|
|
| АРМ - новости | |
|
+32DesertFox ace89 MarkoMKD икс loran11 CAMOUFLAGE Спенсер IgorM Gjole^Stolarot Цане Birac tose minceski Wolf BABUN Iko assasian Dejan N Panter leopard Smrtnikot ESN JKD Генерал shady3 dt71 Legija91 РИС SIG Alvar Зоран Momak od Gjorce 36 posters | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 30/12/2014, 16:12 | |
| | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: АРМ - новости 2/1/2015, 20:35 | |
| |
| | | JKD
Број на мислења : 3140
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/1/2015, 00:01 | |
| Ѓорѓе кажува тоа.Нема да влезе у наредни 10 години. | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/1/2015, 19:25 | |
| Значи, насловот ви кажува се... Македонија ДА влезе во НАТО... не вели дека ЌЕ влезе. Значи тој сака, ама работата е дали може | |
| | | leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: АРМ - новости 3/1/2015, 23:35 | |
| A што ако влезе?Да не го реши Нато нашиот внатрешен проблем?Мед и млеко ќе тече?Пример со Турција,што не се солидаризира Нато да го реши проблемот со курдите?Или внатрешен проблем не го тангира Нато.Реално да не се занесуваме,сите знаеме дека нема ништо од таа приказна,додека не се смени тоа што се бара од нас.Грешката е направена одамна,се преговара ради реда,нели политика е да преговараш и ништо да не договориш. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 4/1/2015, 23:36 | |
| Во АРМ има повеќе жени од поголемиот дел европски армииНајвисокиот чин на жена во АРМ е полковник, а од вкупниот број на офицери 11.6 отсто се жени, 11.5 отсто се подофицери, од вкупниот број на професионални војници, пак, 3.3 отсто се жени Процентот на жени во АРМ е 8.7 отсто и е повисок од европскиот просек кој е околу 4 отсто, тие имаат подеднакво право на доброволно служење на воен рок како и студирање на Воената академија ако ги исполнуваат бараните критериуми. Таква е ситуацијата со жените во македонската армија, каде што највисок чин на жена е полковник, а од вкупниот број офицери 11.6 отсто се жени, 11.5 отсто се подофицери, од вкупниот број на професионални војници, пак, 3.3 отсто се жени. - Задолжителен воен рок имаше до 2006 година, но и според тогашниот закон на жените им се дозволуваше по желба да служат воен рок. Со професионализацијата на АРМ, се воведе доброволното служење, за што мажите и жените имаат подеднакви можности да служат само ако ги исполнат критериумите. Просечно, 10 отсто изнесува бројот на жените кои доброволно служат воен рок, но интересот постојано се зголемува. Исти се условите и за Воената академија, ниту таму нема селекција, објаснува портпаролот на АРМ, полковник Мирче Ѓоргоски. Жените во АРМ се застапени и во Полкот за специјални операции, конкретно во Ренџерскиот баталјон кој важи за една од најдобро подготвените единици, како и во медицинските и санитетските единици, логистиката и финансиите. Покрај тоа, голем број на жени офицери се наоѓаат и на клучни позиции во Здружената оперативна команда (ЗОК), како и во другите команди и штабови. Слично е и во странство, во армиите на САД, Велика Британија и Канада. Во САД жените се и дел од елитната единица Делта форс.АРМ, вели полковникот, почитувајќи го човечкото право, како и светските стандарди, буквално држи широко отворени врати за жените кои сакаат да и се приклучат на Армијата, а нивната бројка постојано се зголемува. -На почетокот жените во АРМ најчесто беа застапени во службите. Денеска се застапени во сите единици на АРМ и во борбените единици имаме жени. Жени има и во Полкот за специјални операции (ПсО), има во командите при штапските единици на полкот, ги имаме во Ренџерскиот баталјон. Се уште нема жени во Баталјонот за специјални намени, но во ниеден закон или пропис не стои дека жените не можат да бидат кандидати или да конкурираат за прием да се пријават на селективен курс. Можат да станат дел и од таа единица доколку ги исполнат критериумите кои се бараат, вели Ѓоргоски. Жените од АРМ во изминатите десетина години рамо до рамо со своите машки колеги учествувале во меѓународните мировни мисии и конкретно во мисиите ИСАФ во Авганистан и АЛТЕА во Босна и Херцеговина (БиХ), каде што биле испратени околу 140 жени. -Во ИСАФ на почетокот некаде околу 2004 година ги распоредувавме во рамките на мешовитиот медицински тим на А3 (Македонија, Хрватска, Албанија). Потоа ги распоредувавме во рамките на медицинскиот хируршки тим што одеше со полската болница на Норвешка во северот на Мајмана, каде одеа жени анестезиолог, инструментарки, болничарки. Некои беа подофицери, некои беа цивилни лица. Во наредните години задолжително испраќавме жени и има разнервирано определен број места за жени, затоа што постои формациско работно место кај што мора да има жена за проверка на женски лица за влез и излез - објаснува Ѓоргоски. Интересот на жените за армијата е голем, истакнува Ѓоргоски, и смета дека тоа е така поради можностите кои ги нуди АРМ. (С.Р.) http://vecer.mk/makedonija/vo-arm-ima-povekje-zheni-od-pogolemiot-del-evropski-armii | |
| | | Спенсер
Број на мислења : 214
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/1/2015, 12:12 | |
| - leopard напиша:
- A што ако влезе?Да не го реши Нато нашиот внатрешен проблем?Мед и млеко ќе тече?Пример со Турција,што не се солидаризира Нато да го реши проблемот со курдите?Или внатрешен проблем не го тангира Нато.Реално да не се занесуваме,сите знаеме дека нема ништо од таа приказна,додека не се смени тоа што се бара од нас.Грешката е направена одамна,се преговара ради реда,нели политика е да преговараш и ништо да не договориш.
А тоа во Украина, како внатрешен проблем ли се смета ? Југославија ? Они решаваат проблеми каде што имаат корист. Ете нас ни го решија проблемот во 2001ва | |
| | | leopard
Број на мислења : 583
| Предмет: Re: АРМ - новости 6/1/2015, 13:07 | |
| Муабетот ми беше дека ако си членка на НАТО би имале мир дома?Што толку стремиме кон НАТО,навистина не ми е јасно,што очекуваме?објаснил ли некој што бенефит ќе има обличниот човек во секојденвниот живот?Некој ќе рече,па да безбедноста на самата држава со тоа што е во НАТО,истата се смета како сигурна, и ако некој би сакал да вложи капитал во некој проект-бизнис полесно би донел одлука,во таа насока се движат размислувањата.Зошто НАТО,затоа што ќе фрлат-донираат неколку борбени возила,што нови -што расходовани,што самите потоа за кратко време ќе си ги расходоваме(примеров го спомнав бидејки пак водата тука на форумов натаму ја вртиме)Па сето тоа тие веќе го направија ние сами техниката си ја расходовавме. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: АРМ - новости 9/1/2015, 21:45 | |
| Jaс ова го јадев лани и знам како е им е на војнициве во Петровец,тие камен ноќи ќе ги памтам цел живот и ке ги раскажувам на внуци! ШОКАНТНО писмо од војници на АРМ сместени во метални контејнери на – 20 степени во Ѓорче: Условите во кои живееме не се човечки!Сакам да те информирам, а преку тебе и пошироката јавност дека во касарната Страшо Пинџур во Петровец, 20-тина војничиња се смрзнуваат како грешни ѓаволи. Се работи за војничиња од 18,19,20 години…такарeчи деца, кои се на доброволно служење на воен рок. По обуката во Велес дојдоа да одстажират уште некој месец во Петровец. Сместени се во НАТО-вски лимени контејнери кои немаат никакво греење. Контејнерите имаат вградено прозорски клими со кои војничињата се обидуваат да се затоплат малку, ама тоа е гола вода. На овие температури од -10, -15 степени во оние лимени конзерви тоа е како со чкорче од кибрит да сакаш да испечеш бик. Би те замолил да побараш информација од надлежните во МО и АРМ и да ги прашаш дали би можеле мирно да спијат кога нивните деца би требало да спијат во такви услови и да се покриваат со мизерни две ќебиња. Не дозволувај да те преведат жедни преку вода како што знаат тоа да го направат со финтите…во АРМ се е според нормативите, се е по стандардите за затоплување, се е согласно правилата за ова или за она. Тие впрочем не се грижат ни за редовниот состав на армијата кои имаат еден комплет (некомплетна-нецелосна) униформа, и сите се пазиме не дај боже да ја намокриш (дожд, снег) или да ја извалкаш со кал при гаѓање или слично, пресоблекување нема затоа што се нема друга униформа, па камо ли да се грижат за овие јадници кои башка дошле доброволно да служат со надеж дека еден ден ќе станат и професионални војници. Побарај им – предложи им со твој или нивен термометар и со камера во рака СЕГА да појдете и да ги посетите тие војничиња во просториите каде се сместени и малку да поседите во тие контејнери…не многу, 15-20 минути до ½ час, колку да се напиете едно кафе..ќе видите за што се работи..срамота и греота, и тоа се нечии деца на кои родителите им се радуваат и ги сакаат, а уплашени од големите авторитети и армиска хиерархија не смеат ни да гукнат а камо ли да побараат нешто. Јас мојата совест на ваков начин се обидов малку да ја исчистам…на тебе е редот да преземеш нешто. За да те мотивирам малку те замолувам да излезеш на тераса и да поседиш 10-15 минути мислејќи на тие гревчиња… http://www.dokaz.mk/shokantno-pismo-od-vojnitsi-na-arm-smesteni-vo-metalni-kontejneri-na-20-stepeni-vo-gorche-uslovite-vo-koi-zhiveeme-ne-se-chovechki/ | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: АРМ - новости 10/1/2015, 03:09 | |
| До толку ли е упм? | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: АРМ - новости | |
| |
| | | | АРМ - новости | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|