Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Македонија во Балканскиот вртлог

Go down 
+20
glorijamk
Gero
Iko
filip555
kocov
feniks
Wolf
meth
Subzero
Генерал
shady3
AlexGreat
Profesionalec
Makedon
tonin
Momak od Gjorce
Зоран
Волчко
SIG
Alvar
24 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 45 ... 87, 88, 89 ... 94 ... 100  Next
АвторПорака
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyПет 17 Aвг 2012, 09:58

Alvar напиша:
Да, ме бендиса грбот. Laughing

Нејсе, кога се работи за шиптарското прашање/проблем во Македонија, секогаш и секаде сум бил поклоник на радикалните мерки.
MG42 + јама + жива вар + земја. Wink

хахаха малце хитлеристички методи, ама даваат резултат Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyПет 17 Aвг 2012, 12:26

Изгледа Мирка е некое време на ничија земја..или одсекогаш е неутрална?

П.С: Многу јака колумна!

Велиновска: Што мислите, дека Груевски е на чело на цела влада?

Што мислите, дека Груевски е на чело на цела влада? Штом Иванов во истата минута не побара разрешување на Бесими, а Груевски не потпиша акт за разрешување, штом обвинителот не поведе дело за прекршениот Устав, не правам муабет ни за паралелизмот, ни за дуализмот во Македонија што истите „олеснувачи“ и „демократори“, од евроатлантскиот полусвет по либанскиот, босанскиот и македонскиот „успех“, го инсталираат во Ирак, Авганистан, Либија, а сега сакаат и во Сирија, пишува новинарката Мирка Велиновска, во својата најнова колумна во „Нова Македонија“ насловена „Вака веќе не оди!“

„Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски во толпата од министри, заменици, први, втори и трети секретари? Тој постојано има што да ни каже лично. Кога нѐ потсетува, на пример, на некое ветување што го остварил. А бидејќи ги има над илјада спакувани во проекти, сме го виделе и слушнале најмалку илјада пати. И, оп, го снема баш кога беше нормално, очекувано да биде и виден и слушнат и разбран. Една рамка без слика – илјада збора!

И така: шефот на Владата и шефот на државата ја здрапаа дури во Турција за да го избегнат рамковниот, а овде победничката УЧК заедно со дипломатскиот кор на „меѓународниот олеснувачки“ оркестар ни приреди уште едно славеничко издание.

Демек, Бесими министерот во Слупчане не отишол официјално, ами приватно. А приватно можел да си прави што сака. По устав! Е па, вака: Фатмир приватно може да ја секса жената му. Може приватно да сере во својот клозет. Ама не може ништо друго. Оној што извршува државна функција не се дели на приватна и јавна личност. Кога ќе се начука приватно министерот Бесими, се начукал министерот. Кога приватно ќе згази со автомобил пешак, на суд оди министерот, а не приватното лице Бесими. Кога ќе облече униформа на УЧК, не е приватно лице, туку државен функционер. Јасно ли е? Државата Македонија преку ова човече завчера се поклони и положи цвеќе на паметникот на паднатите учки што ѝ објавија војна на Македонија. Министерчето како извежбан ладнокрвен провокатор им одговори со прес зад официјална говорница. Со постапката го градел соживотот. Па се разбира дека ќе биде ладнокрвен и спокоен! Тој убаво знае дека Груевски и Иванов не му можат ништо“, вели Велиновска во колумната.



линк
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyПет 17 Aвг 2012, 12:55

Море еве ја цела... ВАКА ВЕЌЕ НЕ ОДИ!

На конкретен чин од конкретен човек со полно име и презиме што извршува државна функција, нацијата доби одговор од колектив. Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски во толпата од министри, заменици, први, втори и трети секретари? Тој постојано има што да ни каже лично

Фатмир Бесими, официјално министер за одбрана на Република Македонија, а приватно припадник на УЧК, одговори на мојата дилема поставена пред две-три недели за тоа дали Македонија има функционална и ефикасна одбрана. Односно, дали во случај на војна рамковната армија на Македонија ќе ја брани земјата или ќе дејствува под команда на своите племенски водачи. На прашањето дали министерот и офицерите ќе примаат наредби од македонскиот претседател или од косовскиот, односно албанскиот или американскиот, ми одговори и министерчето ама и кабинетот на шефот на државата и Владата. Со соопштенија. На конкретен чин од конкретен човек со полно име и презиме што извршува државна функција, нацијата доби одговор од колектив. Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски во толпата од министри, заменици, први, втори и трети секретари? Тој постојано има што да ни каже лично. Кога нѐ потсетува, на пример, на некое ветување што го остварил. А бидејќи ги има над илјада спакувани во проекти, сме го виделе и слушнале најмалку илјада пати. И, оп, го снема баш кога беше нормално, очекувано да биде и виден и слушнат и разбран. Една рамка без слика - илјада збора!

Што си мислат нашиве „државници“, бе? Дека колективната одговорност е доволно широка за да го покрие срамниот факт дека Македонија пред 13 години под закана и уцена потпиша капитулација чии плодови ги собираме топтан?! Кој го есапи, кому му вреди пусулчето на анонимниот колективен орган во кое извршната власт се оградува од учката со државна функција што ја обезбедува охридската криминална рамка! Го третираме како лекарско уверение издадено од непрофесионален и корумпиран матичен лекар што официјалниот печат го става по барање на некој забушант што работи и државно и приватно. Демек, Бесими министерот во Слупчане не отишол официјално, ами приватно. А приватно можел да си прави што сака. По устав! Е па, вака: Фатмир приватно може да ја секса жената му. Може приватно да сере во својот клозет. Ама не може ништо друго. Оној што извршува државна функција не се дели на приватна и јавна личност. Кога ќе се начука приватно министерот Бесими, се начукал министерот. Кога приватно ќе згази со автомобил пешак, на суд оди министерот, а не приватното лице Бесими. Кога ќе облече униформа на УЧК, не е приватно лице, туку државен функционер. Јасно ли е? Државата Македонија преку ова човече завчера се поклони и положи цвеќе на паметникот на паднатите учки што ѝ објавија војна на Македонија. Министерчето како извежбан ладнокрвен провокатор им одговори со прес зад официјална говорница. Со постапката го градел соживотот. Па се разбира дека ќе биде ладнокрвен и спокоен! Тој убаво знае дека Груевски и Иванов не му можат ништо. Џоле ќе ја штител униформата, па нафркаа како и секогаш десетарите во министерскиот кабинет, а командантите се мајтапат со државата и нејзините претставници што ние ги избираме. Го слушнав и оној од плејадата турбоинтелектуалци Алберт Муслиу, кои медиумите рамковно (над 20 отсто) ги активираат како „експертски“ гласови, како ни препорачува да не сме ја провоцирале Грција за нашите докажани пријатели да го омекнеле Самарас. Па, нормално дека ќе нѐ заебаваат секакви шушумиги кога им дозволуваме.

И така: шефот на Владата и шефот на државата ја здрапаа дури во Турција за да го избегнат рамковниот, а овде победничката УЧК заедно со дипломатскиот кор на „меѓународниот олеснувачки“ оркестар ни приреди уште едно славеничко издание.

Да не беше вмровецот Владо Поповски да го преповтори оправданието за сопственото „експертско“ учество во креирањето на срамната рамка во која се дави Македонија, не ќе имаше кој од власта да каже макар еден збор.

Е, ама има „државотворната“ партија. Таа не зборува, туку лае, ’ржи. Иако не ги оправдувам, ниту па им го признавам како олеснителна околност, овие од власта барем се чувствува дека се срамат или дека не се ни среќни ни искрени кога ги набројуваат предностите на рамковниот. Оние другите, од опозицијата, активните учесници во поразот на асномска Македонија во 2001 година, немаат брате ни срам ни перде.

Со цел памет излегол оној напуван Стево Пендаровски божем има сертификат за дијагностичар и кобајаги прашува дали во Владата постоел дуализам, а потоа веднаш дијагностицира дека во Македонија постоел политички паралелизам. Не за џабе народот рекол дека она од што умниот се срами, за будалата е гордост! Па, така и Пендаровски. Кога беше службениче на оние што, спротивно на Уставот, потпишаа капитулација во недефинирани воени услови, не ги виде ни дуализмот ни политичкиот паралелизам запишан во еден нелегитимен гангстерски ултиматум спонзориран од евроатлантски структури. Не го виде ни во свинштините на социјалдемократската влада произлезена од 15 септември и гооооолемата победа над Македонија во 2002 година како што беше територијалната поделба. Ич не му падна на памет за политичкиот паралелизам кога неговата партија беше дел од владата за национален спас, а дејствуваше како логистика на УЧК, и тоа преку министерот за одбрана Владо Бучковски. Ајде да ве потсетам на Радуша и неизвршувањето на наредбата на врховниот командант од страна на министерот за одбрана. Тогаш премиерот Георгиевски мораше да се обрати преку МРТВ за да го открие резилот и да ги спаси од клање опколените бранители.

Тогаш не типчиња како Пендаровски, ами лично циникот Георгиевски изјави дека тој „е премиер само на една третина од Владата“. Што мислите, дека Груевски е на чело на цела влада? Штом Иванов во истата минута не побара разрешување на Бесими, а Груевски не потпиша акт за разрешување, штом обвинителот не поведе дело за прекршениот устав, не правам муабет ни за паралелизмот, ни за дуализмот во Македонија што истите „олеснувачи“ и „демократори“, од евроатлантскиот полусвет по либанскиот, босанскиот и македонскиот „успех“, го инсталираат во Ирак, Авганистан, Либија, а сега сакаат и во Сирија.

Јас знам и ете кај мантрам 11 години. Не ја бидува, господо! Рамковниот не ја спасува, ами ја дави Македонија. Државата нема стопан. Македонскиот народ е единствениот на кој гангстери му го оспорија правото да има своја држава. Како и пред сто години. Рамковниот ја збриша и ја обезвредни победата во Втората светска војна. Рамковниот ни ја уништи преговарачката позиција со Грција во спорот околу името. Тој и натаму е темпирана бомба што кој сака може да ја активира за свои потреби. Политичкиот албански корпус во Македонија не е лојален на Македонија туку на сеалбанските интереси. Погледнете ги само како се собрани сите на купче. Нема да најдете ниту еден Албанец што јавно ќе го искритикува ваквиот потег на Бесими. А видете ги само мрсулковците во македонскиот блок. Врие од титопетковци и пендаровци. Со ваков рамковен и вакви учки треба само некој да ги поддржи од надвор и тие ќе ја уриваат Македонија без око да им трепне, и тоа на ист начин на кој сега, нели, градат соживот. Ни амнестирањето злосторници против човештвото, она за што нема опрост меѓу нормалниот свет, не помогна, не ги очовечи макар до толку учките и нивните логистичари во интелектуалата да се скурдепсаат. И што е најсрамно, рамката други ни ја скроија, ама самите решивме своерачно да ја сошиеме и да си ја навреме. Така и ни кажа нам, на 13 новинари од Македонија, и ген-секот на НАТО, Џорџ Робертсон, во Брисел: „Никој не ве тераше да го потпишете и по него да си го смените Уставот“. Ете, тоа е тоа! Ќе чекаме некој да се охрабри и да каже дека ова срање не функционира.


