| НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|
+9Генерал Зоран Тачка ragnad Momak od Gjorce SIG Profesionalec meth AlexGreat 13 posters |
|
Автор | Порака |
---|
SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 14/3/2012, 21:11 | |
| | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 14/3/2012, 21:21 | |
| Ne se ;ita ili jas okorevg s eprobav i desen klik i zgolemi toa e. | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 14/3/2012, 22:05 | |
| Од на ФБ страната „ КООРДИНАТИВНО ТЕЛО НА ПФВ„ ја зедов, таму добро се гледаше инаку тука незнам зошто е вака нејасно.. | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 14/3/2012, 22:07 | |
| | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 24/3/2012, 12:12 | |
| На денешен ден пред 13 години, НАТО ја започна воздушната кампања против Србија,која заврши со потпишувањето на Кумановскиот договор. | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 29/3/2012, 23:45 | |
| Конгрес на САД: Македонија треба да стане членка на НАТО
На брифингот во Конгресот на САД на кој биле и македонските пратеници кои деновиве се во посета на Вашингтон било констатирано дека Македонија заслужува да стане членка на НАТО, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик. Македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски заклучил дека Македонија веќе подолго време се однесува како членка на НАТО. - Македонија стори многу во исполнувањето на критериумите за членство. Нашите војници се дел од мировната мисија во Авганистан, рамо до рамо со американските и другите. Де јуре не сме дел во НАТО, но де факто, така се однесуваме - рекол Јолевски. Придонесот што Македонија веќе го дава во НАТО го истакнаа и конгресменката Кендис Милер од Мичиген и претседавачот на американската делегација на Парламентарното собрание на НАТО, конгресменот Мајкл Тарнер од Охајо - обајцата членови на конгресната група за Македонија. - Кога ќе ја земете предвид ангажираноста на Македонија во Авганистан, како четврти најголем придиносувач според бројот на жители, тогаш станува важно дека кога го браните шаторот на НАТО, заслужувате и да спиете во него - рекол Милер. Тарнер побара НАТО да го уважи напредокот на балканските аспиранти, давајќи им јасен сигнал дека проширувањето нема да запре. - Важно е да ги уважиме земјите кои имаат аспирации за членството во НАТО, за нивните постигнувања. НАТО вели дека членството е политички процес, но тој процес се води и во земјите-аспиранти и затоа мора да ги охрабриме - истакнал конгресменот од Охајо. Амбасадорите од земјите од Југоисточна Европа кои учествуваа на брифингот заклучија дека секој успех на соседот е добар за целиот регион. Тие подвлекоа дека регионалната стабилност ќе биде зајакната ако сите земји влезат под безбедносниот чадор на Алијансата. | |
|
| |
Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 30/3/2012, 01:03 | |
| Просто ми доаѓа да им се заблагодарам ама не можам. Па веќе по 1000000000 пат слушам како Македонија заслужила нешто. Епа ако е така и ако сте толку принципиелни како што сакате да нагласувате дајте примете не и тогаш да ви кажам благодарам. ______________________ Потта штеди крв!
| |
|
| |
Alvar
Број на мислења : 11099
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 30/3/2012, 13:17 | |
| | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 3/4/2012, 18:30 | |
| Обама да осигура покана за Македонија во Чикаго, бараат 54 конгресмени Педесет и четири конгресмени од редовите и на демократите и на републиканците испратија писмо до претседателот Барак Обама во кое бараат од неговата администрација да осигура дека НАТО конечно ќе и ја понуди на Република Македонија залужената формална покана да и се приклучи на Алијансата на Самитот во Чикаго кој ќе се одржи на 20 и 21 мај годинава, соопшти денеска Обединетата македонска дијаспора.- Педесет и четирите потписи претставуваат најголема поддршка досега од Конгресот за македонските аспирации за членство во НАТО што е трипати повеќе во однос на Самитот во Лисабон. Ова не е само писмо, туку и симбол на растечката поддршка од САД за Македонија и на фрустрацијата поради статус-кво ситуацијата, изјави Методија Коловски, претседателот на организацијата на македонските иселеници во САД. Тој додаде дека ова претставува и потврда за напорната работа на македонско-американската заедница во изминатите години која немаше да се случи без граѓанскиот активизам како писма, телефонски повици и средби со претставниците во Конгресот. Писмото од конгресмените, според ОМД, е признание за македонскиот придонес кон демократијата, стабилноста и безбедноста во светот вклучувајќи ги и НАТО-мисиите во Косово, во Босна и во Либан, како и во Авганистан каде што Македонија е четврта земја придонесувач во ИСАФ според бројот на жители. Во писмото се посочува и на учеството на Македонија во операцијата Слобода за Ирак во периодот од 2003 до 2008 година. Конгресмените бараат од претседателот Обама да застане зад своите зборови упатени од Лисабонскиот самит на Алијансата во 2009 година дека „се радува на денот кога САД ќе и посакаат добредојде на Македонија во Алијансата и оти вратите на НАТО ќе останат отворени за нови членки кои ќе ги постигнат неговите стандарди и кои можат да дадат значителен придонес кон безбедноста на сојузниците“. - Ако на македонските војници може да им се довери безбедноста на НАТО-шаторот во Авганистан тогаш тие треба да бидат поканети во тој шатор. САД и нашите НАТО-сојузници треба позитивно да одговорот на овие напори со поддршка на македонските аспирации за формално интегрирање во Алијансата. Силно ја повикуваме вашата администрација да работи во партнерство со нашите НАТО-сојузници за да го заврши процесот почнат на Вашингтонскиот самит во 1999 година кога на Македонија и беше доделен првиот Акциски план за членство и да и врачи формална покана на земјата да се приклјучи на НАТО на Самитот во Чикаго во мај, стои во писмото од конгресмените. Меѓу потписниците на писмото се 22 републиканци и 32 демократи, а копии од писмото се исрпатени до потпретседателот Џозеф Бајден, државниот секретар Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Леон Панета, како и до генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен [You must be registered and logged in to see this link.] | |
|
| |
Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 3/4/2012, 19:08 | |
| Браво за Мето Коловски си ја знае работата само напред. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
| |
|
| |
| НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|