|
|
| НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|
+9Генерал Зоран Тачка ragnad Momak od Gjorce SIG Profesionalec meth AlexGreat 13 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 22/12/2011, 20:13 | |
| Придонесот на Република Mакедонија кон глобалната безбедност, мир и стабилностРепублика Македонија е една од првите земји во Регионот која се приклучи кон иницијативата Партнерство за мир (1995) и прва земја од Регионот која го потпиша Договорот за стабилизиција и асоцијација (2001). Постојаните одбранбени реформи овозможија достигнување на неопходните стандарди и капацитет за придонес кон мировните операции во светот. Достигнувањата во одбранбените реформи и во обликувањето на современата македонска армија даваат силен придонес кон севкупните интегративни напори на Република Македонија. Покрај исклучително успешните (10) МАП циклуси, како и по добивањето на кандидатскиот статус (2005) и позитивната препорака на Европската Комисија за почеток на датум на преговори со Унијата (2009), конкретниот придонес на Република Македонија кон мировните операции во светот е највидлива потврда дека Република Македонија успеа да прерасне во рамноправен и достоен партнер на НАТО и Европската Унија. Наспроти сите предизвици од независноста до изградбата на мултиетничката функционална демократија, Република Македонија изгради современа Армија која придонесе набрзо од корисник да прераснеме во придонесувач кон глобалната безбедност. Првиот придонес на Република Македонија надвор од нејзините граници започна во 2002 година во рамките на НАТО предводената мисија ИСАФ во Авганистан. Република Македонија потоа го прошири својот придонес преку учество во мисијата Слобода за Ирак (од јуни 2003 до декември 2008), во воената операција на Европската Унија во БиХ Алтеа (од јули 2006) и во мисијата на Обединетите Нации УНИФИЛ во Либан (од мај 2007). Дополнително, Република Македонија обезбедува постојана поддршка на НАТО предводената мисија КФОР на Косово, преку функционирањето на Координативниот центар за поддршка од земја домаќин (националноводен од јули 2007). [You must be registered and logged in to see this image.]Република Македонија е пример за огромнатата трансформациска моќ на нејзините стратегиски определби за достигнување членство во НАТО и Европската Унија. Од нејзината независност (1991) до денес, Република Македонија успеа да прерасне во фактор на регионалната соработка и сериозен придонесувач не само кон регионалната туку и кон глобалната безбедност, мир и стабилност. Цврсто посветена на напорите за европско и евроатлантско интегрирање, Република Македонија се стреми кон интегрирање на Регионот во целина и негов зајакнат придонес кон глобалната безбедност и светскиот мир.Слободаза Ирак[You must be registered and logged in to see this image.]По завршувањето на главните борбени операции во Ирак, рушењето на режимот на Садам Хусеин и усвојувањето на Резолуцијата 1546 на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, Република Македонија во јуни 2003 година донесе одлука за започнување придонес кон мисијата Слобода за Ирак. Иницијалниот придонес кој се состоеше од деклариран вод (околу 40) за специјална намена, во 2008 година беше дополнително зајакнат со уште еден вод (или вкупно околу 80). Република Македонија учествуваше во мисијата Слобода за Ирак од јуни 2003 до декември 2008 година, со вкупно 11 извршени ротации или вкупна бројка на 490 лица кои учествуваа во оваа мисија. АвганистанУчеството во рамките на НАТО предводената мисија ИСАФ во Авганистан беше прв придонес на Република Македонија кон мирот и стабилноста надвор од нејзините граници. Придонесот кој започна во август 2002 со симболично испраќање на 2 офицери во рамките на турскиот контингент, постепено еволуираше во ротација на досега 1351 македонски мировници и во национален придонес кој денес е еден од најголемите (по глава нжител) во Авганистан. Во рамките на досегашниот придонес кон ИСАФ Република Македонија беше дел и од Здружениот медицински тим во А3 формат (Македонија, Албанија, Хрватска), кој од август 2005 до јули 2009 година успешно функционираше низ 8 ротации на аеродромот во Кабул. Република Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан денес има распоредено вкупно 242 војници – една чета која ја обезбедува Командата на ИСАФ во Кабул (150), штабни офицери во Командите на ИСАФ (2), штабни офицери во Оперативно менторските тимови за врска OMLT (5), Заеднички медицински хируршки тим (6) во рамките на Норвешкиот провинциски реконструкциски тим (PRT) во Мајмана. Од 01 април 2010 година, Република Македонија дополнително го зголеми својот придонес во Авганистан со 79 војници (вод на воена полиција (32) за обука на Авганистанската национална полиција, ренџерски вод (32) за обука на Авганистанската национална амија, одделение за обезбедување на лица 8 и 7 штабни офицери во командата на 86. бригада на Вермонт, САД). Со ова зголемување во Авганистан од околу 50 проценти, Република Македонија ќе придонесува кон мировни мисии надвор од Република Македонија со вкупно 255 мировници, што навистина претставува сериозен и значителен придонес кој ќе изнесува 4% од копнените сили на Армијата на Република Македонија. УНИФИЛ ЛибанРепублика Македонија од мај 2007 година го започна својот придонес и кон ефективниот мултилатерализам, преку учеството со еден штабен офицер во мисијата предводена од Организацијата на Обединетите Нации УНИФИЛ во Либан. Мисијата на македонскиот ОН мировник е со едногодишен мандат во рамките на Штабот на УНИФИЛ во Нагура и во тек е третата ротација. Алтеа[You must be registered and logged in to see this image.]Придонесот на Република Македонија во Алтеа претставуваше прв придонес на земјата во рамките на воена операција предводена од Европската Унија. Придонесот кон ЕУ операцијата во БиХ Алтеа започна (од ноември 2006) со декларирање на хеликоптерски деташман составен од два хеликоптери Ми-8/17 (и персонал 21). По три ротации на хеликоптерскиот деташман и четвртата ротација (јануари –јули 2008) која се изврши со само еден транспортен хеликоптер Ми-8/17 (и персонал 12), во јули 2008 година заврши хеликоптерскиот придонес на Република Македонија кон ЕУ операцијата Алтеа. По огромната загуба на 11 македонски мировници во хеликоптерската несреќа на враќање од успешно завршената хеликоптерска мисија во Алтеа, придонесот (со вкупно 12 лица) на Република Македонија кон ЕУ операцијата Алтеа продолжува со ROLE 1 медицински тим (10 лица) на Кампот во Бутмир (од ноември 2006), правен советник (1) и подофицер за превентивна медицина (1) во Командата на ЕУФОР. Во ЕУ операцијата Алтеа досега учествувале 142 македонски мировници, симболизирајќи го на тој начин македонскиот придонес кон Европската безбедносна и одбранбена политика и кон регионалниот мир и стабилност. [You must be registered and logged in to see this image.][You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 12/1/2012, 13:34 | |
| Груевски песимист пред самитот во Чикаго Во прилог на европесимистичниот или реалистичниот став на Груевски му одат и изјавите на првите луѓе на овие меѓународни организации, но и на низа странски експерти
Премиерот Никола Груевски јасно порача дека големите сили, оптоварени со своите проблеми, се целосно незаинтересирани за решавање на спорот за името и дека многу се мали шансите на Македонија за прием во НАТО на мајскиот самит во Чикаго. Груевски во интервјуто за „Дневник“ вели дека не е песимист, туку реалист за можниот прием во Алијансата.
Професорката Билјана Ванковска смета дека премиерот само ги парафразирал своите поранешни изјави, бидејќи тој никогаш не настапувал како голем оптимист по прашањето на евроатлантската интеграција. Според Ванковска, сега во прилог на неговиот европесимистичен или реалистичен став му одат и изјавите на првите луѓе на овие меѓународни организации, но и на низа странски експерти.