Автор: Mирка Велиновска
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyПет 17 Aвг 2012, 13:22

Романија и Букурешт ѝ станаа судбина на Македонија

Благој Зашов, поранешен амбасадор на Република Македонија во Романија и поранешен потпретседател на македонското собрание, денес претседател на Франкофонскиот круг во Македонија, веќе со години ги проучува и ги преведува дипломатските документи на романските конзули што се однесуваат на периодот на двете балкански војни и поделбата на Македонија со Букурешкиот договор


Благој Зашов, за тајните романски документи од 1913 година

На нецела година од одбележувањето на 100 години од потпишувањето на договорот, Зашов открива детали од романските документи, кои македонската јавност првпат ќе има можност да ги прочита во книгата што ќе биде промовирана идната година.

Како резултат на вашата љубов кон историјата и амбасадорувањето во Романија, засега вие сте единствениот што имал увид во тајните романски документи што пишуваат за Букурешкиот договор, со кој во 1913 година Македонија е поделена на три дела. Што содржат тие документи?
- Во тајните документи што ги пишувале романските конзули во Битола, Скопје и во Солун се опишуваат детали што зборуваат каква била тогаш состојбата во Македонија, каква била структурата на населението, страдањата што ги трпеле граѓаните како последица на Првата и Втората балканска војна, сѐ до моментот кога Романија влегува во војна против Бугарија и всушност станува најголема балканска држава, пресуден фактор што одлучувал каква ќе биде судбината на балканските држави.
Може да се каже дека Романија е пресудна земја за Македонија, а Букурешт е нејзина судбина, затоа што прво во овој град Македонија беше поделена, а во 2008 година на самитот на НАТО ѝ беше забрането да влезе во Алијансата.

Власите и Добруџа

Каква улога одиграла Романија во кроењето на македонската судбина?

- Во документите што ги проучував се зборува и за тоа кои се интересите на Романија во поглед на Македонија и Власите што живеат во неа. Всушност Романија долги години пред да биде потпишан Букурешкиот договор, речиси 40 години претходно, водела политика на присвојување на Власите во Македонија како нивно национално малцинство, но не за територијално да се прошири кон Македонија, туку Власите да бидат монета за поткусурување. Отворале школи во кои го учеле романскиот јазик и така ги романизирале.
Сето тоа го искористиле при поделбата на Македонија, кога во преговорите не побарале ништо од Власите во Македонија, но затоа од Бугарија, како поразена држава во Балканските војни, ја добиле Добруџа и стигнале речиси до Софија, до местото наречено Балчик. Последица на таквиот пазар е поделбата на Македонија, но и казнувањето на Бугарија што ги прекинала договорите со Србија и Грција, за војнички да ги порази и да докаже дека е најсилна балканска држава.


Ни Срби, ни Грци, ни Бугари

Дали извештаите на романските конзули реално ја прикажувале состојбата во Македонија?

- Генерално, романските конзули реално ја прикажувале ситуацијата во Македонија, со мала ограда, дека во тие дипломатски документи работите секогаш малку се филуваат во корист на земјата што ја претставуваат. Затоа велиме дека дипломатските извори не секогаш се најсигурни. Сепак, тие се дел од мозаикот наречен Букурешки договор што досега недостигаа. Имено, кога државата Романија ги испраќала своите претставници низ Балканот, таа на дипломатите им издавала директиви да известуваат за интересите на државата и затоа најголем дел во извештаите посветувале на Власите, кои тие ги викаат Романци. Но во извештаите се наоѓаат и информации што зборуваат за борбата помеѓу Српската православна црква (СПЦ), Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија и, во контекст на тоа, со какви насилни методи се служела секоја од нив за да ги натераат Македонците да се определат за една од овие цркви. Во ситуација на сиромаштија влијанието на црквите било пресудно во нивното определување. Само еден мал дел, интелектуалниот слој во Македонија размислувале малку пошироко и велеле дека не се ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари. Но Романците не пишувале многу за интелектуалците каков што во тоа време бил Димитрија Чуповски и сличните на него што во тоа време низ Европа дејствувале така што испраќале петиции за спроведување на идејата, Македонија да добие автономија во рамките на една од победничките држави во Втората балканска војна, Романија, Србија, Грција или Црна Гора. Локално, во романските документи може да се прочита известување за судските процеси што во тоа време се воделе против Христо Татрачев, против солунските атентатори или пак информации за Илинденското востание. Во тие извештаи најмногу се споменува Крушево, каде што живееле мнозинството од Власите.


Ако Романија немала територијални претензии кон Македонија, зошто не била наклонета кон Македонија и не ги зела предвид барањата на македонските интелектуалци за Македонија да добие широка автономија?

