Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Баталјон на Воена Полиција

Go down 
+13
Alvar
ESN
Генерал
dzole
икс
ace89
Gjole^Stolarot
assasian
Panter
Momak od Gjorce
SIG
Зоран
JKD
17 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 12 ... 16  Next
АвторПорака
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty21/9/2015, 22:58

Alvar напиша:
ВП се подновиле со нови аутa, Renault Fluence.
So sreka da si gi vozat.

______________________
Мијак 100 %
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty5/10/2015, 15:19

Започна НАТО оценувањето ниво 2 на четата на Воена Полиција „Македонски Блесок - 11“

Денес, 05 октомври 2015 година, на Армискиот Полигон АП Криволак, во рамките на вежбата „Македонски блесок - 11“ започна НАТО оценувањето-ниво 2 на четата на Воена Полиција, а самооценување ниво 1 на ренџерската чета од составот на Полкот за специјални операции започнува утре.

Процесот на оценување на четата на Воена Полиција започна во гарнизонот Скопје, каде е мирновремена локација единиците кои се оценуваат. Оценувањето започна со брифинг на оценувачите кои пред директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски на кој се презентираа целта, фазите и начинот на оценување. Целта на овој дел од оценување е да се оцени борбената готовност и способноста за извршување на мисијата на четата на Воена Полиција и на ренџерската чета. Оценувањето се врши согласно Концептот за оперативни способности на НАТО по следните 5 области: планови, операции, логистика, врски и администрација. Оценувањето го реализира оценувачки тим составен од национални оценувачи и седум НАТО набљудувачи од три НАТО земји.

За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето по што истото ќе им биде соопштено на оценуваните единици.

Ова оценување претставува заокружување на оценувањето на декларираната чета на Воена Полиција, со што истата ќе биде интероперабилна по стандардите на НАТО, подготвена за извршување на евентуално добиените обврски и задачи.

http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2015/09/ocenuvanje_mb11.html

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 JuUPgoN

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 QsAKiIs

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 UmH3FlJ

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 2qHhxwg
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty9/10/2015, 17:29

Мислите ли дека во догледно време би имало оглас за воена полиција ? јас откако ги пратам овие вести,никогаш немало за кај нив...што значи дека припадниците стареат,одат во пензија,па логично е да имаат потреба од млад кадар...?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty9/10/2015, 17:32

Си има оглас,они се водат под родови и злужби тоес под ЗОК,нема посебно за нив,но редовно има обрт на кадат таму
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty9/10/2015, 17:39

Momak od Gjorce напиша:
Си има оглас,они се водат под родови и злужби тоес под ЗОК,нема посебно за нив,но редовно има обрт на кадат таму

Ама оглас внатрешен,односно оние што се обична војска,да конкурираат за ВП ? зборам оглас како овие за ПСО,со 3 месеци војска....јас неам сретнато,или пак не било јавно.

И знаеш нешто повеќе што треба да пројдеш за да влезеш кај нив ? колку што знам 7 дена имаат селективен ?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty9/10/2015, 18:17

Има на форумов еден скорешен припадник на ВП ако сака нека пише,а незнам што не свати во она што напишав јас
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty9/10/2015, 18:22

Momak od Gjorce напиша:
Има на форумов еден скорешен припадник на ВП ако сака нека пише,а незнам што не свати во она што напишав јас

не знам ни ја ти што не сфаќаш јас што те прашувам,дали има оглас за кај нив(и кога,пошто у скоро време сигурно немало,барем не бил јавен да го има по весници и по вести) со служени 3 месеци војска ? можеби има конкурси,ама внатрешни,односно да си веќе обичен војник,па да се префрлиш таму,а јас немам сретнато да има за кај нив оглас и цивил да се пријави и да влезе,како што е случајот со последниве 2 огласи за пСО.Ме сфаќаш сеа ?
Вратете се на почетокот Go down
Panter




Број на мислења : 455

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty9/10/2015, 18:59

fino ti objasna momak sto ne ti e jasno nema oglas za civili se biraat od profesionalnite vojnicite
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty9/10/2015, 20:27

А има ли нешто како селективен(повеќе дена) или обичен е конкурсот(како за ПФВ и полиција)?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty29/10/2015, 15:15

За прв пат официјален ден на ВП,честитки

Свечено одбележан денот на баталјонот на Воена полиција

Денес, 29-ти Октомври во касарната ,,Илинден“ во Скопје, за прв пат на овој датум со воена свеченост се одбележа денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).

Со одлука на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 29-ти Октомври е определен за ден на бВП како датум со кој се одбележува значаен историски настан.

Баталјонот на воена полиција е носител на традициите на денот кога на 29-ти Октомври 1878 година во текот на Македонското (Кресненско) востание е издадена наредба за формирање на Воено полициски началства на ослободената територија во Македонија, кои се всушност првите формално воено полициски сили.

На свеченоста присуствуваа Заменик на Началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај, Заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, претставници од ГШ на АРМ и ЗОК, команданти на единиците од касарната „Илинден“, претставници од МВР на РМ, поранешни команданти на единицата и претставници на организации со кои бВП остварува соработка.

На свеченоста пред присутните гости краток осврт за значењето на овој историски настан за македонската историја и Армија имаше командантот на бВП потполковник Васко Коколански.

На крајот од свеченоста се одржа тактичко технички збор на кој беше изложено вооружување и опрема со која располага единицата, како и методско показна вежба каде припадниците од бВП ја покажаа обученоста за справување во различни ситуации со кои се соочуваат во текот на извршување на задачите.

Во пресрет на одбележувањето на 29-ти Октомври денот на воената полиција како дел од планираните активности за одбележување на денот на единицата се реализираа крводарителна и хуманитарна акција.

http://www.arm.mil.mk/vesti/zok/2015/10/den_na_bvp.html

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 7TcoCUV

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 4wo6oSY

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 YYAQIe0

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Kp8tlEY

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 RHoqxOP

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 ZHoHI2i

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 NM3hJyR

Баталјон на Воена Полиција - Page 8 AElzOJx
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Баталјон на Воена Полиција   Баталјон на Воена Полиција - Page 8 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Баталјон на Воена Полиција
Вратете се на почетокот 
Страна 8 of 16Отиди на страна : Previous  1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 12 ... 16  Next
 Similar topics
-
» Баталјон за врски на АРМ
» Баталјон за почести - Гарда
» БСС - Баталјон на Специјални Сили
» 1/72 AБ-212 Полиција МВР
» Ренџери - Извидувачко Разузнувачки баталјон

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Армија на Република Македонија - АРМ-
Отиди до: