Тензична ноќ: Голема акција на македонската армија на јужната границаДенес од припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) од составот на баталјонот на Воена полиција (бВП) во раните утрински часови во близина на браната Паљурци на правецот кон Богданци во пограничното подрачје на територијата на Република Македонија, успешно спречија обид за криумчарење на мигранти во моторни возила кои биле управувани од македонски државјани.
Припадниците на бВП акцијата ја спроведоа со примена на тактики, техники и процедури, при што спречија обид за нелегално минување на 11 (единаесет) странски државјани од кои 6 (шест) се деца.
Согласно надлежностите, возилата со возачите и нелегалните минувачи се обезбедени и предадени на надлежните органи од МВР во чија надлежност е понатамошната постапка.
Успешно изведената акција е класичен пример за високиот степен на обученост и професионализам на припадниците од бВП, кои во рамките на нивните овластувања ги извршуваат доделените задачи за поддршка на органите на МВР во обезбедување на државната граница.
Припадниците на АРМ повеќе од една година, со извршување на задачи како што се: набљудување, патролирање и извидување во реонот на одговорност, спречија десетици а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница, така што денес вкупната бројка изнесува над дваесет илјади.
Мерките кои АРМ ги спроведува согласно доделените задачи од одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили, во поддршка на МВР и граничната полиција, низ зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница даваат позитивен ефект и соодветен придонес во зачувувањето на безбедноста на граѓаните на нашата држава.
АРМ е подготвена да одговори на секаков облик на безбедносно нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, вклучувајќи ги обидите за насилно влегување на територијата на нашата држава, што е присутно од почетокот на мигрантската криза.
http://press24.mk/tenzichna-nokj-golema-akcija-na-makedonskata-armija-na-juzhnata-granica