Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 АРМ - новости

Go down 
+32
DesertFox
ace89
MarkoMKD
икс
loran11
CAMOUFLAGE
Спенсер
IgorM
Gjole^Stolarot
Цане
Birac
tose
minceski
Wolf
BABUN
Iko
assasian
Dejan N
Panter
leopard
Smrtnikot
ESN
JKD
Генерал
shady3
dt71
Legija91
РИС
SIG
Alvar
Зоран
Momak od Gjorce
36 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 54 ... 100  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty28/11/2013, 23:40

началникот на ГШ во посета на ПСО

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2013/11/kontola_i_obikolka_na_NGS_na_%20pSO.html
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty1/12/2013, 17:17

На Македонија ѝ следуваат 7 милијарди долари од имотот на ЈНА

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1129131759121&id=9&prilog=0&setIzdanie=23041
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty1/12/2013, 17:26

Frogfoot напиша:
На Македонија ѝ следуваат 7 милијарди долари од имотот на ЈНА

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1129131759121&id=9&prilog=0&setIzdanie=23041
Лук и Вода .
Вишокот го исекоа не не ни прашаа.
Вратете се на почетокот Go down
РИС




Број на мислења : 2581

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty1/12/2013, 20:02

После конфликтот 2001 Бучко беше во Белград и договори врќање на одредена борбена техника меѓу другото и на 4 авиони Г-4 и 1 АН . Србите биле спремни да дадат и повеќе .Договорот , подоцна бил откажан од наша страна.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty2/12/2013, 10:10

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРИЕМ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
понеделник, 02 декември 2013, 00:01
Врз основа на член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010, 23/2011, 47/ 2011, 148/2011 и 55/2012 ), Министерството за одбрана на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија

1. Министерството за одбрана има потреба од прием на сто седумдесет професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години.
2. Кандидатите за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, и тоа:

- да се државјани на Република Македонија;
- да се полнолетни;
- да имаат посебна здравствена и физичка способност потребна за вршење на служба во Армијата
- да има завршено средно образование;
- да има завршено доброволно служење на воениот рок во АРМ;
- да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за професионални војници.
3.Кандидатите кои се пријавиле на јавниот оглас во текот на постапката на прием на професионални војници ќе бидaт проверени за нивната физичка подготвеност и ќе бидат лекарски прегледани.
4.Јавниот оглас за прием на професионални војници трае пет дена од денот на објавувањето во јавните гласила, а молбите со потребните документи се поднесуваат во Одделението за одбрана за регионот Битола, со градовите Битола, Демир Хисар и Ресен; Одделението за одбрана за регионот Велес со градовите: Кавадарци, Неготино и Свети Николе; Одделението за одбрана за регионот Куманово со градовите: Куманово, Кратово и Крива Паланка; Одделението за одбрана за регионот Охрид со градовите: Охрид, Дебар, Кичево и Струга; Одделението за одбрана за регионот Прилеп со градовите: Прилеп, Крушево и Македонски Брод; Одделението за одбрана за регионот Скопје со општините Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Центар и Чаир; Одделението за одбрана за регионот Струмица со градовите: Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш; Одделението за одбрана за регионот Тетово со градовите:Тетово и Гостивар, и Одделението за одбрана за регионот Штип со градовите: Штип, Берово, Виница, Делчево Кочани и Пробиштип, според пријавената адреса на место на живеење или според воведувањето во воена евиденција.
5.Кон молбата која се поднесува и заведува во Одделението за одбрана за регионот од точка 4 на овој оглас, кандидатите се должни да ги приложат во оригинал или заверена фотокопија следните документи:
- диплома за завршено средно образование;
- уверение за државјанство;
- извод од матична книга на родените;
- уверение дека не е казнуван односно дека против кандидатот не се води кривична постапка и не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност;
- уверение од Одделението за одбрана за регионот од точка 4 на овој оглас дека има завршено доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија.
- лекарско уверение или потврда за општа здравствена состојба на кандидатот издадено од матичен лекар;
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.
На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба на Армијата документите ќе им бидат вратени преку Одделението за одбрана за регионот од точка 4 на овој оглас, каде и што се поднесени.
6. Работен однос со Министерството за одбрана како професионален војник на служба во Армијата ќе заснова лице кое ќе ги исполни општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во Армијата на Република Македонија при што ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на лицата кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

7.Правата и обврските во врска со службата ќе бидат утврдени со посебен договор.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНA

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=F156705547432028E23CA41294947EC1CA2040C6&lang=mk#.UpxJLNLeyij

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty3/12/2013, 15:29

Во АРМ слободни дури 1.000 работни места

Како основна причина за овие нови вработувања во АРМ е недостигот од персонал што се јавил откако војниците изминативе години преминале да работат во други сродни институции

Недостига цел баталјон

Неделава Министерството за одбрана објави оглас за вработување на 170 професионални војници што треба да се само еден дел од многу поголемиот план за решавање на кадровскиот дефицит на АРМ.
Според најавите, АРМ треба да вработи уште најмалку еден баталјон професионални војници за да ја достигне потребната бројка на својата формација и да се зацврсти безбедносниот бедем на државата што е поставен во првата официјална стратегија за одбрана, подготвена од кабинетот на претседателот на РМ и врховниот командант Ѓорге Иванов.

Според последните податоци, во армијата се непополнети околу 1.000 работни места, од кои најмалку 800 се места наменети за професионални војници.

Досега во мандатите на неколку министри за одбрана беше истакнато дека недостигаат војници од сите родови на армијата, од артилерија и противвоздушна одбрана, преку врски и атомско-биолошко-хемиска одбрана до воздушно набљудување.

Дополнително за да се исполнат поставените цели на стратегијата за одбрана треба да се пополнат местата во единиците за борбено-сервисна и логистичка поддршка. На нашата војска ѝ недостигаат доктори и ветеринари, сообраќајни техничари, инженери, правници, преведувачи и музичари.
Националната стратегија за одбрана предвидува дека наредната година треба да се пополни и недостиг од офицери и подофицери. Како основна причина за овие нови вработувања во АРМ, објаснуваат упатените, е недостигот од персонал во војската што се јавил откако војниците изминативе години преминале да работат во другите сродни институции (МВР, Граничната полиција, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи).

Во огласот е напоменато дека заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени во Законот за служба во АРМ. Секој што ќе аплицира треба да е државјани на Македонија, да е полнолетен, да е физички и здравствено способен за вршење служба во армијата, да има завршено доброволно служење на воениот рок во АРМ и да не е постар од 25 години на денот на завршувањето на огласот за професионални војници.

Огласот трае пет дена, а оние што ќе ја поминат селекцијата ќе бидат вработени со тригодишен договор. Молбите со потребната документација ќе можат да се поднесуваат во одделенијата за одбрана во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица, Тетово и во Штип.

Од 2011 година до денес околу 2.000 доброволци завршиле обука во командата за обука. Во тој период Министерството за одбрана со два огласа вработило само 69 професионални војници. Статистички, само еден од триесет доброволци успеал да дојде до вработување како професионален војник.

Претставници на Министерството за одбрана најавија и вработувања, но и зголемување на контингентите на војници на доброволно служење. Државниот секретар на Министерството за одбрана најави дека до крајот на годинава АРМ треба да вработи 250 професионални војници, а заменик-министерот за одбрана најави удвојување на контингентите од сегашните околу 250, на околу 500 војници на доброволно служење.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12313824527&id=9&setIzdanie=23043

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11127

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty6/12/2013, 00:46

Наместо војската, цивили печалат од имотот на АРМ


СЕ ПРОДАВААТ КАРАУЛИ, МАГАЦИНИ И КАНЦЕЛАРИИ НА АРМ

Парите имаат голема улога во моделирањето на армијата, а војската, ако е добро финансирана, може да ја моделира самата историја е една од познатите мисли на американскиот легендарен претседател Томас Џеферсон, кој го рекол ова во моментите кога ја формирал својата армија.

Токму поентата на оваа позната реченица на Џеферсон можеби треба да се примени и во Македонија, ако се знае дека годинава Владата одлучи да го забрза процесот што трае веќе петнаесетина години за отуѓување на вишокот имот на АРМ и на Министерството за одбрана.

Со последната одлука на надлежните е решено имотот што е прогласен за несуштински, во кој влегуваат караули, магацини и деловен простор, да биде комплетно отуѓен на цивили до 2020 година.

Добро упатените советуваат дека воените објекти што сега им се донираат на општините и им се продаваат на цивилите, можеби треба да се остават на војската и таа сама да стопанисуваа со она што го поседува, а и на тој начин да се полни дополнително нејзината каса.

Во почетокот на годинава Министерството за одбрана информира дека за начинот на отуѓување на недвижности одлучила Владата во согласност со Законот за користењето и располагањето со имотот на државните органи.

- Средствата што се добиваат од продажба на недвижностите се слеваат во буџетот на Република Македонија, а за нивно реалоцирање кон буџетот на Министерството за одбрана (во висина на отуѓениот имот) исто така одлучува Владата на Република Македонија - информира тогаш Министерството.

Според планот, одбраната се ослободува од 40 караули, 15 деловни простори, 13 магацински групи, два дома на АРМ, три ресторани и две фарми.

Сепак Министерството за одбрана откога почна овој план досега сѐ уште не објави процена на вредноста на имотот што ќе се отуѓува. Според некои  неофицијални информации, почетната вредност на несуштинскиот имот на АРМ беше проценета на 53 милиони евра.

Домот на АРМ ќе стане хотел?

Проблемот со продажбата на овој воен имот не е во тоа што армијата ќе остане без земјиште и објекти што реално не ги користи, туку во фактот што продажбата нема да ја збогати македонската војска, а парите, наместо да влезат во армиската каса за набавка на нова опрема и оружје, ќе ги полнат буџетите на општините.

Токму на оваа тема генералскиот врв на АРМ годинава во неодамнешен брифинг за новинарите најави дека планира да најде успешен модус за дополнително финансирање на војската преку системот на паметната одбрана на НАТО. Досега од овој план беше реализиран само еден проект и беше извршено возобновување на бродовите на езерската флота, кои сега се изнајмуваат за комерцијални цели, а рентата се влева во касата на АРМ.

Двата брода, наместо да ’рѓосуваат во Преспанско Езеро и во вештачкото езеро Козјак, сега пловат со туристи по Охридско Езеро.

Како еден од можните проекти, кој за жал сѐ уште не е финализиран, се реконструкцијата, модернизацијата и комерцијализација на Домот на армијата во Скопје. Војската планира домот да го надгради во хотел и од воен објект, кој има атрактивната локација во строгиот центар на Скопје, тој да биде пренаменет и да прерасне во доходовна градба. Според она што се говорело на неколку состаноци на високиот генералски врв на АРМ, било заклучено дека со мали финансиски инвестиции зградата каде што е сместен Домот на армијата може да се пренамени, организира и догради за во иднина да биде комерцијално искористена. Планот за објектот, кој е во почетна фаза, предвидува реновирање на свечената сала и неколкуте хола, како и инвестирање во мензата и во кујната во Домот на АРМ. Целта е потоа со едноставна доградба на два или неколку ката што би се издигнале над сегашното ниво на објектот тој да биде преадаптиран во модерен хотел со кој во иднина ќе стопанисуваат армијата и Министерството за одбрана. Овој објект главно ќе се користи за прием и за престој на високи воени, но и државни функционери што ја посетуваат државата, а истовремено своите капацитети ќе ги користи за привлекување на многубројните туристи што преноќуваат во Скопје.

Наместо касарна, никнува мал град во Кичево

За само две години откога армискиот имот беше преземен од нови сопственици никнува вистински мал град во кичевската касарна „Чеде Филиповска-Даме“.

На некогашниот имот на војската во кичевската касарна е планирано да се изградат околу 500 стана и голем број деловни простори, а во оваа практично нова населба во градот се очекува да се населат приближно 3.000 жители.

- По отстапувањето на дел од касарната во 2011 година на општината на оваа локација почна да функционираат дисперзираните студии на тетовскиот универзитет, а извесно време подоцна почна и изградбата на три станбено-деловни комплекси - вели Дарко Блески, задолжен во општината Кичево за локален економски развој.

Тој објаснува дека сѐ што почнало да се гради на овој поранешен армиски имот ќе биде готово до 2017 година.

Сопственикот на градежната компанија „Инсталација“, која работи на поранешниот армиски имот, Исмаил Исеини, тврди дека становите што се градат тука добро ќе се продаваат на пазарот, а поголем дел од нив однапред биле продадени.

- Пријатно сме изненадени од интересот на граѓаните за купување станови и дуќани во новите објекти. Над 70 отсто од становите што се во градба се веќе продадени по цена од 600 евра за квадрат - објаснува Исеини.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12513825525&id=9&prilog=0&setIzdanie=23045

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty8/12/2013, 15:23

http://www.alfa.mk/News.aspx?id=67576#.UqSARNJDsZk

185 ? да не утнал новинаров нешто ? јас колку што знам беше 175..некој по упатен да каже ?
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty8/12/2013, 16:12

JKD напиша:
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=67576#.UqSARNJDsZk

185 ? да не утнал новинаров нешто ? јас колку што знам беше 175..некој по упатен да каже ?
НЕ Знам за гардаисти да е многу е.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty8/12/2013, 16:28

Зоран напиша:
JKD напиша:
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=67576#.UqSARNJDsZk

185 ? да не утнал новинаров нешто ? јас колку што знам беше 175..некој по упатен да каже ?
НЕ Знам за гардаисти да е многу е.
не те сфаќам што сакаш да кажеш ? дека е многу 185 или ? ова е за професионални војници...ме замисли малце,пошто како што читав за во волци и ренџери е 170 или 175..
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





АРМ - новости - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: АРМ - новости   АРМ - новости - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
АРМ - новости
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 54 ... 100  Next
 Similar topics
-
» АРМ - новости
» АРМ - новости
» МВР - новости
» МВР - новости
» Воени новости

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: