НАТО добива нов генерален секретар во турбулентни времиња
Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг, кој денеска ја презема функцијата генерален секретар на НАТО, сака да ја „врати дома“ Алијансата кон Европа, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.
Но, развојот во светот би можел да бара нешто друго во однос на таквите заложби на Столтенберг.
- Да, НАТО се сели дома, иако, се разбира, можат да избувнат кризи вон Европа кои ќе го бараат присуството или учеството на НАТО, нагласи во едно интервју пред извесно време Јенс Столтенберг.
Но, тогаш широчината на кризата во Украина не беше позната, а екстремистичкото движење Исламска држава (ИС) беше релативно непознато.
Досега годинава најочигледната конфронтација што ја имаше Алијансата несомнено беше против Русија. Повеќемина аналитичари во тој контекст го потенцираат искуството на Норвежанецот Столтенберг во решавањето на конфликтите со Русија во неговата поранешна улога како норвешки премиер.
Колетивната безбедност во Европа беше тарадиционална улога на НАТО, но прашање е дали тоа е доволно за Алијансдата и натаму да биде релевантна за САД, кои стојат за поголемиот дел од ресурсите на воената алијанса, пишува „Гетеборг-постен“.
Во крајна линија влијанието на генералниот секретар на НАТО е ограничено бидејќи НАТО е управуван од одлуки кои со консензус ги донесуваат земјите-членки.
Инаку,освен генералниот секретар тука и воениот шеф на Алијансата, кој од пред повеќе од една година е американскиот генерал Филип Бридлов, врховен командант на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа.
[You must be registered and logged in to see this link.]НАТО: Приемот на Македонија не е одложен поради Русија, туку поради прашањето за името
Канцеларијата за односи со јавноста на НАТО, денеска не му дозволи на дописникот на МИА од Брисел да му постави прашање на новиот генерален секретар Јенс Столтенберг, а кое се однесуваше на ставот на рускиот министер за надворешни односи Сергеј Лавров, дека приемот на Македонија и други балкански земји во НАТО е против интересите на Русија и ќе биде провокација за Руската Федерација.
Сепак, по завршувањето на кусата и со одбрани прашања средба со новинарите, Столтенберг се запозна поодделно со секој од присутните дописници во седиштето на Алијансата во Брисел, при што на дописникот на МИА се обрати на чист макеоднски јазик со зборовите: „Добар ден, како сте?”.
Сепак, норвешкиот политичар на чело на оперативата на НАТО не го коментираше ставот на Лавров, а посебно шпекулацијата дека со ветото на приемот на Македонија на Самитот во Букурешт во 2008 година, Грција помогнала да се зачуваат руските интереси на Балканот. Но, висок извор на Северноатлантската организација, кој инсистираше на анонимност, во врска со сето ова ќе рече:- Апсолутно е неточно да се тврди дека Македонија не е членка на НАТО со цел да не се провоцира Русија или да не се загрози некаков руски интерес! Едноставно, македонскиот проблем е спорот за името со Грција и истиот морате да го решите во Обединетите нации, посочи високиот извор на НАТО за МИА.
[You must be registered and logged in to see this link.]