| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters |
|
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Пон 24 Мар 2014, 17:29 | |
| Посета на воздухопловната бригада од учениците на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје На ден 21.03.2014 година ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје остварија посета на воздухопловната бригада (вбр) како дел од соработката која вбр ја има со цивилните структури. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со професијата воен пилот, како и со вооружувањето, опремата и редовните активности на бригадата. На почетокот учениците ги поздрави командантот на бригадата, полковник Кире Колевски, а потоа беше одржана презентација за безбедност во воздушниот простор, улогата на (вбр) во мирновремени и вонредни услови, мотивација за професијата пилот и друго . Учениците во текот на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работата која ја извршуваат. Пред младите посетители беа изложени воздухопловите на (вбр) во кои тие имаа можност да влезат и да ги разгледуваат, при што имаа прилика да добијат повеќе информации за воздухопловите од пилотите и техничарите-летачи. На крајот од посетата, учениците беа воодушевени од се она што им беше прикажано, при што кај голем број од нив беа искажании желби да станат идни пилоти на АРМ. Посетата заврши со врачување на благодарници на Командантот, Заменикот на командантот и Началникот на штаб на (вбр) а од страна на професорите на гимназијата „Јосип Броз Тито“. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/03/poseta_vbr_ucenici.html | |
|
| |
SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости Вто 25 Мар 2014, 07:24 | |
| | |
|
| |
Smrtnikot
Број на мислења : 1272
| Предмет: Re: АРМ - новости Вто 25 Мар 2014, 07:35 | |
| Добар предлог на генералот Благоја Марковски, иако не знам како би им биле од корист на граничната полиција оклопните транспортни средства. Како и да е... ______________________ "Through discipline comes freedom"
| |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Вто 25 Мар 2014, 08:48 | |
| Мислам дека истиов текс го имаше пред неколку години,иста така мислам дека беше нешто пред избори ваму таму,се на се ништо од ова,ако се спроведе ова горе наведеното значи во АРМ ништо нема да остане...така да бидете спокојни | |
|
| |
РИС
Број на мислења : 2581
| Предмет: Re: АРМ - новости Вто 25 Мар 2014, 09:55 | |
| Текстов е тотално промашување и единствено авторот покажал дека нема никакви познавања од одбранбената тематика а уште помалку познавање на воената техника ,би се дрзнал да кажам дека некои наши форумски членови многу поквалитетно би го напишале и образложиле моментните состојби и перспективи на АРМ . | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Сре 26 Мар 2014, 13:36 | |
| 150 македонски војници ќе учествуваат на вежба како дел од борбена група на ЕУ Војници на АРМ ќе бидат дел од борбена група на Европската Унија на воена вежба во Белгија и во Луксембург. Сто и педесет војници на АРМ ќе бидат оценувани како дел од европските сили за брзо распоредување на вежбата „Брз лав 14“ што ќе се одржи од 26 мај до 13 јуни. На вежбата ќе учествуваат 2.900 војници од Белгија, Германија, Луксембург, Македонија, Холандија и од Шпанија. По оценувањето на борбената готовност, борбената група „ЕУБГ 2014-02“, од јули до крајот на годинава ќе биде во готовност за брзо распоредување во воена мисија на ЕУ или ОН. Македонија по вторпат учествува во борбена група на ЕУ, овојпат со механизирана пешадиска чета, штабни офицери и национален елемент за поддршка. Во АРМ нагласуваат дека е многу важно што земјава учествува и со штабни офицери и дека Македонија учествувала во сите фази на подготовка на вежбата. Ова е прво оценување на македонска единица како дел од силите на ЕУ и едно од најмасовните учества во вежби надвор од земјава. http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/150-makedonski-vojnici-kje-uchestvuvaat-na-vezhba-kako-del-od-borbena-grupa-na-eu | |
|
| |
BABUN
Број на мислења : 133
| Предмет: Re: АРМ - новости Сре 26 Мар 2014, 13:41 | |
| - Momak od Gjorce напиша:
- 150 македонски војници ќе учествуваат на вежба како дел од борбена група на ЕУ
Војници на АРМ ќе бидат дел од борбена група на Европската Унија на воена вежба во Белгија и во Луксембург. Сто и педесет војници на АРМ ќе бидат оценувани како дел од европските сили за брзо распоредување на вежбата „Брз лав 14“ што ќе се одржи од 26 мај до 13 јуни.
На вежбата ќе учествуваат 2.900 војници од Белгија, Германија, Луксембург, Македонија, Холандија и од Шпанија. По оценувањето на борбената готовност, борбената група „ЕУБГ 2014-02“, од јули до крајот на годинава ќе биде во готовност за брзо распоредување во воена мисија на ЕУ или ОН. Македонија по вторпат учествува во борбена група на ЕУ, овојпат со механизирана пешадиска чета, штабни офицери и национален елемент за поддршка.
Во АРМ нагласуваат дека е многу важно што земјава учествува и со штабни офицери и дека Македонија учествувала во сите фази на подготовка на вежбата.
Ова е прво оценување на македонска единица како дел од силите на ЕУ и едно од најмасовните учества во вежби надвор од земјава.
http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/150-makedonski-vojnici-kje-uchestvuvaat-na-vezhba-kako-del-od-borbena-grupa-na-eu кај е Франција, Грција, Хрватска, Албанија, Италија, Британија аххахаха ЕУ жими тасета | |
|
| |
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости Пет 28 Мар 2014, 13:53 | |
| Одбележување на тринаесет години од трагичното загинување на Командантот на Баталјонот на Воената полиција По повод одбележувањето на тринаесет години на трагично загинатиот Командант на Баталјонот на Воена полиција капетан 1 класа Љупчо Мирчовски денес (28 март 2014 година) пред Командата на баталјонот воена полиција (бВП) во касарната „Илинден“ Скопје беше положено свежо цвеќе и изразено сочуство на семејството на загинатиот Командант пред спомен обележјето пред Командата на бВП. Свежо цвеќе положија делегации од Командата на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на АРМ, Сектор Службата за Воена Безбедност и Разузнавање (ССВБиР), полкот за специјални операции (пСО), припадници од МВР, членови на семејството на загинатиот Командант, роднини, пријатели и припадници од резервниот состав. „Со неговите позитивни особини и упорност во работата ни даваше поголем морал за извршување на задачите. Секогаш ќе се сеќаваме на неговиот придонес кој го имаше во Воената полиција и никогаш нема да биде заборавен од нивните припадници. Со гордост ќе се сеќаваме на неговиот лик и дело и секогаш ќе се гордееме што бевме негови соработници“ - беше истакнато на денешното одбележување. http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2014/03/odbelezuvanje_13_godini_zaginuvanje.html | |
|
| |
JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости Саб 29 Мар 2014, 13:25 | |
| Нека му е лесна земјата...но барем на вакви прилики,и кога ги сликаат,да облакаат исти чизми... | |
|
| |
Wolf
Број на мислења : 115
| Предмет: Re: АРМ - новости Саб 29 Мар 2014, 16:23 | |
| sekoj si nosi kakvi si ima, nema toa vrska so slikanje. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
|
| |
| АРМ - новости | |
|