Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 53 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty31/10/2013, 22:21

Alvar напиша:
Никако! Не наметнувам на никого мислење, можеби грешно се изразив.
НО! Никогаш, НИКОГАШ нема да го простам тоа што ДПМНЕ стави терористи на чело на МО (индиректно на АРМ), ниту пак дека ги амнестираа терористите, ниту дека го признаа Косово, или дека дозволија со закон да се веат знамиња на туѓа држава на пола територија од РМ.
Исто како што никогаш, НИКОГАШ нема да го простам тоа што СДСМ внесоа 150.000-200.000 шиптари само за да победат на избори, правејќи етнички дисбаланс од кој денес си го јадеме газот. Ниту пак дека им ги дадоа Струга и Кичево на шабаните.

А лопови се и едните и другите, но дури и преку тоа би прошол да не ја ставаа државата на коцка неколку пати.
АЛвар
без разлика кој на која припага, ја симпатише и незнам што после aplauz ова се е излишно/
Мојот почит другар.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty31/10/2013, 22:39

Alvar напиша:
Никако! Не наметнувам на никого мислење, можеби грешно се изразив.
НО! Никогаш, НИКОГАШ нема да го простам тоа што ДПМНЕ стави терористи на чело на МО (индиректно на АРМ), ниту пак дека ги амнестираа терористите, ниту дека го признаа Косово, или дека дозволија со закон да се веат знамиња на туѓа држава на пола територија од РМ.
Исто како што никогаш, НИКОГАШ нема да го простам тоа што СДСМ внесоа 150.000-200.000 шиптари само за да победат на избори, правејќи етнички дисбаланс од кој денес си го јадеме газот. Ниту пак дека им ги дадоа Струга и Кичево на шабаните.

А лопови се и едните и другите, но дури и преку тоа би прошол да не ја ставаа државата на коцка неколку пати.
Критериумот ни е до толку паднат, што се согласувам потполно со тоа дека би поминал и преку тоа дека се убер-лопови и двете партии.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty8/11/2013, 12:38

http://www.utrinski.mk/?ItemID=674FA6A83ACCAA438BE3399342D26ED9

Две години затвор за кражба на муниција од воен полигон
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty8/11/2013, 13:38

Требало само да го праша министерот, немало потреба од толку криење. Smile 

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty13/11/2013, 12:52

АРМ - новости - Page 7 CEDvKgq

АРМ - новости - Page 7 XV8vez4

АРМ - новости - Page 7 Ot7IIwF

АРМ - новости - Page 7 WGvw0TG

АРМ - новости - Page 7 5jIrr76

Началникот на ГШ Горанчо Котески го посети гарнизонот во Тетово

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска го посети гарнизонот Тетово. Посетата на касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ е во рамки на планот за обиколка на гарнизоните на АРМ, што започна да се реализира минатиот месец, со посета на Здружената оперативна команда (ЗОК) во гарнизонот Куманово и гарнизоните Штип и Прилеп, соопштија од ГШ.

Како што соопшти ГШ, Котевски ги информирал припадниците на АРМ за извршувањето на задачите, наредните планови и актуелната состојба во АРМ.

Со обиколката на касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ согледани се нејзините капацитети, функционалноста и условите за живот и работа во неа, при што е констатирано дека припадниците на АРМ имаат услови за нормално извршување на задачите. Посетата е искористена и за остварување на увид во редовното извршување на задачите и обуката на припадниците на АРМ кои се наоѓаат во гарнизонот Тетово, стои во соопштението.

Во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово е лоциран третиот механизиран пешадиски баталјон кој е потчинета единица на првата механизирана пешадиска бригада, заедно со единица за логистичка поддршка.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty14/11/2013, 23:18

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty14/11/2013, 23:28

Убаво. Како беше она... а да. Остваруваме!

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty20/11/2013, 16:23

Котески во посета на припадниците на АРМ кои се дел од Алтеа

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска во кампот Бутмир кај Сараево, Босна и Херцеговина, ги посети припадниците на АРМ кои се дел од мисијата на ЕУ, АЛТЕА.

Генералот Котески во командата на ЕУФОР се сретна со командантот на силите на ЕУФОР, генерал-мајор Дитер Хеидекер од кого беше информиран за работата на медицинскиот тим на АРМ, при што командантот на ЕУФОР го искажа задоволството од професионалното извршување на задачите на петнаесеттата ротација на медицинскиот тим на АРМ.

Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамките на мисијата АЛТЕА е обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево.

За време на престојот во Бутмир началникот на ГШ на АРМ положи венец со свежо цвеќе на споменикот посветен на единаесетте трагично загинати припадници на воздухопловната бригада на АРМ кои беа дел од мисијата АЛТЕА.

Посетата на НГШ на АРМ на припадниците на АРМ кои се распоредени во мисијата АЛТЕА се реализира во пресрет на седумнаесеттата конференција на началници на генералштабови на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба, која ќе се одржи утре во Сараево.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=143320&kategorija=1

АРМ - новости - Page 7 K7WPNM3

АРМ - новости - Page 7 5YtwTRS

АРМ - новости - Page 7 BFEjXF1

АРМ - новости - Page 7 KLDUUet

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty20/11/2013, 16:30

Котевски учествува на конференција на началници на земјите-членки на Јадранската група

Генерал-мајор Горанчо Котески, од денеска до 22 ноември учествува на 17. Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската група што се одржува во Сараево, БиХ.

Домаќин на Конференцијата е началникот на Здружениот Штаб на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал-мајор Анто Јелеч, а покрај учеството на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на Јадранската група (Македонија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора), на конференцијата присуствуваат и началникот на ГШ на Војската на Србија, заменикот на началникот на ГШ на Вооружените сили на Словенија, заменикот на командантот на Европската команда на САД (УСЕУЦОМ) и командантот на ЕУФОР.

На отварањето на конференцијата се обрати министерот за одбрана на БиХ, Зекеријах Осмиќ, а главна тема за учесниците е „Пост ИСАФ приоритетите во одржувањето на капацитетите за колективна одбрана“.

На седумнаесеттата средба на началниците на ГШ од армиите на земјите-членки на Јадранската група, како што соопшти ГШ на АРМ, се разговараше за искуствата и научените лекции од учеството во меѓународните мисии предводени од НАТО, планирање на обука и вежби во функција на подготовките за пост ИСАФ периодот, како и регионалниот пристап кон одбраната на воздушниот простор.

Генералот Котески истакна дека АРМ и Република Македонија како членка на Јадранската група, иако ги исполни НАТО критериумите, е заложник на непринципиелен пристап во нејзината заложба за полноправно членство во НАТО и тоа треба да го анализира и разбере секоја земја членка на НАТО.

По завршувањето на работната сесија од конференцијата, началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската група потпишаа заедничка изјава со која се потврдува понатамошната соработка во рамките на оваа регионална иницијатива поддржана од САД, како и подготвеноста за развивање на капацитетите за обука во функција на учество во идни операции предводени од НАТО. 20.11.2013 - 14:35
http://press24.mk/kotevski-uchestvuva-na-konferencija-na-nachalnici-na-zemjite-chlenki-na-jadranskata-grupa

АРМ - новости - Page 7 LvXZCzY

АРМ - новости - Page 7 EEpWcPB

АРМ - новости - Page 7 Fyz3n8u

АРМ - новости - Page 7 0Kr5hVy

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty22/11/2013, 22:15

Соседите добро профитираат од армиите, ние бистриме политика

За разлика од стратегијата за заработувачка, која очигледно ја спроведуваат генералите во Софија и во Белград, нивните колеги во Скопје се чини дека работат многу дефокусирано во овој дел и се окупираат повеќе со политика отколку со активности поврзани со продуктивни безбедносни активности

Регионот преку војската добро ги полни буџетите

Додека соседните земји профитираат од знаењето на нивните армиски кадри и заработуваат од капацитетите на својата наменска одбранбена индустрија, Македонија се чини дека назадува во овој процес и ја оптоварува својата војска со маргинални задачи.

На исток од Македонија, соседна Бугарија, во соработка со Америка, на пример, најверојатно ќе има голема корист од обуката и тренингот на 7.000 припадници на либиските сили за безбедност и на силите за специјални операции на оваа земја што би учествувале во контратерористички мисии, пишува „Њујорк тајмс“.

Неименуван американски претставник на власта во разговор, пак, за „Ројтерс“ изјавил дека САД планираат да ги обучат овие војници во наредниов период во Бугарија, а бугарскиот министер за одбрана го потврди овој чин во септември годинава и најави дека либиските сили ќе учат да станат професионални војници во следните осум години.

На север, пак, Србија изменаџира одлична воена соработка со Русија и најави дека во наредниот период нејзините воено-одбранбени капацитети тесно ќе соработуваат со оние на Кремљ, за потоа заедно да излезат на пазарот за воена опрема. Од потпишаниот договор се очекува двете земји добро да заработат, имајќи го предвид фактот дека Москва го зазема второто место, веднаш зад Вашингтон, во светот за продажба и профит од воена технологија.

Софија и Белград како пример

За разлика од стратегијата за заработувачка, која очигледно ја спроведуваат генералите во Софија и во Белград, нивните колеги во Скопје се чини дека работат многу дефокусирано во овој дел и се окупираат повеќе со политика отколку со активности поврзани со продуктивни безбедносни активности. Неделава медиумите пренесоа информација дека вработените во Генералштабот на Армијата и во Министерството за одбрана ќе учат албански јазик. Весниците и телевизиите во своите текстови и прилози напоменаа дека надлежните во војската не им дале ни објаснување за тоа која е потребата командниот состав на војската и вработените во одбрана да учат албански. Минатиот месец армијата беше во фокусот на медиумите, пред сѐ поради вработувања и унапредувањата врз основа на партиската припадност и Бадентер.

Стручната јавност во земјава тврди дека АРМ во последно време повеќе личи на македонското собрание отколку на една современа војска. Експертите се децидни дека во одбраната и во армијата нема место за политички импровизации и во нашата војска едноставно има место само за професионализам и нема место за политика, бидејќи на политичарите работата им е во Собранието и на јавната сцена. Ако продолжат вака да се однесуваат првите луѓе на војската, тие треба да носат цивилни костуми, а не воени униформи.

Токму оваа иста армија, на која сега ѝ се случуваат вакви ситуации, никогаш досега не била на чекор да го уништи имиџот што со години го градеше и стекна солидно реноме преку успехот на мисиите во странство. Токму оваа и ваква АРМ во сите досегашни анкети на кое било прашање од различни агенции и институции што го проверуваа јавното мислење уживаше неоспорен статус и доверба во општеството.

Да се мотивираме да заработиме повеќе

Безбедносниот експерт, професорот Стојан Кузев, вели дека вестите за постигнувањето на секторот одбрана во Бугарија и во Србија треба да се примат во Македонија како мотиваторски, што значи дека дополнително треба да се форсираме и да се ангажираме за да успееме да донесеме некој денар повеќе во нашиот буџет.

- Ние декларативно многу нудиме, а практично малку заработуваме во ова поле, за разлика од соседите. Ние имаме еден куп пишани документи и стратегии во безбедноста, на пример, за заработувачка од воениот полигон Криволак, но тие никако да се остварат во полн капацитет - објаснува Кузев.

Тој истакнува дека не му е јасно како армијата не може да заработи од еден ваков армиски капацитет како што е Криволак, кој е од светски ранг.

- Мислам дека министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, според овие работи што ги гледаме и ги слушаме во медиумите, се повеќе окупирани со решавање на политичките прашања и нивна меѓусебна битка отколку со работење на продуктивни проекти и со решавање на вистинските прашања на одбраната - вели Кузев.

Професорот резимира објаснувајќи дека Владата треба да ја зголеми својата цивилна контрола врз АРМ и Министерството за одбрана и еднаш засекогаш да ги поправи овие случувања, кои го рушат интегритетот на нашата војска.

Со него се согласува и универзитетскиот професор и експерт во безбедноста Стојан Славески, кој, пак, смета дека Македонија иако заработува од своите капацитети обучувајќи ги воените лица во Косово и во Црна Гора, сепак би требало да се ангажира дополнително на ова поле.

- Ние сме мала земја и имаме мала армија, па затоа реално не можеме да се однесуваме како нашите соседи и да склопуваме зделки со суперсилите како Русија и Америка, како што прават Белград и Софија, но затоа мораме тоа да го правиме со другите светски играчи што не се од овој калибар - објаснува професорот.

Тој истакнува дека во ваква една ситуација, кога едноставно немаме избор, мораме да ги исфрлиме политиката и партизацијата од војската и да се бориме да придобиеме колку што е можно повеќе „клиенти“, од кои би заработувале нашата одбранбена индустрија, АРМ и образовните институции од овој тип.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112213836506&id=9&prilog=0&setIzdanie=23034

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 7 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 7 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 7 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 53 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: