Абе како што знам јас значи на некој му стигнало писмо од МО и беа на обука во касарната во Битола и учеа некоја си теорија и после чистеа пушки склопуваја и расклопуваја. Е сеа му стигнало ново писмо за на 5ти ноември да се пријават во подрачната единица на МО за некаква си друга обука и обврзани се со закон на тоа. Ете толку знам.
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: АРМ - новости 21/10/2014, 17:53
Ама да не се тие оние од резервен состав ? ако така треба,што не ми стигне мене такво писмо
Цане
Број на мислења : 87
Предмет: Re: АРМ - новости 21/10/2014, 18:16
Не се бе од резервен состав ги знам деца се по 19 години. Епа и мене ми нема стигнато ништо
JKD
Број на мислења : 3140
Предмет: Re: АРМ - новости 21/10/2014, 20:32
Интересно...дај нека стигне и кај мене,имам 18
Ако има некој по упатен нека каже што е тоа..
Цане
Број на мислења : 87
Предмет: Re: АРМ - новости 21/10/2014, 20:35
Нека кажат и за униформите да не заборат да кажат.
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
Предмет: Re: АРМ - новости 23/10/2014, 14:49
Положување цвеќе по повод празникот 23 Октомври пред споменикот на основачите на Внатрешната револуционерна организација - ВМРО
Максим Димитриевски: Груевски! Како ја доведе АРМ до оваа дереџе? (видео)
Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ, денес пред Министерството за одбрана го повика премиерот да одговори на прашањето што според СДСМ заслужува внимание, а поврзано со донацијата од страна на Турција во вид на војничка опрема за АРМ.
Според Димитриевски и СДСМ, Министерот за одбрана, јасно потврдил дека државата нема пари да ја облече а камо ли да ја модернизира Армијата на Република Македонија.
- И тоа во моменти на регионална активност за регрутирање на џихадисти, кои претставуваат сериозна закана по регионалната, а не само по безбедноста на Република Македонија. Го прашуваме Никола Груевски, како ја доведе Армијата до ова дереџе, нашите војници да немаат униформи и чизми?
Каква е таа власт која троши огромни суми на пари а не е способна сама да ги облекува своите војници, праша денес Димитриевски.
Одбележување на денот на Центарот за Електронско Извидување 9-ти Ноември
На ден 07.11.2014 година (петок) со почеток во 11.00 часот во касарната „Гоце Делчев“ Скопје се одржа свеченост по повод одбележување на 9-ти Ноември денот на Центарот за Електронско Извидување.
На свеченоста присуствуваа претставници од ГШ на АРМ, команданти на баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата како и претставници на надворешните институции со кои соработува единицата.
Обраќање пред стројот и гостите имаше командантот на Центарот за Електронско Извидување потполковник Николче Милковски. Во своето излагање командантот на единицата даде краток осврт на историскиот развој на ЦЕИ, постигнатите резултати во работењето на истата и притоа искажа благодарност за одличната соработка со сите внатрешни и надворешни соработници.
По повод денот на ЦЕИ беа доделени стимулативни мерки на дел од припадниците на ЦЕИ за постигнати резултати во работењето и подигање на борбената готовност на единицата.