|
|
| Баталјон за почести - Гарда | |
| | |
Автор | Порака |
---|
Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Баталјон за почести - Гарда 24/5/2014, 12:28 | |
| Баталјон за почести - ГардаМисија и задачи на баталјон за почести Мисија:Баталјонот за почести е наменет за оддавање на воени почести на сите лица регулирани во правилото за служба во АРМ, како и одржување на стандардот на обученост на единиците на баталјонот за Почести. Задачи:1. Пречек и испраќање на Претседателот на Република Македонија. 2. Пречек и испраќање на странски делегации. - Претседатели на странски држави, - Премиери на странски држави, - Високи воени претставници, - Началници на Генералштабови на странски земји. 3. Погреби според правилото за служба во АРМ. 4. Ангажирање на единицата при одбележување на сите позначајни државни празници во Република Македонија. 5. Ангажирање на единицата при изведување на церемонија за промена на Државните знамиња пред Анекс Вилата на Водно и пред Владата на Република Македонија. 7. Одржување на гробот на покојниот Претседател на Република Македонија г-дин. Борис Трајковски. 8. Постојано одржување на борбената готовност на единицата. Историја на единицата:Баталјонот за почести е заснован на темелите на Првата Гардиска Бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на ден 26.03.1992 година во касарната „Илинден“, а по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армијата на Република Македонија. На ден 22.07.2002 година официјално почна да функционира Гардискиот баталјон за почести и опслужување, со трансформација од ден 01.03.2006 година функционира како Баталјон за почести и опслужување, а со трансформација на АРМ од ден 01.04.2012 година функционира како Баталјон за почести. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 24/5/2014, 12:28 | |
| | |
| | | SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 24/5/2014, 13:13 | |
| Честитки до гардистите. Несакам да бидам сватен погрешно, ова е добро, но е далеку зад светскиот врв, далеку.
Не велам дека треба да сме најдобри, но во секој случај можеме повеќе од ова. | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 24/5/2014, 13:18 | |
| И јас мислам дека им фали уште вежбање,но ако не се лажам овакво нешто досега гардистиве немаат прикажано | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 6/6/2014, 11:49 | |
| Настап на Воениот оркестар во Гостивар Вчера вечер, Воениот оркестар на АРМ со едночасовен перформанс се претстави пред граѓаните на Гостивар. Во рамките на програмата, на која присуствуваа командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, како и претставници од советот на општината и кабинетот на градоначалникот на Гостивар, на градскиот плоштад, Воениот оркестар изведе светски познати нумери кои беа оркестарски обработени. Покрај настапот на оркестарот, припадниците на баталјонот за почести ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“, со која ја покажаа нивната висока извежбаност во работата со пушка и строеви постапки. Со вчерашниот концерт, кој беше во соработка со локалната самоуправа, продолжи реализирањето на проектот „Армијата поблиску до граѓаните“. Целта на проектот е армијата да се доближи до граѓаните низ дружење и преку презентирање на подготвеноста и вештините на армијата. Ова е прв концерт на Воениот оркестар на АРМ во Гостивар. Проектот започна минатиот месец со настапи на оркестарот и припадници од гардиската чета од баталјонот за почести во Македонски Брод и Делчево, а до крајот на годината, вакви концерти и презентации ќе се одржуваат во повеќе градови во републиката. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/06/voen_orkestar_gostivar.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 25/6/2014, 12:22 | |
| Настап на воените оркестри на АРМ и ВС на Република Турција на задоволство на граѓаните на Скопје Вчера, на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, воениот оркестар на АРМ и воен оркестар „Мехтеран“ на Вооружените сили на Република Турција преку заедничкиот настап пред македонската публика, покажаа дека односите и соработката помеѓу Република Македонија и Република Турција, на сите полиња, се на највисоко ниво. На концертот, присуствуваа: претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија, генерали на АРМ, претставници на политички партии и други високи претставници на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. „Оваа заедничка активност е уште една од низата настани со кои се потврдува соработката помеѓу АРМ и вооружените сили на Република Турција и го покажува и докажува цврстото пријателство помеѓу двете земји“, истакна началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, на овој свечен настап. Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Гурол Сокменсуер посочи дека преку овој настан ние сме „сведоци на пријателството и блискоста, на соединувањето на минатото и иднината, на уметноста и војската, како и на пријателството, братството и соработката помеѓу турските вооружени сили и Армијата на Република Македонија“. Во рамките на овој прв заеднички настап кој е дел од активностите за одбележување на 115-годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола, воениот оркестар на АРМ и турскиот воен оркестар изведоа композиции од своите репертоари. Посебна атракција на концертот беше изведбата на нараодната песна ,,Јовано Јованке“ од страна на воениот оркестар од Република Турција, како круна на настапот беше заедничката изведба на композиција која беше посебно компонирана за оваа прилика. Големиот број на граѓани кои присуствуваа на концертот со воодушевување ги следеа култниот настап на воениот оркестар „Мехтеран“, како и одличната изведба на воениот оркестар на АРМ. Ваквите настапи се одлична прилика за проширување на партнерството со Вооружените сили на Република Турција, кое се одвива на многу полиња. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/06/nastap_vo_mak_tur.html | |
| | | РИС
Број на мислења : 2579
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 25/6/2014, 21:11 | |
| Турциве годинава не донираа ништо на АРМ | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 25/6/2014, 21:24 | |
| Два пакета колонска вода,и три нови серии | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 18/12/2014, 13:28 | |
| Традиционалниот Новогодишен концерт на Воениот оркестар ја воодушеви публиката во исполнетата сала во Домот на АРМСиноќа, 17-ти декември 2014 година, Воениот оркестар на АРМ во Домот на АРМ во Скопје го изведе традиционалниот Новогодишен концерт. На концертот присуствуваа: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, генералите на АРМ, клучниот персонал во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, припадници од сите команди и единици на АРМ, амбасадори и воени аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости. Воениот оркестар предводен од диригентите: потполковник Драган Димитров и капетан Горан Илијевски, пред аудиториумот на исполнетата сала во Домот на АРМ, втора година по ред изведува Новогодишен концерт во чест на припадниците на МО и АРМ, кој станува традиционален. Внимателно одбраниот репертоар на синоќешниот концерт, со изведба на нумери од филмска музика, како и оние со содржина од македонскиот мелос, предизвикаа особен интерес. Публиката со воодушевување и аплауз го проследи настапот на специјалниот гостин на концертот, националниот уметник, оперскиот пејач Борис Трајанов, кој се претстави со „Песна на Тореадорот“ од операта „Кармен“ и „Арија на Жермо“ од операта „Травијата“. На концертот, покрај Трајанов гостуваа и Бајса Арифоска (солист на кавал), Војче Петрушев (солист на хармоника) и хорот на Факултетот за музичка уметност, а Воениот оркестар, премиерно изведе две нови композиции, кои специјално за годинешниов концерт, беа подарени од авторот Илија Пејовски. Синоќешниот Новогодишен концерт, претставува заокружување на успешните настапи на Воениот оркестар кој во текот на 2014 година се претстави во повеќе градови во Република Македонија, како дел од проектот „АРМ поблиску до граѓаните“. http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2014/12/novogodisen_koncert.html | |
| | | Momak od Gjorce
Број на мислења : 12354
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда 16/3/2015, 22:48 | |
| | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Баталјон за почести - Гарда | |
| |
| | | | Баталјон за почести - Гарда | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|