|
|
| НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|
+9Генерал Зоран Тачка ragnad Momak od Gjorce SIG Profesionalec meth AlexGreat 13 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 21/5/2012, 23:57 | |
| Се изнашета "Twin-Barrel" Талевска по светов. Изгледа ја бива за "гланцање" пиштоли. Нејсе, навистина ми е криво што државниот врв не го стори она што го посакува речиси сета јавност во Македонија. Под итно повлекување на сите војници и техника од мисиите чии предводник е НАТО алијансата. Значи нема веќе што да бараме во Авганистан, во Босна (таму дури дадовме и жртви), Либан. Треба да се преиспита и коридорот кој го нудиме на НАТО за Косово. Кога веќе имаат членка која се граничи со КиМ... нека ги користат нејзините капацитети и инфраструктура. Или евентуално да се побара да плаќаат "баждарина" за транзитот низ МК... некој 100 милиончиња годишно. Па и ние да видиме некој ќар од НАТО. | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 22/5/2012, 00:11 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 22/5/2012, 00:16 | |
| И јас сум за тоа. Додека не сме членка плаќајте...како што ние плаќаме што не сме во НАТО. Кога ќе сме полноправни партнери..бујрум! Брат за брат, ама сирењето за пари.. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 22/5/2012, 00:33 | |
| Клинтон ја пофали Македонија за придонесот во НАТО, но побара решавање на спорот со името (video) На средбата со колегите од земјите-аспиранти за членство изрази верување дека самитот ќе биде последен на кој не се расправало за проширување. Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја реафирмираше политиката на отворени врати на НАТО на средбата со колегите од Македонија, Босна и Херцеговина, Грузија и Црна Гора. „Можноста за членство во НАТО се покажа дека е моќна мотивација земјите да применат тешки, но неопходни реформи, да разрешат внатрешни разлики, како и разлики со соседите и да придонесат во безбедносните операции од кои имаат корист тие и сите ние. Нашата политика на отворени врати произведе некои од нашите најпосветени и активни сојузници и помогна да се произведе стабилност и соработка во Централна и Источна Европа. И пошироко, онака како што НАТО растеше, Европа стана побезбедна и попросперитетна“, рече Клинтон. Говорејќи во својство на претставник на земјата - домаќин на Самитот, Клинтон им порача на аспирантите дека Вашингтон ќе продолжи да соработува со нив, билатерално и преку НАТО. “Верувам дека овој самит треба да биде последен што не е за проширување“, нагласи првиот човек на американската дипломатија. Задржувајќи се конкретно за Македонија, Клинтон ја нарече токму така - Македонија, но побара решение за спорот околу името, како предуслов земјата да влезе во НАТО. „Македонија придонесе за регионалната и глобална безбедност, меѓу што и значителниот и долготраен придонес во ИСАФ и ги исполни клучните критериуми за членство во НАТО. Цврсто поддржуваме решение на тековниот спор околу името и ги повикуваме страните да постигнат спогодба, така што Македонија ќе може да се приклучи на Алијансата што е можно побргу“, кажа американската државна секретарка. На поширок план, Клинтон ги охрабри Босна, Македонија и Црна Гора да продолжат да остваруваат регионални иницијативи, како заедничкиот пристап кон воздушната одбрана, подготвеноста за природни катастрофи и заедничкото распоредување во ИСАФ. Државната секретарка им порача на аспирантите да не губат надеж на патот до НАТО и им вети помош, бидејќи, како што рече, тоа е во наш интерес. „Знаеме дека процесот може да биде долг и со предизвици, но треба да останеме на него, и да не ја заборавиме нашата крајна цел: посилен, потраен и поефикасен НАТО“, кажа Клинтон, заклучувајќи: “дозволете ни тука во Чикаго да ја реафирмираме нашата заложба кон проширувањето - направено како што треба - како суштински елемент на нашата цел и нашето заедништво“. [You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 22/5/2012, 00:35 | |
| На такво ми идат ова демокративе... аман нека паднат па да видиме малку политика со муда. Кога магаре било боље од слон ебате!? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 22/5/2012, 00:53 | |
| 26. We reiterate the agreement at our 2008 Bucharest Summit, as we did at subsequent Summits, to extend an invitation to the former Yugoslav Republic of Macedonia 2 to join the Alliance as soon as a mutually acceptable solution to the name issue has been reached within the framework of the UN, and strongly urge intensified efforts towards that end. An early solution, and subsequent membership, will contribute to security and stability in the region. We encourage the negotiations to be pursued without further delay and expect them to be concluded as soon as possible. We welcome, and continue to support, the ongoing reform efforts in the former Yugoslav Republic of Macedonia, and encourage continued implementation. We also encourage its efforts to further build a multi-ethnic society. We appreciate the former Yugoslav Republic of Macedonia’s substantial contributions to our operations, as well as its active role in regional cooperation activities. We value the former Yugoslav Republic of Macedonia’s long-standing commitment to the NATO accession process. Целата декларација овде: [You must be registered and logged in to see this link.]Патем, нели мислите дека темава повеќе одговара во Воено-Политички случувања? | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 23/5/2012, 23:57 | |