- Се согласувам со оваа по малку темна прогноза не само затоа што настаните што ја потресуваат ЕУ во моментов се тектонски, туку и затоа што отсекогаш сум мислела дека проблемот со името им доаѓа многу добро за да не ни кажат отворено дека немаат намера да си увезуваат проблеми со прием на земји што се борат со сиромаштија и внатрешна потенцијална нестабилност - нагласува професорката. Ванковска сепак е изненадена од тоа што, според неа, премиерот Груевски како да дигнал раце од една пореалистична опција, а тоа е лобирање во НАТО со адутите на хашката пресуда.
- Да потсетам, официјално за НАТО ние ги исполнуваме сите критериуми за прием, освен името - но со оглед на тоа што Грција не смее да го „повтори делото“ за кое беше осудена од Меѓународниот суд, остануваат само две можности: или да измислат друг проблем поради кој ќе стават вето или да нé примат под референцата, за што кај нас очигледно постои подготвеност - вели Ванковска. Таа додава дека со ваквиот став премиерот како на некој начин да ја обесхрабрува политиката на МНР и на нашата дипломатија.
- Изјавата на Расмусен по соопштувањето на пресудата од Хаг не може да се смета за став на НАТО, тој став треба да го слушнеме во Чикаго на самитот, а дотогаш мислам дека има простор да се работи на убедување на сојузниците дека без прием ќе бидат доведени во прашање сите досегашни постигнувања на овој воено-политички план - додава професорката Ванковска. За неа е изненадувачка и формулацијата „големите сили се тотално незаинтересирани за решавањето на спорот за името“.
- Јас отсекогаш повеќе сум се плашела од нивната „заинтересираност“, односно притисоци, затоа што секоја нивна агилност водела кон барање т.н. компромис, т.е. прифаќање отстапки што за нас може да бидат погубни, особено што Грција не бара промена само на името на државата - нагласува Ванковска. Големите сили, според Ванковска, мораат и треба да бидат неутрални во однос на идентитетски проблем, бидејќи компромисот изнуден со притисок е само рецепт за иден конфликт. Професорот Стево Пендаровски, пак, оценува дека премиерот Груевски сега најверојатно го подготвува теренот за неуспехот на самитот во Чикаго и се обидува да ја дислоцира одговорноста за работите што следуваат.
- Тој се обидува со време да ја дислоцира одговорноста од неможноста да ја употреби и валоризира пресудата од Хаг, на која беа загубени три години. Не може да се оправдуваш со незаинтересираноста на големите сили, ти треба да ги убедиш дека се во право - нагласува Пендаровски. Според него, многу е чудно еден највисоко позициониран државен претставник уште однапред да најавува дека преговорите се неуспешни и дека на претстојниот самит нé очекува неуспех.
Дипломатски извори уште во декември, по објавувањето на пресудата од Хаг, порачаа дека акцентот на македонската дипломатија треба да биде на создавање критична маса во евроатлантското семејство, или лобирање за неколку земји цврсто да застанат зад Македонија. Само на тој начин, според нив, земјата евентуално може да се најде на агендата на мајскиот самит на Алијансата. Дипломатите истакнуваа дека во 2012 година треба да се работи на тоа Македонија, благодарение на пресудата од влијателна меѓународна судска инстанца, да создаде критична маса или група на земји што ќе бидат на нејзина страна. Тоа ќе значи тие земји во секоја пригода на билатералните, а уште повеќе на мултилатералните средби да ја актуализираат хашката пресуда. Во текот на лобирањето, тврдат познавачите на состојбите, најголем акцент се става врз Британија, Шведска и Словенија, што не значи дека нема да се бара поддршка и од другите земји.
Првиот сигнал дали лобирањето било успешно се очекува од средбата на Северноатлантскиот совет на 24 и 25 јануари, што е последен настан пред самитот на Алијансата во Чикаго. Што порача?
