и НАТО, вели премиерот.

За улогата на опозицијата, вели, не сака и нема да се препукува заради ситни политички поени оти станува збор за стратешко прашање на македонската надворешна политика, и оти знаат каде лежи проблемот, а Владата прави максимум.

- Тие цели 15 години се обидуваа да најдат решение за спорот со Грција и не успеаа. Ни велеа дека времето работи за нас, обидувајќи се со тоа да ја тргат одговорноста од себе, па гледаме дека времето воопшто не работело за нас. Но, сега имаме една реалност, и во една ваква реалност, наместо да ловиме вештерки, најдобро и најкорисно за граѓаните е ако ги збиеме нашите редови и продолжиме заеднички по патот на реформите. Оттука и кога некој прашува која е алтернативата на Македонија по Чикаго, одговорот е еден - реформи! Со цела сила, без застанување и колебање. На се друго историјата ќе му најде свое место, рече премиерот Никола Груевски во интервју за МИА.ва/вј/15:21
[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty20/5/2012, 18:05

Оштро, без ракавици... но за жал во голема мера и реалност.
Ми се чини дека по овој самит можеме да очекуваме и одредени промени во односот со и кон НАТО.
Дали тоа ќе биде добро или лошо по нас... ќе видиме.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty20/5/2012, 18:22

Попоски: Грчката блокада не смее да ни ги засени целите
20.05.2012 - 11:53

Македонија уште во 2008-та ги исполни сите критериуми да биде член на НАТО и одлуката за тоа од тогаш зависи единствено од волјата на една земја членка, иако таа легално се обврзала да не го блокира нашето членство во Алијансата.

Како одговорна и конструктивна земја нема да дозволиме да ни ги засени целите некој кој сака да не држи во заложништво или генерира нестабилност.

Ова го истакна во интервју за МИА министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој е дел од македонската делегација која присуствува на Самитот на НАТО во Чикаго.

Според него, останатите земји членки се свесни дека е од заеднички интерес Македонија и формално да стане дел од НАТО. Според пораките, пак, кои во моментов се упатуват од Атина, оценува дека недостига разумност, бидејќи „тие кои носат политички одлуки најавуваат повторено прекршување на билатералната спогодба“.

- Судот на ОН го деградираат, своите обврски не ги исполнуваат, а договорите ги склучуваат за потоа да ги фрлаат во корпа. Скандалозно е да се истакне став за свесно силување на меѓународна правна рамка, која претходно ја наметнаа, измислувајќи спор пред 20-тина години. Истиот можеше и да не постои. Како што го нема во нормални земји, да речеме Белгија, која има провинција со исто име како и Луксембург, кој е држава, потенцира Попоски.

Тој посочува оти се наметнува заклучок дека за политичкото водство кај нашиот јужен сосед е корисно да не држи во заложништво, а нивните постапки наведуваат дека продолжената неизвесност и правна несигурност се прифатливи, ако не и посакувани. Министерот Попоски, сепак подвлекува оти и во вакви услови Македонија ќе опстои на својата надворешна политика.

- Ние сме одговорна земја со јасна стратегија. Нема да дозволиме да бидеме загрозени, ниту пак дезориентирани. Тоа што некој сака да не држи во заложништво или генерира нестабилност не смее да ни ги засени целите. Се однесуваме коректно, одговорно, демократски и од сите очекуваме реципрочно конструктивен пристап. Секој одлучува за својот пристап. Ние сме решиле да бидеме демократски, принципиелни и да ги почитуваме преземените обврски. Други одлучуваат да градат позиции преку продолжена непредвидливост и држење на соседот во заложништво. Времето ќе покаже што е правилно, истакна Попоски.

Приоритет на македонската дипломатија, според него, останува нагласената конструктивност и заложба за мир, демократски принципи и просперитет, глобално, но пред се регионално.