- Во романските документи не се пишува на тој начин за Македонија како што ние мислиме или би сакале да пишува. Македонците биле претставени како некој ентитет, кој живеел во турската провинција, која Турците ја викале Румелија. Интересно дека, и покрај тоа, сите други, вклучувајќи ги и големите сили како Франција, Британија, во тоа време Австрија, сите ја викале Македонија. Но сепак во истите тие документи пишува дека во Македонија живеат Срби, Бугари и Грци и, се разбира, Власи, кои тие ги викаат Романци.
Во извештаите се споменуваат и Албанците. Во некои од документи постојат извештаи во кои е нагласено дека конзулите го употребуваат терминот Македонци зашто така се изјаснувало дел од населението, а дел од него се изјаснувало како православни, христијани, Словени или едноставно се изјаснувале како тукашни, од страв да не бидат тепани.


Идејата за обединета Македонија е невозможна

Се наближува 100-годишнината од потпишувањето на договорот. Постојат низа шпекулации за престан на важноста на договорот?

- Не, никако. Тоа не е договор чија важност истекува. На него не е ставен рок на важност. Тоа е како и секој друг договор чија важност не е ограничена. Не можете да ги споредувате меѓународните договори како што е оној кога Португалија по 100 години ѝ го врати Макао на Кина, исто како што Британија по еден век ѝ го врати Хонгконг.
Овој договор за уредување на границите ќе биде траен сѐ додека не се создаде нова ситуација што ќе наметне менување на границите. Идејата за обединување на Македонија е невозможна. Тоа е завршена работа. Што се однесува до Санстефанска Бугарија, се работи за тоа што бугарскиот цар не сакал да инсистира делови од Бугарија да останат во нејзини граници поради старото пријателство со германскиот цар. Исто така, секое движење на партизаните кон Солун било осудено на пропаст затоа што таму, на грчката граница, во секој момент имало британски војници.
Букурешкиот договор е составен од повеќе протоколи за разговорите што ги воделе балканските држави, а според кои подоцна биле утврдени новите граници на Балканот.
Никој и никогаш не ги прашал Македонците дали сакале да бидат поделени. Не постоела реална можност Македонците да се изјаснат за што било. Тие биле само објект на другите држави, во смисла на нивни војници што биле користени во зависност од интересите на големите светски сили и на балканските држави.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81712720415&id=9&prilog=0&setIzdanie=22658
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyПет 17 Aвг 2012, 13:23

Посмртниот марш на Бесими

Мирниот и образован кадар на ДУИ од засега само нему познати причини, а можеби и на Али Ахмети и на американскиот амбасадор Пол Волерс, се дрзна во својство на македонски министер за одбрана со државнички почести да се поклонува таму каде што не треба

Министерот за одбрана Фатмир Бесими, без придружба и помпа, во отсуство на медиумите, ненајавено отишол пред споменикот во Слупчане за да им оддаде почит на загинатите борци на ОНА. Тој со себе ја понел само својата виолина и со насолзени очи, во чест на загинатите, го отсвирил посмртниот марш, тврдат очевидци на настанот што случајно се нашле во близината на споменикот.

Доколку ова навистина се случеше, Бесими можеби ќе поттикнеше симпатии кај албанскиот електорат, но и кај Македонците, а неговиот потег ќе се протолкуваше како приватна работа и искрена жал за оние што не се веќе меѓу живите. Впрочем, кому му требаат камери и аплауз ако го понесат емоциите да плаче врз нечија судбината. А тоа најдобро го знаат оние што загубиле некој близок.

Така ќе беше доколку Бесими имал искрена намера. Но, наместо тоа, мирниот и образован кадар на ДУИ од засега само нему познати причини, а можеби и на Али Ахмети и на американскиот амбасадор Пол Волерс, се дрзна во својство на македонски министер за одбрана со државнички почести да се поклонува таму каде што не треба. Овој чин е далеку од градење доверба како што тврди министерот. Впрочем, каква порака испраќа тој до Македонците ако утре или задутре биде загрозена безбедноста на државата од некоја нова ОНА или, пак, АНА? Дали тој ќе даде наредба да се штитат суверенитетот и интегритетот на државата или ќе застане на спротивната страна? Балканот сѐ уште е буре барут, а на север од нас постои кратер што може лесно да избувне доколку некој реши да биде така. Доколку Бесими и неговата ДУИ сакаат да градат доверба, тоа можат да го сторат и на поинаков начин, да инсистираат кај американските пријатели брз влез на Македонија во НАТО, да помогнат во интегрирањето на државата во ЕУ, да најдат начини за подобрување на економската состојба, но не со поклонување пред споменици, па макар тоа да го нарачал лично Барак Обама. Не постои збор со кој може да се опише чинот кога некој манипулира со починати за одредени лукративни цели.

Но колку потегот на Бесими беше егоистичен, насочен за добивање политички поени, толку и беа и реакциите на македонските партии.

Партијата на Бранко Црвенковски, која само пред неколку месеци ѝ нудеше на Теута Арифи да биде премиер, се најде најповикана да го осуди чинот. Било без преседан! А да му се нуди премиерско место на Албанец не е преседан. Прв човек на владата од редовите на ДУИ ќе значи не само државничко поклонување на споменик во Слупчане туку и преселување на споменикот среде скопскиот плоштад. СДСМ најмалку треба да се чука во патриотски гради оти нивниот патриотизам ни е познат уште од далечната 1991 година, кога плачеа по СФРЈ, го воведоа принципот влада по Бадентер, ја скроија општинската мапа по етничка линија, а изминативе годиниве ветуваат сѐ и сешто само Ахмети да му ја откаже љубовта на Никола Груевски. Згора на сѐ, коалицираат со лица што се залагаат за поделба на Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак не е доволно да кажат дека потегот е приватен, кога сликата на државнички почести пред споменикот на борците на ОНА не оддава никаква приватност. Време е да се побара оставка од Бесими, и тоа што поскоро, и да се преиспита дали овој ресор треба да е во рацете на ДУИ или со него да раководи кадар во кој граѓаните ќе имаат доверба дека ги чува додека спијат мирно.
Зашто, последно што ни треба е внесување недоверба кај граѓаните во однос на безбедносниот систем.
ВМРО-ДПМНЕ доволно направи и за ДУИ и за ДПА и за сета ОНА кога ја изгласа амнестијата на хашките случаи Да се потсетиме, тоа се воени злосторства што според меѓународното, а и македонското право, не застаруваат и без амнестијата за која како попарен молчи и Уставниот суд, можеше да се случи, кога тогаш, Ахмети и неговите да одговараат за загинувањето на околу 70 македонски бранители, десетици исчезнати цивили, над 100 повредени и многу раселени лица.

Американците се посебна приказна во случајов. Не е јасно со што се најдоа повикани да даваат таква еднонасочна изјава и да го величат лидерството на Бесими. Поклонувањето пред споменикот во Слупчане со државнички почести за Македонците е рамно на поклонување на државни лица од САД пред споменик на некој терорист што убива Американци.

Едноставно, за потегот на Бесими нема оправдување, ако ништо друго, поради чувствата на роднините на борците што во 2001 година застанаа во одбрана на Македонија.

Барањата на Албанците досега беа почитувани. Се виде дека институционално може да се решат меѓуетничките односи. Значи, Владата и парламентот се места каде може да се побараат рехабилитација и обесштетување на жртвите од конфликт од 2001 година и каде што може и да се провоцира и да се глуми загриженост за граѓаните. Но тоа никако не смее да се прави на нечиј гроб или споменик. Затоа, на Бесими треба да му се отсвири политичкиот посмртен марш.

Авторот е новинар
Автор: Ирена Радовановиќ

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81712833432&id=13&prilog=0&setIzdanie=22658
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyПет 17 Aвг 2012, 15:34

Не ја "мирисам" нешто Мирка. В, но оваа колумна и држи место. Конечно малце да ги чепне и "нејзините".
Што побргу народов се свести и увиди дека политичките елити кои досега го водеа (од било која провиненција.. лева и десна) се всушност најголемиот непријател и злосторник на самата нација, толку подобро.
Мислам дека одмамна мина времето кога народов требаше да сврти друга страница. Некако изгубив вера дека тоа некогаш ќе го доживеам. За жал.

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 11128

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyПет 17 Aвг 2012, 23:32

Мошне битно да се знаат/расчистат некои работи околу "лустрацијава".


Владимир Пивоваров, универзитетски професор и поранешен разузнавач: Лустрацијата може да ја проголта Македонија

Процесот на лустрација зазеде една нова динамика откако периодов на интернет осамнаа досиеја за лица кои мнозинство од лустраторите ги прогласи за кодоши. Според вас, кои се главните позитивни и негативни одлики на овој процес, генерално, кој од почетокот досега мина низ неколку фази и предизвика многу контроверзи?

- Суштината на овој закон се заснова на европските препораки кои дел од поранешните комунистички земји, а сегашни кандидати за членство во ЕУ и земјите кои веќе се членки на ЕУ, ги исполнија со носење национални закони за лустрација, чија основна цел согласно препораките е расчистување со минатото, сегашно помирување во општеството со поглед кон подобра иднина. Сериозните држави пред носење на секој закон прават симулација на позитивните и негативните апликации кои ќе ги предизвика законот кој се носи. Предлагачите на овој закон имаа најдобри намери. Но, со негова модифакција и како што се спроведува има карактеристики на закон-монструм со тенденција да ја проголта сопствената држава. Од досегашното спроведување на овој закон карактеристични се неколку моменти.
Прво, не видовме во ниеден момент спроведувачот на законот да се грижи за рехабилитирање на оштетените од кодошењето. Второ, овој закон во одредени одредби од страна на Уставниот суд беше прогласен за противуставен, кои одредби повторно се инкорпорираат во новите предложени законски решенија по кои се спроведува законот се до можното ново укинување на таквите противуставни одредби. Трето, утврдувањето на материјалната вистина не е на страна на оној кој обвинува туку на оној кој е обвинет што е non sens во правната практика. Четврто, неутврдувањето на веродостојноста на материјалот врз основа на кој лустраторите одредено лице прогласуваат за кодош, потоа јавно го објавуваат неговото досие, па во документот кој му го доставуваат на лустрираното лице го упатуваат на судска постапка да ја докаже својата невиност.
Поступидно решение не можело да се изнајде од ова нашето кое лустраторите во овој дел го предлагаат, бидејќи презумпцијата на невиност е основно загарантирано уставно начело кое се применува само во нормални држави. Најголема „придобивка“ на овој закон е смисленото и намерно уништување на безбедносниот систем на земјата што во иднина ни носи многу неизвесни времиња без можност одредни безбедносни појави безбедносните служби да ги превенираат, откриваат и докажуваат со кои во моментот се соочуваме, а во иднина сѐ повеќе ќе се рефлектираат како на внатрешен, така и на надворешен план. Не знам дали политиката на прибирање информации е проектирана само на електронскиот начин на прибирање информации.

