|
|
| НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|
+9Генерал Зоран Тачка ragnad Momak od Gjorce SIG Profesionalec meth AlexGreat 13 posters | |
Автор | Порака |
---|
Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 27/4/2012, 19:12 | |
| April 26, 2012, 4:37 pm Macedonia’s Plea for a Seat in NATO Falls on Busy Ears WASHINGTON – More than two decades after an independent Macedonia was born from the bloody ethnic wars in the Balkans, its desire to join NATO remains stalled by an old question: “What’s in a name?” Greece, an alliance member since 1952, was vehemently opposed to initial desires of its neighbor to adopt the name Republic of Macedonia, saying it implied territorial claims to the Greek province of the same name, an assertion Macedonia has publicly disavowed. To remove that hurdle, the government in the capital, Skopje, years ago said the country would apply to international organizations under an interim name until the bilateral dispute was resolved. It has since joined the United Nations and applied to NATO and the European Union as the Former Yugoslav Republic of Macedonia, a name usually reduced to its acronym, Fyrom. But as NATO presidents and prime ministers prepare for a summit meeting next month in Chicago, the ascent of new members is not even on the agenda. Meetings will focus on the future of the alliance war effort in Afghanistan – mostly how to end it — and ways to reshape member militaries around a concept called “smart defense.” Macedonia’s foreign minister, Nikola Poposki, is in Washington this week to make the case for Fyrom. He cites a list of statistics to prove that his tiny nation – with just 2 million people – already is giving more than its fair share to NATO missions, even as just an aspirant to membership. On a per-capita basis, Macedonia is the fifth-largest contributor of forces to the NATO mission in Afghanistan, providing about 175 people responsible for providing security around the NATO headquarters in Kabul and across the Afghan capital’s diplomatic zone, which includes the American Embassy. Macedonian troops also are training Afghan security forces. The effort eats up about 10 percent of the republic’s defense budget. (Macedonia previously contributed about 500 troops to the American-led effort in Iraq.) “We are an exporter of security forces to NATO,” Mr. Poposki said in an interview on Thursday. “But we are in the waiting room for membership.” He pledged that Macedonian troops would remain in Afghanistan until the formal end of the NATO mission, now set for December 2014, and said that there was no pressure in Parliament for an early withdrawal, as there is in some member nations. He said Greece’s security would be only enhanced by dropping its objections, as adding a NATO member to its borders would bind Macedonia to all the articles of the alliance’s mutual-defense pact. “We are no threat to the territorial integrity of Greece,” Mr. Poposki said. There are few indications of movement on the issue, however. Greece is in the midst of a financial crisis, hoping to avoid becoming the first member nation of the European economic zone to default. In such an environment, there is little incentive within the Greek political system to resolve an international dispute over its neighbor. [You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 1/5/2012, 21:35 | |
| Дојде времето за ваша безрезервна поддршка на кандидатурата на Република Македонија за целосно членство во НАТО на престојниот самит во Чикаго, наведува Националната федерација на хрватските Американци во писмото до американскиот претседател Барак Обама. „Како и Хрватска, и Албанија и Македонија беа земји- кандидати за членство во НАТО. Додека Албанија успеа да стане дел од Алијансата во 2009-та, Македонија е и натаму надвор од неа, како жртва на непотребен и долгогодишен спор со Грција што го попречува напредокот и развојот на нашата важна западна алијанса. Од вас бараме да ја земете предвид одлуката на Меѓународниот суд на правдата и да извршите притисок на престојниот самит на Алијансата во Чикаго, Република Македонија да добие покана за членство“, му пишуваат хрватските Американци на Обама. Хрватската дијаспора подвлекува дека Македонија ги исполнила сите критериуми за членство, како и тоа дека ја докажала посветеноста со учеството во бројни мисии на НАТО во странство. Хрватските Американци оценуват дека влезот на Македонија во НАТО би ја зајакнал регионалната стабилност на Југоисточна Европа и би обезбедил поттик за новите кандидати за членство, како што се Босна и Херцеговина и Црна Гора. Копии на писмото се доставени и до секретарот за одбрана Леон Панета и државаната секретарка Хилари Клинтон. [You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 2/5/2012, 22:40 | |
| | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 11/5/2012, 00:31 | |
| Амбасадорот на САД во НАТО: Нема да дозволиме Меѓународниот суд да кажува кога да примаме нови членки Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е револтирана од изјавата на Иво Даалдер, амбасадорот на САД во НАТО, кој порачал дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата во случајот на Македонија против Грција нема да влијае на НАТО. Во понеделникот Советот за односи со странство во Вашингтон одржал дискусијаи „Следните чекори на НАТО“, на која што професорот Мајкл Халтзел од универзитетот „Џон Хопкинс“ го покренал прашањето за македонското зачленување во НАТО на претстојниот самит во Чикаго, во светлина на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, на што Даалдер првично одговорил „проблемот е многу едноставен“ и дека Македонија нема да биде поканета се додека не се постигне „взаемно прифатливо решение“ за спорот со името. „Бидејќи Грција инстистираше дека треба да се реши спорот за името пред да биде подготвена да каже да за покана... поканата нема да биде веројатнa. Така работи организацијата. Нема да дозволиме Меѓународниот суд на правдата или некој друг да му кажува на НАТО кога и како треба да прима нова членки“.[You must be registered and logged in to see this link.]Што би значело дека и на Македонија не може некој да и кажува што да прави во сопствената држава, не? Нека помине НАТО самитов, нека не одј*бат и овојпат... па да си бркаме работа, вака веќе не бива. Но познавајќи ги македонскиве политичкиве елити... се сомневам дака некој ќе собере храброст да им се заблагодари на досегашната "соработка". | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 16/5/2012, 11:47 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 16/5/2012, 12:07 | |
| Хехехехехехе интересно бога ми, да ми је знати кој има гласано | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 16/5/2012, 12:13 | |
| Како ние не знаевме,па да гласаме... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 16/5/2012, 12:18 | |
| Грција надвор од НАТО 16 мај 2012 08:37 Истражувањето на Атлантик советот за надворешна политика покажа дека мнозинството експерти гласаа дека НАТО треба да се ослободи од членството на Грција. Шефови на држави, министри за одбрана и надворешни работи, шефови на разузнавачки служби, плус сегашни и поранешни членови на Конгресот, беа меѓу експертите од САД, Канада и од Европа кои беа вклучени во ова истражување. Истражувањето за релевантноста и иднината на најмоќниот сојуз во светот – НАТО е спроведено непосредно пред самитот во Чикаго. Ниту еден од испитаниците не одговорил потврдно дека НАТО треба да престане да постои или дека за САД е најдобро да ја напушти Алијансата. Но мнозинството од анкетираните одговорија дека не се сигурни дека НАТО може да се прилагоди на променливиот геополитички и воен пејзаж. [You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 16/5/2012, 23:08 | |
| [You must be registered and logged in to see this image.]Што може Турција да направи за Македонија во Чикаго? Сепак, што ќе се случи ако некоја земја-членка го услови усвојувањето на дневниот ред со додавање на уште една точка – проширување на членството, или пак преземање на обврска за прием на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија на наредниот самит на НАТО (2014). Токму оваа можност вчера ја објави турскиот весник „Хуриет“. Турскиот весник Хуриет вчера напиша дека еден од приоритетите на Република Турција на самитот на НАТО во Чикаго ќе биде проширувањето на Алијансата со Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Според весникот, кој се повикува на извори од турската дипломатија, на самитот, на кој нема да се донесе одлука за проширување на НАТО, Турција решително ќе ги повика другите членки на НАТО да не го забавуваат процесот на проширување. Веќе подолг период во дипломатските кругови се споменува некаков план Б за Самитот во Чикаго, односно дека пријателски земји на Македонија сепак ќе го отворат прашањето за членство на Македонија во алијансата. И покрај тоа, нашите дипломатски извори остануваат на процената дека изненадувањата во Чикаго речиси и не се можни. Сепак, што ќе се случи ако некоја земја-членка го услови усвојувањето на дневниот ред со додавање на уште една точка – проширување на членството, или пак преземање на обврска за прием на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија на наредниот самит на НАТО (2014). Токму оваа можност вчера ја објави турскиот весник „Хуриет“. Според досегашната практика на овие самити, ако дојде до ваква ситуација, прво ќе следуваат долги паузи, средби по ходници, неформални преговори, пазарења, надмудрувања… Целта е сепак да се најде компромисот, или ако го употребуваме речникот на НАТО – консензус. Очигледно е дека местото и времето на настанот не случајно се избрани – Чикаго, градот на Обама, кој есенва ќе се бори на избори за втор мандат за претседател на САД. Тоа значи дека и ова не ни оди на рака – САД ќе сакаат од овој самит да излезат успешни и ќе треба да се покаже некаков триумф. Како ќе го изведат тоа – ќе видиме. Зошто? Пак се враќаме на Турција и нејзините односи со некои земји, како на пример Франција, Грција, Израел. За турско-француските односи веќе подолг период е запалено црвеното светло. Француското признавање на турскиот геноцид на Ерменците од 1915 година многу ја налути турската дипломатија. Турција ја блокира и поканата на Израел поради убиството на нејзините хуманитарци во 2010 година. Турција не е задоволна и од генералниот однос на ЕУ кон нејзините евроинтеграциски процеси. Европската исламофобија најдобро се гледа на примерот на Турција. Значи, ако Турција на самитот на НАТО во Чикаго го отвори прашањето за македонското членство, тоа може навистина многу да го замрси веќе доброиспланираното сценарио за текот на самитот. Нашите дипломатски извори велат дека во овој случај „постојат реални можности да дојде до непредвидени ситуации, кои обично бараат добро ‘пеглање’, кое ќе значи уште едно отворање на прашање чиј одговор мора да биде консензуален“. А Турција навистина нема да може толку лесно да се игнорира токму поради нивната извонредно важна стратегиска улога, особено сега во однос на Сирија и Иран. Во тие моменти на евентуално утврдување на нова точка на дневниот ред како „незавршена работа“ („unfinished business“ или „any other business“), добро може да дојде и ставањето на маса на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Тука, пак, може да се отвори прашањето за почитување на пресудите на овој суд. Дали може НАТО да се однесува како вонземска организација и да ја игнорира пресудата од Хаг? Пак ја враќаме истата логика – членките на НАТО истовремено се основачи и членки на ОН, судот во Хаг е основан од ОН, чии земји-членки треба да ги почитуваат и да ги спроведуваат одлуките на судот. Логичен е заклучокот дека една држава не може еднаш да се однесува како членка на ОН, а еднаш како членка на НАТО. Тоа е логиката, наспроти која веќе имаме изјави од ваков тип: „Никакви судови не може да ни определуваат членки во Алијансата“ (Иво Далдер, американски амбасадор во НАТО, инаку добар пријател на грчкиот амбасадор во НАТО и редовен годишноодморец по грчките острови). Но од досегашното однесување и одлучување на овие меѓународни организации заклучокот на Далдер веќе и не изненадува. Напротив. Само ја потврдува тезата за кризата на овие организации (тука, се разбира, е и ЕУ), неопходноста не само од нивната реорганизација, туку реструктурирање и дефинирање на едни нови цели. Дотогаш, за македонското членство во ЕУ и во НАТО останува нивното консензуално оправдување и одбрана на нивниот апсурд, во кој самите се вовлекоа бранејќи еден друг апсурд на една своја земја-членка. Александар Дамовски [You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 18/5/2012, 13:02 | |
| Зошто НАТО нè претставува тенденциозно? [You must be registered and logged in to see this link.]Две претстави за Македонија на интернет-страниците на НАТО [You must be registered and logged in to see this link.]Фино ни го спопикале америчкиве сојузници, а дечки? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
| |
| | | | НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|