Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 НАТО (North Atlantic Treaty Organization)

Go down 
+9
Генерал
Зоран
Тачка
ragnad
Momak od Gjorce
SIG
Profesionalec
meth
AlexGreat
13 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next
АвторПорака
filip555

filip555


Број на мислења : 94

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty3/4/2012, 20:32

Ке Потпишат уште конгресмени само е потребно време Wink

2020 да повеке.

______________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty6/4/2012, 01:05

„Хил“: НАТО не смее да дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго

Доколку Македонија не стане членка, тоа ќе значи ослабнување на клучните регионални цели на безбедноста, стабилноста и просперитетот. Ваква оцена даде Сали Пеинтер, главниот оперативен директор на Блу Стар Стратеџис во анализата објавена во угледниот американски весник “Хил”.

Со пресудата на Меѓународниот суд на правдата се расчисти законскиот и политички пат за заокружување на зачленувањето на Македонија, а тоа ќе ја натера Грција да прифати компромисно решение и да се откаже од отровниот етнички спор. Таков чекор ќе ја потврди определбата на НАТО за зајакнување на Алијансата, вели Сали Пеинтер главен оперативен директор на „Блу Стар стратеџис“.

Македонија долг период придонесува во целокупната безбедност на Алијансата, подвлекува Пеинтер. Со учеството во мировните мисии во регионот, меѓу кои и ИСААФ мисијата, Македонија заслужува полноправно членство во НАТО. Од вчера полкот за специјални операции кој е рамо до рамо со американските трупи во Авганистан доби нов командант. Павле Арсовски стана прв човек на волците.

Одбивањето на Македонија претставува опасен преседан за другите регионални ривали дека една земја може постојано да го попречува приемот на друга земја во Алијансата, вели оперативниот директор на Блу Стар Стратеџис. Пеинтер потенцира, со ваквите постапки приемот во НАТО станува заложник на билатералните неправди.

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty6/4/2012, 01:08

Американски конгресмени во Скопје

САД да изврши притисок врз Грција и Македонија да обезбеди покана за членство на самитот на НАТО во Чикаго- вакава помош и лобирање од 5те конгресмени кои се во посета на земјава побара македонскиот државен врв.

Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим Мек Дермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли утрово се сретнаа со претседателот Иванов а попладнево и со премиерот Груевски. Упатена им била јасна порака дека Македонија бара излез од стаус кво ситуацијатана поле на интеграциите и дека очекува САД да ја превземе диригентската палка за промена на состојбите во Чикаго.

Од кабинетот на шефот на државата соопштија дека конгресмените добро го познавале и спорот со Грција и пресудата од ХАГ и изразиле надеж дека земјава што поскоро ќе стане дел од нато семејстто.

Членовите на Конгресот ја реафирмираа целосната поддршка за евроатлантската интеграција на Република Македонија, и подготвеноста за натамошно продлабочување на партнерските односи и соработката со Конгресот.

Искажувајќи благодарност за учеството на Република Македонија во мировните мисии, беше нагласено дека од исклучителна важност е интеграцијата на Република Македонија во НАТО, која ќе значи позитивен импулс за целиот регион, натамошна стабилизација на односите и ширење на зоната на стабилност и безбедност, соопштија од кабинетот на Иванов.

Гостите од американскиот конгрес се дел од групата од 54 конгресемни кои и со писмо побараа од претседателот на САД Барак Обама Македонија да се најде на агендата во Чикаго.

Посетата на земјава доаѓа во исклучително важен период кога помошта во кроењето стратегија за враќање на проширувањето на Агендата на Алијансата е повеќе од потребна.

[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty6/4/2012, 01:15

Ах...само не поддржуваат... Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6117

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty18/4/2012, 22:11


[You must be registered and logged in to see this image.]

[You must be registered and logged in to see this link.]

Па мајку му, или сте со НАТО или против? afro
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty18/4/2012, 22:21

Е хаг .
Карла кај си.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty18/4/2012, 23:17

Зоран напиша:
Е хаг .
Карла кај си.

Имаат маки со Шешељ. Не знаат како да го скршат. А сега и Младич. Лоша комбинација.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty21/4/2012, 12:42

Пеинтер: Време е НАТО да ја поправи неправедната одлука кон Македонија

Време е НАТО да ја поправи својата неправедна одлука од Букурешт и Македонија да стане дел од алијансата, вели Сали Пеинтер, оперативен директор на фондацијата „Блу стар стратеџик“ во Вашингтон, во интервју за програмата „Порта“ на МТВ. Според неа, Македонија ги исполнила критериумите за членство и нејзиното одбивање претставува опасен преседан и поттик за држење на процесот на проширување на НАТО како заложник на билатералните спорови.

- Не треба да чекаме да се случи чудо. Јас сигурно не сум личност, која што ќе ви каже дали ќе се случи чудо во Чикаго или не, но секогаш се надевам на најдоброто за Македонија, особено по ова прашање. Поминаа четири години од Букурешт и НАТО самитот во Чикаго не треба да биде крајна точка или единствена можност за Македонија да влезе во НАТО. Вратите на НАТО остануваат отворени за вашата земја и јас се надевам дека ќе ја видам Македонија како и сите останати земји од регионот што поскоро како членки на Алијансата - вели Пеинтер.

Таа потсетува дека е јасно оти сите членки на НАТО вклучувајќи ја и Грција се согласни дека Македонија ги исполни сите критериуми за зачленување во Алијансата, но оти останува спорот за името.

- Де факто Македонија е дел од Алијансата, меѓутоа прашањето за името го загрижува вашиот јужен сосед и, за жал, Македонија не беше примена за членка на Самитот во Букурешт од таа причина. Дали беше фер – не, но не треба да се откажете поради тоа. Претседателот, премиерот, министерот за надворешни работи и вашите aмбасадори во Европа и САД работат постојано на разрешување на ова прашање и Македонија треба да биде горда на тоа. САД, а и верувам сите европски држави сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на НАТО што е можно поскоро и сите со нетрпение го очекуваат тој ден со надеж дека тоа ќе се случи на НАТО самитот во Чикаго - објаснува американскиот аналитичар.
[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty21/4/2012, 12:56

Пеинтер: Македонија надвор од НАТО е преседан

Поминаа четири години од Букурешт и НАТО самитот во Чикаго не треба да биде крајна точка или единствена можност за Македонија да влезе во НАТО. Вратите на НАТО остануваат отворени за вашата земја и јас се надевам дека ќе ја видам Македонија како и сите останати земји од регионот што поскоро како членки на Алијансата, вели Сали Пеинтер, оперативен директор на фондацијата `Блу стар стратеџик` во Вашингтон во своето интервју за програмата `Порта` на МТВ. Пеинтер подвлекува дека централниот столб на НАТО – проширувањето и зајакнувањето на Алијансата не е на агендата оваа година, но оти, кога земји како Македонија, кои што ги исполниле сите критериуми и постојано придонесуваат за колективната безбедност не им се дозволува членство тоа ја слабее главната цел на регионот, а тоа е безбедност, стабилност и просперитет.

`Сега е време НАТО да ја поправи својата неправедна одлука. Јасно е дека според Северноатлантската повелба секоја европска земја, која што ги исполнува условите и може да придонесе за сигурноста на Алијансата може да стане членка. Македонија котира високо по двата критериума. Земјата има долг придонес за заедничката и колективната безбедност на НАТО учествувајќи во разни регионални мировни мисии во 1999-та година како и во Ирак и Авганистан. Одбивањето на Македонија претставува опасен преседан за другите регионални ривалства дека една земја може бесконечно да го попречува приемот на друга земја. Ова може да се покаже и како поттик за држење на процесот на проширување на НАТО за заложник на билатералните спорови`, вели Пеинтер.

Пеинтер изразува шокираност и сочувство до семејствата за минатонеделното петкратно убиство кај Смиљковци, и се надева дека институциите на системот ќе ги пронајдат извршителите и тие ќе бидат казнети.

`Жално е кога ќе слушнеме вакви вести, петмина млади луѓе да бидат убиени додека рибарат. Убедена сум дека Министерството за внатрешни работи истражува и работи многу напорно да ги пронајде одговорните за овој акт. Нема потреба за меѓуетнички тензии, ова не е нешто што луѓе со морал и етика би сакале да се случи без разлика на раса, боја и етничка припадност`, вели Пеинтер.
[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11099

НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty26/4/2012, 14:56

Курт Вокер бара прием на Македонија во НАТО во Чикаго

Поранешниот американски амбасадор во НАТО изјави дека САД и Европа треба да притискаат Македонија да добие покана врз основа на пресудата од Хаг. Попоски лобира во Вашингтон

На претстојниот самит во Чикаго, Македонија, сепак, треба да добие покана за членство и на тоа треба да инсистираат и САД и Европа, вели поранешниот американски амбасадор во НАТО и актуелен директор на Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс, Курт Вокер. Во интервју за украинскиот весник „Ден“ Вокер заклучува дека во НАТО повеќе не се дискутира за идејата за проширување и ја наведува Македонија како пример за запрената агенда на проширување на Алијансата.

„Идејата за проширувањето, идејата за една единствена и слободна Европа која ќе ги вклучи сите земји, повеќе не се дискутира. Таа идеја не е повеќе дел од дипломатскиот дијалог, ниту е на масата“, вели Вокер.

Според него, токму бараното членство на Македонија е добра можност да се реафирмира таквата идеја.

„На една од точките каде што имаме можност да ја истуркаме идејата за слободна Европа, а тоа е Македонија, ние тоа не го правиме“.

Вокер во интервјуто објаснува дека Македонија била блокирана од Грција на самитот во Букурешт во 2008. поради спорот со името, но во меѓувреме Меѓународниот суд на правдата во Хаг одлучил дека таквата блокада биле нелегална и дека земјата има право да се зачленува во меѓународни организации под привремената референца ПЈРМ, се‘ додека не се реши спорот.

„Не постои ниту една причина, по одлуката на овој Суд, зошто САД, Европа или НАТО да не притискаат Македонија да биде примена во Алијансата врз основа на таа одлука“, вели Вокер.

Попоски бара поддршка од САД

Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски кој е во повеќедневна посета на САД, барал од официјални претставници во Вашингтон поддршка за македонската кандидатура на самитот во Чикаго.

На разговорите со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Гордон и со конгресменот Дејвид Прајс, ко-претседавач на Комитетот за демократско партнерство на Претставничкиот дом, Попоски побарал САД да се заложат за ефектуирање на поканата за членство во НАТО, особено во контекст на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

„Македонија очекува што побрзо да добие покана за членство во НАТО, базирана на исполнетите критериуми и учеството во мисиите предводени од Алијансата“, рекол Попоски, информира македонското министерство за надворешни работи.
[You must be registered and logged in to see this link.]
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization)   НАТО (North Atlantic Treaty Organization) - Page 6 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
НАТО (North Atlantic Treaty Organization)
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 12Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 5, 6, 7 ... 10, 11, 12  Next
 Similar topics
-
» The North Face
» НАТО морнарица
» НАТО Авијација
» НАТО-во бомбардирање на СР Југославија
» НАТО членки и Сојузнички сили

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Војнички муабети-
Отиди до: