Oбука „Обезбедување на Висок Воен Раководител (ВВР) со припадници од баталјонот на Воената ПолицијаПрипадници од составот на баталјонот на Воената Полиција (бВП) во период од 10 до 13 ноември, во касарната „Илинден“ реализираа обука на тема „Обезбедување на Висок Воен Раководител“ (ВВР).
Обуката е дел од билатералната соработка помеѓу вооружените сили на САД и Армијата на Република Македонија и се спроведуваше од страна на инструкторски тим од Националната Гарда на Вермонт од вооружените сили на САД предводен од бригаден генерал Мајкл Хестон.
Во овие неколку дена старешините и војниците од бВП, тимски ги извежбуваа и се обучуваа во тактики, техники и процедури во организирање и планирање кои се применуваат при обезбедување на ВВР.
Обуката се реализираше теоретски и практично на полигоните за обука во касарната „Илинден“ и беше одлична можност да ги спојат теоретски познавањата со практично работење на терен
По завршетокот на обуката командантот на бВП потполковник Васко Коколански изрази благодарност до инструкторите за успешно реализираната обука, потенцирајќи ја потребата од продолжување и унапредување на одличната соработка со вооружените сили на САД во рамките на Воено контакт програмата.
На обуката покрај припадници од бВП, учество зедоа и припадници од полкот за Специјални Операции .
http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/11/vp_obezbeduvanje_vip.html