SIG
Број на мислења : 6118
| Предмет: Re: Македонија во Балканскиот вртлог 8/10/2012, 19:03 | |
| Споменик висок три метри, со постамент висок два метра на албанскиот политичар Хасан Приштина во недела ќе биде поставен во Скопје, објави денешен „Утрински весник“. Од неодамна и училиштето „Цветан Димов“ во Чаир, незаконски беше преименувано во Хасан Приштина. Споменикот, како што најавуваат од ДУИ, ќе биде поставен в недела, кај трговскиот центар Мавровка во близина, на една од најфреквентните крстосници во градот. Од партијата на Али Ахмети за весникот одбиле да одговорат дали ова е уште една провокација на ВМРО-ДПМНЕ и дали на овој начин уште повеќе се оддалечуваат од коалицискиот партнер, со кој последниве месеци им се заострени односите, поради слични потези кои во петокот, на собраниската расправа за недоверба на Владата, премиерот Никола Груевски ги оцени како провокација. - Тоа е локална работа на општината. Нашиот став ќе го соопштиме откако ќе видиме за што се работи - изјавил портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Советникот од СДСМ во Чаир Борче Божиновски, демантирал дека одлука за поставување таков споменик е донесена и истакнал дека во среда, на седница, ќе го отвори тоа прашање. http://plusinfo.mk/vest/60607/Hasan-Prishtina-kje-se-ispravi-pred-Mavrovka------- https://odbrana.forumotion.org/viewtopic.forum?t=299------- https://odbrana.forumotion.org/viewtopic.forum?t=660 | |
|