Баталјонот за почести доби нов командантДенес, 30 октомври во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на баталјонот за почести (бП).
На свеченоста присуствуваа началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, команданти и претставници на останатите команди и единици на АРМ и единиците лоцирани во касарната „Илинден“.
Должноста командант на бП, потполковник Тони Тонев ја прими од потполковник Тони Апостолоски, кој раководеше со оваа единица изминатите четири години.
Согласно правилото за воен протокол на свеченоста се прочитаа наредбите за поставување, по што следea пригодни говори од страна на НГШ на АРМ, досегашниот и новоназначениот командант.
Генерал Величковски обраќајки се пред присутните ги истакна значењето и успесите, кои единицата ги постигнуваше во досегашниот период. На досегашниот командант му порача да ги применува знаењата и искуствата во понатамошната кариера, а од новопоставениот командант, совесно и професионално да одговори на предизвиците.
Досегашниот командант во своето обраќање им се заблагодари на припадниците за придонесот при реализацијата на огромен број протоколарни задачи согласно Правилото за воен протокол во АРМ.
Новопоставениот командант, потполковник Тонев во својот говор истакна дека максимално ќе се вложи да ја оправда дадената доверба за раководење со еден од најрепрезентативните баталјони во армијата.
На крајот на свеченоста следеше церемонијалното предавање на борбеното знаме на бП.
Припадниците од овој баталјон, кој е првопотчинета единица на Генералштабот на АРМ. се препознатливи преку реализација на проектот АРМ поблиску до граѓаните на Република Македонија како и голем број на концерти ширум републиката.
http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/10/smena_komandant_bp.html