Братски народи...
Официјална посета на АРМ од командантот на КБС генерал-потполковник Рахман РамаДенес (26 ноември 2015 година) со високи воени почести во ГШ на АРМ беше пречекана висока делегација на Косовските безбедносни сили (КБС), предводена од командантот на КБС, генерал-потполковник Рахман Рама, кој се наоѓа во официјална посета на АРМ.
На средбата во ГШ на АРМ, покрај унапредување на билатералната соработка во полето на едукацијата, беа презентирани искуствата на АРМ од учеството во меѓународните мировни мисии и Концептот за оперативни способности на НАТО.
Генералот Величковски истакна дека соработката не е само декларативна, туку конкретна, преку учество на припадниците од КБС на: вежбовни активности во РМ, на летниот камп на АП Криволак, курсеви во Регионалниот тренинг центар за односи со јавност и Воено-медицинскиот центар. Оваа соработка продолжува во форма на експертиза, размена на искуства и помош за идната трансформација на КБС.
Генералот Рама во својата изјава изрази задоволство од досегашната соработка со надеж дека таа ќе продолжи, користејќи ги искуствата на АРМ стекнати во меѓународните мировни операции.
При посетата на ГШ на АРМ, делегацијата воедно оствари средба и со заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами.
Исто така делегацијата ја посети и Воената академија, на која во моментов на школување се 11 претставници од КБС.
Официјалната посета беше заокружена со запознавање на капацитетите и можностите за обука во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/11/kosovski_bezbednodsni_sili.html-------
https://odbrana.forumotion.org/viewtopic.forum?t=672