| KОЈ БИЛ ЗА, А KОЈ ПРОТИВ ВО ЧИKАГО Студен туш од Франција и од Португалија Од сите држави поддржувачи на Македонија кои ни ветуваа дека ќе се обидат да го отворат прашањето за членство на државата во НАТО на тековниот самит на алијансата, Турција била најупорна во тоа, потврдуваат за „Дневник“ дипломатски извори присутни на Самитот во Чикаго. Kако што велат изворите, турските претставници за време на сесиите на неколку пати ги повикувале грчките претставници и на билатерално ниво разговарале за случајот на Македонија и поканата за членство во НАТО. Тоа што се обидувала Турција да го добие од грчката страна е таа предвреме да не го блокира зачленувањето и да дозволи да се отвори некаква дебата меѓу сите учесници за проширувањето на НАТО, а Грција таму да се изјасни за своите позиции околу поканата за членство на Македонија во НАТО. Со тоа, како што велат изворите, иако немало да се дојде до покана за членство, ќе станало јасно дали Грција уште еднаш ќе ја прекрши Привремената спогодба со ново вето и покрај ланската пресуда од Хаг за однесувањето на официјална Атина на претходниот Самит на НАТО во Букурешт пред четири години. Албанија и Хрватска, исто така, отворено барале од грчките претставници да се повлечат од своите тврди барања. Сепак, очигледно Грција останала на својот став дека на овој состанок не треба воопшто да се разговара за проширувањето на НАТО. Втор кој се обидел Македонија да ја стави на агендата на Чикаго бил словенечкиот премиер Јанез Јанша. Тој дури поотворено од турските претставници на самата сесија од своите колеги побарал да се зборува за случајот на Македонија. Останатите држави кои се споменуваа како лобистити ја дале својата поддршка, но мнозинството земји не биле заинтересирани Самитот да скршне од својата првична агенда дека во Чикаго нема да се зборува за проширувањето на НАТО, освен веќе договорениот заклучок. Ладниот туш на барањето на Јанша, според изворите пристигнал од Франција и од Португалија. Унгарската влада преку соопштение објавува дека официјален став на Унгарија на Самитот во Чикаго кој таму бил пренесен од премиерот Виктор Орбан е дека проширувањето на НАТО до сега се покажа како успешна приказна и затоа процесот на интеграција мора да продолжи и дека Унгарија бара Алијансата што побрзо да испрати покана за членство на Македонија и Црна Гора. За овој гест Орбан, добил лична благодарност од претседателот Ѓорѓе Иванов кој ја предводи државната делегација на состанокот. Иванов пак, лично, отпосле на маргините на Самитот се обидел да добие потврда дека зад Македонија стојат најголемите држави – членки на Алијансата. Kако што информираат од неговиот кабинет Иванов се сретнал на кратко со американскиот претседател Барак Обама од кој побарал натамошна поддршка за деблокада на интеграциите во НАТО и помош за надминување на прашањето за името. - Во краткиот разговор со Обама на маргините Самитот на НАТО во Чикаго, претседателот Иванов со апел до американскиот претседател да го искористи своето влијание за Грција да почне одговорно и конструктивно да учествува во процесот и да се придржува до рамката во која се водат разговорите, што е и предуслов за заемно прифатливо решение - велат од кабинетот на претседателот. Иванов имал средба и со британскиот премиер Дејвид Kамерон на која истакнал дела Грција ниту разговара ниту има волја да разговара веќе подолго време, а кога тоа го прави излегува од рамката. Грција не е подготвена ниту да ја почитува Привремената спогодба, ниту пресудата, потенцирал Иванов пред Kамерон. Британскиот премиер истакнал дека неговата земја ќе направи с` што е можно за да помогне – велат од кабинетот. Шефот на државата имал кратки средба и со новиот претседател на Франција, Франсоа Оланд за да му ја честита победата на скорешните избори при што изразил надеж дека во наредниот период билатералните односи и соработката меѓу двете земји ќе имаат натамошен позитивен развој. [You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11097
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 23/5/2012, 23:59 | |
| Типично, истите гниди како и од Букурешт... Франција и Португалија. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 24/5/2012, 01:08 | |
| Смрадови! | |
| | | Makedon
Број на мислења : 158
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 25/5/2012, 01:27 | |
| Доколку го придобиеме Камерон на наша страна би била сосем друга ситуација, гледам позитвни сигнали доаѓаат од Лондон но фали поинтензивно и поенергично да застане зад нас. А за Французиве ни е веќе јасно, оружје батка оружје, само не ми е јасно што к.р Португалија се меша??? Знае некој кои се релациите со Јунанистан, економски, политички, воени??????? Ако нема ништо тогаш треба да седнат и да читаат историја | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
| |
| | | | НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|