Ренџерите своите вештини ја стекнуваат макотрпно на тешко пристапни терени кои придонесуваат за нивната издржливост. Од обуката на ренџерите од борбено извидувачка чета на планински терен од 1500 м. до 2500 метри. Притоа тие извршуваа тактички задачи на мали единици, дневна и ноќна навигација и други ситуациони тренинг вежби. За време на обуката се совлада и нашиот највисок планински врв - Голем Кораб на2764 метри надморска височина.
Замисли да беа облечени во multicam, ќе се стопеа во околинава.
Naprotiv nasata shara e podobra i podobro se vklopuva, ova ni go imat kazano i amerite i britancite samo modelot ne i se svigja so nema poveke dzebovi i kvaliteto..
Припадниците од борбено извидувачката чета од извидувачко разузнувачкиот баталјон покажа високо ниво на обученост во алпинистички техники и процедури за време на двонеделната обука на полигонот за aлпинистичка обука Матка. Ренџерите од извидувачкиот вод ја потврдија оспособеноста за извршување на брза ориентација на непознат терен, напредни алпинистички вештини, пружање на прва медицинска помош и транспорт на повреден за кои е неопходна висок степен на физичка подготвеност, тимско работење и самодоверба. https://www.facebook.com/Armija.Republika.Severna.Makedonija/posts/pfbid0pHJaeHmupCWNJ3tmEmG8vFt2EervMFSFGUpQpXjcWWCJoAx1podQVPdPP1EuTnxul
P.S. Може да се направи бумп во горната група на теми?
Од обуката на снајперистите од борбено извидувачката чета од ренџерскиот баталјон. Постојаното кондицирање на снајперистите како поединец и како снајперски пар е клучен услов за прецизен и ефективен оган на зададените цели. Прецизност на големи далечини, трпеливост, смиреност, движење по непристапен терен, камуфлирање и преживување се одликите на добар снајперист кое може да се постигне само со правилна селекција и континуирана планска обука. https://www.facebook.com/Armija.Republika.Severna.Makedonija
______________________ Si vis pacem, para bellum
BoyfromKavadarci and gol_den_phantom69 like this post