Дали лустрацијата се придржува на основната цел - оние што своевремено соработувајќи со тајната полиција наштетиле некому на идеолошка основа, а притоа оствариле финансиска корист или напредувале во кариерата - да бидат отстранети од јавни функции денеска каде што го остваруваат своето влијание?

- Од досега јавно објавените досиеја во ниеден момент не може да се констатира дека соработникот остварувал одредена материјална корист ниту пак се утврдува идеолошкиот момент, што недвосмислено нѐ упатува на заклучокот дека не ја остварува својата основна цел. Овој закон остварува цел ама каква е агендата на наредбодавците кои спротивно на државните интереси го туркаат овој проект наречен уништување на безбедносниот систем ќе видиме во блиска иднина. Заканите се големи и на внатрешен план, во смисла на организиран криминал, тероризам, можни меѓуетнички конфликти, како и на планот на нашето опкружување, односно зад наводните добрососедски односи се кријат претензии кон РМ од различни аспекти а опстојуваат можеби и еден век.

Која е смислата да се лустрираат луѓе кои соработувале со службите во однос на странските мисии во тогашната СФРЈ, но и подоцна во независна РМ, како грчката, во однос на албанските националистички движења, во однос на палестинските здруженија... Па, нели тие работеле за зачувување на интегритетот и суверенитетот на тогашната држава?

- Законот не предвидува ваква можност за лустрирање на лица кои соработувале со службите во делот на следење активности на странски служби и мисии во тогашна СФРЈ и подоцна во независна РМ. Во ваква ситуација не постои оштетено лице кое трпело последици од кодошењето. Токму ова ја фрла вистинската светлина на спроведувањето на овој закон монструм кој ни од далеку не ја спроведува основната му поставена цел. Секоја сериозна држава и нејзиниот столб олицетворен во безбедносниот систем со сите можни средства ја штитат тајноста на својата соработничка мрежа. Ова е преседан, прв случај во светската историја на работењето на безбедносните служби, во законска форма да се објавуваат досиејата на соработниците.

Да расчистите, кои се условите некој да биде прогласен за соработник и со тоа отстранет од јавната фунцкија. Мора ли да има решение за негово ангажирање, потпис од надлежен државен функционер и писмена согласност од самото лице? Впрочем, дали се прави дистинкција меѓу информатор и соработник?

- Условите едно лице да бидат прогласено за „ кодош“ со законот е дефинирано како тајно, перманентно, организирано и свесно соработување со безбедносната служба со цел да оствари материјална или нематеријална придобивка, а другому да нанесе таква штета. Информатор е лице кое нема засновано соработнички однос, но доставува информации до безбедносните служби без потпишување акт за соработка. Кога службата ќе процени дека информаторот е важен за следење на одредена безбедносна појава, а тој созреал во поставената му улога, тогаш истата прераснува во повисок степен на соработка - тој станува соработник при што потпишува акт. Ваквиот двострано потпишан акт претставува облигационен однос воспоставен помеѓу службата и соработникот, акт кој ги регулира правата и обврските на двете страни.

Вие досега опстојувавте на ставот дека на овој начин безбедносните структури ги губат соработниците, бидејќи дури и од патриотски причини никој нема да се нафати да доставува информации со кои располага, од страв од хајка и јавен линч. Ако е така, дали тогаш е руиниран безбедносниот систем?

- Секој безбедносен систем согласно Уставот и законските решенија остварува одредена цел на справување со безбедносните закани по земјата и таквите нешта ги остварува по пат на прибирање сознанија преку соработничка мрежа, што претставува најважен сегмент, преку средства за следење на електронските комуникации. Не може успешно да функционира без факторот соработник и прибирање сознанија од средства за јавно информирање. Со досегашните отварања на соработничките досиеја во 2000 година и овие со последниот Закон за лустрација, безбедносниот систем од аспект на прибирање на информации не е руиниран туку целосно е уништен, кој за повторно да профункционира ќе бидат потребни десетолетија, а дотогаш Господ нека ни е на помош.

Колку олеснителна околност е доколку некој соработник, кој ги исполнува сите услови да биде лустриран, ама бил уценет и принуден тоа да го прави, на разни начини?

- Е ова е прашање кое упорно му го објаснував на господин Аџиев, дека никогаш во службените материјали оперативецот не наведува делумно или во целост дека ангажирањето на соработникот се врши со уцена или закана. Впрочем, вакво нешто прочитавме во досието на господинот Бабовски дека оперативецот му се заканува. Не е тајна во светски рамки и во поранешниот систем ангажирање на соработници да се врши преку закана и уцена. Ваквите лустрирани лица кои биле присилени на соработка многу тешко ќе можат тоа да го докажат во судската постапка од причини што е изминат долг период.

Своевремено сте биле дел од највисоките структури на безбедноста, па може ли да објасните како функционира врбувањето на соработниците, нивното инфилтрирање во близина на предметот на обработка, обезбедувањето и стекнувањето на информациите до службите?

- Се извинувам, меѓутоа суптилните методи на прибирање сознанија во тој критичен период (само пред седум-осум години) е период кој некоректно е да им биде јавно достапен на оние кои работеа против државните интерси пред сѐ на создавање големи држави на штета на РМ.

Дали денешните разузнавачки служби работат поинаку од времето во комунизмот? Има ли разлика во методите, опремата, подготвеноста? И каков профил на човек биле и се агентите што се занимаваат со оваа работа, бидејќи од објавените белешки за многумина може да се заклучи дека се полуписмени?

- Секако дека технологијата и нејзиното секојдневно усовршување се на располагање на оние кои се од другата страна на законот поради што и службите мора да ги следат секојдневните достигнувања со цел да се спротивстават на заканите. Сѐ помалку денеска кај луѓето е изразен патриотизмот што во тоа време беше најчестиот мотив за соработка. Денес ваквиот мотив се поттикнува со материјални средства, но после сѐ што се случи во нашата држава со отворањето на досиејата ниту за суво злато некој ќе се осмели да соработува со безбедносните служби. Без соработничка мрежа нема квалитетна безбедносна служба, а ослонувањето на прибирање информации само со употреба на ПИМ мерките ни оддалеку не може да ги даде посакуваните резултати.
Инаку, зависно од безбедносната појава или проблем кој го истражуваат безбедносните служби зависи и личноста и профилот на соработникот. Процесот на создавање на соработник е долг и макотрпен. Службите немаат магично стапче со кое ги создаваат соработниците. За жал, ние со еден закон, кој има задни намери, она што е создавано со децении го срушивме за еден миг. Секој за она што го прави еден ден треба да одговара пред судот на јавноста.
http://www.plusinfo.mk/mislenje/573/Vladimir-Pivovarov-univerzitetski-profesor-i-poraneshen-razuznavach-Lustracijata-mozhe-da-ja-progolta-Makedonija

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Goust

Goust


Број на мислења : 137

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyСаб 18 Aвг 2012, 10:41

Што содржи законот за бранителите предложен од ВМРО-ДПМНЕ ?



Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието на Република Македонија, поднесува Предлог за донесување на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за членовите на нивните семејства.


Курир дознава што ќе содржи законот кој има за цел регулирање на посебните социјални права кои им се уставно загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Република Македонија.

Со Предлог Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, се очекува остварување на посебните и социјалните права на припадниците на безбедносните сили, што ќе претставува морална и материјална сатисфакција за претрпените страдања и болки од воениот конфликт во 2001 година.

Во Предлог законот се наведува дека припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, во смисла на истиот се: војник на отслужување на воениот рок, професионален војник, воен старешина и цивилно лице на служба во постојаниот состав на Армијата на Република Македонија, униформирано лице во Министерството за внатрешни работи, како и лице со посебни должности и овластувања вработено во Министерството за одбрана и во Министерството за внатрешни работи и воен обврзник во резервниот состав на Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи, кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија, сметано од 1 јануари 2000 година до 31 декември 2001 година.

За загинат припадник на безбедносните сили, според текстот на предлог законот се смета припадник на безбедносните сили кој загинал во вооружени дејствија против вооружените екстремистички паравоени групации. За починат припадник на безбедносните сили се смета: 1. Припадник на безбедносните сили кај кој настапила смрт како директна последица од рана или повреда здобиена во вооружени дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации; 2. Припадник на безбедносните сили кај кој настапила смрт како директна последица на појава на болест и влошување на болест заради учество во вооружените дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации. 3. Припадник на безбедносните сили кој извршил самоубиство како последица на психичка болест која се појавила како директна последица на учество во вооружените дејствија против екстремистичките и паравоени групации.

За воен инвалид во смисла на овој закон се смета припадник на безбедносните сили кој здобил рана, повреда или болест, при одбрана на суверенитетот на Република Македонија, при што настапило оштетување на неговиот организам најмалку за 20% и чиј организам е оштетен најмалку 20% поради болест, а болеста, влошувањето на болеста непосредно е последица во вооружените дејствија против екстремистичките и паравоени групации. За членови на семејство на припадник на безбедносните сили се сметаат: брачниот другар, децата и родителите.

Лицата кои стекнале или можеле да стекнат права по овој закон, не можат да ги остваруваат тие права ако оштетувањето на организмот ги здобиле како припадници, помагачи или соработници на вооружените екстремистички и паравоени групации, односно лица против кои се води кривична постапка или кои се правосилно осудени поради недозволено држење на оружје или распрскувачки материи или за кривични дела против државата или против човечноста и меѓународното право согласно со Кривичниот законик, како и членовите на нивните семејства кои стекнале или можеле да стекнат права по овој закон.



Според предлог законското решение на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства им се утврдуваат следниве посебни права: ослободување од учество со лични средства при користење на здравствени услуги; вработување; стан под закуп - станбено згрижување; еднократен паричен надоместок; права од областа на образованието; работен стаж во двојно траење; семејна пензија; најниска пензија; сместување во старечки домови; одбележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.

-Припадникот на безбедносните сили е ослободен од учество со лични средства при користење на здравствени услуги во примарната заштита. Членовите на семејствата на загинатите и починати припадници на безбедносните сили се ослободени од учество со лични средства при користење на здравствени услуги во примарната и специјалистичко-консултативна здравствена заштита, стои во предлог законот.

Законот предлага и Владата на Република Македонија и единиците на локалната самоуправа да се должни да обезбедат вработување без јавен оглас во државните органи, јавните претпријатија и јавните установи, на еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили доколку ги исполнува општите законски услови и условите предвидени за вработување на соодветното работно место.

Право на станбено згрижување, пак, ќе имаат воените инвалиди од I до VII група (100% до 50%) воен инвалидитет и членовите на семејството кои живееле во заедничко домаќинство со загинат или починат припадник на безбедносните сили и кои на територијата на Република Македонија немаат во сопственост стан или куќа, ниту користат под закуп стан во сопственост на Република Македонија.

Како што дознаваме, семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили според предложениот закон, има право на еднократен паричен надоместок за претрпени душевни болки поради смрт на блиско лице, во висина од 50 просечни плати остварени во Република Македонија во месецот кога настапила смртта на припадникот на безбедносните сили.

Висината, пак на еднократниот паричен надомест се одредува пропорционално според утврдениот процент на воен инвалидитет и просечната плата остварена во Република Македонија во месецот кога настанал воениот инвалидитет:

За права од областа на образованието, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет, имаат предност при запишување во државни средни училишта, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Припадникот на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид, имаат предност при запишување во високо образовни установи без плаќање на партиципација, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Со законот ќе се регулира и работиот стаж со двојно траење, според кој припадниците на безбедносните сили кои биле вработени или работниот стаж им се пресметувал по друга основа, за периодот од 1 јануари 2000 година до 13 август 2001 година работниот стаж им се засметува со двојно траење.

Воедно, припадниците на безбедносните сили кои не биле вработени или не остварувале работен стаж по друга основа, времето поминато во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија им се смета како посебен работен стаж со двојно траење согласно прописите за одбрана.

Околу семејната пензија, брачниот другар, децата и родителите на загинат или починат припадник на безбедносните сили од членот 2 на овој закон, членовите на семејството според членот 7 на овој закон, кога не се исполнети општите услови за право на семејна пензија, стекнуваат право на семејна пензија според овој закон, доколку ги исполнуваат посебните услови утврдени со прописите за пензиското и инвалидското осигурување.

Членовите на семејството на припадник на безбедносните сили кој загинал или починал пред денот на влегувањето во сила на овој закон, правото од член 12 на овој закон можат да го остварат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Посебните права утврдени со овој закон се однесуваат и на припадниците на безбедносните сили од Министерството за одбрана кои ги загубиле животите во војните во поранешна СФРЈ, на воените инвалиди и на членовите на нивните семејства.

Посебните права утврдени со овој закон кои се однесуваат на членовите на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили се однесуваат и на членовите на семејствата на претставниците на Република Македонија кои го загубиле животот во воени или цивилни мисии во странство.

Предлогот ќе влезе во собраниска процедува по почетокот на работата на Собранието по летните од одмори во вторник на 22 август.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/81705-Sto-sodrzi-zakonot-za-branitelite-predlozen-od-VMRO-DPMNE-
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyСаб 18 Aвг 2012, 11:47

Толку ли политика требаше да се изготви овој закон, ама ништо не е готово, треба и другариве од коалиција да се согласат, а ако се согласат знаете што следува (закон за ОНА). Човече една лудост не ми е јасна, да добиеш посебни права затоа си сакал пред 11 години да ја урнеш државата од која сега бараш права, и на крај ние сме кривите многу сме биле непропустливи.

Дај боже законов да помине и бар да ги видам згрижени семејствата на загинатите, и они да се почуствуваат заштитени а не отфрлени од сопствената држава за која и чедата ги дадоа.

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6118

Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 EmptyСаб 18 Aвг 2012, 12:26

Дечки ваков закон до вчера предлагаше и Достоинство. Али ДПМНЕ на мошне воопшто несакаше ни да крене рака за него, но сега еве кога тие го предложија да видите како по брза постапка ќе се иззгласа.

За борците на тнр. ОНА, тие примаат плата само не јавно и транспарентно, те уверувам дека примаат.

Малку е проѕирно сето ова, зошто тогаш не го прифатија предлог-законот на Ангелов? Зошто мораше да има такви омаловажувања кон бранителите за сега одеднаш да се просветлат?

Оддавањето на почит кон терористите во Слупчане од страна на Бесими може да биде автогол за нив бидејќи сега Гујо има повод „за одмазда„ и „да си го исчисти образот„ пред народот со тоа што ете и КОНЕЧНО положи венец кај споменикот на бранителите во Скопје (погодете зошто, али ај денес е ден на АРМ па тоа неможе да се смета за освета туку има алиби Cool ), и со тоа што ќе се изгласа Законот за бранителите, и со тоа тој му ја негира сржта на постоењето на партијата Достоинство - мошне мудро!

http://kurir.mk/makedonija/vesti/81722-Petrusevski-Predlog-zakonot-ke-gi-ispravi-nepravdite-kon-branitelite

На пример, вакви лигуши како овој Петрушевски ми се гадат бидејќи нема ни 2 дена терен а сега глуми некој херој. Кога Достоинство го предлагаше законот го немаше ни за лек, сега одма се појавува, устваро кој к.. фактор е тој да коментира освен што е од ДПМНЕ?! Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог   Македонија во Балканскиот вртлог - Page 88 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија во Балканскиот вртлог
Вратете се на почетокот 
Страна 88 of 100Отиди на страна : Previous  1 ... 45 ... 87, 88, 89 ... 94 ... 100  Next
 Similar topics
-
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог
» Македонија во Балканскиот вртлог

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Актуелни воено-политички случувања :: Македонија-
Отиди до: