Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 НАТО (North Atlantic Treaty Organization)

Go down 
+9
Генерал
Зоран
Тачка
ragnad
Momak od Gjorce
SIG
Profesionalec
meth
AlexGreat
13 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11, 12  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty27/5/2012, 10:58

После овој самит некој работи мислам дека ни се појасни,и мислам дека не би требало да го чекаме следниот самит за да не примат во НАТО,затоа што и тогаш ке го имаме истиот проблем како и на минатиот во Букуреш,а тоа е нашиот индентитет и име,и сметам дека во истиот момент треба да се почне да се размислува за повлекување на нашите војници од мировните мисии во Афганистан,Босна, и Либан затоа што одат пари во ветер,одат наши пари за џабе,со тие пари што се дале за мировните мисии денеска армијата не би ни била ваква тоа гарантирам,затоа што голем процент одат за плати а платите кој ги земаат нашите војници во мировните мисии се многу поголеми од оние на војниците кој остануваат овде,башка што се даваат пари за опрема и останати ситници.Ако не се лажам имаше негдека пишувано дека до сега АРМ односно Македонија има потрошно повеке од 10,5 милиони евра за мировните мисии.Јас мислам дека доста пари се дадени за НАТО дури и човечки животи а од НАТО нема ништо за нас,само не тапкаат по раменици и не пофалуваат а кога треба да не примат во НАТО ни викаат прво решете го спорот со името па тогаш ке бидете дел од НАТО.


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 27/5/2012, 23:28. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty27/5/2012, 12:32

МАКЕДОНИЈА И НАТО ВО РОВОВСКА ВОЈНА

Останува и блокадата и посветеноста

Самитот на НАТО во Чикаго, како што и се очекуваше, не ~ донесе на Македонија покана за членство во алијансата, но ги забетонира позициите на сите страни во приказната за евроатлантските интеграции и недвосмислено покажа дека веќе четири години, од Самитот во Букурешт, за влезот во НАТО се води рововска војна. Сојузниците го повторија заклучокот од самитот во 2008 година, грчките политичари, иако во изборен хаос, повторно се обединија околу ветото за прием на Македонија пред конечно решение на спорот со името, а меѓународната заедница ги повтори заложбите за прием на земјава во алијансата веднаш штом се реши спорот. Рововската војна продолжува и на домашниот политички фронт. Власта по Самитот ги повтори заложбите за евроатлантски интеграции, решеноста да се истрае во реформите и посветеноста во потрагата по компромисно решение на проблемот со Грција. Опозицијата ги повтори обвинувањата дека власта ги кочи интеграциите, а дел од опозициските партии ги повторија своите предлози за промена на името на државата, како конечно решение на спорот.



Останува проблемот со името

„Ја повторуваме согласноста од нашиот Самит во Букурешт во 2008 година, како и на следните самити, да и упатиме покана на поранешната Југословенска Република Македонија да ~ се приклучи на алијансата веднаш штом ќе се постигне заемно прифатливо решение на проблемот со името во рамките на Обединетите нации, и силно поддржуваме интензивирање на напорите во тој правец.“ Со оваа реченица, дел од точката 26 на заклучоците на Самитот во Чикаго, сојузниците им ставија крај и на надежите дека интеграцијата на Македонија во НАТО би можела да се деблокира по пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Грција со ветото во Букурешт ја прекршила Привремената спогодба.

Решението на проблемот со името би можел да се бара во Обединетите нации, но не преку компромис со Грција, туку со отфрлање на референцата и прием под уставното име, смета професор Жидас Даскаловски.

- Станува очигледно дека проблемот на Македонија е суштински сврзан со нашиот статус во ООН и дека таму треба да се дејствува. Значи пост-Чикаго треба да се види како Владата ќе реагира на новото фијаско на Самитот, дали конечно ќе смогне сили да се избори за враќање на нашето име во ООН и поништување на нелегалниот прием со два дополнителни услови. За тоа да се направи ќе биде потребна поголема и координирана дипломатска активност помеѓу нашите сојузници, но и голем број држави од Африка кои не признале под уставното име – вели Даскаловски.

По Чикаго, и опозицијата повтори дека проблемот со името е стратешка пречка во евроинтеграциите на Македонија. Дел од партиите се залагаат за интензивирање на преговорите откако ќе се стабилизира политичката состојба во Грција. За тоа се залага и владиниот партнер ДУИ, а Владата, како и парламентарното мнозинство, најави дека ќе продолжи со напорите за прием во НАТО и ЕУ. Лидерот на опозициската ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, пак, ја повтори својата заложба проблемот со Грција да се реши со прифаќање на името Република Северна Македонија, за кое тврди дека нема да го загрози идентитетот.

Но, НАТО во заклучокот упатува Македонија брзо да ги продолжи преговорите со Грција и тие конечно да постигнат решение.

- Рано решение, и следствениот прием (во НАТО), ќе придонесе кон безбедноста и стабилноста во регионот. Охрабруваме неодложно продолжување на преговорите и очекуваме тие да завршат што е можно поскоро. Ги поздравуваме и продолжуваме да ги поддржуваме тековните напори во реформите во ПЈР Македонија, и ја охрабруваме нивната имплементација. Исто така ги охрабруваме натамошните напори во изградба на мултиетничко општество – наведоа сојузниците во заклучокот.



Нова шанса на следниот самит?

Иако се соочува со нови избори, откако пропаднаа обидите за составување влада, Грција е едногласна во решителноста да го спречи приемот на Македонија во НАТО додека не се реши спорот со името. Според грчките медиуми, лидерите на сите парламентарни партии пред Самитот постигнале консензус дека Грција ќе стави вето на евентуалниот обид на алијансата да ја покани Македонија. На маргините на Самитот се водела дипломатска војна, во која Грците лобирале против македонската делегација и неколкуте сојузници кои се обиделе да издејствуваат покана.

- Алтернативата е да се продолжи со обидите на убедување на големите сили во алијансата и во ЕУ дека членството во НАТО и фактички убедувањето на Грција се пожелни за стабилизирањето на регионот и на земјата. Kако стојат работите, мали се изгледите да се промени силната грчка позиција во однос на т.н. спор за името. Тука надежта ќе биде, меѓудругото, и дека пошироките геополитички интереси ќе бидат насочени кон проширување на алијансата, проширување кое на некој начин би не вклучило и нас. Бидејќи практика е самитите на НАТО да се одржуваат во временски рок од една до две години ќе има простор за делување во оваа насоко, но повторно треба да се истакне дека за нас ќе биде клучно дали коцкичките во мозаикот ќе се поклопат или не – смета Даскаловски.

По Самитот во Чикаго, американскиот државен секретар Хилари Kлинтон изрази жалење дека не се поканети нови членки и уверување дека проширувањето на Алијансата мора да биде на дневниот ред на следниот самит. Дипломатски кругови во Македонија пораката ја сфатија како обврзувачка за Грција. Тие сметаат дека состанокот на НАТО со земјите-кандидатки Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија, кој не беше планиран во оригиналната агенда на Самитот, е заслуга на турската дипломатија и најава за следно проширување. Покрај Турција, поддршка на Македонија на Самитот и дале и Албанија, Хрватска, Холандија, Унгарија и Словенија.

И американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс истакна дека Самитот во Чикаго го немал проширувањето како точка на дневниот ред.

- Што се однесува до самитот на НАТО има некакво чувство дека Македонија доби негативен извештај. Прашањето за влез на Македонија во НАТО воопшто не беше разгледувано - рече Волерс и истакна дека пораката од Чикаго е многу јасна: „Не е прашање дали, туку кога Македонија ќе стане членка“.

По Самитот, поранешниот генерален секретар на алијансата лордот Џорџ Робертсон изјави дека е срамно што Македонија не доби покана.

- Срамно е што Македонија не доби покана на Самитот во Чикаго. Постојаната блокада на македонското членство во НАТО е неоправдана. Македонија ги исполни сите критериуми за членство и игра непропорционална улога во мировните трупи на НАТО операциите. Самото тоа значи членство. Во 2001 Македонија се соочи со реален предизвик за Европа, но и за светот. Со свои сили обезбеди да се надмине еден конфликт со договор што е пример за многу генерации – оцени Робертсон во изјава за емисијата „Порта“ на МТВ.



Чекањето – лоша стратегија

Kако и да се продолжува битката за прием во алијансата, смета Даскаловски, времето не работи во прилог на Македонија. Тој е скептичен и дека е можно компромисно решение на спорот.

-Секако Македонија може да исчека разврска на грчката криза во ЕУ, но и тоа е ризично стојалиште. Никој не може и нема да сака да ја помогне Македонија во изборувањето на сопственото име и идентитет ако ние сами во тоа не си помогнеме во рамките на ООН. Грчката политичка елита била и ќе биде сложна во агресијата кон името и идентитетот така што шансите тие да дојдат до некои прифатливи компромисни позиции се многу мали – смета Даскаловски.

Времето работи и против во моментов најсилните аргументи кои Македонија ги истакнува во прилог на својата аспирација за членство во НАТО – учеството во воените мисии на алијансата, смета професорот. Македонија, која од 2002 година учествува во мисијата ИСАФ во Авганистан, со години го истакнува фактот дека е еден од најголемите контрибутори на трупи според процентот на расположливи воени сили, како и број на војници по глава на жител. И сојузниците го прифаќаат и поздравуваат тој факт. „Го цениме значителниот придонес на ПЈР Македонија во нашите операции, како и нејзината активна улога во активностите за регионална соработка. Ја вреднуваме долгорочната посветеност на ПЈР Македонија кон процесот на пристапување во НАТО.“

- Kако времето ќе одминува и сојузничките трупи се повлекуваат од Авганистан, за Македонија ќе се постави прашањето како ние придонесуваме во алијансата. Нема да имаме воен ангажман но можно да имаме консултативно-обучувачки задачи во Kабул. Се разбира, не е исклучено дека нема да се разгори некоја нова точка на глобалната сцена па ќе има потреба за наше повторно воено потпомагање на плановите на НАТО или на САД но тоа во овој момент не изгледа веројатно. Со опаѓање на нашето влијание во воените мисии ќе се намали и силината на аргументот на нашето водство дека ние придонесуваме во глобалната стабилност на страна на алијансата дури и над нашите можности и секако повеќе од многу де јуре членки на НАТО – смета Даскаловски.

Игор К. Илиевски


Десет години во мисии со НАТО

Македонија од 2002 година учествува во воени мисии надвор од своите граници. До денес, во операциите во Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина и Ирак учествувале околу 2.800 македонски војници, добиле повеќе од една и пол илјада странски медали за учество во мисии и околу 250 медали за борбени достигнувања.

l август 2002 година, двајца офицери на АРМ заминуваат со турскиот контингент во мисијата ИСАФ во Авганистан

l март 2003 година – контингентот во Авганистан засилен до пешадиски вод

l јуни 2003 година – АРМ во Ирак испраќа 32 припадници на специјалните сили, кои во Таџи влегуваат во состав на американски контингент.

l јуни 2006 година - механизирана пешадиска чета на АРМ им се приклучува на силите на ИСАФ

l јуни 2006 година - АРМ испраќа контингент во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Kонтингентот е составен од медицински тим и хеликоптерски тестамент, кој останува до јули 2008 година

l декември 2008 година – завршува македонското учество во операцијата „Слобода за Ирак“. Во 11 контингенти на АРМ ротираа 479 припадници на силите за специјални операции и добија околу 150 борбени одликувања од САД

l април 2010 година – на барање на САД, АРМ испраќа дополнителен контингент војници во Авганистан. Kонтингентот од 79 припадници на воената полиција и силите за специјални операции формира посебни Наменски сили „Феникс“ со армијата на САД и извршува независна десетмесечна мисија. Војниците се враќаат со 70 американски борбени одликувања.


Пат долг 19 години


l 23 декември 1993 година– Собранието донесе одлука за зачленување на Република Македонија во НАТО

l 15 ноември 1995 година – Република Македонија пристапува кон Програмата партнерство за мир - ПзМ. Станува членка на Северноатлантскиот совет за соработка, кој во 1997 година станува Евроатлантскиот партнерски совет – ЕАПС. За членство во ПзМ беше потребно членство во ОБСЕ, кое честопати беше блокирано од Грција

l 22 декември 1995 година – Договор со НАТО за транзит на силите на ИФОР/СФОР низ територијата на Република Македонија.

l 19 јануари 1996 година - склучена е Спогодбата за безбедносни аранжмани меѓу РМ и НАТО;

l 12 април 1996 година - Владата ги прифати Правилата за однесување на НАТО;

l 12 мај 1996 година - во Брисел прифатена Индивидуалната програма на РМ во рамките на ПзМ за 1996 - 1998 година;

l 14 јуни 1996 - Во Брисел, во седиштето на НАТО, отворена е македонска канцеларија за врски;

l јануари 1997 година - Македонија е примена во Kомитетот за воено планирање и анализа на НАТО

l мај 1997 - На воениот полигон Пепелиште, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба „Спасител ’97“, прва од ваков вид организирана на територијата на Македонија;

l 16 април 1997 година - во Брисел Република Македонија е примена во процесот на ПАРП;

l 2 декември 1998 - Владата на РМ донесе одлука за доаѓање на НАТО-силите во Република Македонија во функција за извлекување на верификационата мисија на НАТО во Kосово.

l март 1999 година – Македонија и Албанија се првите земји што го почнуваат циклусот на Акциски план за членство – новата алатка на НАТО за земјите-аспиранти. Оттогаш Македонија изготвува Годишни национални програми за членство

l 04 април 1999 година - Македонија дава согласност за изградба на кампови за згрижување на околу 100.000 бегалци од Kосово и ја отвора границата за премин на бегалците. Единици од АФОР (НАТО хуманитарен контингент во Албанија) земаат учество во функционирањето на 7-те кампови и на еден транзитен камп во Македонија;

l 9 јуни 1999 година - делегација на НАТО и на Сојузна Република Југославија во а во Kуманово потпишаа спогодба за повлекување на југословенските/српските сили од Kосово;

l 19 декември 2000 - Во Скопје, во Воената академија на РМ, беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на АРМ, Школувани според стандардите на НАТО;

l јуни 2003 година – САД потпишува спогодба за партнерство со Албанија, Македонија и Хрватска со кое ги поддржува во патот кон полноправно членство. Создадена е Јадранската група и слоганот „Во јато кон НАТО“

l јуни 2004 година – Самит на НАТО во Истанбул, земјите од Јадранската група следни кандидати за членство

l 2008 година, Самит на НАТО во Букурешт, Албанија и Хрватска добиваат покана, Грција става вето на приемот на Македонија

l мај 2012 година – Самит на НАТО во Чикаго, Алијансата го повторува заклучокот од Букурешт и охрабрува брзо решавање на спорот со Грција

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty27/5/2012, 12:33

Денеска, или вчера, се убиени 4 војници на НАТО во јужниот дел на Авганистан од ИЕД... досега само во 2012 се убиени 169 војници. silent
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty27/5/2012, 14:02

Околу 4000 се вкупно во споредба со Русите евтино.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11097

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty27/5/2012, 14:31

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty23/8/2012, 14:21

Политиката на НАТО ја формулираат САД, не Грција

Неспорен факт е дека политиката на НАТО ја формулираат САД. Обично, тоа се прави во договор со главните партнери чие влијание, сепак, и не мора да биде многу големо. Неодамна, комисија предводена од Медлин Олбрајт ја трасираше иднината на алијансата. Не треба да има сомнеж дека и во новата стратегија доминираат американските ставови и нивните интереси.

Ристо Никовски

Впрочем, кој плаќа тој ja бира музиката. Зошто инаку би плаќал? Во НАТО, тоа се САД кои покриваат преку 40 отстп од трошоците, особено за опeрациите. А, покрај тоа, ja гарантираат и безбедноста на Европа.

Дека Вашингтон е „упорен” кога се во прашање неговите политики, потврдува и случај од пред десетина или повеќе години кога, на министерска конференција на ОБСЕ, се одредуваше главен претставник во Босна. Вашингтон инсистираше тој да биде Американец. Брисел сметаше дека треба да биде Европеец. Конфронтацијата беше тотална и конференцијата заврши неуспешно. Претставник не беше избран. После неколку месеци, централата на ОБСЕ, од Виена, објави дека новиот претставник во Босна е Американиецот тој и тој. Булдожерот ја заврши работата. Тој се вклучува секогаш кога тоа го налагаат американските интереси. Ваквите примери се бројни.

Неспорно е дека Грција има право на вето и во НАТО, и во ЕУ. Реалност е и солидарноста која владее во овие две институции, и која не ретко се злоупотребува. Сите внимаваат да не се замерат меѓу себе, што мора да биде на штета на други земји. А сите зборуваат за правда и демократија, за принципи, процедури и правила. Како ни велеше генералниот секретар на НАТО – ама тие (Грците) се внатре, а вие сте надвор. Така, некогаш, ги третираа и црнците во Америка.

На самитот на НАТО во Букурешт дојде до драстичен пресврт во политиката на НАТО према Македонија. Од силното влијание на тој шок, ние се уште немаме вистински анализи. Тоа се случи и покрај сесрдното и искрено залагање на претседателот Џорџ Буш, земјата да биде примена под референцата. Со право, тој сметаше дека проширувањето на алијансата, и со Македонија, ќе биде и негова лична заслуга. Ќе му дојдеше како убав поен на крајот од мандатот и кариерата. За жал, така не мислеше и американската администрација која веќе се подготвуваше за пост-Бушовиот период.

Во Букурешт, НАТО формулира нова политика према Македонија, сведена на користење на сила (блокада на членството) и уцена (прво името, потоа членство). Дали овој нов однос на алијансата према Македонија може да биде грчко масло? Дали Атина има таква моќ во Брисел за да наметне сопствена политика? Дали таа може да обезбеди нешто кога другите не се согласни?

Да го поставиме прашањето и обратно – дали новата политика на НАТО кон Македонија можеше да помине доколку САД беа против или имаа резерви?

Одговорите се кристално јасни! Дури и за некакво маргинално прашање, Грција не може да диктира решение. Било во НАТО, било во ЕУ. А нашето име е, сепак, сериозен проблем. Го засега и регионот, а инволвирани се и други важни фактори. Формулирањето на новата политика према Македонија не е на никаков начин поврзано ниту со правото на вето коe го има Грција, ниту со солидарноста која владее како принцип таму. Се работи за нов пристап, кој може да го диктира само главниот член на алијансата. А целта, според бројни индикатори, е што побргу да се затвори „македонското прашање”.

Дека горните заклучоци се точни потврдува и фактот дека Вашингтон е тој што постојано ни повторува дека треба да се прекрстиме. Што поскоро.

За познавачите на работите, не е спорно дека во рамките на НАТО, носител на нова политика може да биде само – Вашингтон. Сите други, на еден или друг начин, се во подредена позиција. Во трасирањето на новиот начин за нашиот прием, влијанието на Атина било никакво или, во најдобар случај – маргинално. Грција нема капацитет за такво нешто. Тие само капитализираат врз идентичните интереси кои ги делат со САД – да не нема нас како Македонци. Барем за светот.

Во Букурешт проработи американскиот булдожер ама не во правец на реализација на залагањето на претседателот, туку на поинакви, очигледно потрајни нивни интереси. Се структурираше нова политика на присилно прекрстување на македонскиот народ, а претседателот немаше веќе тежина. Беше на заминување и беше отпишан.

Доминацијата на САД во НАТО секако им пречи на другите поважни членки. Ама, тие, немаат избор. САД трошат огромни средства за одбрана од кои дел ја гарантираат и европската безбедност. Минатата година (2011) во Европа имаа околу 42 илјади војници и преку 100 илјади членови на нивните семејства. Главно, тие се стационирани во Германија, од каде се организираат мировните операции на Косово и во Босна, а се сервисираат и активностите во Ирак. Нешто војници има во Италија, а по неколку илјади се и во базите во Турција и Велика Британија. До 2015 година, бројката треба да се намали на 37 илјади војници. Со ротирачки единици, драстично ќе се намали и делот на семејствата. Се до почетокот на 1990-тите, во Европа имаше преку 200 илјади американски војници. Во меѓувреме, безбедносните ризици се поместија кон исток. СССР се распадна.

Улогата на САД во НАТО, кој е пред се воена алијанса, не е случајна. Според World Almanac за 2009 година, кој го издава Њујорк Тајмс, а го дистрибуира и Стејт департментот, американскиот буџет за одбрана изнесувал 600 милијарди долари. Истата година, Италија (18), Германија (43), Франција (52), Канада (18), Велика Британија (61), значи главните партнери на САД во НАТО, заедно одвоиле 192 милијарди долари за одбрана. Или, помалку од 33% од средствата кои за овие потреби ги намениле САД. Додека САД одвојувале преку 4 отсто од својот БOП за одбрана, дел од нејзините главни партнери тоа го свеле на под 2 отсто.

Како рекол некој – НАТО е составено од Снежана и 27 џуџиња.

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11097

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty23/8/2012, 15:03

Горе долу така е. Американецот е пали-гаси во НАТО.
Колку во Букурешт не добивме покана за НАТО поради ветото од Јунанистан, толку не добивме и поради млакото НЕделување на Американската администрација.
Вината за нашето 20 годишно чекање пред портите на оваа институција од која одамна требаше да кренеме раце, веројатно во голем дел лежи преку барата.
Без разлика колку шеќер ставаат на декларациите за нивна огромна желба за наше членство таму, колку они би биле најсреќни на свет.. тинтири пинтири.
Доколку и следниот мандат во САД го земе У-у-убама, турете пепел на се, од демократи на власт во USA... Балканов само страда.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty23/8/2012, 17:09

респект.
така е у брк треба да се скреса.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty30/8/2012, 15:05

5 australskih vojnika ubijeno u Afganistanu, još jedan u nizu napada od strane pripadnika afganistanske vojske

Petero australskih vojnika ubijeno je jučer u Afganistanu u dva odvojena incidenta, prenosi ministarstvo obrane. Tri vojnika je ubio pripadnik afganistanske vojske u provinciji Uruzgan, posljednji u nizu "zeleno na plavo" napada - termin koji dolazi od boje uniforme (plavo - NATO, zeleno - afganistanska vojska) - u kojima pripadnici afganistanske vojske otvaraju vatru na svoje formalne saveznike. Talibani tvrde kako imaju velik broj svojih ljudi infiltriranih u vojski i policiju. Broj ovakvih napada je naglo eskalirao posljednjih nekoliko mjeseci i predstavlja izuzetan problem za strane trupe koje se nalaze u Afganistanu.

U drugom incidentu dvoje australskih vojnika poginulo je jučer nakon pada helikoptera u provinciji Helmand. Australska premijerka Julia Gillard je istaknula: "u ratu s tolikim gubicima, ovo je naš najteži dan u Afganistanu".

Talibani su javno istaknuli kako aktivno regrutiraju pripadnike afganistanskih snaga i kako su ovi napadi sada postali centralna strategija u borbi protiv NATO snaga, prenosi BBC.

-------

Гадно гадно поминале Австралијанциве.. silent
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty30/8/2012, 22:13

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 10 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
НАТО (North Atlantic Treaty Organization)
Вратете се на почетокот 
Страна 10 of 12Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11, 12  Next
 Similar topics
-
» The North Face
» НАТО морнарица
» НАТО Авијација
» НАТО-во бомбардирање на СР Југославија
» НАТО членки и Сојузнички сили

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Војнички муабети-
Отиди до: