|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Panter
Број на мислења : 455
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/1/2014, 01:27 | |
| | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/1/2014, 22:26 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/1/2014, 01:42 | |
| Кога и како има загинато дечково (ако е загинат) ? | |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 11/1/2014, 16:29 | |
| - Frogfoot напиша:
- Кога и како има загинато дечково (ако е загинат) ?
Незнам,починал пред 2 години но не пишува како... | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/1/2014, 20:17 | |
| Министерот Џафери со одлична вест ги пречека мировниците од 15. ротација на АРМ во ИСАФ Со задоволство на професионалните војници им ја соопштив одлуката на Владата на Република Македонија и активностите на Министерството во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за служба во АРМ, со кои се овозможува професионалните војници по 45-тата година да продолжат да работат во институциите на Република Македонија, со што покажавме дека водиме сметка за нивната иднина. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, по денешниот пречек на 15. контингент од Армијата на Република Македонија, кој во изминатите шест месеци се грижеше за безбедноста на главната команда на силите ИСАФ во Кабул, Авганистан. Воедно, министерот Џафери изрази задоволство и поради фактот што сите припадници на АРМ, дома, кај своите семејства, се вратија живи и здрави, но и дека во рамки на мисијата тие уште еднаш ги покажаа своите вештини и знаења, како и својата професионалност во извршување на задачите. Командантот на контингентот, потполковникот Боро Глаткоски, рече дека сите припадници совесно, достоинствено и одговорно ги извршија обврските, а доказ за тоа се и големиот број пофалби и благодарници кои нашите војници ги имаат добиено во оваа ротација. Во петнаесеттата ротација во силите ИСАФ во Авганистан, АРМ учествуваше со 156 припадници, односно со механизирана пешадиска чета ,,Леопарди” од 1.мпбр, која беше задолжена за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. http://morm.gov.mk/content/?ID=B87231C814A8DC4935B82AAEFBC82BB1992CEEC1&lang=mk#.UuFpWrQ1iUk ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/1/2014, 20:26 | |
| Што мислите,дали ќе го исполнат ветеното ? дали би имало доволно слободни места на тие места каде што они кажуваат дека ќе ги прераспределат ? шумска,гранична,полиција..? | |
| | | leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/1/2014, 23:13 | |
| А да се запрашаш колку од нив (професионални војници) ќе останат во служба до 45 години?Тука ти се критериум физички проверки,критериум здравствени прегледи,да ќе останат ама колку?има и други скриени фори ама тоа е тоа.битно на документ сега за сега скоро и да го решат статусот.Лично јас сум за тоа да постојат овие критериуми,па на крајот и неможе сите да останат да ги прераспределат.Од друга страна решен проблем е да не се потпишува договор на секои 3 години,туку дирекнто до 45 да се потпише..што пак се коси со спремноста на ПФВ.Така да ,кој има среќа и го служи здравје може и да стигне,кој не..нека му е вечна слава. | |
| | | Зоран
Број на мислења : 3805
| Предмет: Re: АРМ - новости 23/1/2014, 23:45 | |
| - leopard напиша:
- А да се запрашаш колку од нив (професионални војници) ќе останат во служба до 45 години?Тука ти се критериум физички проверки,критериум здравствени прегледи,да ќе останат ама колку?има и други скриени фори ама тоа е тоа.битно на документ сега за сега скоро и да го решат статусот.Лично јас сум за тоа да постојат овие критериуми,па на крајот и неможе сите да останат да ги прераспределат.Од друга страна решен проблем е да не се потпишува договор на секои 3 години,туку дирекнто до 45 да се потпише..што пак се коси со спремноста на ПФВ.Така да ,кој има среќа и го служи здравје може и да стигне,кој не..нека му е вечна слава.
Leo Fenikanite mu sluzhele na carot do 60 godini ( seriozno) a po toa oni koj gi bivalo idele u platenici. ______________________ Мијак 100 %
| |
| | | leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: АРМ - новости 24/1/2014, 00:06 | |
| Ама тоа било пред нашата ЕРА,има една изрека Историјата се памети ,ама не се враќа.така да ќе видиме како се тоа ќе се одвива со законот.Факт е дека не се реални бројките кога се генерализираат сите ПФВ,има тука луѓе што навистина заслужуваат,првенствено споед мене законов е по заобиколен пат да помогнат колку толку на тогашните војници -резервисти кои учествуваа во војната,а после се вработени како ПФВ,и дел од специјалните единици,релно тие се тие бројки,и примерно,би се примиле некои 300 до 400 луѓе(мада и оваа бројка е многу) и нон стоп ќе се врти таа бројка.Дел се постари дел помлади,разликата во години варира од 2 па до 10,така да според бенифициите тие од спец единици би оделе порано во пензија отколку тие во стандардните пешадиски бригади,каде бенифицијата е 12/15,додека кај другиве е 12/18.И така со исти работни места би се удоволило на тие кои би ја исполниле таа старосна граница.Нормално тука станува збор за некој да работи во спец единица од 2002-2003,останатите малку повеќе ќе поработат.и кругот се врти.Ова чисто е моја лична констатација и толкување на законот,иако ќе ја видиме финалната верзија и тоа што е напишано со мали букви.во најмала рака очекувам да се заострат до максимум физичките критериуми и критериумите за прием во АРМ. | |
| | | Alvar
Број на мислења : 11127
| Предмет: Re: АРМ - новости 25/1/2014, 17:05 | |
| Ќе се вакцинира восјката – професионален војник заболен од „мали сипаници“ Вработен во Армијата на Република Македонија од Македонска Каменица е заболен од мали сипаници (морбили) и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 36-годишниот војник бил претходно еднаш вакциниран од мали сипаници, а нема податок дека патувал надвор од државата. Неговата состојба е задоволувачка, но здравствените власти преземаат мерки за да се спречи ширењето на оваа високо заразна болест. Комисијата за заразни заболувања при Министерството за здравство им препорача на Воено медицинската установа и ГШ на АРМ веднаш да превземат мерки за итна вакцинација на вработените во овој колектив со по една доза на МРП вакцина. „По еден месец секој од нив да донесе вакцинален статус за претходната состојба со вакцинација против морбили за да се знае дали ќе треба да примат уште една дополнителна доза. Доколку претходно имале примено не е потребна дополнителна доза“, рече д-р Јованка Костовска. Веднаш ќе се вакцинираат сите кои биле во најблизок контакти со заболеното лице, а понатаму и останатите за да може да се спречи ширење на епидемија на морбили во тој колектив. Освен ова, здравствените власти препорачуваат да се следат сите вработени во колективот и при најмал сомнеж на можност на клиничка слика за заболен од морбили веднаш да се изолира и да се земе материјал за анализа. И во целата држава се препорачува да се зголеми надзорот на лекарите над сите случаи со исип за можност од појава на морбили, бидејќи вработените во АРМ за викендите се враќаат во градовите каде што живеат и доколку биле во фаза на инкубација може да го прошират заболувањето, нагласи Костовска. Службите за вакцинација се задолжени да проверат сите деца до 14-годишна возраст доколку имаат пропуштена некоја од вакцините на морбили веднаш да се вакцинираат. Оваа година има четири откриени случаи на морбили во Македонија, што е зголемување, во однос на претходниот период, но тие не можат да се поврзат еден со друг. Морбилите се најзаразни пет дена пред исипот и пет дена по исипот. Доколку лицето е заштитено со две дози на вакцина од мали сипаници, не е потребна нова вакцинација, освен во услови на епидемија. http://faktor.mk/archives/93814 ______________________ Si vis pacem, para bellum
| |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|