Големите сили се тотално незаинтересирани за решавањето на спорот за името, имаат свои огромни проблеми и прашањата за името и за проширувањето на НАТО и на ЕУ не им се приоритет. Слаби се шансите на Македонија за прием во НАТО на самитот во Чикаго. Засега не само Грција туку и Америка и НАТО го говорат истото - првин името, па НАТО. Нема теоретска шанса да се реши спорот за името до самитот, поради привремената грчка влада и зголемениот национализам кај јужниот сосед. Според тоа како изгледа ситуацијата со Грција, речиси нема теоретска шанса за тоа. Македонија ќе го направи максимумот, но Грција има многу подобра позиција поради тоа што е во ЕУ и во НАТО. Сé е можно. Можно е да се загуби препораката за преговори. Засега, поради Грција многу аир не видовме ниту од кандидатскиот статус, ниту од препораката, која три години по ред комисијата заслужено ни ја дава. Лексиката на премиерот
Возот оди 300 на саат и пак може да ни избега И најновото интервју на Груевски изобилува со изрази што го прават интересно за анализа - не само политички туку и лексички. Премиерот очигледно употребува фрази, кои му обезбедуваат сочност на јазикот и го прават кажаното - полесно приемчиво за широката читачка публика и поедноставно за памтење и за прераскажување. Од последното интервју за МИА на Груевски остана запаметена употребата на фразата „ќе игра пиперевка“, а и сега користи дузина народни изрази и вербални игри, кои мамат да бидат издвоени.
Каде што има сила, нема правдина (народна мудрост, искористена за можниот прием на Македонија во НАТО) Грција ниту сака, ниту може сега да го решава, дури и кога би сакала, а не сака (јазична тантра за можноста во меѓувреме да се реши прашањето за името) Даваме и ќе даваме сé од себе како шансите да се големи. Иако очекувањата се ниски (игра на зборови што остава отворена можност: нема очекувања, нема разочарувања) Љубовта е како сенката, колку повеќе трчаш по неа, толку повеќе ти бега. Така е и во случајот ние со НАТО (романтична паралела за изневерената љубов на Алијансата кон Македонија) Не сум песимист, туку реалист и отворено говорам (за очекувањата за влез во НАТО, искажувајќи ги реалните опции, кои се очигледно песимистички) Нашиот пат кон НАТО и ЕУ се претвори во вистинска голгота (Голгота е името на ридот каде што е распнат Исус и претставува симбол за мачење) Мижи да ти баам... Секој има право да каже што сака, само треба да најде некој да му верува (умно употребена народна мудрост како одговор на коментарите на опозицијата дека кога таа била на власт не било време за решавање на спорот) Привремената спогодба е жива катастрофа за Македонија (жаргонски израз употребен во високодипломатски контекст) Од денешна перспектива немаме друг избор, освен да се бориме да влеземе во НАТО под привремената референца БЈРМ и треба уште да сме среќни со тоа (уште еден жаргонски израз за коментирање на актуелната иронија на судбината) Дете од 5 години не го прави тоа случајно, ако воопшто беше случајно (израз за обезвреднување на интервјуто на Црвенковски за „Катимерини“ дадено во 2007 година дека владата на Груевски е подготвена да влезе во НАТО под референцата. Објаснување - детска работа!) Има грешки и стратегиски грешки. Грешките се исправаат, стратегиските грешки не се исправаат (логика, практика, искуство) Пресудата, сметавме, ќе биде позитивен моментум и ветар во грб за нашите цели поврзани со НАТО и со ЕУ (одисејска лексика, веројатно како последица на должината на траењето на процесот, еквивалентна на должината на патувањата на Одисеј) Во животот нема успех без ризик. Кој ризикува - добива. Се разбира ако претходно направил добра анализа (израз, позајмен од мангупска логика, ширококористен во бизнисот и одомаќен во секојдневниот живот) Ги убив од работа, немаат време за кавга. За тоа треба да имаш слободно време (уште еден сленг, искористен за опишување на темпото 24/7, кое премиерот го наметна во Владата) Возот на Владата оди 300 на саат. Кој ќе застане да се занимава со такви работи излетува од колосекот и возот го одминува (дополнување на горенаведеното)
Како го коментираа?
Интервјуто на премиерот Никола Груевски, во кое тој порача дека се мали шансите Македонија на претстојниот самит на НАТО да добие покана за прием, го привлече вниманието на речиси сите медиуми. Насловите ги отсликуваат различните начини на кои беа примени пораките од интервјуто: „Груевски песимист“, „Мали се шансите за прием во НАТО на самитот во Чикаго“, „Груевски: Големите сили се незаинтересирани за спорот за името“ и слично | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 18/1/2012, 23:58 | |
| | |
| | | meth
Број на мислења : 70
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 19/1/2012, 11:31 | |
| да да да и јас тоа мислам дека ништо и од овој самит не влагаме | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 26/1/2012, 18:41 | |
| Груевски: Рационално и исправно е на самитот да биде доделена покана за Македонија во НАТО НАТО самитот во Чикаго е добра можност, земјите членки да го преиспитаат заклучот од Букурешт, особено сега кога Македонија во своја корист ја има пресудата на меѓународниот суд на правдата. Премиерот Никола Груевски на средбите со Генералниот секретар на НАТО, и со амбасадорите на зејите членки посочил дела е рационално во Чикаго на Македонија да и биде доделена поканата за членство. Втор значаен мотив за ваков чекор на НАТО земјите, треба да им биде несериозниот пристап што Грција го има во процесот на разговори за името. Груевски му пренел и на Расмусен и на амбасадорите, дека кај Грција не постои воља за решение на спорот, и затоа наместо под блокада, НАТО треба да и го валоризира на Македонија она што таа и го дава на северно атланската алијанса. - Сакам да истакнам дека ние сме силно заинтересирани за цврста соработка, партнерство и сојузништво со сите земји од Европа и Алијансата, особено со нашите соседи и затоа сме посветени на градење добри соседски односи, кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебна економска и трговска соработка, слободен проток на луѓе, стоки, идеи и капитал, на интеракција на народите и заедничко инвестирање во регионалниот развој. Грција нема потреба да стравува од Република Македонија, напротив Грција треба да е силно заинтересирана за наше членство во Алијансата и трајно обезбедување на овој дел од регионот, потенцира премиерот Груевски. Тоа, рече, го бараат нашите заеднички цели кои се идентични со оние на Алијанста да имаме цврсто ткиво, наместо празен простор во телото на НАТО и да можеме да се посветиме на понатамошно ширење на нашите идеи. Директна поддршка за преиспитување на одлуките од Букурешт, Груевски добил од турскиот амбасадор во НАТО. Голем дел од остнатите, кои според информациите на Сител, Македонија ја ословувале со уставното име, искажале разбарње за македонските позиции. Амабсадорите на НАТО го поздравиле македонскиот став дека државата оставува посветена во НАТО мисиите. [You must be registered and logged in to see this link.] | |
| | | AlexGreat
Број на мислења : 277
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 10/3/2012, 23:58 | |
| Еве еден македонски Анти-НАТО блог... погледнете: [You must be registered and logged in to see this link.] ______________________ Born to be Macedon!
| |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 11/3/2012, 00:05 | |
| - AlexGreat напиша:
- Еве еден македонски Анти-НАТО блог... погледнете:
[You must be registered and logged in to see this link.] да се множат | |
| | | SIG
Број на мислења : 6117
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 12/3/2012, 21:01 | |
| Ванковска: Македонија не треба да учествува во неморалната војна во Авганистан
Подобро за Македонија е да му се посвети на својот внатрешен мир и развој, наместо да учествува во една неморална и нелегитимна војна, смета професорката Билјана Ванковска, принципиелен критичар на македонското учество во мировните мисии во Авганистан, а претходно и во Ирак.
Ова прашање се актуализира по последните случувања кога американски војник уби 17 цивили и се случија неколку последователни крвави инциденти, што, како што објавија странски медиуми, ја предизвикало Коалицијата предводена од НАТО да размислува за повлекување на дел од своите војници од Авганистан.
Тоа сепак денеска не го потврди германската канцеларка Ангела Меркел, која ненадејно допатува во Авганистан, велејќи дека не е сигурно ни дали и до 2014 година ќе дојде до целосно повлекување на воените сили од таа земја.
„Мојот став во однос на учеството во воените мисии на НАТО или САД, во Авганистан и порано во Ирак, е дека Република Македонија не требаше да учествува. Имено, нашето досегашно учество беше главно инспирирано од „профитерски“ интерес (влог заради влегување во НАТО), иако официјалната позиција беше дека така придонесуваме за мир во светот. За жал, мирот е мислена именка и во Авганистан и во Ирак, а последниот инцидент во кој американски војник уби 17 цивили е само капка во океанот на воени злосторства (впрочем, и војната во Авганистан почна под лажен преттекст за самоодбрана на САД од нападите на Ал каеда и за елиминација на Осама бин Ладен)“, вели Ванковска.
Антонио Милошоски, пратеник и претседател на комисијата за надворешни работи на Собранието на Македонија и поранешен министер за надворешни работи, по последните случувања во Авганистан во изјава за МКД.МК вели дека военото присуство во таа земја треба да се сведе повеќе на инструктори за обука на авганистанските безбедносни сили, а помалку војници за борбени акции. Тој на социјалните мрежи објави дека „по убивањето цивили во Авганистан, време е Македонија да ја разгледа одлуката за учество на македонски воени трупи во ИСАФ-мисијата на НАТО во Авганистан“.
„Изјавата на Милошоски не заслужува коментар: смешно е по стотици илјади цивилни жртви во изминатите 10 години, да кажете дека ве згрозила веста за последниот настан. Второ, Милошоски беше на позицијата министер за надворешни работи, а не само што таква идеја не му падна на памет, туку дури во владата и во парламентот никогаш не се отворија прашањата за должината на мисијата, за нејзината цена, согласноста со меѓународното право и сл. Дури и во неговата изјава дадена на социјална мрежа (што би било полуприватен, полуофицијален став) се зборува за ‘можеби треба да се преиспита македонското учество’, што повеќе личи на некаква детска закана, отколку на издржан став“, смета Ванковска.
Иако повод за покренување на ова прашање се последните убиства на цивили од страна на американски војник, сепак преовладува мислењето дека со оглед на познатиот став дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг нема да има никакво влијание во однос на членството на Македонија во НАТО, па повлекувањето на македонските војници би било логичен чекор. Кој е Вашиот став во врска со ова?
„За жал, во сите изминати години на својата пуста желба да влезе во НАТО, Македонија во ниту еден момент не знаеше да се испазари со Брисел, а можеше да ги искористи рационалните аргументи за слабите економски потенцијали, за нашето внатрешно постконфликтно заздравување, за фактот дека ние (пропорционално) придонесуваме повеќе од некои држави-членки итн. Дававме доброволно и повеќе од тоа што можевме, а членството е далечна цел, како што ни порачуваат од НАТО. Ако ме прашувате како би размислувала кога би била на државна позиција, тогаш веројатно би тактизирала – би причекала да го видам исходот од самитот, а потоа би донела одлука. Но од оваа моја професионална и интелектуална позиција, јас без двоумење би рекла дека, како мала и сиромашна земја, Македонија треба да им се посвети на својот внатрешен мир и развој, наместо да учествува во една неморална и нелегитимна војна. Мојот став во однос на НАТО е дека дури и да нè примат под уставно име, на евентуално референдумско изјаснување јас би била против. Значи, не за НАТО, и не за учество во воени мисии од ваков вид“, вели професорката Ванковска. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 12/3/2012, 22:39 | |
| Е сега маж политичар да го срочи тоа: | |
| | | Генерал
Број на мислења : 2343
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) 13/3/2012, 00:25 | |
| Одсекогаш со имал почит кон професорката и кон нејзините мислења ______________________ Потта штеди крв!
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
| |
| | | | НАТО (North Atlantic Treaty Organization) | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|