- Ќе работиме интензивно дури и кога наидуваме на неконструктивност. Само така може да се надеваме на промена на менталитетот. Мора да влијаеме кон промена во ова лудило од политика на опструкции, уцени и правење штета на соседот. Иднина се гради со пристап кој ја зголемува комуникацијата и довербата, но пред се меѓусебната почит кон различностите. Така е помеѓу луѓето. Истото важи и за државите. Убеден сум дека зближувањето на луѓето и бизнисите е вистинската формула. Таму ќе бидеме најмногу насочени, порачува во интервјуто за МИА министерот за надворешни работи Никола Попоски.
[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty20/5/2012, 20:19

Искрено интервју од Премиерот, камо среќа да беше искрен за сите работи кои ги прави тој и неговата партија кои исто така и прават финансиски штети, а и други, на Македонија.

На крајот спомнува „што по Чикаго? - Реформи„ , можеби со тоа сака да каже дека ќе има промени кон НАТО сојузот...ќе видиме... scratch
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty20/5/2012, 23:51

Почнува самитот на НАТО во Чикаго

Визијата на НАТО за соочување со безбедносните предизвици во 21 век, ќе се утврдува на 25. Самит што денеска и утре ќе се одржи во Чикаго. Проширувањето на Алијансата не е на агендата.

Во фокусот на најмоќната воено-политичка организација ќе бидат три теми – Авганистан во транзицискиот период и потоа, капацитетите на НАТО за справување со безбедносните предизвици по однос на новата „паметна одбрана“ и противракетниот штит во Европа, како и зацврстување на партнерската мрежа на Алијансата низ светот.

Во Чикаго, лидерите ќе имаат можност да ги претворат одлуките од Лисабонскиот самит во конкретни програми и иницијативи. Тоа значи дека НАТО треба да продолжи со политичките, воените и економските инвестиции за да ја одржи цврстината на Алијансата, односно мора да остане посветен на своите принципите, подготвен да ги обезбеди потребните капацитети и да ги развива односите со партнерите. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази уверување дека на самитот ќе се потврди силната НАТО солидарност, дури и во тешките економски времиња, Алијанса која е посветена, способна и поврзана.

Република Македонија на Самитот ќе биде претставена од претседателот Ѓорге Иванов и министрите за одбрана и за надворешни работи Фатмир Бесими и Никола Попоски. Македонската делегација во која се и амбасадорот во мисијата при НАТО Мартин Треневски и амбасадорот во Соединетите Американски Држави Зоран Јолевски.

Во рамки на Самитот, македонската делегација, ќе учествува на состанокот предвиден за членките на НАТО и земјите – учеснички во мисијата ИСАФ во Авганистан, кој ќе се одржи на 21 мај. Претседателот Иванов ќе има свое обраќање на овој состанок. Истиот ден предвидена е и одделна средба на министерско ниво на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија со земјите членки на НАТО.

Предвидено е членовите на македонската делегација да имаат голем број средби со претставници на државите – членки на НАТО.

Во интензивната дипломатска активност пред Самитот, Република Македонија бараше од НАТО и САД како земја лидер поддршка за полноправно членство во Алијансата и ревизија на заклучокот од Букурешкиот самит врз основа на одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Премиерот Никола Груевски испрати писмо до лидерите на државите – членки на НАТО, во кое побара на агендата на самитот во Чикаго да се стави барањето за прием на Република Македонија, со оглед дека земјата ги исполни критериумите за членство, а со учеството во мисијата на Алијансата ИСАФ во Авганистан покажа дека може да ги презема обврските од членството.

- Членството на Република Македонија во НАТО ќе биде од корист за стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот, но истовремено ќе поттикне создавање поволна клима на доверба меѓу Република Македонија и Грција и може да претставува позитивен притисок за интензивирање на меѓусебните разговори за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името, заклучи во писмото премиерот Груевски.

Политичката волја за прием во Алијансата е потврдена и со неодамнешната Декларација за реафирмирање на реализацијата на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО усвоена во Собранието.

Инаку, во моментот 182 припадници на АРМ учествуваат во повеќе мировни операции надвор од границите на Република Македонија. Од 2002 до 2012 вкупно во мисии надвор од Република Македонија учествувале македонски мировници во Ирак 493, во Авганистан 2.021, БиХ 202 и пет во Либан.

Македонија го започна учеството во НАТО предводената операција ИСАФ во август 2002, со испраќањето два офицера како дел на турскиот контингент. На 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, македонското знаме беше прв пат развиорено во Кабул. Во март 2003 година, АРМ го зголеми својот продонес во ИСАФ со испраќање едно одделение од составот на втората пешадиска бригада како дел од германскиот контингент. Како резултат на успешното извршување на мисијата и високите оценки добиени за учество во ИСАФ, од август 2004 па се до крајот на 2006, АРМ учествуваше со еден механизиран пешадиски вод од единицата Леопарди. Истовремено, во август 2005 во ИСАФ е упатен и медицински персонал како дел здружениот медицински тим во А3 формат (Македонија, Албанија, Хрватска), кој успешно извршуваше задачи на кабулскиот аеродром, најпрво во состав на грчката полска болница, а потоа во состав на чешката полска болница.

Засновано на оценките на Алијансата во делот на декларираните единици од АРМ, кои ги достигнаа бараните строги стандарди во делот на обука и оперативните процедури, а во линија со Концептот на опертативни способности (ОЦЦ), македонската армија во јуни 2006 испрати и една механизирана пешадиски чета, дел на првата механизирана пешадиска бригада во состав на британскиот контингент во ИСАФ. Покажаната доверба од Обединетото Кралство кон деведесетте „Шкорпиони“ од Првата пешадиска бригада беше во целост оправдана.

Во втората ротација на четата за обезбедување на Командата на ИСАФ, Република Македонија го зголеми присуството од 90 на 127 учесници, а од јануари 2008 испрати и тројца штабни офицери во Командата на ИСАФ во Кабул.

Како поддршка на напорите за самооддржливост на Авганистанската национална армија (АНА), започнувајќи од март 2008 година Република Македонија испрати два војника (еден офицер и еден подофицер) како дел на здружениот мултинационален Оперативно-менторски и тим за врски (ОМЛТ) во Мазар-е Шариф додека, започнувајќи од декември 2008, во соработка со Кралството Норвешка, македонски медицински персонал е вклучен преку еден хируршки тим во организациската структура на хируршка единица при норвешкиот Провинцискиот тим за реконструкција (ПРТ) во Мејамана, Авганистан.

Во моментот Република Македонија учествува со една механизирана пешадиска чета (127 војници), тројца офицери во Главниот штаб во Кабул, четири претставници во А3 медицинскиот тим на чешката болница во Кала, два офицери како дел на мултинационалниот ОМЛТ во Мазар-е Шариф и хируршки тим во организациската структура на хируршка единица при норвешкиот Провинциски тим за реконструкција (ПРТ) во Мејамана. Вкупниот број на учесници во моментот е 142. Досега Република Македонија учествувала вкупно со 790 учесници во ИСАФ.

Инаку, околу 10.000 луѓе, меѓу кои и 2.000 новинари, дојдоа во Чикаго заради настанот. Тајната служба проценува дека во градот ќе пристигнат и меѓу 10.000 и 100.000 демонстранти. За безбедноста на учесниците на Самитот во градот ќе бидат ангажирани 3.100 прпадници на полицијата на Чикаго. Мултикомуникацискиот команден центар кој ќе ги мониторира сите настани на и околу Самитот е сместен на тајна локација надвор од Чикаго, за што се ангажирани над 40 агенции, вклучувајќи ги и ФБИ и Тајната служба. Тој ќе биде активен со 24 часовно покривање почнувајќи од петокот до завршување на форумот.

Како прилог на операциите на полицијата на Чикаго, ФБИ и на Тајната служба, службени лица од градското собрание објавија дека околу 500 припадници на државата полиција на Илиноис и 600 од Националната гарда, ќе бидат распоредени во градот за да се засили обезбедувањето на настанот.

Со строгите безбедносни мерки воспоставена е и голема зона забранета за летови, подигнати се барикади, а сообраќајот ќе биде забавен, односно целосно забранет во центарот на градот. Во јавниот превоз на патниците нема да им биде дозволено да внесуваат храна, пијалоци, велосипеди. Патниците на железничката станица и на некои метро-станици ќе мора да поминуваат детална контрола како на аеродромите.

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty21/5/2012, 13:25

Krv na ulicama Chicaga: izbili žestoki sukobi s policijom za vrijeme glavnog anti-NATO prosvjeda

Anti-NATO prosvjednici su se sukobili s policijom u Chicagu nakon što se nekoliko tisuća prosvjednika okupilo na jučerašnjem glavnom prosvjedu protiv vojne alijanse i njihovog summita u Chicagu. Najmanje 60 ljudi je uhićeno za vrijeme sukoba koji su, ako je suditi prema video-foto materijalima, bili poprilično nasilni.
Do sukoba je došlo nakon što su se prosvjednici pokušali probiti kroz kordon policije do lokacije gdje se održavao summit, policija je odmah nasrnula s palicama. U sukobima je najmanje 12 osoba ozljeđeno. Do tog trenutka prosvjedi su bili relativno mirni.

Policija procjejuje kako se na prosvjedu okupilo između 2,500 i 3,000 prosvjednika, no, novinari RT-a, koji su se nalazili na terenu, prenose kako je prosvjed izgledao daleko veći od objavljenih brojki.
Prosvjednicima su se pridružili veterani koji su služili u Iraku i Afganistanu, veterani su u znak prosvjeda protiv ratova bacali svoje medalje u pravcu centra gdje se održavao summit. Među prosvjednicima je bio i velik broj pripadnika Occupy Wall Street-a. Jedna od prosvjednica je rekla za RT: "Ovo je bila jako važna demonstracija protiv NATO-vog kriminalnog stroja. Ljudi koji su bili na prosvjedu ujedinili su se u opoziciji protiv beskonačnih ratova i poručili kako se socijalne potrebe ovdje doma moraju pružiti".

Ako se uzme u obzir niz specijalnih i represivnih zakona koji su uvedeni posebno kako bi eliminirali anti-NATO prosvjede za vrijeme održavanja summita, kao i činjenicu da su američke vlasti pokazale da su spremne otpor klasificirati kao najstroži prijestup, čak i "terorizam", anti-NATO prosvjednici u Chicagu zaista su zaslužili priznanje za hrabrost i odlučnost da ipak održe prosvjed pod ovakvim okolnostima.

[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty21/5/2012, 22:14

Искрено мислев дека ќе бидеме примени во НАТО уште во 2008 кога Џорџ Буш лично кажа дека 3 земји кандидатки ќе станат членови и оп вето.
Значи грчка му отиде контра тогаш и ништо не се смени за неа. Сега америве се многу посолидарни со нив за разлика од тогаш.
Највисокиот суд на светов пресуди во наша корист, над него е само совет за безбедност но не и НАТО и ЕУ, јавно кажаа дека нема да го пичитуваат, НАТО и ЕУ ги подржаа и се играат со нас, вие преговарајте (сменете си го иденетитетот не името) па ќе влезете, па добро какво е ова лудило, какво одвратно лицемерие.
Јас лично не сум подготвн да го сменам мојот идентитет за овие две организации, луѓе со тоа нивно мислење за преговори всушност е поблага форма од сменете си го идентитетот Glava v zid Glava v zid Glava v zid
Па добро нели гинеа генерации за да имаме самостојна држава МАКЕДОНИЈА и ќе живееме како секој нормален народ во светов, нели тоа беше и идејата на Гоце, па луѓе го сочувавме идентитетот со илјадници години треба ли оваа генерација македонци да плукне врз тој континуитет и да го смени единственото нешто што сме го сочувале толку време ИДЕНТИТЕТОТ.

Јас браќа мои не сум спремен да го сторам тоа. Го напаѓаме Грујо за одредени проекти и треба заслужи, но зошто го напаѓаме за интервјуто не ми е јасно, па он не кажа ништо што е грешно, се е чиста вистина колку и да не прифаќаат одредени луѓе!!

Тропаме на вратата на НАТО и ЕУ од 2001 навака и тоа под фиром, нешто што некој се обврза да го почитува а сега не му се свиѓа, и реално немаме преговори со ЕУ и чист како солза влез во НАТО само заради една нивна безобразна членка, не сакам ни да ја пишувам Mad Mad и заради ништо друго.

Менување на името (читај идентитет) за нас ќе значи самоликвидирање, па луѓе не мора за друго дајте да се сплотиме само за ова и ќе бидам пресреќен.
Срцево ми се кине кога сме разделени по овој основ Sad Sad Sad

МАКЕДОНИЈА во душава, МАКЕДОНИЈА во срцево, се за МАКЕДОНИЈА
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty21/5/2012, 22:48

И мене исто ми се кине...

П.С Не го нападнав Премиерот..писмово е одлично!

Јас исто така сум за НЕ за промена на името.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty21/5/2012, 23:48

НАТО: Едно oxi вреди повеќе од сите yes, ja, si, oui, evet...

Повеќе од 50 лица се уапсени на антиглобалистичките протести во Чикаго. Американските демонстрации се целосно контролирани. Како договорен собир на кој демонстрантите ќе се изнавикаат, а полицијата, пожарната и лекарите ќе делуваат. Контролирано искажување бес што не е случај на Балканот. На демонстрациите се затеков случајно, откако возачот на медиумската делегација од националната гарда го изгуби агентот на тајната служба и не можеше да не однесе до Меккормак центарот. Од безбедносни причини не истоварија среде барикади. И решив да влезам среде демонстрации.

НАТО не брза да излезе од Авганистан, ама не знае ни кој ќе плати за тоа. Вака накусо може да се сублимира првиот ден од 25 Самит на Алијансата кој се одржува во Чикаго. Во донесениот заклучок за Македонија, се повтори одлуката од Букурешт од 2008 година, прво да се реши спорот за името кој нашата земја го има со Грција, па потоа членство во НАТО.
- Покана за ПЈРМ ќе има веднаш штом се постигне заедничко прифатливо решение за името, во рамките на Обединетите нации и силно повикуваме на интензивирање на тие напори. Брзо решение ќе биде проследено со членство што ќе придонесе за стабилноста во регионот. Ги охрабруваме преговорите и нивното продолжение и очекуваме тие да завршат што е можно побрзо, е заклучокот во Декларацијата од Самитот во Чикаго на претседателите на држави и влади учеснички.

Во Декларацијата ги охрабруваат напорите за натамошно градење на мултиетничко општество и го ценат учеството на Македонија во мировните операции. Во заклучокот се нагласува дека решавањето на спорот ќе биде корисно за мирот и стабилноста. Најавата за повторно блокирање на македонското барање за членство во НАТО дојде од грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис, кој пред почнувањето на самитот изјави дека и покрај тешката ситуација во која Грција се наоѓа, претставена во Чикаго на пониско ниво и од привремена Влада, земјата ќе издејствува на самитот на НАТО да се испрати порака дека решение за спорот е неопходно за македонското членство. Грчкиот весник "То Вима" пишува дека грчката дипломатија успеала да се спротивстави на силниот притисок на Република Турција во заклучоците од самитот во Чикаго да се наведе пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Додека светските челници доцна синоќа ги поздравуваа реформите во Македонија, Чикаго е под силно полициско обезбедување заради најавените демонстрации. Повеќе од 50 лица се уапсени на антиглобалистичките протести во Чикаго. Четворица се обвинети дека планирале терористички напади со молотови коктели. Тоа е официјалното соопштение од американските власти, кои ја контролираат безбедноста во градот за време на самитот. Но сликата на терен е малку поинаква од нам познатите демонстрации на Балканот. Американските демонстрации се целосно контролирани. Како договорен собир на кој демонстрантите ќе се изнавикаат, а полицијата, пожарната и лекарите ќе делуваат. Контролирано искажување бес што не е случај на Балканот. На демонстрациите се затеков случајно, откако возачот на медиумската делегација од националната гарда го изгуби агентот на тајната служба и не можеше да не однесе до Меккормак центарот. Од безбедносни причини не истоварија среде барикади. И решив да влезам среде демонстрации.
- Нашите владетели решија дека НАТО ќе ни го качат на глава. НАТО е група од 28 воени мунгуси водени од САД, бесен сум што се овде во нашиот град и тие создавачи на војни кои се на 2-3 блока одовде ја прават разликата меѓу војната и мирот, изјави жител на Чикаго.
Иако се очекуваа над 10.000 демонстранти, на отворањето на Самитот не беа повеќе од 3.000. Полицајците беа тројно побројни. Колегите од француската телевизија сметаа дека луѓето се исплашени и не демонстрираат, бидејќи од очекувани 50 илјади, дошле само неколку. Сите без исклучок се против војни и трошење пари за војување.
- Што се обидувате да постигнете со овие демонстрации?
- Се обидуваме да го изразиме нашето незадоволство заради алокацијата на ресурсите. Верувам дека милитаризацијата на планетата, сите овие армии кои се здружуваат и решаваат како и кого да убиваат и каде да убиваат и каде следно тоа да се случи за мене е многу навредливо како американски граѓанин. Не верувам дека треба сите овие пари да ги трошиме на сето ова убивање, вели човек маскиран со чизма врз главата.

На мое големо изненадување, имаше и демонстранти кои беа на страната на Македонија во случајот со грчкото ембарго за нашето членство во НАТО.
- Грција не смее да кажува и да прави ништо против делот од Југославија кој се нарекува Македонија, бидејќи македонскиот народ не сака да ја окупира Грција, тие се роднини и браќа уште од антички времиња.
- Верувате дека Македонија е во право?
- Да, грчката Влада не смее да кажува и да делува против македонскиот народ, бидејќи Македонците работат како фармери и не се богати луѓе и немаат ништо против грчкиот народ.
Додека ја снимав последната изјава, полицијата во огромен број кордонски почна да ги потиснува демонстрантите од 4 страни, со постојани повици да се разотидат. Облечени во специјална заштитна опрема и со дрвени пендреци, ги потискаа демонстрантите чекор по чекор за на крај, целосно опколени да останат неколку стотини. Другите си се разотидоа.

Разочарани сме од повторно од повторното одлагање, тоа не е наш неуспех!
-Нема да кријам дека нашите граѓани, лидерството на Република Македонија се целосно разочарани од досегашните одлагања. Сега беше потребно да се поправи грешката од Букурешт. Вака Претседателот Иванов го започна своето обраќање на Самитот на НАТО во Чикаго, откако доцна синоќа по македонско време, НАТО за Македонија го повтори заклучокот од Букурешт 2008 година со кој ни е наложено да го решиме грчкиот проблем со македонското уставно име и да станеме членка на НАТО.

Иванов ги потсети присутните дека Грија по втор пат ја крши Времената спогодба спротивно на одлуката на меѓуанродниот суд на правдата и ја повтори разочараноста што членството на Македонија пак е одложено. Со дипломатски речник, тој исто така ја потенцираше грчката хистерија и меѓународната дволичност.
- Таа е резултат на неодговорни политичари кај нашиот сосед, кои криејќи се зад консензусот, не само што го ставаат НАТО во една непријатна ситуација да брани неодбранливи, од аспект на меѓународното право, позициии, туку спротивно на сите правила и норми на однесување не придонесуваат за стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Уверен сум дека сите вие што ме слушате овде го знаете ова. И знаете дека ова одлагање не е наш неуспех, порача Претседателот. Утринава НАТО донесе заклучок дека мора да го решиме името за да станеме членка:
- Покана за ПЈРМ ќе има веднаш штом се постигне заедничко прифатливо решение за името, во рамките на ОН и силно повикуваме на интензивирање на тие напори. Брзо решение ќе биде проследено со членство што ќе придонесе за стабилноста во регионот. Ги охрабруваме преговорите и нивното продолжение и очекуваме тие да завршат што е можно побрзо, е заклучокот во декларацијата од Самитот во Чикаго на претседателите на држави и влади учеснички.

Во декларацијата ги охрабруваат напорите за натамошно градење на мултиетничко општество и го ценат учеството на Македонија во миривните операции. НАТО не брза да излезе од Авганистан, ама незнае ни кој ке плати за тоа. Вака накусо може да се сублимира 25 Самит на Алијансата кој се одржува во Чикаго.



И Рамсфелд го игнорираа
Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и е еден од најголемите поддржувачи на мисијата на НАТО во Авганистан според бројот на жители, но сепак нејзината покана во Алијансата непотребно се одложува. Ве повикуваме да ги вложите сите потребни напори, јавно и приватно, да го поткрепите македонското место во семејството на НАТО и да ги повикате другите сојузници од Алијансата да ја продолжат политиката на отворени врати за нови членки.

Ова во писмо до американскиот претседател Барак Обама го пишуваа Доналд Рамсфелд и Вилијам Коен, поранешни секретари за одбрана на САД, и Сенди Бергер, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Бил Клинтон и на државниот секретар Хилари Клинтон.
Во обраќањето до Обама, тие потсетуваат дека последен пат кога водачите на НАТО беа собрани на самит во САД, во 1999 година, издадоа заедничка декларација дека ниту една европска демократска држава чие членство ги исполнува целите на Северноатлантската Повелба нема да биде исклучена од разгледување на нејзиното членство". Оттогаш, посочуваат, НАТО прими девет нови членки, при што последните покани беа испратени во 2008, а доколку оваа година не бидат примени нови членки, тоа ќе значи дека потенцијално ќе поминат шест години без нови покани.
Нагласија дека Македонија која ги исполни сите услови за членство во НАТО, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Грузија кои исто така се ангажираат за членство во Алијансата, ќе бидат обесхрабрени од продолжувањето со тешките реформски процеси доколку не се одржи иницијативата во процесот на проширување.

Доналд Рамсфелд беше секретар за одбрана на САД од 1975 до 1977 година во администрацијата на претседателот Џералд Форд, како и од 2001 до 2006 година во администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, а служел и како конгресмен, американски претставник во НАТО и шеф на кабинетот на претседателот Форд. Вилијам Коен е поранешен секретар за одбрана на САД, од 1887 до 2001 година, во вториот мандат на претседателот Бил Клинтон и поранешен конгресмен. Сенди Бергер беше советник за национална безбедност на претседателот Бил Клинтон во неговиот втор мандат, а во 2008 година беше советник за надворешна политика на актуелниот државен секретар Хилари Клинтон за време на нејзината кампања за претседател.

ИВОНА Талевска,
специјален известувач од Чикаго Laughing Laughing Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
НАТО (North Atlantic Treaty Organization)
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 12Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 7, 8, 9, 10, 11, 12  Next
 Similar topics
-
» The North Face
» НАТО морнарица
» НАТО Авијација
» НАТО-во бомбардирање на СР Југославија
» НАТО членки и Сојузнички сили

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Војнички муабети-
Отиди до: